IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Бои на ѕидовите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бои на ѕидовите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 15:11

...шарени,итака само еднаш се забележуваат.


...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2013 во 08:23
http://1.bp.blogspot.com/-_-X_p4QpuGI/UELunvYzahI/AAAAAAAAFtE/rdZdKGucHb8/s1600/Blue-Pink-image-for-living-room-wall-color-ideas.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2013 во 08:23
http://1.bp.blogspot.com/-90wJnUs0rAw/UELuvwe6eUI/AAAAAAAAFtU/8aAc1hiPzdI/s1600/Living-Room-Design-Bold-Colors3.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2013 во 08:24
http://4.bp.blogspot.com/-aSztikJnqsM/UELuuqCLrFI/AAAAAAAAFtM/dsPlsuCcIDA/s1600/Green-wall-in-modern-living-room.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 15:39

Еден од првите чекори при уредувањето на домот или било кој друг простор е изборот на боја. Ако на вашиот дом му е потребен нов почеток одберете некоја од популарните бои за оваа сезона. Некои се класични, а некои се предизвикувачки. Изборот е ваш.

moderni-boi-za-leten-enterier-01

Смарагд

Оваа боја беше избрана за боја на 2013та година. Дизајнерите ја пречекаа оваа боја со широко отворени раце и најдоа многу начини како да ја употребат во домот. Докажано е дека зелената на очите дејствува смирувачки бидејќи асоцира на природа и носи мир и свежина во просторијата. Смарагдот е јака боја по природа па затоа можете да изберете некои нејзини варијанти - светла зелена, популарна минт или нијанси на маслинеста боја. Тиркизна и сино зелена се совршени за детали или за мебел.

moderni-boi-za-leten-enterier-02

Бронзена

Месингот е еден од главните трендови на ентериер заедно со бронзената боја која внесува топлина и доза на отменост. За да го претворите домот во модерен користете сјајни метални украси, а бронзената ќе ја воспостави потребната рамнотежа во мрачната внатрешност.

moderni-boi-za-leten-enterier-03

Крем боја

Оваа боја се смета за класика и е најчесто барана боја кога е во прашање уредување на домот. Ако не сте обожавател на јаки бои, кремавата е вистинската за вас и одлично ќе се вклопи во секој амбиент од вашиот дом. За да не добиете анемична атмосфера во домот додајте друга боја и бидете внимателни во изборот зошто треба да биде хармонична со основната нијанса.

moderni-boi-za-leten-enterier-04

Сива

Сивата е исто така неутрална боја како кремавата, но сепак ретко кој ја одбира. Ова е боја за која важат многу предрасуди, но ако се употреби внимателно може да му даде на домот длабочина и мистериозност. Најдобро функционира како секундарна боја и совршено ќе одговара со нежни нијанси на сино.

moderni-boi-za-leten-enterier-05

Жолта

Жолта обоена мала соба визуелно ќе изгледа поголема. Таа е позната како бојата на расположение и среќа, бидејќи асоцира на изворот на енергија сонцето. Може да се искористи било каде во домот. За да создадете совршена атмосфера во дневната или спалната соба помешајте ја со другите модерни нијанси.

moderni-boi-za-leten-enterier-06

Темно виолетовата

Оваа боја е во моментов многу популарна. Се верува дека од оваа боја вие можете да добиете сила. Можеби нема да одговара за цела соба, но ако ја употребете како детаљ во собата може да придонесе за создавање мистична атмосфера која е идеална за одмор и релаксирање.

moderni-boi-za-leten-enterier-07

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 23:02

Нијансираниот Омбре тренд го видовме насекаде низ модните парчиња и комбинации, но овој пат во ентериерот делува малку поинтересно и засега оригинално.

nijansirani-zidovi-vesel-novitet-vo-enterierot-01

Всушност, Омбре стилот е прогресија на боите од најтемните до најсветлите нијанси. Во зависност од светлината на боите и нијансите тој може да делува модерно, драматично или смирувачки.

Нијансираните ѕидови се одличен избор за впечатлива декорација, па затоа никако не одат во комбинација со премногу ѕидни декорации или пак сувенири, полици и книги.

Во ходникот, дневната соба или кујната одлично изгледаат малку посветли, смирувачки нијанси, додека спалните и детските соби се создадени за нијансирање на смелите и весели бои.

nijansirani-zidovi-vesel-novitet-vo-enterierot-1

nijansirani-zidovi-vesel-novitet-vo-enterierot-2

nijansirani-zidovi-vesel-novitet-vo-enterierot-3

nijansirani-zidovi-vesel-novitet-vo-enterierot-4

nijansirani-zidovi-vesel-novitet-vo-enterierot-5

nijansirani-zidovi-vesel-novitet-vo-enterierot-6

nijansirani-zidovi-vesel-novitet-vo-enterierot-7

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 17:18

svezina-i-silni-boi-vo-domot-1

Ако сакате да побегнете од монотонијата и уредување на домот во 2-3 бои, дефинитивно треба да ги погледнете ентериерите на Карим Рашид.

Неговите ремек дела се прикажани во овој колоритен апартман во Њујорк. Три пространи соби се така добро искомбинирани со соодветни материјали, бои и линии.

Модерниот мебел, дело од портфолиото на Карим, креира уникатен простор кој ќе го задржи вниманието на секој кој ќе дојде во посета.

Сите оние кои сакаат живост и колоритно секојдневие – пробајте да комбинирате вакви бои и парчиња.

svezina-i-silni-boi-vo-domot-2

svezina-i-silni-boi-vo-domot-3

svezina-i-silni-boi-vo-domot-4

svezina-i-silni-boi-vo-domot-5

svezina-i-silni-boi-vo-domot-6

svezina-i-silni-boi-vo-domot-7

svezina-i-silni-boi-vo-domot-8

svezina-i-silni-boi-vo-domot-9

svezina-i-silni-boi-vo-domot-10

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2013 во 18:49

Во Варшава, Полска е направен совршениот фамилијарен стан. Овој компактен современ стан е завршен оваа година и се смета како одлично место за уживање на едно просечно семејство.

koloriten stan za familijarno uzivanje-1

Современиот стан во Варшава изобилува со простор и светлина. Симболично е поделен на неколку зони за различни цели: кујна, дневна соба, работен простор и спални соби. Целта на овој распоред, според изјавите на дизајнерите на внатрешниот простор, е дозата на приватност на секој поединец да биде задоволена, меѓутоа семејната комуникација да се одржи на високо ниво.

Доминантната боја во внатрешноста е белата која е умерено поврзана со живописни детали во весели бои. Шарените акценти даваат одредена свежина и топлина на не толку големиот простор.

Посебното катче за детските обврски е нешто што ретко може да биде испланирано во сечиј дом. Меѓутоа, во овој стан делот за најмладите е нешто што е предност уште при неговата првична замисла.

Погледнете како изгледа еден семеен стан во центарот на Варшава.

koloriten stan za familijarno uzivanje-2

koloriten stan za familijarno uzivanje-3

koloriten stan za familijarno uzivanje-4

koloriten stan za familijarno uzivanje-5

koloriten stan za familijarno uzivanje-6

koloriten stan za familijarno uzivanje-7

koloriten stan za familijarno uzivanje-8

koloriten stan za familijarno uzivanje-9

koloriten stan za familijarno uzivanje-10

koloriten stan za familijarno uzivanje-11



Изменето од Valerija - 26.Декември.2013 во 18:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:29
Мистичната виолетова во домот



Тоа е боја во која се споени стабилноста на сината боја и енергијата на црвената боја. Нејзините нијанси може да се движат од најтемните, бојата на модриот патлиџан, па сè до нежната и светла боја на лаванда. Виолетова боја делува мистично, таинствено и се поврзува со интуицијата и достоинството.




Виолетовата боја ја карактеризира креативност, отменост, елеганција, луксуз, амбиција. Ги придушува страстите, поврзана е со мудрост, независност, магија.

Меѓутоа, таа е и една од најпровокативните бои и делува исклучително екстравагантно. Се смета дека делува смирувачки, па затоа е идеална за создавање атмосфера за медитација.




Користењето на оваа боја се препорачува при уредувањето на спалната соба како и на простории за релаксација, но не е препорачлива за во бањите и кујните.




Виолетовата боја отсекогаш се сметала за боја на повластените класи во општеството, па затоа е идеална боја за собата за гости, во која гостите ќе имаат чувство дека се добредојдени и имаат посебен третман.




Светло-виолетовата боја буди романтични и носталгични чувства, додека темно-виолетовата може да се предизвика и тмурни, тажни чувства.




Некои луѓе стануваат и зависни од оваа боја, па често минуваат долго време во барање на предмети во виолетова боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:30
Кафената – боја од природата



Кафената боја е боја на земјата и се поврзува со сè што е природно и органски. Важи за боја на сигурноста и стабилноста. Луѓето кои ја сакаат оваа боја се конвенционални и педантни, а и просторот кој е опкружен со оваа боја добива на карактер на уредност.

Нијансите на кафената боја почнуваат со најсветлите, преку костенливата кафена, светло чоколадната, сè до потемните боја на кафе.

Кујните во кафена боја може да изгледаат во country стил, но може да бидат и модерни. Во комбинација со белата и светло беж бојата доаѓа до вистински израз. Кафената може одлично да се комбинира со портокаловата, зелената, тиркизната.




Во бањите се употребува, но доколку станува збор за мала бања треба да се избегнува подот да биде во оваа боја бидејќи визуелно го смалува просторот.




Од истите причина се препорачува во дневните соби да се употребува во деталите, парчињата мебел, завесите, патеките.




Кафената боја е одлична боја за елементите во спалната соба. Во терапевтска смисла оваа боја смирува, а ова особено важи за лицата на кои им е потребен одмор.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:32
Бои за релаксирана спална соба



Спалната соба е простор во кој треба да се создадат услови за одмор и опуштање, а боите докажано имаат влијание на нашето расположение и емоции. Еве неколку бои кои може да се употребат во спалната соба, со цел да создадат амбиент за релаксација, смирување и подобрување на расположението.

Светло зелена – при влегување во соба во која доминира оваа боја ќе имате чувство дека сте во природа, односно шума, која ви носи мир и спокој. Светло зелената има позитивна енергија која се поврзува со свежина, пролет, бујност, живост. Поради сето ова таа ќе ви помогне да се релаксирате.




Темно виолетова - се сретнува и под називот "кралска" боја, па така освен отпуштањето, ќе може да се почувствувате амбиент на богатство и раскош кој го носи со себе.

Бела - многумина ќе кажат дека белата е здодевна боја, но сепак таа оддава атмосфера на чистота, мир и беспрекорност.

Светло сина - дава чувство на свежина и прозрачност, што секако е добредојдено во спалната соба. Таа ќе помогне да се опуштите и да добиете нова енергија.

Светло жолта – нежна и блага боја која ќе создаде релаксирачки визуелен ефект дека вашата спална соба е исполнета со сончева светлина, а ќе побуди чувство на оптимизам и среќа.




Боја на праска – нежна боја која содава одличен амбиент за одмор. Извонредно може да се комбинира со детали во розова боја.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:32
Значење на боите во детските соби


Уште старите Египјани знаеле колку се важни боите за психолошката состојба на луѓето. Боите во голема мерка влијаат на нашите животи, а за тоа влијание најчесто не сме свесни. Нивното влијание е особено видливо за оние кои се најосетливи, а тоа се децата. На нив боите имаат двојно дејство, односно може да имаат релаксирачко и активирачко влијание.

Затоа е битно детските соби и воопшто просториите во кои престојуваме да бидат оази за одмор и опуштање.

Препорачливо е да се користат најмногу три различни бои, бидејќи поголем број би го нарушил складот, а собата може да изгледа хаотично и неуредно. Важно е при изборот на боите за детската соба да внимавате да ги усогласите и другите елементи. Ова се однесува на мебелот, завесите, тепихот, перничињата и расветните тела. Ако сево ова успеете да го усогласите, бидете сигурни дека на своите малечки ќе им создадете простор пријатен за престој, учење, опуштање и разонода.




Поделба на боите

Топли бои

Топлите бои имаат тенденција да пружат топлина и присност. Овие бои во нас создаваат чувство на блискост и удобност. Меѓутоа, интензивните топли бои, како што е црвената и портокаловата имаат стимулирачки ефект, бидејќи ја поттикнуваат енергијата кај децата. Како резултат на ова, може да се случи децата да бидат премногу немирни. Затоа, користете ги само во деталите при уредувањето на детската соба.


Студени бои

Повеќето луѓе ја избегнуваат употребата на студени бои во детските соби. Студените бои, како што се сината, зелената, светло сината, сино виолетовата, па дури и белата, имаат смирувачки ефект и го прават просторот визуелно поширок, елегантен и отворен.

Кај овие бои, во детските соби препорачливо е да се користат земјани нијанси, бидејќи се добар избор, особено за деца кои имаат проблем со концентрацијата и се хиперактивни. Земјани бои даваат чувство на топлина, опуштеност и удобност, а на тој начин делуваат смирувачки и позитивно на децата.


Неутрални бои




Беж бојата, бојата на каменот и крем се неутрални бои, како што е и црната, белата и сивата. Погодни се за повеќето простори, особено ако се комбинираат со силни нијанси на други бои. Неутралните бои даваат впечаток на празно сликарско платно на кое треба нешто да се наслика. За детската соба не се многу препорачливи бидејќи може да делуваат апатично, но може да се употребуваат во деталите.



Боите од светлосниот спектар и нивното психолошко значење за децата


Бела



Најмногу асоцира на мир, чистота, радост. Бидејќи рефлектира скоро 80% од светлината, белите детски соби изгледаат поголеми од просториите обоени во други бои. Доколку белата боја доминира, детската соба може да изгледа стерилно, но таа може многу добро да се комбинира со останатите интензивни бои, со што ќе се контролира нивната јачина.


Црвена



Доколку сакате да создадете чувство на мир, тоа нема да го добиете доколку има премногу површини со црвена боја во детската соба. Црвената внесува топлина, но и стимулира и дава енергија. Светлите нијанси на црвена ги поттикнуваат желбите и асоцираат на опасност, па така може да поттикнат тензија и лутина. Затоа, доколку ја употребувате, сторете го тоа во комбинација со неутрални бои со што ќе создадете контрабаланс, а ќе внесете живост и топлина во детската соба.


Портокалова



Таа има приближно ист ефект како црвената, но во помала мера бидејќи ја комбинира енергијата на црвената и на жолтата, која е боја на веселост и среќа. Потемните нијанси на портокаловата боја создаваат топол амбиент, додека посветлите нијанси му даваат на просторот веселост и се добар избор за детските соби.


Зелена



Ја јакне самодовербата и оптимизмот и дава смиреност. Таа исто така освежува, но треба да се внимава на нејзината јачина. Таа не треба да биде премногу темна. На пример, бојата на кивито е убав избор бидејќи се создава чувство на смиреност. Секогаш комбинирајте ја со топли бои, како што е црвената и портокаловата.


Сина



На просторот му дава мир, склад и длабочина. Доколку ја употребувате во детската соба, треба да се знае дека таа ја забавува работата на нервниот систем и создава смирувачки ефект, кој го подготвува телото за сон. Исто така, ја подобрува концентрацијата, односно способноста за помнење и учење. Таа може визуелно да ги омекне одредени делови на собата, давајќи му на просторот чувство на мир и спокој. Како и да е, доколку се решите да ја употребувате, совет е секогаш да е комбинација со други бои, за да собата делува смирувачки, топло и релаксирачки.


Виолетова



Често се смета за боја која не е добро да се употребува за спални или за детски соби бидејќи создава чувство на студенило. Темно виолетовата може да создаде чувство на тага и фрустрација, но сепак посветлата виолетова боја создава чувство на мир и романтика. Светло виолетовата е избор со кој нема да погрешите кога станува збор за детски соби за девојчиња.


Жолта



Бојата на среќата и надежта активира, дава топлина и веселост на сите простори. Таа исто така го стимулира помнењето. Сепак, не треба да се претерува со нејзината употреба бидејќи преголемо количество на жолта може да делува вознемирувачки. Таа го привлекува вниманието и ја стимулира мускулната активност.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 23:27

Па јас сум била модерна со бојава уште пред 3 години, без да знамголема насмевка


Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 16:52

Црвена

kako-bojata-vlijae-vrz-vaseto-raspolozenie-1

Црвената боја е одлична за подигнување на расположението, посебно навечер. Самата соба бојадисана во оваа боја има некоја посебна енергија. Се смета дека црвената боја го подигнува крвниот притисок, го забрзува дишењето и чукањето на срцето.

Многумина сметаат дека токму заради тоа, таа не е соодветна за во спалната соба. Меѓутоа, штом падне мрак, црвената боја во спалната соба ќе изгледа посветло, побогато и многу елегантно.



Жолта

kako-bojata-vlijae-vrz-vaseto-raspolozenie-2

Жолтата боја претставува синоним за среќа, а совршена е за во кујна, трпезарија или за во бањата, каде е неопходно да циркулира позитивната енергија и доброто расположение.

Но, немојте да ја бојадисувате спалната соба или детската во жолто, бидејќи се смета дека доколку премногу престојувате во жолти простории може лесно да ги „изгубите” нервите. Во ред е доколку бојадисате мали површини на ѕидот во жолта боја, но тоа нека биде умерено, во спротивно оваа боја предизвикува чувство на лутина и фрустрации кај луѓето кои престојуваат во неа.

Исто така, докажано е дека малите бебиња повеќе плачат во жолти соби.



Сина

kako-bojata-vlijae-vrz-vaseto-raspolozenie-3

Бојата на спокојот и мирот, ќе го намали вашиот крвен притисок и ќе го забави дишењето и работата на срцето.

Најмногу се препорачува за спалната соба и бањата, но внимавајте на нијансите, светлите тонови на сината боја делуваат ладно и стерилно. Затоа, секогаш одберете тиркизна или небесно сина боја, заради кои секогаш ќе се чувствувате смирено и опуштено.

Темно сината нијанса предизвикува чувство на тага, па најдобро е истата да не зазема голема површина на ѕидовите.



Зелена

kako-bojata-vlijae-vrz-vaseto-raspolozenie-4

Од сите бои, зелената најмногу смирува. Оваа боја настанала како комбинација од освежувачката сина и веселата жолта, па како таква одговара во секоја просторија.

Во кујната, зелената делува опуштено, а во дневната соба дава чувство на припадност во заедница.

Се верува дека оваа боја го елиминира  стресот, а влијае и врз плодноста, што значи дека е идеална за во спалната соба.



Виолетова

kako-bojata-vlijae-vrz-vaseto-raspolozenie-5

Посебно темните нијанси, како бојата на модар домат, делуваат богато, драматично и софистицирано.

Виолетовата боја се поврзува со луксуз и креативност, а нејзините посветли нијанси како бојата на јоргован или лаванда, се идеални за спалната соба.



Портокалова

kako-bojata-vlijae-vrz-vaseto-raspolozenie-6

Предизвикува возбуда, ентузијазам и ја зајакнува енергијата, но портокаловата никако не ставајте ја во дневната или спалната соба. Таа е идеална за во простор наменет за физичка активност.

Во древните култури се верувало дека портокаловата боја влијае врз лекување на белодробни заболување како и пораст на енергијата.

Која боја преовладува во вашиот дом?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.