|
Турска кујна и рецепти од турската кујна |
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Автор | |
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со миксерот треба убаво да се изматат и се додава брашно по потреба за да се замеси...потоа се остава 30 минути да отстои.
Со миксерот се матат и се додава брашно по потреба, и се остава 30 минути да отстои . Додека тестото се одмара 700 гр шеќер кувајте со 250 гр вода и оладете го шербетот . Кога тестото ке надојде, обликувајте го тестото во вид на прачки, еден бел и еден црн, и завиткајте ги еден околу друг, завиткајте ги во круг и наредете ги во тепсија. Оставете ги 10 минути да надојдат/пораснат. Печете ги во загреана рерна околу 15 минути. Жешките капи прелијте ги со ладен шербет и верувајте, ке уживате во вкусот. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На загреаниот маргарин, испржете го исечениот кромид, додајте го меленото месо, па едно 15 минути мешајте, значи кромидот и меленото месо убаво да се стопат еден во друг...потоа ке додадете мајчина душичка, бибер, вегета, кечап/пире и мешајте уште 10 минути. Измиениот ориз, кратко испржете го на загреаниот маргарин, додајте вегета, полијте го со вода и на тивок оган нека се вари 5 минути.(една напомена: после кувањето, покриен, оризот ке го оставите да одстои уште 5 минути, се со цел пилавот да биде повкусен) После тоа со оризот измешајте го и грашокот и така покриено, кувајте уште 5 минути. Кога ке биде готово, оризот и грашокот ставете ги на голем топол тањир, врз нив распоредете го меленото месо, и врз сето тоа посипајте изрендано сирење. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
лажичка сол 1.Кг. мелено телешко месо 4. главички иситнето лукче, сол, црн бибер, јогурт 250 гр. путер Брашното, млаката вода и солот да се имешаат во глатко тесто, во форма на топка, и да се остави да постои половина час. Тестото подоцна да се премеси уште еднашка, и да се остави еден час да одстои за да надојде. За тоа време да се направи смесата за полнење:Да се измешаат добро меленото месо, лукчето, солта и биберот. Откако тестото нараснало треба да се подели во три дела во форма на топки. Секоја топка да се развлече во голема тенка кора и да се прелие со истопениот путер. Корите да се ставаат една врз друга и да се полнат. Ивиците од корите да се полнат со смесата од месо, лук, црн пипер и сол. Потоа кората да се свитка во ролна .Ролната да се исецка на мали делчиња во големина од 2 см. Тие ситни делови наполнети со смесата да се свиткаат од двете страни така што секое парче да биде добро затворено. Да се наредат во подмачкан плех .Мантиите да се попрскаат со масло и да се стават да се печат во загреана рерна(на температура од 250 степени) додека не поруменат. Откако ќе поруменат температурата се намалува и понатаму ги оставаме додека не станат крцкави, ги прелеваме со јогурт ги враќаме во релната и ги печеме уште десетина минути. Мантиите можат да се служат и со јогурт. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 кг свежи пиперки, 45 дкг мелено месо, 30 дкг компир, 10 дкг кромид, 1 јајце, 2,5 дл павлака. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- 1.5 кг пилешко - 1 лажичка кари - сол, бибер - 40 мл масло - 1 главичка црвен кромид - 2 зелени пиперки - 1/4 л инстант супа - 200 гр ориз - 15 парчиња урми - 1 чаша јогурт - 1 лажичка густин - 3 лажици излупени и пржени бадеми Очистете го пилето, измијте го и исечете го на помали парчиња. Настрана оставете ги батаците и крилцата, а од остатокот отстранете ги коските. Посолете го месото, побиберете и врз нив сипајте кари. Во тавата загрејте го маслото и ставете ги парчињата на пилето да се пржат додека не поруменат од сите страни. Очистете го кромидот, исечкајте го, па додадете го на пилешкото за и оно да се продинста на тивок оган. Пиперките исчистете ги и исечете ги на тенки траки. Додадете ја на пилешкото и половина час кувајте на умерен огон. Готовото пилешко извадете го од тавата и оставете го на топло место. Исцедете ја супата во која пилешкото се кувало, а густинот изматете го со малку вода, па додадете го во супата мешајќи, оставете неколку моменти да врие додека не згусне. Исчистете ги урмите од коските и поделете ги на половинки, спуштете ги во сосот и во сето измешајте го и јогуртот. За подобар вкус можете уште малку да го зачините со кари и сол.. Сосот добро ќе го загреете но не дозволете да зоврие. Оризот кувајте го во солена вода и исцедете го. Потоа ставете го во садот со кој ќе го послужите јадењето, по него распоредете го месото и врз се сипајте го сосот. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
BIBI_G_3
Модератор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На мантиине им се спремам одамна...не знам зошто ама мислам дека и не се баш така едноставни за подготовка како што изгледа
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
60 дкг јунешко или говедско месо, 20 дкг мало, 2 дкр сол, неколку зрна бибер, малку црвен пипер, 12 дкг црвен кромид, бел лук, магдонос, малку оцет и кувани домати. Начин на подготвување: Mесото се сече на коцки, потоа ќе се исечка црвениот кромид и белиот лук, потоа магдоносот, се посолува и на се се додава биберот. Сето тоа заедно со месото ќе го ставите на маслото и се динста се додека не зоврие водата која месото и зеленчуците ќе ја пуштат при динстањето. Потоа се продолжува со кување на тивок оган и се додава малку оцет (или од куваните домати) и црвениот пипер. Треба да се внимава да не загори. Кога ќебапот ќе биде готов, се полева со водата и се остава да прокува. При сервирањето се отсранува вишокот на маста и ќебапот се сервира со сопствениот сос. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маклуба ( буквално значи ,, обрнато``) – тепсија преку тенџере, па се обрне
Состојки 1 кг ориз 1,5 кг пилешко месо 1 кг карфиол пржен Пржени компири исечени на кругови Пржени модри патлиџани исечени на кругови Сол, бибер, коцки за супа, ѓумбир, цимет, ловоров лист, кари, морското оревче, рузмариниот, босилекот, копар, Оризот се посипува со врела вода да стои 10 минути, потоа се процедува, се мие со ладна вода , и го оставаме во сад на страна. Во тенџере го ставаме пилешкото месо, се полива со вода, се додаваат зачини, и сето тоа заедно се вари 30 минути. Го вадиме пилешкото месо и го пропржуваме да добие убава црвена боја, а супата во која што се варело пилешкото месо со зачини, се остава на страна. На дното на тенџере се реди најпрво пропрженото пилешко месо, потоа пржениот зеленчук, ред компири, ред модар патлиџан, ред карфиол, и одозгора процедениот ориз . Сето тоа се полева со супата во која се варело пилешкото месо, во количина 2:1 ( вода- ориз). Кога ке почне да врие се намалува оганот на најмала температурата и кога се исуши до крајот тогаш е готово. Не се меша во текот на готвењето, и суштината на оваа јадење е да готовото јадење се обрне од тенџерето на тепсија, и да остане како на слика... тогаш успеало... како декор се додаваат пржени бадеми. Се служи со кисело млеко, јогурт или салата од домати, краствици, лимон, и магданос. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гатаиф - полнети арапски палчинки
Овие палачинки се прават во различни големини. Малите се полнат со крем гарниран со ф'стаци, а средните и големите се полнат со ореви и слатко сирење. 3/4 лажичка сув квасец
За полнење 1 чаша сецкани ореви 4 супени лажици шеќер 1 лажичка цимет Шербет : 1.250 кило шеќер
Неколку капки вода од цвет Неколку капки лимон 1 ванила Да се направи тесто, се помешува квасец со малку шеќер и се става во ¼ чаша топла вода . Се промешува за да се раствори. Брашно , топлата вода, солта и квасецот се ставаат во блендер и се матат. . Смесата се става во еден сад и се покрива со кујнска крпа и така се оставаат еден час на топло место . Смесата се сипува во еден бокал . Потоа се загрева тавата на средна топлина, со неколку капки масло, и кога е добро загреана , се сипува од тестото, ( од бокалот) , со брзи кружни движења. Ако тестото е густо додајте неколку лажици вода. Ке почнат меури да се формираат на врвот. Се пржат само од една страна. Се стават на чиста крпа за да се изладат. Се полнат така што се факаат краевите на палачинката од долниот дел и се залепат до половина. Тестото е лепливо , се полнат , и така се залепат, така да се добива формира месечина.
Полнети палачинки се печат во фурна на умерена температура 180 ° 10-15 мин. Полиени со малку масло или путер. Се печат од двете страни. Додека се уште жешки, полнети палачинки, се преливаат со шербет во кој е додаден вода од цвет. Се служат топли . |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вегета, бибер, кумин, тумерик, црвен пипер.
Во маслото ќе го пржите кромидот, ќе го додадете месото, малку ќе го динстате, потоа додадете ја црвената пиперка и лутата пиперка и останатите зачини. Сето тоа се кува на лесен оган се додека месото не биде готово. Во меѓувреме патлиџанот избушете го со плетечка игла на повеќе места и ставете го во рерна на 190 Ц, оставете да омекне, 30-40 минути. Кога патлиџанот малку ќе се олади, исечете ги крајевите и излупете го. Потоа исечете го на листови, очистете го од ксштици и ставете го во вода во која сте ставиле сок од лимун и сол. Оставете го така да стои неколку минути, а потоа добро исцедете го. Понатаму, на тавата истопете го путерот/маргаринот, на лесен оган, додадете го брашното, солта и биберот, и добро измешајте го исцедениот патлиџан. Ќе мешате со вилушка и полека додадете го млекото и ќе продолжите да мешате се додека не се добие глатка маса. На сето тоа ќе го додадете изренданото сирење и уште малку ќе мешате. На крајот префрлете го во сад за сервирање и преку него ставете го подготвеното месо! |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРОФИТЕРОЛ
Состојки
Подготовка1.Тесто за профитеролот Изменето од Calipso - 20.Септември.2013 во 00:03 |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Турски "Менемен"ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Ова е најпопуларното јадење со јајца во Турција, кое без специфичните состојки тешко дека ќе може да го најдете. ПОДГОТОВКА:
Излупете ги и исечете ги на коцки доматите.
Потоа исечкајте ги на коцки другите состојки, па ставете ги во тава со маслиново масло, која е загреана на висока температура додека не почнат да ги испуштаат своите сокови (внимавајте да не претерате). Потоа на низок оган додадете ги јајцата во истата тава и мешајте сè додоека во тавата не добиете убава цврста смеса која се добива од јајцата, иако целото јадење се должи на зеленчуковите сокови на кои морате да внимавате! Изменето од Valerija - 25.Февруари.2015 во 10:55 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Тавук гогсу“ – десерт со пилешко месо
Во турската кујна може да се најдат многу десерти кои се прават со млеко, но дефинитивно ретки се оние кои во себе содржат месо. Тавук гогсу (tavuk göğsü) е вид млечен пудинг, дел од традиционалната турска кујна, чие име во буквален превод значи „пилешки гради“. Знам дека звучи малку чудно, бидејќи и јас не можев да поверувам дека од пилешко месо може да се направи толку вкусен десерт. Кога келнерот ми кажа дека станува збор за пудинг од пилешко месо бев изненадена и мислев дека станува збор за шега. Всушност вкусот на пилешкото месо воопшто не се чувствува, бидејќи пилешките гради се добро зготвени и обработени. Единствено нешто што ќе забележите се парченцата пилешкото месо што го прави овој десерт оригинален. Состојки: - 7 чаши млеко Подготовка: Пилешкиот стек го вариме се додека не омекне убаво. Го сечеме попречно на ленти со должина од околу 5 сантиметри. Парчињата ги земаме во рака и ги триеме со дланките додека не се претворат во тенки и долги делчиња. Ги измиваме 3-4 пати со жешка вода, менувајќи ја водата секој пат. Потоа ги цедиме убаво за да останат сосема без вода. Во шерпа ги истураме шеќерот, млекото и солта. Го оставаме шеќерот да се стопи. Во посебен сад ги промешуваме брашното и густинот. Полека додаваме од млекото и мешаме дури да се добие мазна паста. Ја истураме пастата во млеко и мешаме додека не почне да се згуснува. Земаме 4-5 лажици од пудингот и ги ставаме во садот со парчињата пилешко месо. Ги промешуваме со виљушка, па ги враќаме во пудингот. Вариме на тивок оган и мешаме се` додека не се згусне. Кога ќе биде готов го истураме во сад длабок 2-3 сантиметри, кој може да се стави и на оган и во фрижидер. Го потпечуваме малку одоздола и го оставаме во фрижидер 2-3 часа. Потоа го сечеме на правоаголници и го виткаме во тенки ролни со печената страна нагоре. На крај му наросуваме цимет. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |