|
Приготвување на специјалитети од ориз |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Декември.2008 во 11:53 |
Topcinja od oriz
Vo voda se stava zejtin i sol i zovriva.Se stava iscisten i izmien pokrupen bel oriz vo vodata.Se mesa so drvena lazica.Koga ke se svari orizot vo nego se dodava morkov varen prethodno vo sol i zolcka varena od jajce.Se dodava biber,vageta i se formiraat topcinja.Se przat vo vrel zejtin 2-3 min. Изменето од lotus flower - 17.Декември.2008 во 11:55 |
|
~Live the life you love, love the life you live~
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кафен ориз со шафран Потребно: |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Динстан ориз со зеленчук Потребно: |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верувам дека секој ги сака специјалитетите од ориз
Да споделиме некој рецепт на база на ориз ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Покрај пченицата, оризот е највредната житарка во
светот и претставува производ кој речиси нема место на светов каде што
не се употребува. Во споредба со останатите житарки, оризот има
најголема енергетска вредност. Во 100 грама ориз во просек има 12,6%
вода, 0,6 гр. масти и 79,5 гр. јаглени хидрати. Богат е со скроб, а
сиромашен е со протеини. Од витамини и минерали содржи: пантотенска
киселина, тиамин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк,
магнезиум и железо. ПОДГОТОВКА:
Оризот измијте и оставете го во вода околу 20-ина минути.
Исчистениот кромид, исецкајте го на ситни коцкички, ставете го на загреано масло, посолете и пржете го. Кога е до пола пржен, додадете го испасираниот лук, па малку запржете додека не се осети мирис на лук. Тогаш, ставете ги гранчињата босилок. Промешајте, уште малку запржете и додадете ги веќе исчистените и на парчиња сечени тиквички. Сето тоа убаво промешајте го, па кога тиквичките ќе пуштат малку вода, ставете го исчистениот и на покрупни парчиња исечен морков. Продинстајте, па додадете го оризот. Сето тоа промешајте го и залејте го со водата. Намалете ја температурата на средна температура и варете додека водата не испари. Потоа, вмешајте го и маргаринот, па тргнете од оганот, прекријте со крпа и поклопете да отстои 5-10 минути. Сервирајте топло. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ориз со шунка и сирењеПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Ориз со шунка и сирење ПОДГОТОВКА:
Оризот варете го во супа од зеленчук, и треба да биде напола варен.
Одвојте 3/4 од водата во која се варел оризот, а него исцедете го. Во длабок сад измешајте го оризот, шунката, сирењето и пропржените млади кромидчиња. Измешаната смеса залијте ја со супата и префрлете во огноотпорна тава намачкана со убав слој маргарин. Оризот запечете го на 200 степени. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рижото со шумски печуркиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
ВРГАЊОТ (Boletus edulis) со сигурност буди најмногу
интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Има посебен вкус,
извонреден квалитет и хранливост. Местото на растење е во мешаните
листопадни шуми, почесто и во иглолисните, од почетокот на јуни до
крајот на јули и од септември па се до крајот на октомври. Вргањот
слободно може да се нарече КРАЛ на печурките. ПОДГОТОВКА:
Ситно исечкајте го кромидот, згмечете го чешнето
лук, па пропржете ги во тенџере во неколку лажици масло и грутче путер.
извадете го лукот откако ќе порумени, а ставете ги предходно исчистените, измиените и исечканите печурки. На крајот ставете го ситно исечканиот магдонос. Додадете сол, мелен црн пипер по вкус, супа или топла вода и динстајте околу 30 минути. По некое време додадете го и оризот, почекајте да проврие, заливајќи го со неколку лажици супа. Кога ќе се свари, тргнете го од огнот и постојано мешајќи зачинете го со сирење и путер. поклопете го тенџерето со капак и оставете го да постои неколку минути. Послушете го рижотото озгора наросено со ситно исечкан магдонос. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рижото со павлакаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Рижото со павлака ПОДГОТОВКА:
Ситно сечкан кромид се пропржува во путер, се додава ориз и сок од лимон и кратко се динста.
Потоа се налива со супа приготвена од коцка, се посолува, па на крајот се додава црн пипер. Додека оризот се вари на сосема слаб оган, се топи ренданиот кашкавал, потоа се додава павлака и ситно сечкан магдонос. Сетоа тоа се меша, се става во огноотпорен сад предходно добро подмачкан со путер и посипан со презла. Јадењето се потпечува во рерна десетина минути. Пред служење се распоредува одозгора остатокот од стопениот кашкавал и веднаш се служи. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рижото од интегрален ориз и морков и зелкаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б, 1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз. ПОДГОТОВКА:
Оризот сварете, па исцедете го.
Празот исецкајте го на ситни кругови. Морковот и зелката изрендајте ја. Во една тава ставете 3 лажички масно, па празот, морковот и зелката, па динстајте на тивок оган. Додадете ги зачините, па оризот, виното и водата. Варете на умерена температура, додека течноста не испари. Додадете го пермезанот и убаво измешајте, па послужете. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ориз на мантовански начинПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Ориз на мантовански начин ПОДГОТОВКА:
Во супа што врие ставете ориз (течноста треба да го
прекрива оризот), а потоа малку протресете го тенџерето за да не се
залепи оризот на дното и оставете го на тивко да се вари околу 12
минути. Потоа исклучете ја ринглата, покријте го тензерето со капак,
обвијте го со 2 кујнски крпи и оставете го да стои на топло околу 15
минути. Во меѓувреме, во мало тавче во кое има растопено грутче путер
испржете ги колбасите или кренвишлите (излупени) колку да поруменат.
Колбасите, варениот ориз (треба да биде сварен со цело зрно, а не
разварено и лепливо) заедно со ренданиот пармезан, убаво и внимателно
измешајте ги, а потоа послужете.
Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рижото со домати и моцарелаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Оризот е стар околу 5,000 години, а за негова
колевка се сметааат Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и
источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во
VIII век, иако како благодарение на Александар Македонски е донесен во
IV век п.н.е. ПОДГОТОВКА:
На загреано маслиново масло додадете го ситно
сецканиот кромид и пржете го додека не омекне, а потоа додадете го
пасираниот лук, па уште малку пржете.
Додадете го оризот и оставете зрната да ја впијат маснотијата, а потоа додадете ги доматите (од конзерва). Варете додека не почне да врие, а потоа намалете ја јачината на огнот и варете 20-ина минути додека оризот не ја впие целата течноста. Додадете го виното и пармезано, па варете уште 10-ина минути, тргнете од оганот. Поделете на 4 порции и во секоја порција додадете исецкан магдонос и моцарела. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посно рижотоПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Посно рижото ПОДГОТОВКА:
Се динстаат кромидот, пашканатот, морковот, и зелката околу 20 минути.
Им се додаваат зачините и оризот, варената пченка. Се доварува заедно со постепено додавање на вода. На крај, кога смесата ќе се урамни, се додава ситно исечкан лук и малку магдонос. Се сервира во чинија и се декорира со ситно исечкан млад кромид. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Соте со печурки и оризПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Кинезите повеќе од 1000 години го употребуваат
оризот како основна храна. Тој се смета како храна со многу хранливи
вредности. ПОДГОТОВКА:
Измиените и исчистени печурки исечете ги на тенки листови.
На масло пропржете го ситно сецканиот кромид, потоа додадете ги исецканите печурки. Сипете половина од виното и динстајте на ниска температура. Кога печурките ќе бидат омекнати додадете го остатокот вино, сенфот, сосот од домати, зачинете и оставете да се динста до саканата густина. Послужете со варен ориз. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посен пилавПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Пилав е јадење од варен ориз, прелиен со врело
масло. Името потекнува од турскиот назив Pilav, кој пак е позајмен од
староперсиското پلو, што се изговара палау, ПОДГОТОВКА:
Исецкајте го кромидот па испржете го на маслото,
додадете ја пиперката исечена на коцки, излупените и ситно исецкани
домати и сецканиот магдонос.
Потоа додадете три шољи вода, а откако ќе зоврие додадете го и оризот. Откако јадењето ќе зоври намалете ја температурата и варете додека оризот не биде сварен. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ориз со грашокПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Кога се готви јадење од зеленчук за бебето, треба да
се употребуваат свежи намирници, бидејќи имаат подобар вкус и мирис,
наместо предходно припремениот оброк. ПОДГОТОВКА:
Во поголем сад ставете ½ л посолена вода и оставете
да зоврие. Грашокот исчистете го од мешунките. Во зовриената вода полека
додавајте го оризот. Додајте го грашокот и магданосот. Посолете и
измешајте со дрвена лажица и оставете да врие на силен оган околу 18
минути без мешање. Садот не треба да бие покриен. Додадете го путерот.
Оставете да стои околу 3 минути, а потоа послужете.
Совет: нелупениот ориз е подобар бидејќи не содржи минерални соли и богат е со витамин Б. Ако користите замрзнат грашок, варете го според упаството на амбалажата. Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |