|
Италијанска кујна |
Внеси реплика | страница <1 23456 12> |
Автор | ||||||||||||||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
,,,receptot posle degustacija,,,,,,, ,,,ej a slikata,,,,se kumurosa pica,ta,,, Изменето од pajser - 19.Септември.2013 во 14:24 |
||||||||||||||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Дај линк, може ќе ја закачиме некако
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Макарони со виршлиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Макарони со виршли ПОДГОТОВКА:
Се варат макароните 10 минути.
Се печат виршлите на тост или плотна 5-7 минути (по проценка). Се додава прелив на макароните (кечап или сос од домати). Со рецептот препорачуваме маслинки и млад кромид. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Шпагети примавераПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Тиквичките содржат разни нутритиенти, кои го
поттикнуваат здравјето на организмот. Високиот удел на вода, ги прави
тиквичките идеален продукт за диета, а за потполно искористување на
лековитите својства, се препорачува да се консумираат тиквички со кора. ПОДГОТОВКА:Загрејте го маслото и во него пропржете го исецканиуот црн лук.Со повремено мешање додајте ги морковите, тиквичките и пиперката, кои предхофно сте ги исецкале на тенки и кратки стапчиња. Потоа исечете ги шампињоните на коцкички, па и нив додадете ги во предходно споменатиот сад. На крајот додадете го доматот исецкан на коцкички. Сипете малку вода и сето тоа издинстајте го. Кога зеленчукот ќе стане скоро готов, сипете ситно исецкан бел лук, босилек и рузмарин. Шпагетите посебно сварете ги во посолена вода, исцедете ги и додадете им го подготвениот прелив. Промешајте и сервирајте топло. По вкус, можете да додадете и малку кисела павлака. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Шпагети carbonara
.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Ова е класичен оброк, секогаш омилен, благодарение на одличната комбинација од сланина, печурки и пармезан. ПОДГОТОВКА:Во поголем сад зовријте посолена вода, па додадете ги шпагетите со малку маслиново масло.Варете ги 8 до 10 минути, повремено мешајки ги со вилушка. Добро исцедете ги, па оставете ги на топло. Сланината исецкајте ја на коцкички. Растопете го путерот во поголема тава за пржење и ставете ја сланината. Пржете околу 5 минути често мешајќи. Во посебен сад помешајте ги изренданиот пармезан, јајцата и исецканите печурки. Зачинете со црн пипер, па оставете настрана. Шпагетите ставете ги во сланината, а потоа внимателно ставете ја смесата од јајца и печурки, па добро промешајте. Потоа тргнете ја тавата од огнот и веднаш послужете повторно попрскано со црн пипер. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Макарони со брокули и тиквичкиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Макарони со брокули и тиквички ПОДГОТОВКА:Брокулата измијте ја и исецкајте ја на ситни цветиња. Варете ја во солена вода додека не омекне. За тоа време исецкајте ги тиквичките на ситни парчиња и продинстајте ги во маслиновото масло со исецканиот лук.Оладената и процедена брокула ставете ја во пилешката супа. Додајте сол и бибер. Во Меѓувреме, во солената вода сварете ги макароните што ќе ги прелиете со подготвените тиквички и брокулата. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Шпагети со грашокПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Шпагети со грашок ПОДГОТОВКА:
Еден ден порано пропржете го кромидот на 50 грама путер, додадете ги исецканата пршута и грашокот.
Посолете ги, полијте ги со супата во која сте го додале сосот од домати, па варете ги 20 минути. Додадете 50 грама павлаката и продолжете да ги варите уште 5 минути. Сварете ги тестенините, исцедете ги и зачинете ги со подготвениот сос. Додадете им 1 лажица исецкан магдонос, босилок, 80 грама кашкавал и жолчките, изматени со малку сол и црн пипер. На крајот додадете го снегот од белки. Прекријте една тава со масна хартија, па посипете ја со презла. Сипете ги тестенините и посипете ги со останатиот кашкавал. Додадете неколку парчиња путер и печете ги шпагетите 30 минути на 180 степени. Покријте ги со алуминиумска фолија и оставете ги во фрижидер да се оладат. Другиот ден тавата ставете ја 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Отстранете ја алуминиумската фолија и печете ги шпагетите уште 10 минути на 200 степени. Сервирајте ги тестенините топли. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Печени равиолиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Равиоли (на италијански - Ravioli) е традиционален
итлијански специјалитет. Аналогнмо на равиолите во Руската кујна се
подготвуваат Пелмените, но за разлика од нив, равиолите можат да бидат
сервирани и како десерт. ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
Во меѓувреме во голема тава за пржење загреваме масло на средна јачина. Ги додаваме кромидот и лукот, зачинуваме малку со сол и бибер и мешаме повремено додека не се омекнат состојките, отприлика 5 минути. Ги додаваме доматите и мајчината душа и чекаме да проврие сето тоа. Кога ќе проврие ја намалуваме јачината на топлината и доматите ги гмечиме или пасираме со помош на лажица и оставаме сосот да се згусне, односно да се готви уште некој 20 минути. Повремено мешаме. Додека тоа се готви ги вариме равиолите во големо тенџере со зовриена вода и малку сол. Вариме се додека равиолите не почнат да пливаат на површината затоа што остатокот од нив ќе се зготват во рерната. Равиолите се цедат и се враќаат во тенџерето. Сосот го ставате во тенџерето со равиоли, промешувате и сето тоа го ставате во соодветна тава за печење и го посипувате со моцарелата и пармезанот. Печете додека сирењата не станат златни или 20 до 25 минути. Изледете ги малку пред да ги сервирате. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Макарони со модар патлиџанПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Модар патлиџан (Solanum melongena) ПОДГОТОВКА:
Рецептот е за 4 лица.
Половината од кромидот се пржи во масло додека не пожолти. Се земаат 2-та црни патлиџани со средна големина. Се сечат дршките од патлиџаните, се мијат и се сечат на коцки заедно со лушпата. Заедно со кромидот се пропржуваат колку да упијат од маслото. Промешајте ги неколку пати и додадете еден поголем црвен домат. По желба може да се додадат и лупени црвени домати од конзерва, но во лето кога е сезона на доматите, подобро е да бидат свежи. Додадете сецкан магдонос и повторно промешајте. Зачинете со сол, бибер, зачинета сол и малку суво нане. Откако ќе ги измешате сите намирници, додадете 1 чаша вода и оставете ги на тивко да се варат половина час. Во друг сад се варат макароните. Откако ќе се сварат макароните, се послужуваат со сосот од модри патчиџани. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Шпагети со сос од туна и школкиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Дагњите се школки со плаво-црна боја, а се силно
прицврстени за подлогата (карпите), со што се штитат да не бидат
однесени од брановите и морските струи. Дагњите се школки со плаво-црна
боја, а се хранат со планктони и алги. ПОДГОТОВКА:Доматот излупете го, а месото исецкајте им го на ситни коцкички.Исцедете ги школките и туната, а туната малку иситнете ја со вилушка. Потоа ситно исецкајте го лукот. Во тава за пржење, загрејте масло и додадете го лукот, па пржете мешајки додека не омекне, мешајки. Додадете ги доматите и динстајте 5 минути, а потоа додадете ги школките, добро измешајте и варете 5 минути додека често мешајки, се заедно добро се загрее. На крајот од подготовката на овој сос се додава туната. Динстајте уште 2-4 минути. Потоа зачинете според вкус со вегета и црн пипер. Држете на топло. Во меѓувреме, во поголем сад сварете на тивок оган посолна вода. Потоа во водата ставете малку масло, па шпагетите. Варете 8 до 10 минути, повремено мешајте со вилушка. Измијте ги и исцедете ги шпагетите, па прелијте ги со предходно подготвениот сос, па наросете со оригано. Послужете. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Пикантни макарони со кариПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:За 4-тири порции. ПОДГОТОВКА:
Исчистете ги ракчињата, измијте ги и избришете ги.
Исчистете го празот, оставете малку од зелениот дел и исечете го на
тенки ленти. Пржете го 2 минути на 3 лажици масло.
Додајте ги ракчињата и карито и пржете ги на силен оган 2 минути. Полијте ги со виното и оставете го да се редуцира до половина, па посолете го. Сверете ги тестенините, исцедете ги и префрлете ги во тавата со сосот. Пржете ги 2 минути на силен оган, мешајќи ги повремено, и додајте вода доколку е потребно. Додајте малку пикантно пиперче, исечкан магдонос и останатото масло. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Siennese макарони со пармезанПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Софистицирано, а сепак едноставно јадење од макарони
со сос од пермазан, шунка и ореви, зачинети со свеж босилок. ПОДГОТОВКА:
Варете ги макароните во поголем сад со малку посолена вода, околу 8 до 12 минути.
Добро исцедете ги па оставете ги на топло. Исецкајте ливчиња босилек и ситно исецкајте ги оревите. Растопете го путерот во огноотпорен сад, додадете ги босилекот и оревите, па пржете ги 10 минути на тивок оган, повремено мешајќи. Шунката и печурките ситно исецкајте ја, па додадете ја во садот заедно со босилекот и оревите. Зачинете со сол и црн пипер по вкус. Додадете ги макароните, па мешајте над тивок оган, за сосот да навлезе во шуплините на макароните. Помешајте пола пармезан, а со останатата половина изрендајте одозгора и веднаш послужете. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Њоки со доматен сос и пармезанАко ја сакате италијанската кујна и ако тестенините редовно се на вашето мени, тогаш дефинитивно ќе ги обожавате њоките. Тие се едноставни за приготвување, а поради тоа што немаат силен вкус, можат да се комбинираат со различни сосови, па секојпат ќе имате нов специјалитет. Њоките можат да се купат како готов производ, но домашните њоки имаат посебен шмек, па засукајте ги ракавите и подгответе се за нова авантура во кујната. Состојки
Подготовка на њоките
Подготовка на сосот
Совет:Ако не сакате њоките да бидат премногу меки и ако сакате да имаат крцкава златна надворешност, пред да ги ставите во сосот, кратко пропржете ги во тавче со минимално количество масло. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Шпагети со песто-сос Потребно: (Emil) |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 23456 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |