IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Каде за викенд?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Каде за викенд?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Каде за викенд?
    Испратена: 07.Септември.2013 во 03:06
Добро бе, нема ваква темазбунетост
Ако најдам ќе го терам Санти да спојува ама мислам нема...


Епа..предлози за викенд шема, нормално викенд како викенд сигурно нема да се оди многу далекунамигнување
Зошто да одиме, што да видиме, како да стигнеме...итн итн итн ...


Јас барав за продолжениов викенд и еве некои интересниголема насмевка

Смоларски водопад

На двесте километри од Скопје, во општината Ново Село, Струмичко, скриено во длабока шума, бегајќи од погледот на човекот, започнува приказната за Смоларскиот водопад.

vikend-predlog-smolarski-vodopad-01

По искачени илјада чекори, триста скалила и 650 метри надморска височина пристигнувате до едно совршено место кое со зборови не се опишува.

До таму ќе стигнете по соодветно изградена патека, со дрвени скалила и дрвена ограда која започнува од селото Смоларе и води сè до самиот водопад.

vikend-predlog-smolarski-vodopad-02

vikend-predlog-smolarski-vodopad-03

По патеката ќе имате можност да уживате во една малку поинаква глетка - нереална убавина и нема тишина. Ќе можете да го слушате движењето на водата постојано додека се искачувате.

vikend-predlog-smolarski-vodopad-04

Смоларскиот водопад се смета за најголемиот и единствен постојан водопад во Македонија, кој постојано има пад на водата од дури 39,5 метри височина.

Се верува дека планината Беласица крие и уште неколку недопрени водопади до кои речиси е невозможно да се стигне, но звукот од нивното жуборење ќе го чуете како одекнува од страните на планината.

vikend-predlog-smolarski-vodopad-05

vikend-predlog-smolarski-vodopad-06

vikend-predlog-smolarski-vodopad-07

vikend-predlog-smolarski-vodopad-08

vikend-predlog-smolarski-vodopad-09

Ова е само едно од многуте места кои треба да ги посетите во оваа околина.

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2013 во 03:07

Берово


Кога доаѓате во Берово, мислите дека сте дошле на крајот на светот! Затоа што не е бучно место, затоа што е планинско и затоа што изобилува со недопрена убавина.

vikend-predlog-berovo-01

Се наоѓа во источниот дел кој е сместен под падините на Малешевските планини. Се протега на прилично мала површина од нецели 600 километри, но дефинитивно има што да понуди.

За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар.

Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето од околните населени места се береле (се собирале) на местото каде што се наоѓа денешно Берово.

vikend-predlog-berovo-02

Неговата борова шума и животински свет нема да ве остави рамнодушни, исто како и познатото Беровско езеро. Над самото езеро се наоѓа ресторан од кој може да уживате во глетката и во умерената клима која е вистински рај во летниот период.

Студените ноќи и утра во Берово се идеални за уживање во некој од локалните кафулиња и ресторани, додека пак топлите денови искористете ги да ја посетите браната на Беровското езеро, хотелот Манастир кој е одличен начин да ја научите традицијата или пак едноставно уживајте во свежиот воздух низ боровите шуми.

vikend-predlog-berovo-03

vikend-predlog-berovo-04

vikend-predlog-berovo-05

vikend-predlog-berovo-06

vikend-predlog-berovo-07

vikend-predlog-berovo-08

vikend-predlog-berovo-09

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2013 во 03:09
Галичник

Ако сè уште размислувате каде за викенд, ви го претставуваме Галичник како совршена македонска дестинација во која без сомневање ќе уживање деноноќно.

praznicen-vikend-predlog-galicnik-01

Ова е место ве пленува и во зима, и во лето, поради чудесната хармонија меѓу Мавровско езеро и околните планини.

На патот кон селото, се наоѓа ергела која ја води храбро, способно момче кое решило да го замени врелиот скопски асфалт со недопрената природа на Галичник. По татко Галичанец, тој започнал да го крои локалниот туризам со една несекојдневна понуда – да се помине Бистра на коњ!

Ако сте расположени за прошетки, одминете го малиот извор на ледена вода што извира под селото Галичник и на неколку километри поминати по шумски врвици, ќе наидете на црквичката света Петка.

Прекрасниот ден нека ве води низ планината Бистра со нејзините пространи пасишта. Откријте го понорот Тони Вода, карсно поле, каде водата на лето пресушува. Во негова близина се наоѓаат традиционалните бачила со најквалитетно сирење и кашкавал и студена планинска вода. На патот кон бачилата сигурно ќе запознаете некој овчар кој ќе ве понуди и нагости со домашно лепче, кисело млеко и домашно сиренце.

Бидејќи сите убавини на Галичник нема да можете да ги разгледате за само два дена, желбата за повторно враќање не ја потиснувајте. Кога и да имате шанса уживајте во недопрените убавини на ова селце кое денес има само неколку постојани жители, кои со задоволство ќе ви ја раскажат галичката историја и традиција.

praznicen-vikend-predlog-galicnik-1

praznicen-vikend-predlog-galicnik-2

praznicen-vikend-predlog-galicnik-3

praznicen-vikend-predlog-galicnik-4

praznicen-vikend-predlog-galicnik-5


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2013 во 19:51
Ако го нашла....кај беше пред 20 дена старо да те прошетамизненадување
Ја за викенд дома, ме сачекаа слободна за реновирањеплачење
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2013 во 00:57

На излет во Петочко Водиче


За викендот што следува ви препорачувам да посетите нешто поразлично од секојдневните викенди во Охрид, Маврово, Струга или Дојран. Ви го препорачувам селото Беловиште.

Извор:www.facebook.com

Селото Беловиште се наоѓа во близина на градот Тетово, поточно припаѓа во Општината Јегуновце. Името на селото Беловиште потекнува од беложолтеникавата боја на глината која се наоѓа на една падина над селото. Над селото се наоѓа и месноста Градиште со остатоци од ѕидини за кои се смета дека се од римско време.

Извор:www.facebook.com

Селото Беловиште е сместено на надморска височина од околу 900 метри и поради тоа има идеална клима. Ова село има прекрасна живописна природа која вреди да ја посетите барем на еден ден. Тука ќе може да ја посетите црквичката “Св. Петка” во која тече лековита вода. Велат дека водата ги лечи сите болести на очите.

Извор:www.facebook.com

Покрај тоа, тука има и манастир каде што ќе можете да ги одморите нозете, и да уживате во прекрасната природа, во чистиот воздух и жуборењето на реката. Доколку некогаш сте посакале да правите пикник, а сте немале идеја каде, не се секирајте, бидејќи тука се наоѓа најубавото излетничко место “Петочко Водиче”, каде што ќе можете на веќе поставени места за скара сами да си направите и да уживате во убавините.

Извор:www.facebook.com

Во Петочко Водиче, има и неколку ресторани, како што е ресторанот Белојшки Бисер, во кои има прекрасна храна и услуга, доколку не сакате сами да спремате. Тука се наоѓа и Беловишка Река, која извира од под врвот Пирибег на Шара. Доволно е чиста, така што жителите на Беловиште ја пијат без прочистување. Иако не пресушува во текот на целата година, најголема е во текот на месеците април и мај, кога се топат снеговите.

Извор:www.facebook.com

Се надевам дека ќе го посетите ова прекрасно село и ќе уживате на чист воздух барем еден ден.





Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2013 во 00:58
Лешок

Доколку сте авантуристи и сакате да запознавате нови места, јас ви препорачувам да го посетите најголемиот духовен манастирски комплекс во Тетовско “Св. Атанасиј”, кој е смeстен во природен амбиент во селото Лешок.

Лешок

Извор:www.facebook.com

Селото Лешок целосно е обвиткано со зеленило и изобилува со чист планински воздух, на надморска височина од 610 метри. Тука ќе можете да ги посетите црквите црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, а исто така и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век. Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, а надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски, која ја викаат Стар Манастир.

Извор:www.facebook.com

Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на Епископот Полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Денес, манастирските конаци се реновирани, така што тие располагаат со сместувачки капацитети, а особено се погодни за летен манастирски туризам.
Манастирот досега е два пати уриван. Прв пат во 1690 година Турците го разурнале целиот комплекс со се црквите, а вториот пат за време на конфликтот во 2001 година.

Извор:www.facebook.com

Штом ќе разгледате се и ќе се изнадишете чист воздух, ќе можете да седнете на ручек воресторанот Лешок. Ресторанот Лешок се наоѓа во склоп на Манастирскиот комплекс Св. Атанасиј во селото Лешок и располага со капацитет од 450 места. Немојте никако да ја пропуштите одличната скара, а поготово специјалитетот “Тава Лешочки Манастир”. 
Во склоп на Манастирот се наоѓа и конак кој располага со 45 легла, кој на домашните и странските посетители им нуди престој за само 1000 денари полн пансион за еден ден.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2013 во 01:00
Нежилово


Барате место да избегате од горештините во градот? Веќе сте ги посетиле Охрид, Преспа, Маврово, Шапка и барате нешто ново и интересно?

Мојот предлог за да се одморите и да ги наполните батериите е селото Нежилово. Нежилово е лоцирано во подножјето на планинскиот масив Јакупица на надморска височина од 700 метри. Се наоѓа во близина на највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2540 м.). Селото е сместено во долината на преубавата река Бабуна и тоа во близина на самите извори на Бабуна. Оддалечено е 55км од Велес , отприлика еден саат возење, а до селото е изграден асфалтиран пат. Од Скопје е оддалечено 110 километри. Ако сакате да патувате со воз, ќе се симнете на станицата кај селото Богомила, а од таму локалните таксисти за 200 денари ќе ве однесат до Нежилово.

Во продолжение дознајте ги причините за кои навистина вреди да се посети овој крај.

Извор:Photo by Ivana Spiroska

Нежилово се одликува со чист планински воздух и прекрасни пејсажи кои се едни од најубавите во Македонија. Веднаш ќе ги приметите големите карпести отсеци на околните планини северно од селото. Високи се стотина метри и делуваат навистина импресивно. Целиот крај е прекриен со густа дабова, букова и мешана шума која прави сенка и ладовина за одмор. Низ селото поминува бистрата планинска река Бабуна. Нејзиниот пријатен шум од малите водопади се слуша насекаде во селото. По течението на реката направени се неколку рибници кои ја користат чистата планинска река за одгледување на калифорниска пастрмска и златна риба.

Извор:Photo by Ivana Spiroska

Извор:www.facebook.com

Најпознат од овие рибници е рибникот „Нежилово“, наречен по самото село. Во склоп на овој рибник се наоѓаат и ресторан, мотел и базен. Интересно за ресторанот е што е сместен над самата река Бабуна и нуди прекрасна глетка и уживање. Главен специјалитет во ресторанот е секако свежата риба од самиот рибник, но се нудат и други нормални понуди, а цените се навистина ефтини. За сите што сакаат да бидат on-line, ресторанот има бесплатна Wi-fi конекција. Мотелот нуди сместување за сите оние кои сакаат да го посетат овој крај. Располага со капацитет од 16 соби, 65 кревети, 2 апартмани и сала за семинари за 100 посетители. Неодамна е изграден и базен кои ви нуди можност да се разладите во топлите денови. Влезот на базенот чини скромни 50 денари.

Извор:Photo by Ivana Spiroska

Извор:Photo by Ivana Spiroska

Ако сте раположени за прошетка низ планините тогаш сигурно ќе сакате да го посетите планинарскиот дом Чеплес. До Чеплес се стига со два часа пешачење по патеката која се наоѓа веднаш над рибникот, а од Чеплес се продолжува понатаму за да се стигне до Солунска Глава.

Извор:Photo by Ivana Spiroska

Нежилово е дел од општината Чашка. Во селото денес живеат околу 50-тина жители, за разлика од минатото кога оваа бројка била многу поголема. Селото има интересна рурална архитектура која се одликува главно со куќи изградени од камен. Ако носите мобилен телефон треба да знаете дека во селото е достапна само мрежата на T-mobile, останатите оператори не се достапни. Селото нема продавница, затоа купете ги основните намирници пред вашиот престој во Нежилово.

Извор:www.facebook.com

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2013 во 01:16
Викендов што следи,значи 11-ти,12-ти и 13-ти октомври се одржува годинешната Штипска пастрмајлијада(годинава нешто порано ја организираат) па во план сум да прошетаме малку до Штип .  среќа
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2013 во 01:23
И јас мислев да прошетам до Штип за продолжен викенд, ама поубавата половина (тоа значи дека е поубав од мене, не понежен!голема насмевка) не е многу заинтересиран за јадење и пиење, па се тешам со тоа што ќе одам до Козјак. Се надевам дека нема да биде лошо времето, па да се откаже и тоа.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2013 во 01:21
do komshii ...na troshok na firmata sekako голема насмевка
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
accipiter82 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај accipiter82 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2013 во 08:26
Каде за викенд, предлог Виена:) Има се може се роѓаци
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2013 во 09:40
ovoj vikednd
Berovo   ајде
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2014 во 09:47
Викендов (односно утре и понеделник ми е викенд на мене), ќе одиме до Галичник.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2014 во 16:22
Интересно место - 












Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,223 секунди.