IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:42

Макарони со туна

Макарони со туна 

Состојки

250g макарони

сол
1 лажица путер
1 лажица обичнo сeнаменско брашно
1/2 чаша Битолско трајно млеко со 3,2% мм
3 јајца

кромид (по вкус)
1/2 лажичка црвен пипер

сок од цеден лимон
250g конзервирана туна
1/4 шолја БиМилк Ајдамер (рендан)

магдонос

пармезан

Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Во голем сад зовријте вода во која сте додале малку сол и пригответе ги макароните според инструкциите на кесата. Исцедете ги и оставете ги настрана.
  3. Ставете го путерот во загреана тава. Откако ќе се растопи, постепено додавајте го брашното и пропржете го 2-4 минути.
  4. Тргнете ја смесата од огнот и постепено додавајте го Битолското трајно млеко, постојано мешајќи додека не се згусне.
  5. Додајте го кромидот и претходно изматените јајца. Зачинете со сол (по вкус), црвен пипер и сокот од лимон. Истурете ја смесата врз ренданиот Ајдамер.
  6. Измешајте ја целата смеса со туната и варените макарони и оставете ја на тивок оган околу 5 минути.
  7. Печете во рерна околу 20 минути.
  8. Ставете во чинија за сервирање, поросете со пармезан и украсете со магдонос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:59

Шпагети со шпаргли

Шпагети со шпаргли

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шунка
  • 500 грама Шпаргли
  • 400 грама Шпагети
  • малку   Сол
  • 100 грама Пармезан
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Главица лук
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Меките врвони на шпарглите, искомбинирани со шунка, јајца и пармезан во ова вкусно јадење.

ПОДГОТОВКА:

Излупете го стеблото на шпарглите, и исфрлете ги сите дрвенести делови.

Исецкајте ги на мали парченца, па ставете ги во поголем сад со малку посолена вода во која сте додале сосема малку шеќер.

Варете ги 10 до 15 минути, или додека шпарглите не омекнат, потоа исцедете ги, па оставете ги на топло.

Варете ги шпагетите во посолена вода, околу 10 минути, или додека не омекнат, па исцедете ги и оставете ги на топло.

Излупете го лукот и кромидот, па тенко исецкајте ги.

Шунката исецкајте ја на коцкички и оставете ја на страна.

Растопете го путерот во тава, па додадете ги лукот и кромидот и пржете додека не омекнат, повремено мешајќи ги.

Измешајте ги јајцата со пармезанот, па измешајте ја шунката.

Мешавината од јајца ставете ја во тава со лук.

Со лажица мешајте ги јајцата додека не се испечат, за да не се залепат на тавата.

Смесата од јајца и шунка помешајте ја со шпарглите, па се заедно измешајте со шпагетите.

Веднаш послужете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 21:00

Макарони со јајца и нане

Макарони со јајца и нане

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Макарони
  • 3   Ливчиња нане
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Макарони со јајца и нане

ПОДГОТОВКА:

Макароните сварете ги во насолена вода во која сте додале 1 - 2 лажици масло.

Исцедете ја.

На масло пропржете го сечканиот кромид, додајте ги изматените јајца, измешајте па вмешајте ги макароните.

Потоа убаво измешајте и на крај додајте ливчиња нане.

Малку измешајте и послужите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 21:01

Шпагети со лешници

Шпагети со лешници

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 грама Шпагети
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 50 грама Тиквичка
  • малку   Сол
  • 60 грама Путер
  • 200 милилитри Млеко
  • 3 чешниња Лук
  • 300 грама Лешник
  • 1   Кришка/ки леб


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Шпагети со лешници.

ПОДГОТОВКА:

Излупете го лукот, ставете го во сад и варете го на пареа 7-8 минути. Изронете го лебот и потопоте го со млеко.

Неколку лешници исечете ги на парченца, а останатите сомелете ги. Додајте ги на лебот, додајте го и лукот, па матете ги сè додека не добиете хомогена смеса.

Потоа посолете ја смесата и оставете ја да отстои. Во меѓувреме сварете ги шпагети, исцедете ги и зачинете ги со путерот, сосот од лешници и црниот пипер. Добро измешајте ги, додајте ги на површинат лешниците што ги оставивте настрана и испржените парчиња тивички, потоа сервирајте.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 02:50
Originally posted by емил емил напиша:

ПАСТА ВО СОС ОД СИРЕЊЕ И ЛУК


Потребни состојки:

-          едно пакување шпагети или било кој друг вид на тестенини

-          маслиново масло

-          3 чешниња лук

-          еден врзоп магдонос

-          150 гр сирење

-          сол и бибер

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:26
Лазањи со шампињони

Состојки:
1 главичка кромид
2 чешниња лук
500гр. лазањи (неварени)
500гр. свежи шампињони
250гр. мелено месо
100гр. кашкавал
30мл. масло
1л. сос од домати
1 лажичка сол

за бешамел сос
50гр. путер
60гр. брашно
500мл. млеко
половина лажичка сол

Ситно исечканиот кромид се пржи во масло. Во тавата со кромид се додаваат исечканите шампињони и лукот, па се пржат заедно околу 10 мин. Потоа се додава меленото месо и се пржи уште 10 мин. Во испржената смеса се додаваат сол и зачини, а се додава и сосот од домати и филот се остава да врие уште 5 мин.
Бешамел сосот се приготвува на следниов начин:на тивко се растопува путерот и се додава брашното, потоа постепено млекото, се додека не се згусне смесата и се додава вегета и сол.Потоа бешамел сосот се додава во филот.
Лазањите се варат,3-4 минути само колку да омекнат.

Во тава подмачкана предходно со маргарин се редат прво лазањинте,па филот. Постапката се повторува се додека има кори.
На крај се ренда кашкавал и се пече на 200°С 20-30 мин.
[IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 19:45

Канелони со пилешко

Complexity
Канелони со пилешко

Состојки

  • состојки
  • 1 пиле
  • 1 пакување канелони кои не се варат
  • 1 главица кромид
  • 1 кисела павлака
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • 100 гр. кашкавал
  • за бешамел сос
  • 50 гр. маргарин
  • 50гр. брашно
  • 500гр. млеко

Подготовка

Пилето се вари потоа се чисти од коските и месото се сецка. Настрана се прави бешамел сосот.

Бешамел сос
Се топи маргаринот на тивок оган се додава брашното се пржи но да остане бело се додава млекото со постојано мешанје се додека зоврие и не се згусне.
Главицата кромид се сецка се пржи и кога ќе се испржи се додава исецканото месо се пропржува и се додава пола од бешамелот и се зачинува со сол и бибер.
Со оваа смеса се полнат канелоните претходно не сварени и се редат во намрсено тавче. Во втората половина од бешамелотсе додава 200 мл млеко павлаката јајцата и се убаво се меша и со оваа смеса се полеваат канлоните одузгора се посипува со рендан кашкавал и се паче додека порумени.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 19:46

Канелони со мелено месо

Канелони со мелено месо

Состојки

  • 16 канелони
  • 400 гр мелено месо
  • 300 гр доматно пире
  • 1 главица кромид
  • 200 мл неутрална павлака
  • 200 мл вода
  • 1 лажиче чили
  • 1 лажиче оригано
  • 100 гр кашкавал

Подготовка

Во тава најпрво се пржи меленото месо. Кога месото ќе обели се додава исечканиот кромид. Во друга тава се става доматното пире, водата, чилито и ориганото. Сето тоа се става на оган и се меша со жица. Кога кромидот и месото ќе се испржи, во тавата се додава неутралната павлака. Потоа канелоните ги полниме со филот со меленото месо и се редат во намрсена тава за печење. Се преливаат со доматниот сос и тавата се затвора со фолија. Тавата се става во рерна и канелоните се печат околу 20 мин. Потоа ја вадиме фолијата и одозгора рендаме кашкавал. Тавата пак ја враќаме во рерна (без фолија) и печеме уште 10 мин.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 19:48

 Канелони со спанаќ и урда

Видео рецепт: Канелони со спанаќ и урда

Овој рецепт е добитна комбинација – цевчиња канелони полнети со спанаќ и рикота, печени во богат сос од крем сирење и доматна пасата. Ајде да го направиме заедно!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 200 грама спанаќ
  • 600 грама рикота сирење или урда
  • 22 цевчиња канелони
  • 1 литар доматна пасата
  • 200 грама крем сирење
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Земете 200 грама миен спанаќ и ситно исечкајте го. Потоа измешајте го во длабок сад со 600 грама рикота сирење. Зачинете со сол и бибер.

Чекор 2: Сега е на ред забавниот дел. Можеби ќе треба да повикате некого напомош. Земете 22 цевчиња канелони и наполнете ги со филот од спанаќ и рикота. Изгледаат толку убаво кога зелено-белиот фил се надзира низ пастата.

Чекор 3: Стопете малку крем сирење во тава на среден оган и во тавата ставете ја и доматната пасата – измешајте за состојките да се спојат и рамномерно да се загреат, и спремни сме да го направиме јадењето.

Чекор 4: Ставете ги полнетите цевчиња во тавата – 11 цевчиња во два реда, вкупно 22.

Прелијте ги со богатиот кремест сос и одозгора нафрлете парченца спанаќ и рикота кои сигурно Ви останале на работната површина.

Чекор 5: Ставете ја тавата во рерна загреана на температура од 180 степени 30 минути.

Чекор 6: Извадете ја тавата и спремни сме за сервирање – 4 до 5 цевчиња по човек би требало да е доволно.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 19:55

Макарони со месо во тава

Макарони со месо во тава

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Оригано
  • 600 милилитри Млеко
  • 1 лажица/ци Масло
  • 400 грама Макарони
  • малку   Магдонос
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 350 грама Јунешко мелено
  • 2   Јајца/це
  • 200 грама Сирење
  • малку   Сол
  • 1   Црвен пипер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Макарони со месо во тава

ПОДГОТОВКА:

Во насолена вода со 1 лажица масло варете ги макароните. Исцедете ги, измијте со ладна вода и оставете ги да се исцедат.

На масло пржете ги сечканиот кромид и лук, да добијат црвена боја па додајте го меленото месо. Продолжете го пржењето со постојано мешење додека месото не добие црвена боја. Зачинете со црвен пипер, оригано и сол. Измешајте и оставете на страна да се излади. Потоа додајте ги исцедените макарони и ибаво измешајте.

Во правоаголна тава намачкана со масло распоредете ги макароните и месото. Во соодветен сад изматете ги јајцата со млекото, додајте сол, сечкан магдонос и 150 г. рендано сирење. Полијте ги макароните и месото, малку протресете ја тавата и по површината нафрлете го преостанатото сирење.

Рерната загрејте ја на 200 степени и печете додека јадењето не добие убава златна коричка.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 19:55

Макарони со вегетаријански сос

Макарони со вегетаријански сос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Тиквичка
  • малку   Сол
  • 100 грама Моркови
  • 2 лажица/ци Масло
  • 320 грама Макарони
  • 1 главица/и Кромид/а
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Макарони со вегетаријански сос

ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги морковите и тиквичките, па исечете ги на тенки стапчења. Излупете го кромидот и ситно исечкајте го.

Загрејте го маслото во една тава, додајте го кромидот и пропржете го. Додајте ги тиквичките и морковите и со често мешање пржете ги на силен оган 5-6 минути. Доколку е потребно, додајте неколку лажици вода.

Сварете ги тестенините во поголемо количество посолено со вода.

Посолете го и попиперете го зеленчукот. Исцедете ги тестенините и префрлете ги во тавата со зеленчукот. Пржете ги кратко време на силен оган и сервирајте ги.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:29

Вегетаријански лазањи (за 6 лица)

Потребни состојки:

  • 2 модри патлиџана (средна големина)
  • 1 главица кромид
  • 2 конзерви (од 250г) домати (пелати)
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица мед
  • 200г пармезан
  • Едно пакување лазањи
  • Сол
  • Бибер
  • Босилок (свеж или сушен)
  • Маслиново масло
  • Путер
  • Бешамел сос

Начин на приготвување:

  1. Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на дебели тркалезни парчиња. Обложете плитка тава со хартија за печење, посолете го модриот патлиџан  и ставете ги парчињата да се испечат во рерна на температура од 200°C.
  2. Во длабок сад, на маслиново масло пропржете го кромидот исечкан на ситни парчиња и откако ќе добие жолтеникава боја, додајте го лукот исто така исечен на ситни парчиња и пржете уште 2 минути.
  3. Додајте ги пелатите исечени на коцки. Додајте сол, бибер, мед и босилок. Гответе уште 15 минути.
  4. Во огноотпорен сад подмачкан со путер, наредете слој лазањи на дното од садот, потоа слој од сосот со домати, слој од печените патлиџани и малку изрендан пармезан.
  5. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите состојките и завршете со слој од тестенини.
  6. Прелијте со бешамел сос и изрендајте пармезан одозгора. Бидете сигурни дека сите листови од тестенината се добро покриени со сосот.
  7. Печете во загреана рерна 20 минути на 200°C. Откако ќе бидат готови лазањите, причекајте да се оладат пред да ги послужите.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2013 во 19:12

Lazanji kako sto gi pravam jas голема насмевка

Sostojki :
Lazanji
Sunka
Kaskaval
brasno
mleko
kecap
sol
biber
meleno orevce
 
Beshamel sos
 
2-3 supeni lazici brasno, se przi na malku zejtince vo tendzere
odkako ke smeni boja brasnoto (kako karamela) se dodava 1/2l mleko (jas stavam i poveke) .....sol ,biberce i morsko orevce rendano i 2 supeni lazici kechap...seto ova se vari se dodeka ne zgusne ..
 
Lazanjite se stavaat vo vrela voda najmnogu 5 min, samo kolku da ja smenat bojata
 
Vo tavce se redat lazanji ,pa beshamel sos ,kaskaval pa sunka potoa pak lazanji ,beshamel ,kaskaval ,sunka ...i najgore lazanji ,beshamel sos i samo kaskavalce
 
Tavceto se stava vo rerna na 200 stepeni se pecat lazanjite ,nekade odprilika okolu 20 min do polovina chas
 
Obavezno koga ke gi sluzite da gi posipete so parmezance
 
Dobar apetit голема насмевка
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2013 во 19:21
Testenini so preliv
 
Testeninite po vas izbor
 
Preliv
 
Beshamel sos kupen od prodavnica
Svinski vrat ili  bilo kakvo delikatesno mevce 300gr
Kaskavalce 200 gr
Kecap 1 lazica,morsko orevce ,sol i biberce
 
Przite vratceto odkako ke se zaprzi malkucka gi dodavate sosot ,kecapot i zacinite ,seto toa dobro go zamesuvate i potoa so toa gi prelivate testeninite, na kraj go dodavate rendanoto kaskavalce  
 
Koga ke bidat gotovi gi servirate i gi posipuvate so parmezan


Изменето од Kastro - 29.Октомври.2013 во 21:16
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.