|
Рецепти за зимница |
Внеси реплика | страница <1 34567 8> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Кисели краставички Потребни состојки: 2 кг. краставички 2 л. оцет 1 л. вода 30 гр. шеќер 2 главици кромид 1 врзоп копар Сол Бел, црн и зелен бибер Краставичките ги миеме и ги оставаме да се исцедат, потоа со игла ги дупчиме на неколку места и ги редиме во тегли. Во теглите додаваме сечкан кромид, копар и од трите видови бибер. Во тенџере на оган ставаме да зовријат водата, оцетот, шеќерот и солтта, ако има потреба додаваме уште сол. Со зовриената течност ги прелеваме краставичките, ги затвораме и ги ставаме во рерна околу 30 минути да се издинстаат на температура од 90оС. Теглите ги чуваме во темна и сува просторија, каде што стои останатата зимница. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Права туршија 10кг вода300 гр сол 250гр ексенција 10гр конзерванс 20гв винобран ________________________________________ Туршија од црвен пипер 40кг лонец6 л вода 3 кг бел оцет 1 кг сол 1 л масло Сето тоа се става да зоврие и врело се се сипува врз пиперките и се става камен за тежина. ________________________________________ Пеглани пиперки 50- 60 КГ ајварски пиперки250 гр шекер; 250 мл масло 150 гр сол;2 китки магдонос 1 чаша за кафе ексенција Од оваа смеса се полни секоја пиперка по 1 лажичка и се редат во тенџере и се натискаат со нешто тешко. Следниот ден се собираат во тегла а сосот кој ке остане се полива во теглите. По потреба се стават и лукче. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Салата од везен пипер и цвекло 2 кг. везени пиперки (потпечени и исецкани на тркалца) 4 кг. варено цвекло (исецкано на коцки) 1 чаша шеќер 3 филџани оцет 400 мл. зејтин 1 пакетче бибер во зрно сол и лук по вкус може и магдонос Стои покриено 12 часа и се собира во тегли, се притиснува смесата за течноста да излезе на површина и се затвараат теглите. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ајвар 3 во 1 (со морков, модар патлиџан и сенф)Состојки
ПодготовкаСезоната на ајвар започна и еве еден предлог од мене. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ајвар со сенфСостојки
Подготовка1. Пиперките и црните домати се печат, лупат и се оставаат да се цедат цела ноќ. Изменето од Valerija - 24.Септември.2013 во 22:22 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Цепкан ајварСостојки
ПодготовкаСе мислев дали да напишам рецепт за ајвар... нема македонка што
незнае да направи ајвар по било кој рецепт и секогаш успешен, нашиот
ајвар е познат во светот, но сепак се одлучив да напишам за ајварот за
кој не го мелам пиперот, туку го цепкам, не додавам ништо - ајвар само
од пиперка. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ајвар на мој начинСостојки
ПодготовкаВреме за зимници, за некого тежок, за некого интересен период. Пиперките ги миеме и ги оставаме да се исушат. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Апетитка со везени чушкиСостојки
ПодготовкаОва е рецепт за еден прекрасен додаток на вашата софра. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 17.Септември.2015 во 21:07 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Руска салата (Зимска салата)Состојки
ПодготовкаВо мојата фамилија зимската руска салата се подготвува со години и тоа по овој рецепт. До сега немав потреба јас сама да ја спремам, зашто секогаш се наоѓаше некој од блиските да ја спреми за мене =). Овој пат решив јас да си ја подготвам и да го споделам рецептот со вас. Подготовка |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Vardarsko-pelagoniski ajvar(licenciran) 120 kg piperki crveni.... 65 parcinja modar patlidzan 6 i pol sisinja maslo pripremata e standardna...pa vie kako sakate...pogore e opisana na ist nacin.se pece lupi vari pakuva i se skladira za zimo..ak ne skisne do togas. |
||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||
BIBI_G_3
Модератор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
120 кила пипер,65 модри патлиџани ?? па мука ми е само што прочитав,а не па да земам да го правам... дур да испечам,излупам,измелам количинава ... Квазимодо во грб ќе се сторам |
||||
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Печи - гмечи1.Пиперките се потпекуваат, ама не многу, да не поцрнат, се ставаат во најлон кеса. |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пиперките и модрите домти испечете ги, излупете и сомелете. Морковите сварете ги и сомелете ги. Сите зеленчуци измешајте ги во голем сад, па додајте го маслото, шеќерот, оцетот и солта. Варете во длабоко тенџере на умерена температура, со повремено мешање, додека не забележите згуснување на дното на садот. Тргнете ја смесата од оган и додајте го сенфот. Чистите и суви тегли ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути пресипете го топлиот ајвар. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.
Испечете ги излупете пиперките, а потоа отстранете им ги дршките и семките. Доматот изрендајте го и варете го на тивок оган со маслото, оцетот, шеќерот и солта, додека смесата не се намали двојно. Потоа се додајте ги пиперките, па смесата пржете ја околу 30 минути. 5 минути пред крај додајте го сечканиот лук, магдоносот и малите гамби. Теглите ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути ја пресипете лутеницата. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.
Сомелете ги доматите во машина, па сокот ставете го во големо тенџере. Варете на силен оган, додајте сол по желба и бибер. Варете околу 100 минути, а пред крајот додадете го конзервансот. Кога сокот од домати е готов, тргнете го од оган и топол прелијте го во стаклени шишиња кои ќе ги затворите со метално капаче. Шишињата превртете ги обратно и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа вратете ги во првобитната положба, ставете ги во кутија и замотајте ги со старо ќебе. Оставете ги да отстојат 12 часа пред да ги сместите во ладилникот.
Исчистете ги пиперките, посолете ги од внатрешна страна, па потоа исцедете ги од сокот кој ќе го пуштат. Младото сирење издробете го со вилушка и по потреба посолете, па со него наполнете ги пиперките до половина и ставете ги во садот во кој ќе стојат. Сварете го млекото со 1 лажица сол, па додека е топло, прелијте ги пиперките и добро затворете го садот. Кога ќе се излади и преноќи, ставете го во ладилник. Уште 3 пати на секои 5 дена истурете ја вишокот течност, па прелијте со ново посолено млеко, околу половина литар, па повторете ја постапката. По 3 седмици, чинијата ќе биде полна со цврста павлака и пиперки.
Измијте и исчистете го зеленчукот. Карфиолот одвојте го на поситни делови, ренот излупете го и исечете го на стапчиња. Останатиот зеленчук сечкајте го по желба. Промешајте ја водата со оцетот, солта и шеќерот додека не се истопат. Зеленчукот ставете го во тегли, па додајте неколку стапчиња рен, ловоров лист и бибер во зрна. Наполнете ја теглата со течноста и затворете. Консумирајте по 30-40 дена.
Измијте ги и исушете ги краставичките, па со виљушка дупнете ги на неколку места. Наредете ги во тегли и додајте го сечканиот кромид, неколку гранчиња копар и малку бибер. Во сад измешајте ја водата, оцетот, шеќерот и солта и оставете ја течноста да зоврие. Прелијте ги краставичките со течноста и оставете ги да отстојат во тегла околу 30 минути на 90 степени. Изменето од Valerija - 12.Септември.2014 во 16:00 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница <1 34567 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |