IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 11>
Автор
Порака
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2012 во 14:34

Ѓомлезе





ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 милилитри Масло
  • 2000 милилитри Вода
  • 1500 грама Брашно
  • 1   Јајца/це
  • малку   Сол


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.


ПОДГОТОВКА:

Ги мешаме брашното и водата со миксер.

Од прилика треба да добиеме каша слична како кашата за палачинки. Кога ќе ја добиеме потребната каша посолуваме ( и ги додаваме јајцата ако веќе ѓомзелето го правиме со јајца ).

Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Над маслото ставаме каша (потенок слој).

Вака приготвената тепсија ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Цело време треба да бидеме во близина на рерната за да гледаме кога ќе биде готов слојот од кашата (кога ќе поцрвени знајте дека е готов)

Од како ќе поцрвени кашата ја вадиме тепсијата, над веќе печениот слој ставаме масло и повторно слој од каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша

рецептов е напишан за правење ѓомлезе во рерна.. ама ѓомлезе се прави под вршник (сач) .....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 19:59

Леб со лук и сирење



Леб со лук и сирењеОва јадење може да се послужи како гар­нир или како топло пред­ја­дење пред некој убав ручек. Ста­нува збор за вку­сно лепче со многу топено сирење одо­згора, лук и зачини.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• ¼ шолја рен­дан пар­ме­зан
• ¼ шолја лук и сирење со зачини
• ½ шолја моца­рела, дро­бена
• 1 млад кро­мид, ситно исеч­кан
• 1 голема лажица мајо­нез
• 4 пар­чиња леб по ваш избор

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рер­ната на 220℃. На дното на садот за печење ста­вете алу­ми­ни­ум­ска фолија. Сите состојки освен лебот изме­шајте ги во еден сад (оваа смеса може да ја напра­вите и неко­лку часа порано и да ја чувате во фрижидер).

Чекор 2: ста­вете ги пар­чи­њата леб врз фоли­јата во садот за печење. Печете 5 минути. Потоа, нане­сете ја сме­сата од сирење, вра­тете ги лепчи­њата во рерна и печете уште 5 минути.

Чекор 3: исклу­чете ја рер­ната и оста­вете ги лепчи­њата вна­тре уште 2–3 минути, за да може целото сирење да се стопи. Сепак, вни­ма­вајте затоа што лесно може да изгорат.

Оста­вете ги 2–3 минути да се изла­дат и сервирајте.

Совет: ако не можете да нај­дете сирење со зачини, упо­тре­бете обично сирење и дода­дете зачини по ваш вкус.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 12:13

Пица пита



Омилена храна за младата популација но и за секого. Мешавина од најомилените состојки вклопени во една целина, како одлично семејно јадење. Добро е за подготовка за разни прилики, но и за појадок за децата.

Време на подготовка:  35 минути

За 4 лица

Потребни состојки:

За ролатот:

  1. готови кори
  2. 300г сецкана шунка
  3. 300г кашкавал
  4. 300г шампињони
  5. 200 кечап
  6. 1 Кисела павлака

За прелив:

-  2  јајца

- 1 кисела павлака

-  оригано

Подготовка:

  1. Две кори да се рашират и двете да се попрскаат со малку зејтин и кисела вода.
  2. Да се рашири и трета преку првите две и на неа да се нанесе цела павлака.
  3. Да се рашири и четвртата кора па на неа да се распореди 300 г. исецкана шунка.
  4. Петтата кора да се стави преку четвртата, па да се премачка со 200г. кечап.
  5. Преку шестата кора да се распореди 300 г. кашкавал или друго сирење по желба.
  6. На седмата кора се нанесуваат 300г. пржени шампињони(се пржат се додека не водата од нив не проврие).
  7. Вака наредените кори, се свиткуваат во ролат, а потоа на послужавник се сечат на кругчиња и се спремни за печење.
  8. Се редат на подмачкан плех, секое парче се премачкува со павлака и јајце. Се посипува со оригано.
  9. Се пече на 200 C, кога ќе поруменат се намалува температурата и се остава уште  малку да се допечат.

 



Изменето од емил - 30.Март.2012 во 12:14
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2012 во 18:33

Царска пита


Потребни состојки:

4 јајца

1 чаша јогурт

1 чаша масло за јадење

2 ½ чаши брашно

1 лажица сол

1 прашок за пециво

150 гр. рендан кашкавал

150 гр. рендана шунка 

150 гр. рендани кисели краставички

Припрема:

Изматете ги јајцата, додадете чаша јогурт и масло, изматете, додадете го брашното, солта и прашокот за пециво и матете се додека смесата не се изедначи.

Додадете го кашкавалот, шунката и киселите краставички и промешајте, па сипете го тестото во намрсена тава и печете на температура од 180 степени околу 20 минути. Потоа додадете малку изрендан кашкавал и вратете ја питата за да се растопи кашкавалот. Добар апетит!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 14:29

Овчарска пита


 Состојки:

1 лажица маслиново масло

1 црвен кромид, ситно сечкан

1 морков, ситно сечкан

2 страка целер, ситно сечкан

500 г мелено јагнешко месо (може и мешано)

2 лажици брашно

500 мл супа од говедска коцка

1 сушен дафинов лист

1 лажица сос „ворчестер“

1 лажица доматен сос

сол

свежо мелен црн пипер

4 компири (приближно од по 200 г), лупени, сечкани

40 г путер

125 мл млеко

топен путер, за попрскување


Приготвување:

Загрејте го маслото во голема тава на средна температура. Додајте ги кромидот, морковот и целерот и динстајте ги мешајќи 5 минути, додека да омекнат. Додајте го меленото месо и со мешање динстајте 5 минути, или додека месото да ја смени бојата.

Додајте го брашното и динстајте со мешање 2 минути, или додека да се добие компактна смеса. Додајте ги супата од коцка, дафиновиот лист, сосот ворчестер и доматниот сос. Оставете да зоврие. Намалете ја температурата и со повремено мешање динстајте 30 минути, или додека сосот да згусне. Зачинете со сол и црн пипер. 

Во меѓувреме, варете ги компирите во солена зовриена вода 15 минути, или додека да омекнат. Добро исцедете ги. Истурете ги во сад со путер. Гмечете ги додека да станат компактна смеса. Додајте го млекото и мешајте со дрвена лажица додека убаво да се спојат состојките. Зачинете со сол и црн пипер.

Загрејте ја рерната на 200°Ц. Истурете ја смесата со меленото месо во огноотпорен сад за печење со обем од 2 литри. Одозгора истурете го пирето и убаво измазнете го. Попрскајте го со стопен путер. Печете 20 минути, или додека пирето да стане златно-кафеаво. Сервирајте веднаш.



Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:29
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2012 во 13:01
    PROJA  (PCHENKARNA POGACHA)

Za ovoj recept ne kje vi treba mnogu sukanje okolu masaнамигнување - se pravi brzo i lesno. Dodeka vi se zagreva rernata Vie pochuvate da matite....голема насмевка

- 4 jajca se matat(so zhica) so malku sol. 
- edna sholja mleko
- edna sholja mineralna voda
- polovina sholja zejtin(neshto pomalku)
- edna sholja belo brashno
- dve sholji pchenkarno brashno so edno pecivo. 
- malku rendano sirenje, kashkaval i sitno seckan praz(po zhelba). 
Seto toa postepeno se  dodava i ne ja trgajte zhicata za matenje od raka.намигнување

Smesata se stava vo podmachkano(pomalo plehche) malku susam i se peche 25 min. Prvite desetina min. pojako a ostanatite na okolu 150 stepeni - zavisi na shto vi e shporetot.голема насмевка

Prijaten apetit!среќа

 


Изменето од viktorija123 - 21.Април.2012 во 14:13
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:59

Солена пита од тиквa


Потребни состојки:

  • 1 пакување тенки кори
  • ½ тиква со средна големина
  • 2 јајца
  • 200гр сирење
  • сол
  • масло
  • 3 лажици павлака

Начин на подготовка:

Тиквата излупете ја, исечете ја на прачиња и изрендајте.  Потоа посолете. Кога малку е отстои исцедете ја и додадете сирење и јајца. Се лесно соединете, па потоа филувајте ги корите. Плехот подмачкајте го со масло па додадете две кори, попраскајте ги корите со масло па додадете фил составен од тиква, сирење и јајца, па на филот додадете две кори исто така попрскани со масло и повторно фил. Постапката повторете ја додека не се потрошат филот и корите. Последната кора премачкајте ја со масло и питата исечете ја на триаголници. Ставете во загреана рерна и печете на 200 степени. Печената пита извадете ја од рерна и премачкајте ја со павлака.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 07:59

Пита со шампињони и пилешко


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Шампињони
  • малку   Црн бибер
  • 1   Црвен пипер
  • 500 грама Тенки кори
  • 200 милилитри Суво бело вино
  • малку   Сол
  • 500 грама Пилешко
  • 200 милилитри Минерална вода
  • 1 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 600 грама Кисела павлака
  • 20 грама Брашно
  • 200 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 40 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешкото месо е лесно сварливо, со висока биолошка вредност и диетска намена.

Може да се подготвува на многу начини, од што зависи нутритивната вредност на оброкот. Пилешкото месо содржи протеини во оптимална количина, а на организмот му обезбедува речиси половина од дневната потреба.

Енергетската вредност зависи видот на пилешкото месо и начинот на подготвока, а вообичаено изнесува 220 калории во 100 грама. Пилешкото месо е одличен извор на витамини и минерали: витамин Б6, фосфор, цинк и селен, Б2, Б12, железо, магнезиум и Б1.

ПОДГОТОВКА:

Во една тава малку продинстајте го ситно сецканиот кромид, па додадете ги на листови исецканите шампињони.

Кога и тие малку ќе се продинстаат, додадете го ситно исецканиот лук, па залејте со виното.

Оставете на оган 10-ина минути, додека виното не испари, па додадете 200 гр. павлака, промешајте со брашно, оставете 1-2 минути, па изгаснете го огнот.

Во друг сад на малку масло продинстајте го меленото пилешко месо, посолете, додадете црвен пипер, па оставете нека се динста десетина минути.

Изгаснете го огнот и кога ќе се олади додадете 400 гр. кисела павлака измешана со едно јајце.

Во намастена тепсија со масло, ставете две кори, премачкајте со масло, ставете уште една кора, па ставете пола од смесата со шампињони, прекријте со кора, премачкајте со масло, ставете уште една кора, па смесата од пилешко.

Прекријте повторно со кора, премачкајте со масло, ставете повторно кора и на неа другата половина од смесата од шампињони.

Прекријте со две кори, питата исечете ја на квадрати, па прелијте ја со мешавина од 3 јајца, 400 гр. кисела павлака и минералната вода.

Печете 45 минути на 200 степени.


Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:00

Мини пити со урда


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Урда
  • 500 грама Тенки кори
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 50 милилитри Масло
  • 100 грама Маргарин
  • 200 грама Кисела павлака
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мини пити со урда

ПОДГОТОВКА:

Се прави филот од: урдата, јајцата, павлаката, маргаринот, маслото и прашакот за печиво.

Се редат кори и се мачкаат со филот и на крај се витка во ролат. Свитканиот ролат се остава неколку часа во фрижидер.

Се сечат на парчиња 3 см и се редат во подмачкан плех.

Останатиот фил се нанесува врз питите и се пече 30 минути на температура од 250 Ц степени.


Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:36
ПОСНА ПИТА СО ПЕЧУРКИ
Се ближи еден од најголемите христијански празници – Велгиден. Оваа недела е недела на строг пост. Затоа, ние ви предлагаме едно посно јадење. Секако, да не се разбереме погрешно, не е само посно, туку и многу вкусно. Оваа пита со печурки е вистински избор за деновите пред Велигден.
 
 
СОСТОЈКИ

за тесто
• 450 гр брашно
• 2 дл млака вода
• малку шеќер
• 10 гр квасец
• 5 лажици масло
• 1 лажица оцет
• 1 мала лажица сол

за премачкување
• 100 гр маргарин
• 2 лажици густин

фил
• малку масло
• 300 гр шампињони
• 100 гр растителен кашкавал

ПОДГОТОВКА
Додадете малку шеќер и квасец во млака вода. Оставете да се растопи.

Во брашното, додадете сол, масло, оцет и растворениот квасец. Замесете тесто. Оставете го замесеното тесто да отстои 30-тина минути.

Откако тестото ќе се подигне, земете еден дел од него и исукајте што е можно потенок круг. Премачкајте го со половина маргарин и нанесете една лажица густин. Радијално пресечете го тестото и преклопете ги деловите за да се добие топка. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го 30 минути во фрижидер.

Постапката повторете ја и со втората половина маргарин и тесто.

По 30-тина минути, нанесете брашно на работната површина и развијте што потенка кора и наредете ја со фил. За да го подготвите филот, малку пропржете ги исечканите шампињони и зачинете ги по желба.

Откако ќе ги ставите шампињоните, изрендајте малку кашкавал. Тестото може да го завиткате како штрудла или да одберете некоја друга форма.

Пред да печете, оставете го тестото уште 15 минути. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250℃. Печете 15 минути на 250℃, потоа намалете на 180℃ и печете додека не стане румена.

(Ninja 35)



Изменето од Valerija - 20.Септември.2013 во 08:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:54

Пита со зелка и ореви


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 200 грама Ореви
  • 100 милилитри Масло
  • 500 грама Дебели кори за пита
  • 1000 грама Зелка
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Зелката делува на оној начин што ја зајакнува отпорноста на желудочната слузокожа на напади од киселина. Зелката содржи гефарнат, соединение слично на carbenoxolonu, уште еден поретко користен лек против чир. Всушност, овие состојќи ги поттикнуваат клетките при формирањето тенка бариера како штит од нападите на киселината. Во едно истражување, од Индиски централен институт за истражување на лекови во Лакнова. Исто така при некои лабараториски експерименти заморчиња кои боледувале од чир експертите успеале да ги излекуваат со сок од зелка.

ПОДГОТОВКА:

 Зелката пржете ја на маслото, со постојано мешање додека не омекне и не испари сета течност.

Оставете ја да се олади, па додадете ги мелените ореви, измешајте, па зачинете со сол и црн пипер.

Во тава (намачкана со масло) наредете три кори, секоја намачкајте ја со масло, па фил.

Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите корите и филот.

Горната кора намачкајте ја со масло и испрскајте со вода.

Рерната загрејте ја на 200 степени, па печете ја питата околу 30 минути.


Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:54

Посна пита со шампињони


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Шампињони
  • малку   Црн бибер
  • 500 грама Тенки кори
  • малку   Сол
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 300 грама Праз
  • малку   Оригано
  • 100 милилитри Минерална вода
  • 100 милилитри Масло
  • 300 милилитри Доматен сок
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Во 100 грама сирови шампињони има многу малку калории, а од тоа 3,1% се протеини, 0,3% масти и 3,2 % јаглехидрати.

Шампињоните се едни од најбогатите печурки со протеини. Од јаглехидратите кај шампињоните наоѓаме глукан и пентински материи, а потребно е да се напомене дека не содржат ниту сахароза ниту скроб па заради тоа се многу погодни за лица заболени од дијабетес.

Од витамините, шампињоните се одличен извор на витаминот Д (38% од препорачаното дневно количество), а од витамините на Б комплексот се одличен извор на рибофлавин (31% од препорачаното дневно количество) и ниацин (22,5% од препорачаното дневно количество).

ПОДГОТОВКА:

Продинстајте го празот на малку масло, па додадете ги шампињоните сецкани на листови.

Динстајте сè додека целата течност не испари, па додадете го сокот од домат и зачините, па динстајте сè додека масата не згусне.

За преливот на корите изматете го прашокот за печиво со минералната вода и маслото.

Наредете 4-ри кори, па на последната нанесете го филот од шампињони, па заролајте ги во вид на ролат. 

Одозгора посипете ги со преливот од прашокот за печиво.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени некои 20-ина минути.

Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 17:36
Царска пита

Потребни состојки:
- 4 јајца
- 1 чаша јогурт или кисело млеко
- 1/2 чаша масло
- 2 чаши брашно
- 1 прашак за пециво
- малку сол
- сирење, кашкавал, шунка, маслинки, кисели краставици (или се што ќе ви се најде по дома се матат јајцата (со миксер), се додава јогуртот или киселото млеко, маслото и се мати убаво, се додава брашното и прашакот за печиво и малку сол, на крај се додаваат исецканите кашкавал, сирење, шунка, маслинки, краставици или по желба, Се се меша убаво, се става во плех и се пече на 200 степени додека не зарумени убаво.
pita.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 17:39
Пица бурек од готови кори

SDC11939.JPG-6521-1024x768.jpg
  • 500 гр готови кори
  • 300 гр рендана салама
  • 300 гр рендан кашкавал
  • 100 мл кечап
  • 100 гр печурки
  • 100 мл зејтин

Количината и редоследот на состојките може да се менува по желба.
Тавата во која ќе го правиме пица бурекот ја намрсуваме и ставаме една кора, потоа кората ја попрскуваме со зејтин, ставаме рендана салама. Ставаме друга кора и неа ја попрскуваме со зејтин, ставаме рендан кашкавал, ставаме наредна кора која ја попрскуваме со зејтин, ставаме кечап, потоа друга кора и неа ја попрскуваме со зејтин и ги ставаме печурките. Најпосле ја ставаме последната кора и врз неа рендаме кашкавал.
Печеме во загреана рерна на 200 степени додека не се истопи кашакавалот
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.