IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 26>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:43
Пилешка салата со макарони

- 500гр. Пилешки гради
- 4 моркови
- 8 кисели краставички
- 500гр. ситни макарони
- Зеленчук коцка (супа)
- 2 лажици сенф
- 500гр. мајонез
- 200гр. павлака
- 2 варени јајца
- Сол, црн бибер
- Магдoнос

начин на приготвување:

1. Во супа од коцка од зеленчук варете го пилешкото. Сварете ги морковите и макароните.

2. Исечете го месото на коцки и иситнете го на конци (влечете ги со рака, нека бидат што потенки). Ставете ги во длабок сад и додадете ги ситно исецканите моркови, краставички, макароните, сенф, мајонез, сол и црн бибер, сецкан магдонос. Смесата мешајте ја со лажица додека не се соедини. Кога ќе ја измешате додадете ги ренданите јајца со павлаката, измешајте додека не добиете хомогена смеса.

3. Сервирајте во мали садови, украсете со гранчиња магдонос и половинки маслинки.

нема некоја филозофија, што ти се најде по дома, се можеш да искомбинираш.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:38

Зимска салата

Зимска салата

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Цвекло
  • 30 грама Праз
  • 150 грама Компир
  • 50 грама Грав


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Зимска салата

ПОДГОТОВКА:

Цвеклото се лупи и се вари во посолена вода лена вода. Откако ќе се свари се да се олади а потоа се сече на коцкички.

Компирот се лупи и исто така се сечка на парчиња со големина на парчињата цвекло. Потоа се варат во подсолена вода, по што се отцеждат и се оставаат да се оладат. На крајот одозгора се додава сечканото цвекло.

Цвеклото и компирот се мешаат со сварените зрна грав. Се заедно добро се, и за вкус се додава масло, оцет и сол.    
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:39

Салата од црвена зелка и сирење

Салата од црвена зелка и сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 200 грама Сирење
  • 15 милилитри Оцет
  • 3 чешниња Лук
  • малку   Магдонос
  • 2 лажица/ци Масло
  • 300 грама Зелка


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Зелката содржи природни состојќи кои дејствуваат како лекови против чиревите. Фактот дека зелката може да помогне во лекувањето на чирот, е утрврдено уште во 1950 - те години, во обидите на др. Гарет Чени, На медицинскиот факултет при Универзитетот во Стафорд. Тој докажал дека околу 1,1 литар свеж сок од зелка на еден ден, помага во ублажувањето на болките и ги лечи желудечните чиреви, како и чиревите на дванаестпалачното црево поуспешно и подобро од стандардните терапии.

ПОДГОТОВКА:

Зелката исчистете ја на ситно и зачинете ја со сол, црн пипер, лук, масло и оцет.

Убаво измешајте и оставете да отстои половина час (во кутија) во фрижидер.

Пред служење додајте изронето бело сирење и измешајте, па послужете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:33
Салата од печен лук
* 1 Главица лук
* 400 грама Кисело млеко
* 200 грама Мајонез
* 100 милилитри Масло
* 100 грама Сенф
Го лупиме лукот.
Ги ставаме во тава, попрскуваме со маслиново масло го печеме во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути . (или додека лукот омекне).
Печениот лук заедно со сите состојки ки ставаме во блендер и ги миксаме.

Салата од компири
* 4 Јајца/це
* 500 грама Домат
* 100 грама Кисели краставички
* 1000 грама Компир
* 50 грама Мајонез
* малку Магдонос
* 15 милилитри Оцет
* 30 грама Сенф
* малку Сол
Сварените и излупени компири се сечат на тркалца, краставичките, доматите и јајцата се сечат на коцки и се мешаат со компирите.
Сенфот, мајонезот, оцетот и солта се мешаат и со тоа се прелива салатата.
На крај се додава сечкан магдонос и уште еднаш се меша и се послужува.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:34
Валдорф салата

Слика
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама Целер
90 грама Ореви
150 грама Мајонез
1 парче/чиња Лимон
500 грама Јаболки


Време за подготовка: 10 мин.

ПОДГОТОВКА:
Јаболките излупете ги и исечете ги на коцки.
Целерот исечето го исто така на коцки, а оревите исецкајте ги на крупни парченца.
Сите состојки соединете ги, поврзете ги со мајонез и украсете ги со першун.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:36
Пролетна салата со грав

Слика
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
малку Мешан зачин
100 милилитри Маслиново масло
малку Магдонос
3 чешниња Лук
500 грама Зелена салата
500 грама Домат
малку Дафинка
200 грама Грав
50 милилитри Вода
малку Босилок
15 милилитри Оцет

Време за подготовка: 20 мин.

ПОДГОТОВКА:
Исчистете ја зелената салата, измијте и иситнете по ваша желба.
Сварениот и изладен грав убаво исцедете го, помешајте со салатата и доматите сечени на коцки.
Сите состојќи за преливот помешајте ги и оставете да стојат 5 минути.
Сè добро промешајте и полијте ја салатата. на салатата можете да и додадете и коцкички препечен леб.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:07

Кинеска салата

Кинеска салата

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шпагети
  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 50 грама Сенф
  • малку   Морско оревче
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 30 милилитри Доматно пире
  • 100 грама Грашок
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кинеска салата.

ПОДГОТОВКА:

Јајцата се варат, потоа ситно се сечкаат, се мешаат со обарениот грашок, маслото, пирето од домати, сенф, ситно сечкан кромид, сол, црн пипер и малку рендано морско оревче.

На крајот ги додаваме шпагетите, кои предходно се сварени. На крајот се добро се меша и се послужува.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:12

Салата од тестенини и печурки

Салата од тестенини и печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 225 грама Макарони
  • 2   Лимон/и
  • малку   Босилок
  • 225 грама Печурки
  • 75 милилитри Маслиново масло


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Печурките се секогаш одлични за подготвување на салати, а овој рецепт каде што е во комбинација со интегрални тестенини, нема никаков исклучок.

ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад измешајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, босилокот, солта и пиперот.

Печурките исецкајте ги на тенки плочки и додадете ги на преливот, па добро измешајте.

Садот покријте го со проѕирна фолија и оставете ја на ладно место барем 1 саат.

Тестенините варете ги во посолена вода.

Зачинете ги со малку сол и варете ги на тивок оган 10 минути, или додека не омекнат.

Потоа измијте ги тестенините под ладна вода и добро изцедете ги.

Тестенините ставете ги во маринираните печурки и прелив од лимон и добро измешајте.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2013 во 15:40

Росоље салата со цвекло

Росоље салата со цвекло

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3   Јајца/це
  • 3   Јаболка
  • 380 грама Кисела павлака
  • 100 грама Кисели краставички
  • 400 грама Компир
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 15 грама Сенф
  • 500 грама Сланина
  • 2 лажица/ци Сол
  • 30 милилитри Суво бело вино
  • 2   Харинга/ги
  • 200 грама Цвекло
  • 12 грама Црн дроб
  • 10 грама Шеќер кафеав


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Цвеклото има многу ниска калоричност и содржи само минимална количина масти. Неговата хранливост се должи особено на растителните влакна, витамините, минералите и уникатните растителни антиоксиданси. Цвеклото исто така е богат избор на Б3, витамин Б6 и каротеноиди и минерали, како што се железото, манганот и магнезиумот.

ПОДГОТОВКА:


  *НАПОМЕНА

Компирите сварени и изладени
Цвеклото сварено и изладено
Корнишоните исецкани
Јаболките излупени и исецкани
Јајцата да се тврдо сварени


Исечкајте ги состојките за салатата на коцки од 1.5 сантиметри и ставете ги заедно во садот за матење. 
Во друг сад за матење измешајте ги киселата павлака, сенфот, оцетот, шеќерот, солта и биберот.
Измешајте го блендираниот прелив со измешаната салата и сервирајте ја свежа или ставете ја во фрижидер, да отстои една вечер пред да ја конзумирате. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2013 во 15:41

Салата "мимоза"

Салата

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Компир
  • 100 грама Зелена салата
  • 1   Јајца/це
  • 100 грама Роквица
  • 20 милилитри Масло
  • 20 милилитри Оцет
  • малку   Сол
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 5 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Салата "мимоза"

ПОДГОТОВКА:

Варениот компир го сечеме на тркалца, кои потоа ги редиме во чинија.
Зелената салата ситно ја сечкаме, па ја редиме врз компирот, а истото го правиме и со кромидот, пред да го наредиме врз зелената салата, На крајот ги сечкаме 'рдоквите на коцки и ги ставаме најодозгора.

Зачинуваме со сол, црн пипер, оцет и со масло.

На крајот вареното јајце го рендаме врз салатата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2013 во 15:42

Компир салата со павлака

Компир салата со павлака

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 1 лажица/ци Сол
  • 100 грама Марула
  • малку   Магдонос
  • 1   Лимон/и
  • 150 грама Компир
  • 150 грама Кисела павлака
  • 2 лажица/ци Дафинка
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 40 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Компир салатата со павлака е ладно предјадење кое е лесно за правење а убав додаток во главниот ручек.

ПОДГОТОВКА:

Ги вариме компирите. Откако ќе се сварат ги сечкаме на коцки. Ги ставаме во подлабок сад.
Зачинуваме со сол, зачин (вегета) и со црн пипер.

Додаваме исечкан магдонос и босилек и на крајот ја додаваме и киселата павлака.
Убаво промешуваме.
Лимонот го сечеме на 2 дела. Од едниот дел ја рендаме кората.
Ја додаваме и изренданата кора од лимон.

Повторно промешуваме.

Компир-салатата ја сервираме на чинија декорирана со три листа зелена салата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2013 во 15:43

Салата од зелена боранија

Салата од зелена боранија

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 милилитри Оцет
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 1   Китка магдонос
  • 250 грама Домат
  • 500 грама Боранија
  • малку   Сол


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Салата од зелена боранија

ПОДГОТОВКА:

Боранијата се сече на поситни парчиња, се обарува во солена вода, и потоа се цеди. Се додава сечканиот кромид, па се посолува, и се прелива со оцет.

Боранијата и доматите исечени на тркалца, се редат наизменично, во сад за служење, а секој ред посипете го со ситно сечкан магдонос.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2013 во 15:44

Салата од компири и карфиол

Салата од компири и карфиол

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 100 грама Сирење
  • 50 грама Ореви
  • 2 лажица/ци Масло
  • 100 грама Мајонез
  • 1000 грама Компир
  • 1   Китка магдонос
  • 300 грама Карфиол
  • 4   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Салата од компири и карфиол

ПОДГОТОВКА:

Компирот се вари заедно со лушпа, потоа се лупи и се сече на резанки, исто така се сечат јајцата и сирењето (може и во коцки).

Сварениот карфиол се дели на цветови.

Сето тоа се става во чинија, се посипува со јатките од ореви, па се прелива со мајонез во кој има додадено масло, оцет, сол и црн пипер.

На крајот се посипува со ливчињата магдонос.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:28
Освежителна салата

Потребни состојки
100 грама Шунка
100 грама Сирење
400 грама Макарони
100 грама Мајонез
400 грама Кисели краставички
200 грама Кисела павлака
100 милилитри Јогурт
4 Јајца/це

Макароните сварете ги во малку насолена вода. Исцедете ги и веднаш измијте со ладна вода. Оставете ги во цедалка. Јајцата излупете ги, ситно исечкајте ги и шунката и сирењето.

Во длабок сад ставете ги макароните , додајте им ги јајцата, шунката и сирењето. Киселите краставички ситно исечкајте ги, малку истискајте ги со раце и додајте во садот.

Посебно измешајте ги состојките за преливот, полијте ја салатата, измешајте и оставете во фрижидер до служење.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.