IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 10:11
Полнети канелони со македонски шмек

Канелоните се еден од многуте видови тестенини. Карактеристични се по нивната форма која личи на дебели цевки. вообичаено се користат за полнење, а начинот на подготовка, односно процесот на варење е сличен како и другите видови тестенини. Со оглед на тоа што не големи, нив им треба повеќе време за да се сварат од вообичаеното време за кое се варат макароните пене, на пример. Во секој случај, најважната работа која треба да ја знаете за варењето на тестенини е дека тие НЕ смеат да бидат преварени. Во случаи кога тестенините се готват во сос (внатре во него) тогаш треба да се al dentе.




Овој рецепт за канелони е базичен - мелено месо, доматен сос и кромид, но специфичен е по тоа што има македонски шмек и тоа се печените пиперки кои се ставаат во сосот. Ако сте подготвувале канелони до сега, можеби сте се соочиле со тешкотијата да ги наполните канелоните, ако немате шприц, па сте се откажале од нив. Но, има решение за тоа. Ако навистина многу ви претставува потешкотија да ги пполните канелоните со лажиче, вие можете сами да подготвите канелони и тоа од тесто за лазањи. Супер, нели? Само сварете ги лазањите во врела и солена вода, извадете ги кога ќе бидат сварени на најлонска хартија и почнете со полнење на филот. На крај, свиткајте ја лазањата како палачинка и ете ви канелони во рустичен стил.
P.S Полнети канелони е рецепт кој го побара една читателка на блогот „Часови по готвење“.


Еве го рецептот:
Потребно е:
1 пакетче канелони или лазањи (читај горе)
2 главици кромид
2 чешниња лук
500 гр мелено месо
5 печени, лупени црвени пиперки
1 лажиче мелен црвен пипер
500 мл доматен сос + уште 200 мл за подлога во тавчето за печење
1 лажиче оригано
1/2 китка свеж магдонос
сол, бибер
рендан кашкавал
Подготовка: Во врела и солена вода сварете ги канелоните или лазањите. За тоа време, подгответе го филот. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло пропржете ги кромидот и лукот. Откако кромидот ќе стане проѕирен, ставете го меленото месо. Зачинете со многу бибер (бибер и мелено месо е одлична комбинација). Лупените пиперки исечкајте ги покрупно и додадете ги во смесата. На прај, ставете го доматниот сос, зачинете со сол и оригано и оставете да провире 15 минути.

Сварените канелони внимателно наполнете ги со подготвената смеса, со помош на лажиче или шприц, ако имате. Ако рецептот го правите со лазањи, постапете како на сликата: ставете малку од смесата на една лазања и свиткајте ја како палачинка.
рерната загрејте ја на 250 целзиусови степени. Во тавата за печење ставете 150-200 мл доматен сос. Врз доматниот сос наредете ги наполнетите канелони. Од горе, ставете малку доматен сос, изрендајте кашкавал и ставете да се пече 35 до 45 минути.


Забелешка: Најпознатиот фил за полнење канелони е микс од обарен спанаќ и рикота сирење. Ако не јадете месо, може да ставите соја трошки. Исто така, може да создадете фил по ваш вкус.


Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2011 во 22:53
 
МАКАРОНИ СО СИРЕЊЕ И СПАНАЌ
 

Состојки:

- 3 лажици путер

- ½ филџан исечкан кромид

- 1/3 филџан брашно

- 4 филџани млеко

- сол и бибер по вкус

- 4 филџани лисја од спанаќ, исечени во ленти

- 1 филџан изрендан тврд кашкавал

- 2/3 филџан изрендано помеко димено сирење

- 1/3 филџан издробено козјо сирење

- макарони, сварени точно според инструкциите и времето назначено на пакувањето (да бидат „ал денте“)

 

Подготовка:

Во големо тавче за пржење истопете путер на среден оган. Додадете го кромидот и пропржете го додека не омекне, околу 5 минути. Додадете го брашното, мешајте додека не зарумени, а потоа ставете го млекото, континуирано мешајќи. Зголемете ја температурата на ринглата и почекајте да зоврие. Мешајте континуирано додека не се згусне, односно додека не добиете сос. Додадете сол и бибер.

 

Во сосот додадете го спанаќот, малку промешајте и веднаш ставете ги и сирењата. Мешајте на тивок оган додека не се истопат, а потоа додадете ги претходно сварените макарони.

 

Послужете веднаш.

 

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 19:55
Denes ovaa recepta ja podgotvuvav
Равиоли со сирење и сос од домати и артичоки
 

Потребни состојки:

2 пакувања равиоли со сирење

100 гр. маринирани артичоки

1 главица кромид

3 чешниња лук

4 големи домати

2 лажици пармезан

Сол и црн пипер

Масло за јадење

Припрема:

Во тенџере на оган сварете ги равиолите во солена вода. Откако ќе се сварат исцедете ги и измијте ги со стидена вода.

Во големо тавче на оган ставете 1 лажица масло за јадење да се загрее. Испржете го ситно исецканиот кромид, па додајте ги сецканите домати и артичоки, како и ситно исецканиот лук. Посолете и наросете црн пипер, па гответе ја смесата околу 5 минути со повремено мешање.

Во чинијата за сервирање ставете половина равиоли, па прекријте ги со сосот и промешајте. Потоа додадете уште равиоли и прелијте ги со сосот, а одозгора посипете со рендан пармезан. Добар апетит!

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 20:55
 
ЛАЗАЊИ ВО ГРАДИНАРСКИ СТИЛ
 

 

Состојки:

-       2 филџани исечкан кромид

-       4 чешниња лук

-       2 лажички маслиново масло

-       2 филџани исечкани тиквички

-       2 филџани тенко исечкан морков

-       2 филџани исечкана брокула

-       1 лажичка сол

-       ½ филџан брашно

-       3 ½ филџани млеко со ниска масленост

-       1 филџан пармезан

-       ¼ лажичка црн пипер

-       2-3 филџани исечкан спанаќ

-       моцарела сирење

-       1 пакување лазањи

 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и одберете некоја поголема тава. Намачкајте ја тавата со путер. Во загреано тавче со масло, ставете го кромидот, по 4 минути додадете го лукот. Во посебно тавче запржете ги тиквичките, потоа додадете ги кромидот и лукот.

 

Потоа полека додавајте ги претходно запржените морков и брокула, додадете сол и промешајте. Во поголем сад, сипете го брашното, додадете го млекото, силно мешајте, потоа додадете го пармезанот, сол и црн бибер и мешајте до изедначување. На оваа смеса додадете го и спанаќот и промешајте повторно.

 

Во поголемата тава почнете да ги редите лазањите, врз нив растителната смеса баз спанаќ, па повторно лазањи, па смесата со брашно и спанаќ. Редете така сѐ додека имате материјал. На крајот завршете со лазањи и врз неа посипете ја моцарелата измешана со пармезан. Печете 20-тина минути. Оставете 10 минути малку да се излади и сервирајте.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 20:59

Таљатели со три вида печурки


Таљатели со три вида печурки

Оваа недела добивме интересен рецепт кој веднаш го споделуваме со вас. Ние го испробавме и гарантираме дека нема да згрешите ако го приготвите овој или некој следен викенд.

СОСТОЈКИ (за четири лица)
• 500 гр таљатели
• 3/4 чешниња лук
• 500 гр печурки (три вида по избор)
• 1 ½  лажица путер
• свеж магданос
• павлака
• пармезан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во претходно загреан маслинов зејтин ставете го ситно исецканиот лук и пржете сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки, претходно зачинети со сол, бибер и лимон по желба.

Садот за пржење треба да е доволно голем за да може сите печурки рамномерно да се распоредат и да не дојде до нивно преклопување. Времето на приготвување да не биде повеќе од 15 мин на силен оган.

Во меѓувреме, сварете ги таљателите, за кои ви се потребни 7–8 минути. Сварените таљатели ставете ги во тавата со печурки, заедно со мала количина од  водата во која се вареле. Промешајте ги добро сите состојки. Потоа, садот тргнете го од оган и додадете ги путерот, ренданиот пармезан и сецканиот магдонос. Повторно целата смеса убаво се промешува.

Сервирајте во чинија со малку маслинов зејтин, магдонос и пармезан насечкан на тенки ленти. На крај, додадете павлака по желба.



Изменето од емил - 19.Декември.2011 во 21:05
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2012 во 06:02

Лисната пица 


пица направена со лиснато тесто: нема што многу да се каже, рецептот е многу едноставен, а резултатот вкусен. одмрзнете купечко лиснато тесто (или измесете го ако сте вични, јас сé уште не сум пробала), развлечете го малку со сукало и врз него ставете сé што би ставиле за пица. испечете ја според упатството на лиснатото тесто.
јас направив една со домашен кечап, оригано, кашкавал, сирење, свежи печурки и љута пиперка, а другата со домашен кечап, оригано, кашкавал, сирење, свежи печурки и кулен.


на ист начин можете да направите и мали пицички, само пред да го филувате исечете го тестото на кругчиња или квадратчиња колку залак-два. оноа што ќе остане од тестото, ако го сечете на кругчиња, соберете го во топка, повторно развлечете го и исечете уште кругчиња.


izvor...sitnoseckano
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2012 во 06:38

ТЕСТЕНИНИ СО ТИКВИЦИ


Потребни состојки:

Начин на подготовка:

1.Во поголем сад во вода што врие ставете ги тестенините да се сварат.

2.Во меѓувреме почнете со подготовка на сосот. Измијте ги тиквичките и исечкајте ги на кругчиња.

3.Шампињоните исечкајте ги на мали парченца. Изгмечете го белиот лук и кратко пропржете го на загреано маслиново масло.

4.Потоа додадете ги тиквичките и шампињоните. Динстајте неколку минути во сосот кои ќе го испуштат.

5.Измешајте ја павлаката, млекото и сирењето и дадете го во сосот. Сето ова нека остане на тивок оган неколку минути.

6.Преливот зачинето го со сол и пипер. Додека сосот да биде готов и спиралите ќе бидат сварени.

7.Сервирајте во убава чинија. Внимателно прелијте сос врз спиралите и декорарајте со свеж босилок или рузмарин.



Изменето од емил - 29.Јули.2012 во 06:39
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2012 во 06:29

ПАСТА ВО СОС ОД СИРЕЊЕ И ЛУК


Потребни состојки:

-          едно пакување шпагети или било кој друг вид на тестенини

-          маслиново масло

-          3 чешниња лук

-          еден врзоп магдонос

-          150 гр сирење

-          сол и бибер

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2012 во 07:51

ЛАЗАЊИ ПО ТОСКАНСКИ РЕЦЕПТ


Потребни состојки:

1 пакување лазањи

500 гр. пилешко филе

500 мл. павлака

4 моркови

200 гр. кашкавал

Сол и црн пипер

Масло за јадење

Припрема:

Исечете го пилешкото на коцки и изрендајте ги морковите, па посолете и наросете црн пипер. Смесата пропржете ја на загреано масло околу 5 минути. Прелијте ја со павлака, почекајте да зоврие и тргнете ја од оган.

Во тава за печење наредете еден ред кори, па премачкајте ги со филот, па повторно повторете ја постапката се додека не ги потрошите сите состојки.

Преку последниот слој тесто изрендајте го кашкавалот и покријте ја тавата со алуминиумска фолија. Печете половина час на температура од 220 степени. Потоа тргнете ја фолијата и оставете ги лазањите да се запечат 10тина минути. Добар апетит!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 17:49

Њоки со доматен сос и пармезан


Њоки со доматен сос и пармезан, декорирани со свеж босилек

Ако ја сакате италијанската кујна и ако тестенините редовно се на вашето мени, тогаш дефинитивно ќе ги обожавате њоките. Тие се едноставни за приготвување, а поради тоа што немаат силен вкус, можат да се комбинираат со различни сосови, па секојпат ќе имате нов специјалитет.

Њоките можат да се купат како готов производ, но домашните њоки имаат посебен шмек, па засукајте ги ракавите и подгответе се за нова авантура во кујната.

Состојки

1kgкомпири
1 ½ шолјибрашно (~200g)
½ шолјаситно рендан пармезан
1јајце
500mlдоматен сос
1чешне лук
1 лажичкамелено морско оревче

босилек

сол

црн бибер

маслиново масло

Подготовка на њоките

  1. Сварете ги компирите во длабоко тенџере со солена вода. Исцедете ги и оставете ги да се изладат. Излупете им ја лушпата и изрендајте ги ситно во длабок сад. Многу е важно компирите да бидат ситно рендани за да нема големи парчиња и да се добие соединето тесто без грутки.
  2. Во ренданите компири додајте го брашното, пармезанот, морското оревче и зачинете со сол и бибер по вкус. На крајот додајте го и јајцето и започнете да мешате со дрвена лажица. Потоа со рацете месете го тестото додека компирите не се соединат со брашното.
  3. Поросете брашно на површината на работната маса, земете мал дел од тестото и развлекувајте го во долга колбасеста форма. Дебелината на „колбасот“ од тесто треба да изнесува 1 до 2 сантиметри. Со нож расечете го обликуваното тесто на парчиња долги околу 2 сантиметри (по желба може и поголеми). Со врвот на прстот од едната страна на секое парче направете мала вдлабнатина, а на другата страна со виљушка направете ребреста текстура. Ребрестата текстура помага сосот подобро да се задржи на њоките.
  4. Во тенџере со вода додајте една лажичка сол и ставете го на оган за водата да зоврие. Во врелата вода додајте ги њоките. Њоките се готови откако ќе испливаат на површина. Извадете ги од водата.

Подготовка на сосот

  1. Во тавче ставете 1 лажица маслиново масло. Откако ќе се загрее, додајте го ситно исечканиот лук и пржете додека лукот не добие златна боја.
  2. Додајте го доматниот сос и зачинете со босилек, црн бибер и сол по вкус. Препорачливо е да се користи свеж босилек, но и сувиот ќе го збогати јадењето со примамлива арома.
  3. Мешајте и пржете додека сосот не се згусне.
  4. Полејте ги њоките со сосот и врз нив поросете малку пармезан. Украсете со ливчиња босилек.

Совет:

Ако не сакате њоките да бидат премногу меки и ако сакате да имаат крцкава златна надворешност, пред да ги ставите во сосот, кратко пропржете ги во тавче со минимално количество масло.



Изменето од Valerija - 21.Јануари.2013 во 17:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2013 во 21:10


Јуфки со павлака


СОСТОЈКИ
• 50 гр путер
• 200 гр кисела павлака
• 2 кг јуфки
• 2 јајца
• 250 гр кра­вјо сирење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Јуф­ките се варат во солена вода, потоа се про­це­ду­ваат и се изми­ваат со ладна вода. Се вра­ќаат во садот на тивок оган, се додава путе­рот и се промешуваат.

Во огно­от­по­рен, со масло за јадење под­мач­кан сад за печење, се редат ред јуфки, ред кисела павлака, изме­шана со јај­цата и потоа ред сирење. Редете ги така, сѐ додека имате состојки.

На крај пре­лијте со павлака и јајце. Печете во загре­ана рерна околу 20 минути.

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2013 во 02:45
Малку назад на мојата тема
За оние кои ги интересира нешто повеќе за италијанската кујна 

Историја на италијанската кујна

Постои поговорка која гласи “che mangia bene mangia Italiano“ или “оној кој добро се храни, јаде италијанска храна“. Не е познато од каде точно потекнува оваа поговорка, но мора да признаеме дека во неа сепак има некоја вистина.

Италијанската кујна е една од најпознатите и најраспространетите кујни во светот. Таа постојано се развивала низ вековите како резултат на бројни социјални и политички промени, со почетоци кои датираат наназад дури до 4-от век п.н.е. Оваа кујна била под влијание на многу надворешни култури како што се Етрурската, Еврејската, античка Грција, Рим и Византија. Нејзиното богатство и традиција се особено видливи од фактот што најстарата сочувана книга за рецепти е токму Италијанска, а била напишана во 1-от век п.н.е.   De re coquinaria (За готвењето) претставува колекција на стотици староримски упатства за приготвување на храна (не биле класични рецешти), а била наменета за искусни готвачи. Уште еден факт кој говори за улогата која храната и готвењето го имале во италијанската култура низ вековите е фактот што тие уште пред многу векови обрнувале внимание не само на храната, туку и на се она што било поврзано со оброците како поставувањето на масата, манири при јадењето и слично. Меѓу другото, дали сте знаеле дека Италијанците први ја измислиле и употребувале вилушката?

Се смета дека кујната која се развила во Сицилија под силно влијание на Етрурија, античка Грција и Рим е првата вистинска италијанска кујна. Најголемата придобивка од општењето со Етрурците бил еден вид на пориџ (каша од житни зрна), која со донесувањето на пченката од Америка прераснала во и ден-ден сеприсутната полента. Грците имале особено влијание во воведувањето на различни рецепти со риба, а една од најпознатите рибји чорби – бродетот потекнува токму од нив. Со текот на вековите, оваа кујна се ширела низ целиот полуостров, а првата значајна промена е забележена со пристигнувањето на Арапите во текот на 8 и 9 век од оваа ера кои ги донеле спанаќот, бадемите, оризот, портокалите и најверојатно – шпагетите. Влијанието на Арапите продолжило и за време на крстоносните војни, кога крстоносците носеле различни производи и рецепти од далечните краишта. Лимонот и мандарините, како и различни видови на зачини ја преплавиле Италија токму во овој период. Постапките за приготвување на шербет и сладолед исто така биле донесени тогаш, а арапскиот рецепт за приготвување на сладолед е основата на рецептот за денес светски познатиот италијански сладолед – џелато. Уште многу други нации како Германите, Шпанците, и Французите го оставиле својот печат во кулинарската традиција на Италија. Но сепак, по начинот на приготвување на храната, по состојките и општо по односот кон храната кој го имале и сеуште го негуваат, Италијанците се без сомнение уникатни.

Основни состојки

основни состојки на италијанската кујнаИталијанската кујна изобилува со мноштво на различни состојки кои вклучуваат различни видови на овошја и зеленчук, месо и сосови. Таа е карактеристична по својата екстремна едноставност, со голем број на рецепти кои содржат само 4 до 8 состојки. Иако голем број на рецепти денес се користат во цела Италија, сепак најголемиот дел од нив имаат регионално потекло. Поради големото почитување кое италијанците го имаат кон свежите состојки, начинот на готвење и типот на храна се разликуваат во различните региони. Во северниот дел на Италија начесто користените состојки вклучуваат риба (бакалар), компири, ориз, пченка, кобасици, свинско месо и различни видови на сирења. Во овој регион исто така често се употребуваат тестенини, а особено полнети тестенини, потоа полента и рижото. Различни морски плодови, босилекот и маслиновото масло се многу чести, а печурките и доматите имаат посебно место во оваа кујна. Традиционалната кујна во централна Италија изобилува со различни видови на тестенини, домати и сирења (пекорино), а често се користат и месо и риба. Јужниот дел од Италија е познат по јадења со домати, пиперки, маслинки и маслиново масло, лук, артичоки, рикота, модри патлиџани, тиквички и различни типови на риба (сардини, инчуни и туна).
Сепак, италијанската кујна е најпозната по многубројните видови на тестенини во различни бои, дебелини, должини и форми. Пене, макарони, шпагети, таљатели, фусили, лингвини, равиоли, канелони, лазањи се само некои од видовите тестенини кои се составен дел од оваа кујна. Италијанците препознаваат две основни категории на тестенини, суви и свежи. Сувите тестенини се прават исклучиво од дурум брашно, се конзумираат “al dente“, односно малку потврди или не премногу варени и имаат рок на траење од околу 2 години. Свежата тестенина може да се чува само неколку дена и тоа во фрижидер. Секако, различните видови на сирења и вино се исто така составен дел од скоро секоја италијанска трпеза.

Зачини

Италијанците не користат премногу зачини, а се обидуваат оние што ги користат да бидат секогаш свежи. Најчесто употребувани залини се босилекот (песто сос), ловоров лист, оригано, магдонос, мјачина душичка и рузмарин.

Доручек – Colazione

Доручекот не се смета за важен оброк во Италија. Вообичаено има слатка нота, па најчесто се јаде кроасан полнет со џем, сладок крем, па дури и чоколадо, парче леб се мачка со путер и џем, или пак се јадат неколку колачиња натопени во утринското кафе. Она што е карактеристично за овој оброк е токму кафето, односно капучино или кафе со млеко кое е задолжително. Во Италија ова е типично утрински пијалок, па затоа нема да фатите ниеден Италијанец да пие капучино или кафе со млеко по 11 часот напладне.

Ручек – Pranzo

Иако времињата се менуваат, а со нив и навиките на луѓето, сепак ручекот останува важен оброк за најголемиот број на Италијанци. Вообичаено, сите имат пауза за ручек која може да трае и до 2-3 часа (од 1 до 3 или 4 часот попладне), па најчесто ручекот го јадат дома. Оброкот вообичаено започнува со Antipasti или лесни предјадења како парчиња од различни видови на шунки и салами. Потоа следува првото јадење или primo piatto, кое најчесто е некаков вид на тестенина, рижото или, иако поретко, супа. Secondo piatto, односно второто јадење е некаков тип на месо или риба, а покрај него одвоено се служи зеленчук, свежа салата или друг тип на гарнир (contorni). На крајот доаѓа dolce, или десерт кој може да биде парче торта, сладолед, или најчесто, некое свежо овошје придружено со избор на неколку сирења и кашкавали.
Ваков комплетен ручек е обично резервиран за викендите или за некои посебни прилики, но сепак, дури и во работните денови Италијанците конзумираат барем прво и второ јадење. Секој ручек, без разлика дали е дома или во ресторан, кафетерија или слично, задолжително завршува со кафе еспресо.

Вечера – Cena

Вечерата и ручекот вобичаено зависат едно од друго. Имено, ако ручекот се состоел од неколку јадења како што беше наведено погоре, тогаш вечерата ќе биде лесен сендвич, салата или свежо овошје. Ако пак ручекот бил изеден набрзинка и “од нога“, тогаш вечерата сигурно ќе има и предјадење и прво јадење, и второ јадење, па и десерт.

Пијалоци

Покрај кафето, најкарактеристичен пијалок за Италијанците е секако виното. Италија произведува (во 20 различни региони) најголемо количество на вино во светот, но е воедно и најголемиот светски потрошувач. Практично не постои италијанска трпеза на која не се наоѓа барем едно шише вино. Пивото не е многу популарно, иако и тој тренд се менува во последниве години, но затоа пак Италијанците знаат да уживаат во многу различни аперитиви (мартини, вермут и кампари, на пример, или пак ликери како лимончело, грапа, санбука и други).

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:02

 Крем лазањи со спанаќ......хммммммTongue

1Пакување тесто за лазањи
1кг.спанаќ
800мл.густ сос од домати(ТОматино)
250гр.шолто сирење или кашкавал
800мл.млеко
1главица кромид
2-3чешниња лук
сол,црн пипер,црвен пипер
зејтин
маргарин
3-4 лажици брашно
 
Во сад се става млекото,брашното,сол и црн пипер и малку од сирењето или кашкавалот.Се вари на тивок оган(да врие 2 мин)и се трга на страна.
Спанаќот се чисти,се бланшира во солена вода,се цеди и ситно се сецка
ТЕстото за лазањи се обарува во вода со малку зејтин (околу3мин)
Кромидот се сецка,се прши во врел зејтин додека не омекне,се додава лукчето сецкано и спанаќот.Се пржи околу 3 минути.Во оваа смеса се става 1/3 од бешамелот.
Во земјено правоаголно тавче намачкано со маргарин се става од сосот од сомати па површината се покрива со тесто за лазањи,се става од филот со спанаќ,бешамел,рендано сирење(или кашкавал),па пак тесто,сос од домати.....се така додека да се потроши целиот материјал.Се завршува со рендано сирење или кашкавал.Се пече на 220 степени околу 45 мин....
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:04
Popteceni tortelini

Potrebno 300 g tortelini
200 gr. vareni patlidzani(salca)
3 pipirki
125 gr ne mnogu solen kashkaval
1 lazica puter
1 lazica origano

Tortelinite podgotvete gi spored upatstvoto na omotot.Piperkite iscistete gi od semki i iseckajtegi na kockicki.Kashkavalot isecete go na tenki livcinja.Stopete go puterot vo tavce, pa vo nego poprzete gi piperkite.Potoa vo piperkite dodadete gi patlidzanite i origanoto, pa seto ova kratko proprzete go.Namastete ja tavata.Tortelinite iscedete gi i rasporedete gi vo tavata,Prelijte gi so sosot od patlidzani a odozgora rasporedetegi parcinjata od kashkaval.
Tortelinite potpcete gi vo zagreana rerna na 200°C , no vnimavajte ne smeete predolgo da gi pecete za da ne se prevarat testeninite.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.