IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 67>
Автор
Порака
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2013 во 23:27
ПОДВОДНА

Облечен во песок со ветрот
надвор од сезоните ти доаѓам.
Секој ден зрно од калинка
пред прагот ти принесувам.

Ти ја отвораш вратата, ја затвораш,
тргнуваш кон прозорецот и се враќаш,
како редок корал
кој цел живот се обидува
да го напушти дното.

(Никола Маџиров)
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2013 во 21:46

Старо стебло


Рекоа, старо е стеблото
Се измачува.
И го исекоа, го корнеа
Со копачи, со сила.

Дојдоа потоа да го раскопаат дворот
Го исчистија од плевел, од лишај
Посеаја трева и никна тревата.
Озелени.

Само на местото
Каде што го сосекоа и корнеа стеблото
Не никна трева.

Одново раскопуваа,
Одново фрлаа семе
Попусто –
Среде тревата остана една голема лузна.

Рекоа, земјата си ги памети сите свои рожби
И не заборава таа
На нивните страдања.

Лузната остана за да ја прераскажува судбината на стеблото
Прерано сосечено
Во него се уште да ти имало живот.
 
Чиниш целата судбина на стеблото
Се читаше на таа голема лузна
Среде зеленилото. 
 
Анте Поповски


Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2013 во 06:22
„Е тој да го чуваш! Тој да го чуваш бе лепотице!“

Чувај го оној што станува малце отсабајле пред тебе.
Чувај го оној што станувам малце пред тебе колку да те погледа како спиеш.
Чувај го оној потем на наткасната од креветот што ќе ти остави 
Нескафе што чади во црвена шоља како неговото срце по тебе.
Чувај го оној што ќе ти викне со весел глас: Станувај вештерке за клецање шопрајме?
Чувај го оној кого ќе го налутиш што не ти ја пцуе мајка ти ами тебе.
Чувај го оној што и ако се разделите ќе знаеш деке тој стално на мајка ти п**ката ќе и е благодарен што те родила баш тебе!
Чувај го оној што пробуваш срцето со милост од петни жили која ја вадиш да му го омекнеш! 
За на момемнти кога ќе стане несигурен , троа љубоморен да собереш сила и да му кажеш: Те сакам бе будалче – тебе те сакам баш тебе ... само тебе!
Чувај го оној што ќе ти каже : Губи ми се – јас тебе не ! 
Чувај го оној чиј поглед му говори: Јас тебе дупло.
Оној ист поглед кој може да те соблечи и расплаче – во исто време!
Чувај го оној што останува во собата кога лом ќе се испокарате!
Чувај го оној што не напушта ами чека да ја лупнеш ти прва вратата.
Чувај го оној што прв излегува од колата и ти ја отвора вратата и кога сте лути за да излезеш.
Чувај го оној што те смее и ти знаеш да го насмееш.
Чувај го оној од кого никогаш "ми дужиш" или "ти дужам" нема во животот како збор да го чуеш.
Чувај го оној кој те знае.
Чувај го оној кога си депре што знае како циркуски слон душата со триста тривијални глупости и смешки да ти ја испрска и од сивата прашина да ти ја измие.
Чувај го оној кој знае да молчи кога треба.
Чувај го оној кој знае да молчи како риба и како муле.
Чувај го оној кој знае да гушка како горила во тие јебени мигови... 
oној кој не остава срцето да ти се предели на две кога некој твој близок од овој свет ќе си замине.
Чувај го оној што те брука на свадбите од твоите роднини и пријатели оти се радува - ко негови да се.
Чувај го оној чие рамо ќе знае солзите твои да ги памети и да ги впие.
Чувај го оној во чие рамо солзите твои се закачени како игли во шивачко перниче.
Чувај го оној за чие минато малце ќе знаеш.
Чувај го оној што за ситници или трагедии понекогаш ќе знае и да те подизлаже.
Чувај го оној што знае да те заштити од се што превидел или правел.
Чувај го оној што годишници и родендени заборава.
Чувај го оној што и простува така.
Чувај го оној што од улица знае да ти викне наздравје ако ти на терасата на глас кивнеш.
Чувај го оној што не го мрзи и стопати по ред тоа да ти го каже.
Чувај го оној што слуша весел и плиток турбо фолк и го чита Неруда, Шопенхауер и Тагоре пред спиење. 
Чувај го оној што ќе ти ги кажува девојките од претходната ноќ кога бил излезен со другари дека му се пуштиле.
Чувај го оној што те сака и заради цицките и заради очите.
Чувај го оној што и ти го сакаш заради неговиот тврд газ и лудилото кое му шиба ко токиско метро во мислите.
Чувај го оној кој станува малце пред тебе утрото, а секогаш легнува малце после тебе.
Чувај го оној што станувам малце пред тебе колку да те погледа како спиеш.
Чувај го оној потем на наткасната од креветот ќе ти остави 
Нескафе што чади во црвена шоља како неговото срце по тебе.
Чувај го оној што ќе знае да ти ги подигне како ролетни 
со радост со глупости со живот некои утра кога ти се тешки и од очите капаците.
Чувај го оној наутро на масата дури молчиш како накиснат стаорец 
што ќе ти каже: Види ни оставиле на кваката флаер дека прават слатки и торти за веселби - сакаш да им кажеме „создравје да ви се јадат и да им спуштиме?!“
Чувај го оној што следната секунда ќе те плесне по газ кога ќе прснеш со кафето и во лице ќе го испрскаш од смеење!
Чувај го оној што ќе те бакне одма после во чело 
и ќе ти каже отидов на работа -имај убав ден лепото - се слушаме после!
Чувај го оној што те знае уште пред да се запознаете. 
Чувај го оној со кого времето брзо ти поминува.
Чувај го оној со кој животот знаеш дека ќе ти пројде како луд викенд.
Чувај го оној што ќе ти дојде со трубачи и пола пијано маало на породилно... 
ако останете заедно...
ако останете заедно и ако му дадеш дете.
Чувај го оној кој те прави луда.
http://www.youtube.com/watch?v=iVJPtpgh9Is
Чувај го оној кој знаеш дека е луд по тебе.
Чувај го оној што ќе те натера во предбрачен договор да стои дека мора во рок од една година море да ставите излација и силни звучници во веце – за заедно да се туширате.
Чувај го оној чии очи прават како хаус бас да чука твоето срце. 
Е тој да го чуваш...
Тој да го чуваш бе лепотице!

Darko Lesoski 
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2013 во 23:38
Ме допреа и ме насмеаа на Анѓето стоховиве
ама читав ептен вака нешто ми се мешаа редовиве
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2013 во 08:34
Ovo su bolna sećanja,
preplitana
sa sudbinom,
Ljubavnika u pokušaju,
da te zadivi,
Poslednji put osvoji,
Nedodirljivu pomračinu
pred mojim očima,
Plesom posustalih godina,
koje ni za ime ne pitaju,
Istino pregažena...

...gorki...
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2013 во 02:23
" Зашто сега ти напишав честитка за роденден?! - Зашто да му е**м матер !

Види ме.
Тебе денес кога ти го пишувам ова не ти е роденден.
Има уште време.
Види ме...
Тебе срцето ти е замрзнато.
Мене мртво – види ме!
Ама јас решив да те сакам
Да те сакам како девојка и како карактер и како човек.
Решив да те сакам со сите други органи кои живи ми се.
Со мојата рака околу твојата половина кога по улици тој ден ќе чекориме
Со ногата несвесно префрлена преку тебе како сопственост и како машко глупаво: „оваа моја е“ ноќта кога заедно ќе спиеме.
Со желудникот кој ќе ми се собира како на автопат пред автомобилски фарови плашливо еже.
Со бели дробови кои ќе ми се виткаат како жици и како стуткани влажни крпи кога ќе ти приметам наврени солзички кај тебе во очите.
Со сите нервни завршетоци на моето лице.
Со сите нерви и мускули свиткани во искрена насмевка пред тебе дури и кога имам нож зариен во џигерите.
Со гласно „Не е страшно -де де де !“
Со спокојно „Голема работа -не боли помина“
- со бесрамно лажење за да не те повреди ништо мое тебе!
Со сувово грло кога ќе те видам дотерана.
Со јазиков кој ќе пелтечи пред тебе „колку убава..колку убава е !“ - како збунето дете.
Види ме.
Види ме.
Јас сум тој што треба и ќе те разочара.
Јас сум тој што си оди.
Јас сум тој што се гади од себеси и не знае што со себе.
Види ме.
Тебе денес кога ти го пишувам, ова не ти е роденден.
Има уште време.
Сакав да ти кажам чисто да знаеш
дека уште сега јас знам дека тебе срцето замрзнато ти е.
А мене мртво.
Ама дека и глувците во Камбоџа во будистичките храмови знаат дека си се свиѓаме.
Оти се сакаме.
Види ме.
На твојот роденден ќе ти дадат еден куп подароци.
Јас сум нопак и најверојатно нема да сакам баш тој ден мојот да е покрај нивните.
Си се знам.
си се знам што да правам
си се знам оти знам да ја зае**м работата во последен момент и кога најмалку треба и кога се очекува најмалце тоа од мене.
Види ме.
Види ме.
Сјајот од очите и пареата од здивовите ми е меѓу редовиве.
Како голема црна кеса тука ми е отпревртена душата.
Како голема најлонска црна кеса за ѓубре.
Провери.
Види ме.
Провери нежно што чувам внатре.
Може ѕвезди има меѓу црвите и лушпите
Може ѕвезди ситни и светкави
како спокојна вселена и летно небо има испрскано одвнатре.
Јас сум најцрната ластовица која некогаш ќе ја видиш.
Мрачни ми се и очите.
Ама тебе мешето ти го давам – белата мала дамка на моето меше.
Види ме !
Јас сегде можам да одам. Мене ништо од сето тоа да не ме врзе.
Види ме сега знаеш дека јас секогаш ќе ти се враќам тебе.
пази!
Пази со тие рацете...
Пази пази со тие рацете оти низ душата ми буричкаш.
Види ме.
Пази со тие рацете...
Види ме ... стојам пред тебе и чекам да го дочиташ ова од пред месеци што сум ти го напишал додека го држиш во рацете.
Види ме – те чекам да дочиташ и да ти се свиткаат во крива линија усните.
Види ме - ти се смеам и јас во лице.
Види ме : Среќен ти роденден дојди да те гушнам у пизду матер!
Види ме и пази со тие рацете оти само ти низ душа ми буричкаш !
слушаш..?
пази молимте!
Зашто сега ти напишав честитка за роденден?
Зашто да му е**м матер !
За инат твој.
За инат од сите.
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 14:17


Разговор

Јас замислувам разговор со тебе,
Некакво правдање,
Некакво објаснување.
Јас смислувам прикладни зборови,
Вистинити,
Топли,
Искрени докрај.
Можеби јас би ти кажал
Во тој дијалог
Дека, и покрај сето,
Ти си повлекла виножито
Над мојот живот,
Дека ти си ме вклопила во некаква неповторлива целост,
Така што се' добило своја смисла,
Како само по себе да се создало чудо.
Можеби малцина, а можеби и никој
Не се измислил така себе си
Како што сме се измислиле ние двајцата.
Па сепак, и покрај тој голем подем
По гест и збор,
На крајот заклучувам
Дека е подобро да не дојде воопшто до тој разговор.

Блаже Конески


Кон врв
bilokoja Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 68
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bilokoja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 04:17
...




Изменето од bilokoja - 14.Март.2014 во 18:54
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 22:51
Зрело

Ми треба топлина од твојот вид,
онаа што долго потоа ме остава како догорче
со пепел од изгорена фантазија.
Секогаш завршувам во нови времиња,
и во нови, бучни форми на самување
му недостигам на својот лик.
Чекајќи да се вратиш од лажни места,
откривам заборавен ветер под белата кошула,
и му се разголувам на твоето отсуство,
и’ се предавам на страста без именител,
ги пијам последните капки сок исцедени
од зрело неприпаѓање.

Quentin Sribber
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 09:53


Копнеам

Копнеам да ти ги кажам најдлабоките зборови што имам да ти ги кажам;
но не се осмелувам, стравувајќи дека би можела да ме исмееш.
Затоа си се смеам самиот на себе и тајната своја ја издавам на шега.
Лесно ја земам својата болка, стравувајќи дека тоа би можела да го направиш ти.

Копнеам да ти ги кажам најверните зборови што имам да ти ги кажам;
но не се осмелувам, стравувајќи дека би можела да се посомневаш во нив.
Затоа ги облекувам во невистина и зборувам спротивно на тоа што го мислам.
Оставам мојата болка да изгледа глупаво, стравувајќи дека тоа би можела да го направиш ти.

Копнеам да ги употре**м најдрагоцените зборови што ги имам за тебе;
но не се осмелувам, стравувајќи дека нема да ми биде возвратено со иста мера.
Затоа ти давам грди имиња и се перчам со својата суровост.
Ти задавам болка, плашејќи се дека никогаш нема да дознаеш што е болка.

Копнеам да седам немо покрај тебе;
но не се осмелувам, зашто срцево ќе ми излета низ уста.
Затоа дрдорам и муабетам лесно, и го затрупувам своето срце со зборови.
Грубо ја земам својата болка, стравувајќи дека тоа би можела да го направиш ти.

Копнеам да те оставам засекогаш;
но не се осмелувам, стравувајќи дека би можела да го откриеш мојот кукавичлук.
Затоа гордо ја кревам главата и доаѓам весел во твоето друштво.
Постојаните стрели од твоите очи прават мојата болка да биде вечно свежа
.

Рабиндранат Тагоре

Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2013 во 21:46
Спаси ме Боже, од болните луѓе
што се накажани,
та не се криви,
нивната злоба умерено суди ја,
самите од неа одвај се живи.

Тие се мислат повикани да водат
како Мојсија и другите пророци
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.

Дај Господе, што помалку очите да
им ги бодам -
штом тие лево ќе фатат,
јас десно да одам.
BLAZE KONESKI
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2013 во 21:49
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:



Копнеам

Копнеам да ти ги кажам најдлабоките зборови што имам да ти ги кажам;
но не се осмелувам, стравувајќи дека би можела да ме исмееш.
Затоа си се смеам самиот на себе и тајната своја ја издавам на шега.
Лесно ја земам својата болка, стравувајќи дека тоа би можела да го направиш ти.

Копнеам да ти ги кажам најверните зборови што имам да ти ги кажам;
но не се осмелувам, стравувајќи дека би можела да се посомневаш во нив.
Затоа ги облекувам во невистина и зборувам спротивно на тоа што го мислам.
Оставам мојата болка да изгледа глупаво, стравувајќи дека тоа би можела да го направиш ти.

Копнеам да ги употре**м најдрагоцените зборови што ги имам за тебе;
но не се осмелувам, стравувајќи дека нема да ми биде возвратено со иста мера.
Затоа ти давам грди имиња и се перчам со својата суровост.
Ти задавам болка, плашејќи се дека никогаш нема да дознаеш што е болка.

Копнеам да седам немо покрај тебе;
но не се осмелувам, зашто срцево ќе ми излета низ уста.
Затоа дрдорам и муабетам лесно, и го затрупувам своето срце со зборови.
Грубо ја земам својата болка, стравувајќи дека тоа би можела да го направиш ти.

Копнеам да те оставам засекогаш;
но не се осмелувам, стравувајќи дека би можела да го откриеш мојот кукавичлук.
Затоа гордо ја кревам главата и доаѓам весел во твоето друштво.
Постојаните стрели од твоите очи прават мојата болка да биде вечно свежа
.

Рабиндранат Тагоре





i mene, i mene
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2013 во 23:43

Ако треба

Ако треба да се пуштиме јас и ти,
нека биде ноќва,
нека биде утре...
Да изградам свет,
да позајмам тело,
да не биде овде,
да не бидам јас...
Ако мора да се пуштиме јас и ти,
 заплеткани на две лулалшки од стар,
расчкрипан рингишпил,
нека биде молња, нека биде миг,
да се судриме силно со некои други,
што безумно се вртат до нас...
Ако треба да се пуштиме јас и ти,
патници низ безимени градови врзани со појаси од години,
 нагази на гас,
заборави на црвено,
нека биде кратко,
нека биде сон...

                 
Quentin Scribbler
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2013 во 23:23

Сончев зрак
Ме буди пак,
се тегнам гол
како манијак,
срце ми се скина
не ја видов Тина,
и хистерично Пере
почна да се дере.
Паника ме фати
Циа ли ме прати,
западнав во кома
немам никој дома...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 67>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.