|
Најубави хотели |
Внеси реплика | страница <1 910111213> |
Автор | |
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хотел “Titilaka”, Перу
Перуанско прибежиште со модерен дух на брегот на спокојното езеро Чичикака, “Titilaka” - хотел без маана. Овој хотел е реткост, модерен и луксузен наизглед зафрлен на запуштен полуостров, но со неверојатен спој на двата елемента, модерните дизајни и природата која го опкружува, околината на прекрасните Анди. Секој од 18-те апартмани со поглед на езерото се луксузно надополнети со топлотни подови и купатила како спа центри со огромни кади за капење. За планот на патување на гостите целосно се грижи посветениот хотелски консиерж, кој нема да ги изостави археолошките наоѓалишта во околината како “Chullpas de Sillustani” или колонистичките цркви Жупи, Помата и Лампа, а за крајот останува пловењето по мирното езеро Чичикака. На ова место секој оброк е незаборавно искуство, со свежа пастрмка од езерото, алпака стек од висините и тревки и зеленчук од локалните фарми. Десертот кој е достапен 24/7 преку собната послуга е препорачливо да се конзумира во собите за поголемо "задоволство". Изменето од ФорумскаБаба - 01.Април.2011 во 16:37 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нешто наше
“Калин Хотел”, ЛазарополеЕксклузивниот ресторан, во релаксирачки амбиент, нуди квалитетна храна, локални и интернационални јадења и специјалитети од дивеч. Внимателно селектираната винска листа е идеално дополнување на одличната храна. Ресторанот се карактеризира со понуда на квалитет и индивидуалност на секоја порција, бидејќи се употребуваат свежи состојки одгледани во селските градини. Уживајте во оброкот во самиот ресторан покрај каминот, на отворената тераса или во блиската околина во изолирана приватност и изобилство на зеленило. И патувањето до него е уникатно и живописно. Ако патувате од Скопје, преку Тетово и Гостивар, потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на реката Радика кон Дебар, поминувајќи крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски, доаѓате до крстопатот наречен Бошков Мост на неколку километри пред Дебар. Тука се упатувате лево, по добар асфалтен пат, по околу 5 километри почнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве води во планинските висини на Бистра. По веќе создаденото чувство дека сте на небо, пред вас, на надморска височина од 1.350 метри, се отваора голема висорамнина на чии карпести делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини. Во центарот на ваквата прецизна архитектонска организација ве пречекува “Калин Хотел” во Лазарополе. Градбата на “Калин Хотел” е спој на традиционално мијачко градителство со современи архитектонски решенија, што создава топла и уникатна атмосфера. Погодната локација, мирното опкружување и оптималните капацитети на “Калин Хотел” претставуваат и идеално место за деловни состаноци, работилници или конференции за околу 40 учесници. “Калин Хотел” за своите гости, по желба организира излети до соседните прекрасни мијачки села: Гари, Тресонче, Селце и Росоки како и посета на манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски. За авантуристите “Калин Хотел” претставува почетна позиција за планинарење, планински велосипедизам, јавање на коњи и трчање со скии во текот на зимскиот период. Хотелот е незаменлива дестинација за спортските ловџии, поради лоцираноста на с. Лазарополе во националниот парк Маврово. Лазарополе е сместено е во падините на Бистра и е планински рај во Македонија. Благата планинска клима, заради термичкото влијание од Медитеранот преку реката Радика, придонесува Лазарополе да има преку 2.000 сончеви часови во текот на годината. Изобилството на шуми се природен филтер што го прават воздухот кристално чист, поради што Лазарополе е официјално регисрирано како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров. Црквата Св. Ѓорѓија како заштитен знак ја надополнува живописната глетка на Лазарополе. Изградена во 1841 година, претставува монументална градба, опкружена со ѕидини од делкан камен високи 4 метри. Ентериерот на црквата е дело на легендарниот Димитрие Перкоски (Дичо Зограф) од мијачкото село Тресонче. Цената на едно ноќевање за двајца со појадок изнесува 50 евра. Ако сакате тука да ја дочекате Новата Година, следнава понуда сигурно ќе ви се допадне – 170 евра за две ноќевања за двајца, полн пасион и вклучен дочек во прекрасниот ресторан. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хотел Мона -Златибор
Сеуште сум под импресии од овој хотел,еве дел од неговиот ентериер и екстериер. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оу јее
Романтичниот пакет е закон. Хотелот е преубав, персоналот љубезен.
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Врвна услуга,врвна хигиена,персонал боли глава...све у свему,сакам пак таму.
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВТОРНИК, 01 ЈУНИ 2010 10:20
Изменето од емил - 16.Февруари.2012 во 14:07 |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Метропол” во Венеција
“Luxirare” објави интересна фоторепортажа за еден од најлуксузните хотели во градот на вода. Како што пишува авторката, во хотелот “Метропол” го имала најоригиналното хотелско искуство досега. Хотелот, кој се наоѓа во центарот на Венеција, нуди уникатно уживање и прекрасен поглед од собите уредени во ориентален стил. Овој хотел е како музеј, а има и сопствена збирка на ретки уметнички предмети. |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Musha Cay Bahamas
Musha Cay е еден од најлуксузните приватни резорти во светот и според мислењето на многу искусни патувачи и најубавиот. На 130 километри од Насау, овој рај лежи скриен во јужниот дел на Бахамите. Уживајте во долгите плажи со песок како шеќер, а за време на вечерта во милиони ѕвезди над вас. Ќе видите преубави глетки и ќе доживеете различни искуства на секој чекор. Вашето приватно прибежиште може да угости најмногу 24 гости послужувано од 30 членови на персоналот. Седумте плажи кои ги вклучува овој резорт гарантираат максимална приватност. Без огледа на тоа дали барате релаксација, романтика или активен одмор, беспрекорната услуга ќе ги задоволи сите ваши потреби. Од водени спортови, џогирање, тениски игралишта, нуркање до релаксирачки масажи и спа. За време на вечерата, романтичната атмосфера ќе го направи вашиот одмор незаборавлив. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сплендидо - Портофино Италија Сместен сред шума, со поглед на морето, хотелот „Сплендидо“ претставува уникатна мешавина од убавина и комфор. Хотелот се наоѓа на рид во живописното италијанско рибарско село Портофино, опкружен со тропски градини со палми и нуди неверојатен поглед на убавиот залив. Хотелот е убаво уреден, додека во рестораните се нуди свежа риба и домашни тестенини приготвени со локални ароматични зачини. Градините се протегаат надолу под хотелот па се до морето. Грмушки со лаванда и диви тревки растат под старите маслинови дрвја додека бугенвилеите надвиснуваат над патеките. Во 1985 година „Ориент-Експрес Хотели“ го купи овој хотел и започна со реновирање. Сите соби биле комплетно преуредени, додека внатрешниот ресторан и пијано барот биле преместени и декорарани во лигурско-медитерански дизајн кој бил во согласност со стилот на хотелот. Од терасите на хотелот може да се ужива во преубавиот поглед на целиот залив на Портофино. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа што сезоната на луксузните хотели и одморалишта е во полн ек, ги издвоивме петте најлуксузни хотели кои располагаат со најубавите погледи. Мирни водени хоризонти, планини кои се губат во далечините и препознатливи градби... Кој би посакал нешто повеќе?
2. Ritz-Carlton - Сместен е во југоисточниот дел на Азија, а гостите имаат чест да уживаат во погледот кон Сингапур и МаринаБеј. И покрај тоа што неговиот поглед не е свртен кон песочна плажа, туку кон прекрасни градби, сепак е еден од најубавите кои може да го искусите. 3. Plaza Athenee - Хотелот кој се смета за најромантичен во светот. Располага со прекрасен поглед кон Ајфеловата кула и околните градби во Париз. 4. Corinthia - Лондонскиот хотел кој има извонреден поглед кон сите знаменитости во едно. Магијата која настанува во вечерните часови со самото вклучување на светлата е нешто непроценливо. 5. Hotel Salto Chico - За разлика од хотелите во светските метрополи, овој хотел во Јужна Америка има поглед кон прекрасна природа и планински предели. 6. Oberoi Amarvilas - Гостите кои ќе го посетат овој прекрасен ресорт во индиски стил ќе имаат можност секоја ноќ да уживаат во пурпурното небо над Таџ Махал.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Hillside Beach Club - Фетие ТурцијаЛуксузен хотел клуб во Фетие Турција, далеку од вревата, мал рај за големо задоволство во топлите летни денови – Hillside Beach Club. Резортот е опколен со борови дрвја кои ја даваат потребната свежина и чист воздух. Хотелот ги нуди сите удобности, меѓу кои и масажи со млеко, лимон и цветни бањи. Располага со широк избор на јадења, кои се нудат во трите ресторани, како и со седум различни барови.
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sheraton Huzhou Hot Spring Resort во близина на Шангај
По хотелот во форма на едро (Burj Al Arab) во Дубаи и хотелот во форма на брод качен на столбови (Marina Bay Sands) во Сингапур, изгледа дека луксузните хотели се натпреваруваат во дизајнот. Последниот во лудите дизајни е хотелот Sheraton Huzhou Hot Soring Resort кој се наоѓа во близина на Шангај, Кина и има форма на потковица. Хотелот има 27 ката, 321 соба, три ресторани, фитнес сала, базен, спа. Лобито е грандиозно, со мермерни подови, таван украсен со Сваровски кристали и кристални светилки. Хотелот дизајниран од архитектот Ма Јансонг официјално e отворен во октомври 2013 година, а ноќевање чини 400 долари. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавото гнездо на Алпите
Опкружен со природа, во константната убавина на четирите сезони во швајцарските Алпи, Chedi Andermatt e елегантно вгнезден меѓу класичните ски-населби на Andermatt и е село на безвременски шарм во долината Урсен. Со релаксирачки два часа возење, возот од Цирих ги носи нашите гости директно до идиличното срце на Andermatt,спроти самиот хотел. За првиот Швајцарски имот на GHM, Азијски бренд, синоним за стил, беспрекорна услуга и спокојство, го избраапознатиот архитект Jean-Michel Gathy да ги дизајнира овие 102 пространи соби и апартмани. Направени од традиционални материјали, како што се топлите дрва и природниот камен, се создава интимна и визуелно впечатлива средина. Покрај тоа има и други богати објекти, вклучувајќи го и ресторанот, јапонскиот ресторан, бар и дневна со винотека и библиотека за пури како и ин- ски во дневната соба. Комплетниот спа и велнес центар е за мирен и трансформирачкиодмор каде единствените уметнички карактеристики вклучуваат хидротермални бањи и двасоседни базени наспроти зашеметчки отворениот алпски пејзаж. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хотелскиот свет непрестанато се менува и нуди нешто ново за сите незаситени патници, па токму затоа овој пат ви претставуваме 10 најнови хотели кои ќе се најдат на европската и американска понуда. Без сомневање ќе ги задоволат врвните побарувања... Cromlix House Hotel, Шкотска Хотелот кој ќе се отвори во малото шкотско гратче Стирлинг е проект на големата тениска ѕвезда Енди Мареј. Се наоѓа во вила од викторијанското доба, а неговото отворање е планирано за април оваа година. До тогаш, во хотелот ќе бидат проектирани 14 луксузни апартмани, 2 големи соби за рецепција, бар, кујна и огромна трпезарија, сала за конференција и голема зимска градина.
Новиот хотел од групата Morgans хотели наскоро ќе отвори луксузна градба со поглед кон Темза. Ќе содржи 359 соби и апартмани со поглед кон реката, а гостите на располагање ќе имаат и прекрасен бар на самото крајбрежје. Покрај тоа, на кровот од овој хотел проектиран е и спа центар за луксузно опуштање.
Во Истанбул оваа година се очекува отворање на познатиот хотел St. Regis кој ќе располага со 118 соби, а ќе се наоѓа во европскиот дел од градот. Апартманите ќе ги уредуваат најпознатите имиња во светот на дизајнот и ентериерот, додека кулинарската понуда ќе биде побогата од било кога. Така, специјалитетите ќе се нудат во дворот на терасата или пак во барот на кровот. Во склоп на хотелот ќе биде претставен и огромен трговски центар со најдобрите европски брендови.
Уште едно изненадување од големата хотелска група не очекува оваа година во Париз. Новиот Peninsula Paris ќе биде сместен на авенијата Kléber, а на своите гости ќе им понуди точно 200 соби, 5 ресторани и барови, помеѓу кои ќе се најде еден на врвот од зградата, со панорамски поглед кон Париз. Првиот Shangri-La хотел во Англија ќе се отвори во лондонскиот облакодер The Shard, така што сите соби ќе имаат извонреден поглед. Во внатрешноста на собите ќе се открие најголемиот луксуз и раскош од Булгари производи, па сè до кристални декорации.
Во јули оваа година, откако поминаа 2 години реставрација, конечно овој лускузен хотел ќе ги отвори своите врати за оние со подлабок џеб. Обновениот хотел сега ќе нуди 103 нови соби, 56 апартмани и освежен ентериер во стилот на француските палати од 17 век.
Hyatt оваа година го планира отворањето на својот прв хотел во Њујорк. Новиот хотел сместен во внатрешноста на облакодерот од 90 ката кој на гостите ќе им понуди 210 соби. Од нив 135 се уредени во современ, модерен стил со поглед кон иднината.
Новиот хотел од бизнис класата ќе се отвори во срцето на САД, а на своите гости ќе им понуди дури 1175 соби и 49 луксузни апартмани. Хотелот располага со конференциски сали, отворени простории, 5 ресторани и огромен број на продавници кои се наоѓаат на првиот кат.
Во август оваа година, Four Seasons ресортот ќе ги отвори вратите за сите кои сакаат семејно, луксузно уживање. На располагање ќе имаат 444 соби, а хотелот ќе се наоѓа во центарот на забавниот парк на Волт Дизни.
Својата 250 годишнина, Beccarat ланецот хотели одлучи да го прослави со отворање на хотел со 50 ката во Њујорк. Во ентериерот ќе преовладуваат кристалните предмети, па сите 114 соби и 26 апартмани ќе бидат украсени со раскошни лустери, големи огледала и уште неколку предмети дизајнирани исклучиво за овој хотел. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |