|
Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови |
Внеси реплика | страница 123 13> |
Автор | |
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Јуни.2007 во 15:57 |
Насловот кажува се |
|
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од банани
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Банана е име за еден вид на овошје и на тревни
растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје.
Тие потекнуваат од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие
се одгледуваат во тропски предели. ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги млекото, јајцата, шеќерот, нишестето со малку сол и варете на пареа.
Варениот крем тргнете го од садот со вода и додадете ги ванилин шеќер и екстракт од ванила. Убаво измешајте. Исечете ги бананите, накапете ги со сок од лимон. Подгответе осум чаши за пудинг. Бисквитите искршете ги на долгнавести парчиња, редете ги во секоја од чашите, па додадете го кремот. На крајот по желба попрскајте со малку цимет. Послужете. Крем од чоколадоПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Старите Ацтеки сметале дека чоколадото е пијалок на
боговите, а наназад во историјата чоколадото се конзумирало во облик на
топол напиток. А Ацтеките исто така сметале дека чоколадото има дејство
на афродизијак, што се покажало точно. Легендата вели дека владителот на
Ацтеките од 16 век Монтезума, пиел по 50 шољи чоколадо дневно пред
посета на својот харем затоа што сметал дека чоколадото е одличен
афродизијак. ПОДГОТОВКА:
Чоколадото ситно изрендајте го.
Од млекото одвојте 2 лажици, а остатокот измешајте го со ренданото чоколадо. Загрејте го млекото со чоколадо, па измешајте една лажичка густин, разматен во 2 лажички ладно млеко. Сè заедно добро измешајте и варете неколку минути додека кремот не се згусне. Оладете го кремот и украсете го со овошје по желба. Послужете. Изменето од Valerija - 07.Јуни.2020 во 16:51 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Парфе од јогуртПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Хранливите состојќи во јогуртот настануваат во
процесот на ферментација на млекото. Под дејство на микроорганизмите се
зголемува нивото на млечна киселина, а умерено се намалува количината на
лактоза. Ова го објаснува фактот дека луѓето кои имаат проблеми со
дигестија на млекото, многу полесно го поднесуваат јогутот. Во
создавањето на јогуртот учествуваат две главни бактерии: ПОДГОТОВКА:
Во десертна чаша најпрво се истура сокот од
ананасот, па се додава мешавината од јогурт и кокос, а најодозгора се
распоредуваат ситно сецканите парчиња ананас и ореви.
Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем брулеПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем бруле ПОДГОТОВКА:
Рерната загрејте ја на 170 степени.
Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте ја слатката павлака, убаво измешајте и истурете во калапи за крем карамел. По желба можете можете во секој да испржите по 1 лажица шеќер, ниска температура. Калапите ставете ги во поголема тава во која сте ставиле вода. На површината на кремот посипете малку шеќер. Кремот бруле печете го додека не добие убава златно - кафеава боја. Оставете го убаво да се олади и оставете го во фрижидер до служењето. На крајот, одозгора додадете овошје по желба. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мус кремПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Мус крем ПОДГОТОВКА:
Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се топи на пареа.
Павлаката ја матиме со миксер, додека шлагот не ја добие потребната густина. Потоа шлагот од садот за матење го претураме во поголем длабок сад. Во садот за матење со миксер ги матиме јајцата и го додаваме шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи престануваме со матењето. Во изматените јајца ја додаваме растопената и оладена чоколада и мешаме со жица за матење. И оваа смеса ја додаваме во длабокиот сад со шлагот и мешаме со жицата. Откако смесата ќе се изедначи со лажица полниме во готварски шприц. Со шприцот наполнет со Мус крем полниме десертна чаша. Одозгора наросуваме сецкана чоколада. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од праскиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем од праски ПОДГОТОВКА:
Излупете ги праските, исечете ги на парчиња и ставете ги во еден сад.
Полијте ги со виното и со шеќерот. Измешајте ги праските и ставете ги да зовријат, па варете ги 2-3 минути, или додека омекнат, тогаш изматете ги праските со својот сос и префрлете ги во фрижидер. Изматете ја павлаката и додајте ја на пирето од праските, мешајки ја од долу нагоре. Покријте го садот со фолија и оставете го во ладилник се до моментот на сервирањето. Добиениот крем поделете го во 4 сада, декорирајте со некоклу листа нане. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од свежи јагодиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем од свежи јагоди ПОДГОТОВКА:
Во сад за матење ја ставаме белката, го додаваме шеќерот и матиме. Ги додаваме и предходно исечканите јагоди.
Во друг подлабок сад ја ставаме благата павлака. Ја матиме. Малку од благата павлака додаваме во садот со белката и јагодите и промешуваме со лажица. Вака приготвениот крем го сервираме во соодветни чаши. Поросуваме од мелените ореви и декорираме со преостанатата хопла. На врвот од чашите ставаме јагоди. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Карамел кремПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Еден од најдобрите начини за да го подобрите вашето здравје е да станете свесни за тоа каде се наоѓате на патеката од нормалното контролирање на глукозата и инсулинска резистенција, која може да резултира со дијабетес. Со оглед на тоа што примарните причини за проблемот со чувствителноста на организмот на шеќер водат потекло од начинот на исхрана, нејзината промена е појдовна точка за контролирање на евентуалната неурамнотеженост на шеќерот во крвта. ПОДГОТОВКА:
Во сад на тивок оган се пржи шеќерот, при што постојано се меша додека добие карамел боја.
Се налева со 1/4 вода и се вари додека карамелот сосема не се стопи. Течноста се лади. Во друг сад се матат жолчките со ванилниот шеќер и нишестето, а од белките одделно се мати снег. Постепено во кремот од жолчките се додава шчагот (слатката павлака или приготвената од кесичка) и оладениот карамел, па сè заедно се варина тивок оган, при што постојано се меша околу една минута. Кремот се истава од оган и се додава снегот од белките. Кремот се остава убаво да се олади и со него се полнат чаши или посебни стаклени чиничиња за крем. Се украсуваат со шлаг и со рендана чоколада. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од крушиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Крушата е дрвенеста билка од фамилијата Rosaceae,
чии што плодови се користат во исхраната на луѓето. Врстите од овој род
растат во умерените предели на Европа, Азија и Африка. ПОДГОТОВКА:
Во млекото измешајте ги интегралното брашно, овесните снегулки и какао.
Варете на тивок оган десетина минути, со непреќинато мешање, за кремот да се згусне. Потоа оставете го кремот малку да се олади, па додадете му една лажичка мед. Излупете ги крушите, исецкајте ги на коцкички или по должина, па прелијте ги со лимонов сок и посипете ги со мелени каранфилчиња. Исецканите круши поделете ги во две чаши, па прелијте ги со подготвениот крем. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем со румПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем со рум ПОДГОТОВКА:
Млекото и дел од шеќерот се варат. Се остава малку
да се подолади и се додаваат матените жолчки со нишестето. Се става на
тивок оган и со непрекинато мешање се вари крем.
Одделно, 4 белки се матат во цврст снег со остатокот од шеќерот. Во кремот од жолчките, се додава 70 грама рум и белките, и се мешаат. Во чаши се става по една лажица џем, се дополнуваат со кремот. Се остава кремот добро да се олади. Потоа во средината се капнува малку рум. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од сливиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем од сливи ПОДГОТОВКА:
Измиените сливи исчистете ги од семките и исечете ги.
Шеќерот мешајте го на тивок оган додека не се стопи и не се карамелизира. Потоа, карамелот прелијте го со сокот и мешајте додека не се стопи. Сипајте ги во него виното, циметот, ренданата кора од лимонот и сливите. Смесата оставете ја да се олади. Слатката павлака матете ја додека не се згусне, но не да се претвори во шлаг. Во неа сипајте го ликерот. Распоредете ги сливите со добиениот сок во чаши, па прелијте ги со добиениот сок, па со изматената павлака. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гриз со сливиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Гриз со сливи ПОДГОТОВКА:
Сварете го млекото со шеќерот и ренданата кора од лимонот, малку сол и путерот.
Потоа, додадете ги бадемите и гризот, па сето тоа варете го на тивок оган додека смесата не се згусне. Одделете ја жолчката од белката, па жолчката изматете ја со ликерот и додадете ја во гризот. Белката пенесто изматете ја и измешајте ја со гризот. Гризот распоредете го во четири помали чинии и оставете да се олади. Исцедете ги сливите и зачувајте го сокот. Измешајте го нишестето со четири лажици сок, а остатокот од сокот сварете го со виното, ванилин шеќер и циметот. Додадете го во нив разматеното нишесте и сето тоа варете го со постојано мешање додека не се згусне. На крај ставете ги сливите и сето тоа распоредете го врз гризот. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Парфе од лешникПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Парфе од лешник ПОДГОТОВКА:
Ја матиме павлаката со миксер. Откако шлагот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот.
Ги кршиме јајцата и ги двоиме белките од жолчките. Во садот со жолчките додаваме 4 лажици шеќер и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи. Со миксер ги матиме белките и додаваме 4 лажички шеќер. Во садот со изматената павлака ги додаваме изматените белки, а потоа и изматените жолчки. Потоа додаваме 200 грама мелени лешници. Мешаме со лажица додека состојките не се соединат. Добиеното парфе го ставаме во готварски шприц. Со помош на готварскиот шприц парфето од лешник го украсуваме со чоколаден крем. Одозгора наросуваме мелени лешници. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од вишниПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем од вишни ПОДГОТОВКА:
Изматете го жолчките и шеќерот, па додајте маскарпоне сирење и ликер.
Растопете го желатинот во ладна вода и изматете, па додајте го постепено во кремот. Бисквитите издробете ги на покрупни парчиња и измешајте ги со кремот од маскарпоне сирење, па ставете ја смесата во една поголема или 4 помали чинии. Ставете во фрижидер околу 30 минути. Пред служењето додајте го остатокот од бисквитите, неколку вишни и сок од теглата со слатко. Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |