|
Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи |
Внеси реплика | страница <1234 11> |
Автор | |
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЃомлезеПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:Ги мешаме брашното и водата со миксер. Од прилика треба да добиеме каша слична како кашата за палачинки. Кога ќе ја добиеме потребната каша посолуваме ( и ги додаваме јајцата ако веќе ѓомзелето го правиме со јајца ). Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Над маслото ставаме каша (потенок слој). Вака приготвената тепсија ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Цело време треба да бидеме во близина на рерната за да гледаме кога ќе биде готов слојот од кашата (кога ќе поцрвени знајте дека е готов) Од како ќе поцрвени кашата ја вадиме тепсијата, над веќе печениот слој ставаме масло и повторно слој од каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша рецептов е напишан за правење ѓомлезе во рерна.. ама ѓомлезе се прави под вршник (сач) ..... |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Леб со лук и сирење
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пица питаОмилена храна за младата популација но и за секого. Мешавина од најомилените состојки вклопени во една целина, како одлично семејно јадење. Добро е за подготовка за разни прилики, но и за појадок за децата. Време на подготовка: 35 минути За 4 лица Потребни состојки: За ролатот:
За прелив: - 2 јајца - 1 кисела павлака - оригано Подготовка:
Изменето од емил - 30.Март.2012 во 12:14 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Царска питаПотребни состојки: 4 јајца 1 чаша јогурт 1 чаша масло за јадење 2 ½ чаши брашно 1 лажица сол 1 прашок за пециво 150 гр. рендан кашкавал 150 гр. рендана шунка 150 гр. рендани кисели краставички Припрема: Изматете ги јајцата, додадете чаша јогурт и масло, изматете, додадете го брашното, солта и прашокот за пециво и матете се додека смесата не се изедначи. Додадете го кашкавалот, шунката и киселите краставички и промешајте, па сипете го тестото во намрсена тава и печете на температура од 180 степени околу 20 минути. Потоа додадете малку изрендан кашкавал и вратете ја питата за да се растопи кашкавалот. Добар апетит! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Овчарска пита 1 лажица маслиново масло 1 црвен кромид, ситно сечкан 1 морков, ситно сечкан 2 страка целер, ситно сечкан 500 г мелено јагнешко месо (може и мешано) 2 лажици брашно 500 мл супа од говедска коцка 1 сушен дафинов лист 1 лажица сос „ворчестер“ 1 лажица доматен сос сол свежо мелен црн пипер 4 компири (приближно од по 200 г), лупени, сечкани 40 г путер 125 мл млеко топен путер, за попрскување
Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:29 |
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PROJA (PCHENKARNA POGACHA)
Za ovoj recept ne kje vi treba mnogu sukanje okolu masa - se pravi brzo i lesno. Dodeka vi se zagreva rernata Vie pochuvate da matite.... - 4 jajca se matat(so zhica) so malku sol. - edna sholja mleko - edna sholja mineralna voda - polovina sholja zejtin(neshto pomalku) - edna sholja belo brashno - dve sholji pchenkarno brashno so edno pecivo. - malku rendano sirenje, kashkaval i sitno seckan praz(po zhelba). Seto toa postepeno se dodava i ne ja trgajte zhicata za matenje od raka. Smesata se stava vo podmachkano(pomalo plehche) malku susam i se peche 25 min. Prvite desetina min. pojako a ostanatite na okolu 150 stepeni - zavisi na shto vi e shporetot. Prijaten apetit! Изменето од viktorija123 - 21.Април.2012 во 14:13 |
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потребни состојки:
Начин на подготовка: Тиквата излупете ја, исечете ја на прачиња и изрендајте. Потоа посолете. Кога малку е отстои исцедете ја и додадете сирење и јајца. Се лесно соединете, па потоа филувајте ги корите. Плехот подмачкајте го со масло па додадете две кори, попраскајте ги корите со масло па додадете фил составен од тиква, сирење и јајца, па на филот додадете две кори исто така попрскани со масло и повторно фил. Постапката повторете ја додека не се потрошат филот и корите. Последната кора премачкајте ја со масло и питата исечете ја на триаголници. Ставете во загреана рерна и печете на 200 степени. Печената пита извадете ја од рерна и премачкајте ја со павлака. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита со шампињони и пилешкоПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Пилешкото месо е лесно сварливо, со висока биолошка вредност и диетска намена. ПОДГОТОВКА:
Во една тава малку продинстајте го ситно сецканиот кромид, па додадете ги на листови исецканите шампињони.
Кога и тие малку ќе се продинстаат, додадете го ситно исецканиот лук, па залејте со виното. Оставете на оган 10-ина минути, додека виното не испари, па додадете 200 гр. павлака, промешајте со брашно, оставете 1-2 минути, па изгаснете го огнот. Во друг сад на малку масло продинстајте го меленото пилешко месо, посолете, додадете црвен пипер, па оставете нека се динста десетина минути. Изгаснете го огнот и кога ќе се олади додадете 400 гр. кисела павлака измешана со едно јајце. Во намастена тепсија со масло, ставете две кори, премачкајте со масло, ставете уште една кора, па ставете пола од смесата со шампињони, прекријте со кора, премачкајте со масло, ставете уште една кора, па смесата од пилешко. Прекријте повторно со кора, премачкајте со масло, ставете повторно кора и на неа другата половина од смесата од шампињони. Прекријте со две кори, питата исечете ја на квадрати, па прелијте ја со мешавина од 3 јајца, 400 гр. кисела павлака и минералната вода. Печете 45 минути на 200 степени. Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:10 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мини пити со урдаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Мини пити со урда ПОДГОТОВКА:
Се прави филот од: урдата, јајцата, павлаката, маргаринот, маслото и прашакот за печиво.
Се редат кори и се мачкаат со филот и на крај се витка во ролат. Свитканиот ролат се остава неколку часа во фрижидер. Се сечат на парчиња 3 см и се редат во подмачкан плех. Останатиот фил се нанесува врз питите и се пече 30 минути на температура од 250 Ц степени. Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:10 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОСНА ПИТА СО ПЕЧУРКИ Се
ближи еден од најголемите христијански празници – Велгиден. Оваа недела
е недела на строг пост. Затоа, ние ви предлагаме едно посно јадење.
Секако, да не се разбереме погрешно, не е само посно, туку и многу
вкусно. Оваа пита со печурки е вистински избор за деновите пред
Велигден.
СОСТОЈКИ
за тесто за премачкување фил ПОДГОТОВКА Во брашното, додадете сол, масло, оцет и растворениот квасец. Замесете тесто. Оставете го замесеното тесто да отстои 30-тина минути. Откако тестото ќе се подигне, земете еден дел од него и исукајте што е можно потенок круг. Премачкајте го со половина маргарин и нанесете една лажица густин. Радијално пресечете го тестото и преклопете ги деловите за да се добие топка. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го 30 минути во фрижидер. Постапката повторете ја и со втората половина маргарин и тесто. По 30-тина минути, нанесете брашно на работната површина и развијте што потенка кора и наредете ја со фил. За да го подготвите филот, малку пропржете ги исечканите шампињони и зачинете ги по желба. Откако ќе ги ставите шампињоните, изрендајте малку кашкавал. Тестото може да го завиткате како штрудла или да одберете некоја друга форма. Пред да печете, оставете го тестото уште 15 минути. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250℃. Печете 15 минути на 250℃, потоа намалете на 180℃ и печете додека не стане румена. (Ninja 35) Изменето од Valerija - 20.Септември.2013 во 08:36 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита со зелка и оревиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Зелката делува на оној начин што ја зајакнува отпорноста на желудочната слузокожа на напади од киселина. Зелката содржи гефарнат, соединение слично на carbenoxolonu, уште еден поретко користен лек против чир. Всушност, овие состојќи ги поттикнуваат клетките при формирањето тенка бариера како штит од нападите на киселината. Во едно истражување, од Индиски централен институт за истражување на лекови во Лакнова. Исто така при некои лабараториски експерименти заморчиња кои боледувале од чир експертите успеале да ги излекуваат со сок од зелка. ПОДГОТОВКА:Зелката пржете ја на маслото, со постојано мешање додека не омекне и не испари сета течност.Оставете ја да се олади, па додадете ги мелените ореви, измешајте, па зачинете со сол и црн пипер. Во тава (намачкана со масло) наредете три кори, секоја намачкајте ја со масло, па фил. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите корите и филот. Горната кора намачкајте ја со масло и испрскајте со вода. Рерната загрејте ја на 200 степени, па печете ја питата околу 30 минути. Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:10 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посна пита со шампињониПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Во 100 грама сирови шампињони има многу малку
калории, а од тоа 3,1% се протеини, 0,3% масти и 3,2 % јаглехидрати. ПОДГОТОВКА:Продинстајте го празот на малку масло, па додадете ги шампињоните сецкани на листови.Динстајте сè додека целата течност не испари, па додадете го сокот од домат и зачините, па динстајте сè додека масата не згусне. За преливот на корите изматете го прашокот за печиво со минералната вода и маслото. Наредете 4-ри кори, па на последната нанесете го филот од шампињони, па заролајте ги во вид на ролат. Одозгора посипете ги со преливот од прашокот за печиво. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени некои 20-ина минути. Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Царска пита
Потребни состојки: - 4 јајца - 1 чаша јогурт или кисело млеко - 1/2 чаша масло - 2 чаши брашно - 1 прашак за пециво - малку сол - сирење, кашкавал, шунка, маслинки, кисели краставици (или се што ќе ви се најде по дома се матат јајцата (со миксер), се додава јогуртот или киселото млеко, маслото и се мати убаво, се додава брашното и прашакот за печиво и малку сол, на крај се додаваат исецканите кашкавал, сирење, шунка, маслинки, краставици или по желба, Се се меша убаво, се става во плех и се пече на 200 степени додека не зарумени убаво. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пица бурек од готови кори
Количината и редоследот на состојките може да се менува по желба. Тавата
во која ќе го правиме пица бурекот ја намрсуваме и ставаме една кора,
потоа кората ја попрскуваме со зејтин, ставаме рендана салама. Ставаме
друга кора и неа ја попрскуваме со зејтин, ставаме рендан кашкавал, ставаме наредна кора која ја попрскуваме со зејтин, ставаме кечап, потоа друга кора и неа ја попрскуваме со зејтин и ги ставаме печурките. Најпосле ја ставаме последната кора и врз неа рендаме кашкавал. Печеме во загреана рерна на 200 степени додека не се истопи кашакавалот
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1234 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |