|
На столбот на срамот! |
Внеси реплика | страница <1 4243444546 49> |
Автор | |||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не ти загорело лончето до крај па да видиш до кој степен ќе одиш со потрагата за вработување. А верувам дека и ти да можеш и ти би го сторил истото ако ти е дојден ножот до коска. Никој не може да ги избегне основните инстикти за преживување и опстанок. Седи дома, без можност и струјата да ја платиш, да те притискаат од сите страни извршители, должи на сите страни па ќе те прашам. Таквите случаеви и не седат на интернет пред пц и коментираат. Тие дури и немаат пц или интернет. По се изгледа не си ги видел убаво најниските случаи во нашето општество. И кога би ти се укажала таква шанса за државно вработување, а знаеш дека имаш можност и сила да го истуркаш сето тоа и да завршиш со успех, и ти би се одлучил на таков потег. Но пак ќе кажам, не ти е загорено лончето до крај па затоа коментираш така. |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Гледам дека оваа моја верзија во врска со овој случај (која сметам дека е многу пореална) ad hoc ја отфрлаш, а упорно си се фатил за таа опција дека некој кутар, сиромав, некој простичок човек без образование, таму од некое забито село од Малешевијата или од Азот или од овчеполијата, стапил во контакт со „високи“ луѓе и сакал да даде рушвет од 5000 или 1000 евра за да се вработи по министерства и банки. Е така е, што да прави куртриот, министерство - министерство. Што и да е, да се работи нешто! Добро еве, да ти го направам ќеифот и ќе ти речам, да*, би го направил тој криминален чин. Верувам дека и ти би го сторил тоа. Така? И, што мислиш, како треба да се однесуваме ако некој „посредник“ не’ заебе и двајцата? Да кукаме и лелекаме по инспектори, по телевизии ...? Или да си ќутиме? А наместо тој криминален акт со вработување, да опљачкаме некоја банка, што велиш, а? Еве, јас, ти и Меси. Сите тројца ја ограбуваме банката, ама парите ги зема само Меси, за после тоа да се најдеме и да си ги поделиме парите. Арно ама, тој после грабежот ни’ бега. Што треба да правиме ние? Ќе го пријавиме во полиција и ќе кажеме дека не’ измамил? Дека не бил таков договорот! Што мислиш, има ли разлика помеѓу овие два примера? * - предскоро 5 години имав прилика да дадам 4000 евра за предвремено пензионирање (инвалитска пензија). Но, не дадов поради тоа што: 1. немав толку пари 2. и да имав, не бев сигурен во крајниот исход, што после само неколку месеци се потврди како исправна одлука. Верувам дека се сеќаваш за тие апсења на доктори од пред 4-5 години, кои давале лажни дијагнози 3. не сакав на таков нечесен начин да играм. Досега ниту сум давал ниту сум земал мито. А можев и тоа како. Од последново се гледа дека е точно тоа што го реков во претходниот пост - дека сум глуп. Само, незнам дали таа моја глупост е поради начинот на кој сум воспитуван од страна на моите родители или е вродена особина. Се си мислам дека глупак се раѓа, а не се „ствара“! Р.Ѕ. Да не бидам во заблуда по однос на твојот став (дека тарифата на оваа влада е 5000 евра), би сакал да ми одговориш на следново: Дали мислиш дека само оваа влада е подложна на мито и корупција, или тоа беше случај и со претходните гарнитури? Те молам само кратко, со „Да, само оваа влада“ или „Не, тоа го правеа сите досегашни влади“ Мислам дека е многу просто и едноставно да се одговори на ова, нели? |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како прво дефинитивно како да не си од оваа држава... Поим за сиромашен човек не е прост селанец од некое село од малешевијата. Така да се поочигледно е дека збориш од тоа што си го видел и си креирал некакво си мислење за тие што ги сметаш за сиромашни.
Како второ, многу ти е, можам да кажам претерано ти е лоша компарацијата. Ограбување на банка е смислено кривично дело, кое го изведуваат организирани криминални групи. Мешаш баби и жаби и тоа на велико. Трето... давањето рушвет за инвалидска пензија постоело уште многу одамна и тоа функционираше се до оној момент кога примателите на мито не сакаа да соработуваат со властите. Многу добро знам за што збориш бев директно инволвиран во апсењата. И тоа неможеш да го споредиш со давањето мито за да се вработиш. Како четврто. Државната администрација не подразбира да се вработиш како асистент, референт и сл. работи. Државната администрација има најниски степени на вработувања како хигиеничарки, кафекуварки, приемно оделение. И не значи дека е баш министерство.. Може да е државна фирма, агенција, фонд и ред други работи. Тарифата е подеднаква како за хигиеничар така и за референт. Како петто. Да во сите влади постоело тоа да дадеш рушвет за да се вработиш, но многу битен фактор е тоа што во тоа време и не беше толку актуелизирано, бидејќи тогаш колку толку се вртеше некоја пара меѓу народот па голем дел се снаоѓаа со ситни шверцови и бизниси на црно и крпеа денес за утре. Имаше во тоа време и пари меѓу тезгаџиите и се живееше и од тоа. Голема е разликата од тоа до ова време. Ако порано ја планираше неделата, сега планираш денес за утре и се мислиш дали ќе остане за задутре. Порано и се преживуваше во Македонија, а денес можеш само да се крстиш. Порано немаше огромни делби кај народот на портокалови и сини, имаше борба за превласт, ама никогаш како сега немало поделба на народот, а само со една цел, додворување за да се догребеш до било каква работна позиција. Порано и немаше толку инспекции, па народот некако полабаво живееше. Денес летаат казни како луди, а економијата стагнира, стапката на невработеност е до степен на црвено пред експлозија. Денес постои закон само за тој што нема дебели врски во власта т.е за обичниот смртник. Оди денес застани со картонче и продавај прошверцувана роба.. Има да ја одробијаш квалитетно. Денес оди заработи на тезга.. Има да гладуваш ко никој.. Симни ги и ти розовите очила, кажуваш како неможеш 5 години да си најдеш работа, а јас искрено си мислам дека не ни бараш, а врз тоа имаш компјутерче дома и интернетче... Ич да е, ич да не е тоа се 500 денари во месецот. И како што им кажувам на сите тие со розови очила, појдете малку, промешајте се со народот, ќе го чуете што збори... Е тогаш ќе ви стане јасно колку е саатот во нашава државичка со одбројани денови. |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Аха, значи ова со давање рушвет не е смислено кривично дело, а? Добро! Штом ти така велиш - да ти верувам.
Е, со ова ме израдува! Конечно некој да признае дека и неговите, а не само другите краделе. Токму поради овие нивни афинитети јас досега не сум им дал глас, ниту на едните, ниту на другите. Сум си’ рекол: „Неможам да спречам криминал, ама нема јас лично да им дадам право (глас) да крадат!“ А што се однесува за понатамошното набројување на твоите аргументи, за тоа дека не треба да има казни (секако заслужени и праведни), дека треба да има тезги на диво односно дека треба да се остави сивата економија ... мислам дека е одвишно да се дискутира. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дневник 30.06.13 Иванов во Загреб на свеченоста за пристапувањето на Хрватска во ЕУ.... Откога ги реши сите проблеми во Државата не знај шо да прави со вишокот слободно време па на викенд тура по плоштадите на членките од ЕУ... |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...i i cheshki ke produzi da sobira i vo idnina...shto ne se zbira! ((ama ne za drugo , tuku da se prochita odvreme na vreme i ponekoja (aritmetichka) glupost tuka)) -znachi analogno na toa , treba i na onoj shto si konsumira i si kupil samo za sebe... nekoja doza, ... da mu se repne istata kazna kako i na onoj shto mu ja prodal . ...a i na onoj shto ima desetici takvi koishto im prodavaat na zakoravenite ''kriminalci'' od tipot na... lichni konsumenti na zabraneti supstancii...za da si uzivaat samite! -tuku,...i mene mi zvuchi glupavo toa deka tolku i tolku iljadi evra im bila tarifata na onie , za nekoj''tugjinec'' da go uposlele kaj niv,,...pa ushte i imalo i kandidati ...koishto im plakjale za da si rabotat ''poshteno'' neshto . ...pa , makar i chistachka ili kafekuvar da bidesh!.... samo ne mi e jasno , za kolku godini ke gi ''izvadat' tie ,tie 5000 €, so varenje kafe ili brishenje prashina i sl.? ...a i za kaznite ima pravo ,...ako neshto ne e dozvoleno, a se pravi (bez razlika od koja prichina), ...treba i da se kaznuva. ...druga rabota e koj , za shto,koga i kako se kaznuva. |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дефинитивно ниту си ме прочитал како што треба, а уште помалку и си ме разбрал што сакам да ти кажам.. Безпотребен е понатамошен коментар кога само блееш само она што тебе ти одговара од целокупниот пост, етикетирајки се самиот себеси дека носиш розови очила, поддржуваш криминална власт, а најголемата траги комедија со тебе е што кажуваш дека 5 години бараш работа, а пред 4 години си барал пензија... Мислам апсурд е да кажеш дека никогаш нема да посегнеш по мито или рушвет ако не ти е докрај загорено лончето.. Тоа кој сака нека ми каже, нема да му верувам.. ОСНОВЕН ЖИВОТИНСКИ ИНСТИКТ КАЈ СИТЕ ЖИВИ СУШТЕСТВА Е ДА ПРЕЖИВЕЕ И ОПСТАНЕ... Мислам ајде убаво договори се сам со себе, застани пред огледало, консолидирај се и излези со аргументи, бидејки не можеш да разликуваш организирана криминална група со претходна добра подготовка од обичен измамник кои луѓето ги намамува заради нивната мака или евентуална лакомост.... И само една мала компарација ќе ти направам, бидејќи и на тој дел не си ме разбрал... Во времето кога царуваше сивата економија, немаше инспекции кои те демнат на секое ќоше небаре Оушн 13 го снимаат... Во тој период колку толку кај народот се вртеше по некоја пара и не трчаа толку многу по тие државни вработување ниту пак се делеа на демохристијани верници со безбол палки и синџири во рака, и комуњари кои протестираат исто така со реквизити у рука, а се со цел гре**ње за работно место и по некоја иљадарка во џеб. Тогаш сите беа сконцентрирани да направат некое париче повеќе, а отом потом.. Да се говореше за политика, загубари и ред други работи, но паричето им беше послатко и си туркаа вака така.. Е сега дојдоа законите, инспекциите (се разбира селективно), народот неможе да си праи тезгиња и картончиња и остана дома.. Единствен спас му е да се вработи некаде државно па се приклучија кон партиите, почнаат да прават се и сешто само и само за да добијат некое работиче, некое иљадарче или тие веќе што добиле да го оправдаат тоа работиче. Затоа се актуелизира рушветот во последните 5-6 години.. МЕ КАПИРАШ ИЛИ ТРЕБА ДА ТЕ ЗЕМАМ ЗА УШЕ (ИАКО СИ ПОСТАР ОД МЕНЕ) И ДА ТЕ ШЕТАМ МЕЃУ НАРОД, А НЕ МЕЃУ ПАРТИСКИ ШТАБОВИ ПА ДА ГО ЧУЕШ ВИСТИНСКИОТ ГЛАС НА НАРОДОТ КОЈ ШТО МАЛТЕНЕ 90 % ОД СТРАВ НЕМОЖЕ ДА ИЗБИЕ НА ПОВРШИНА !?!? |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас под неговите подразбирам моето семејство и фамилија.. НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ И НИКАДЕ НЕ СУМ КАЖАЛ ДЕКА ГИ ПРЕФЕРИРАМ ЕДНИТЕ, А ГИ ПРЕЗИРАМ ДРУГИТЕ.. НАПРОТИВ АКО СИ ДОВОЛНО ФОРУМСКИ ОБРАЗУВАН, ЌЕ ГИ ПРОЛИСТАШ МОИТЕ ПОСТОВИ, КАДЕ ЌЕ ВИДИШ ДЕКА ЈАВНО ГИ КРИТИКУВАМ И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ... А ОД ДРУГА СТРАНА ТВОЈОТ МУАБЕТ ДЕКА НЕ СИ ИМ ГО ДАЛ ГЛАСОТ НИТУ НА ЕДНИТЕ НИТУ НА ДРУГИТЕ, У СТАРТ ПАДНА ВО ВОДА, БИДЕЈЌИ ПРЕМНОГУ ОЧИГЛЕДНО ЈА ИЗБЕГНУВАШ КРИТИКАТА КОН ВЛАСТА, А СЕ ПРИФАЌАШ КОН КРИТИКА НА ОПОЗИЦИЈАТА. ФАКТ КОЈ ОД ТРИГЛАВ И МАЛО ДЕТЕ ЌЕ ГО ЗАБЕЛЕЖИ. |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зарем ова што го читам е можно? Толку да не се сфаќаат и/или да се извртуваат работите? Па човече, што има толку чудно во тоа што го реков, а на кое се иссмеваш и за кое велиш дека е трагикомедија? Па размисли Бре малку пред да напаѓаш некого. Ваљда знаеш проста математика (со посебен осврт на операцијата одземање!) Пред 5 години останав без работа. Една година барав работа. Потоа почнав да размислувам за „инвалидска“ (рушветска) пензија. Зарем тоа не се 4 години? Мајко мила, што се не оди по земјава!?
Е, по тоа се разликуваат луѓето меѓу себе. Р.Ѕ. А во однос на моите розови погледи ... Јас ти кажав најискрено дека не само што не сум член, јас не сум ниту симпатизер на било која партија. За кого да се завземам? За кого да речам дека е мој лидер? Сеуште не се родил таков. За кого да гласам, на кого да му давам глас за да краде и да си ги гледа само личните интереси? На апаши, користољупци, егоисти, лажговци, измамници ... ? Ме заболе мене за врхушките на политичките партии. Оти само тие се партијата. Само неколку души кои го поддржуваат лидерот, а сето друго т.е. народот ... народот каО ... ма стварно некогаш сакам да му се извинам на „Брза“ што го напаѓав бранејќи го истиот. Ако и после ова што го прочита сеуште мислиш дека сум розов (или било како друго обоен) - незнам што да ти речам, освен да продолжиш да читаш понатаму и да го почиташ мојот потпис. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бегаш од темата со тоа што се фаќаш за сопствениот пример кој ти самиот го посочи. Самиот убаво си кажа дека 5 години бараш работа и неможеш да најдеш, а дека пред 4 години си имал шанса за инвалидска пензија.. И во тој период од 5 години сигурно не е дека живееш од воздух и при тоа седиш мирен домче и чекаш да помине старосната граница за да стекнеш право на пензија. Ај нејсе како и да е, секој со својата мака, и со своето минато и сегашност... Но кога ќе ми кажеш дека тука се разликуваат луѓето по тоа што некој седи дома и вака така ќе си чепне на интернетче кое впрочем го плаќа, исто како и што има пц дома, од тој што крпи од денес за утре и моли бога да најде некоја работа, тогаш тоа звучи како да во Македонија тече мед и млеко и дека има само определена бројка на невработени и толку.... Мислам, постојано го одбегнуваш контра реплика на мојата реплика.. НЕ ТИ Е ЗАГОРЕНО ЛОНЧЕТО ДО КРАЈ, ДУРИ ТОГАШ ЌЕ ВИДИШ КАКО ЌЕ СЕ АКТИВИРАШ ДА СЕ СНАЈДЕШ И ЗА РАБОТА И ЗА ПЕНЗИЈА ИЛИ ЗА ШТО ТИ УШТЕ НЕ... немој да ме убедуваш дека ти си баш човек со крстот на чело и дека не би посегнал по таква работа, ако знаеш дека баш од тоа ти зависи личниот опстанок и опстанокот на твоето семејство... Мислам тоа е факт т.е вроден инстинкт во борбата за опстанок и преживување. Во таа борба сите се водат по мотото ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА, и никој, ама баш никој не е имун на тоа. Што се однесува до твоето кажување околу врхушките и властите јас само едно ќе додадам... Премногу си пасивен во критиката кон власта, а премногу си активен во критиката кон опозицијата.. Како да не го живееш животот денес, туку како да си заглавен во времето кога царуваше претходната банда и пуздер правеше. И самиот си да не речам жртва на новиот поредок т.е дружината братско стебло. Не боли ако ги искритикуваш малку за сето она што не чини во државата, можеби нема да смениш нешто но барем ќе го завземеш правилниот став и ќе дадеш мал придонес во процесот на подобрување на работите. Но сето тоа вешто го одбегнуваш, што од далеку те прави со розови очила. |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Така е, секој со својата мака. И, на никого не му посакувам да го снајде моето. А тоа што неколку пати го наметнуваш дека сум имал „пц“, зарем не си помислил дека тоа „пц“ е купено порано, во некои (за мене) подобри времиња? Што се однесува до мојот наводен протекционистички став кон сегашнава власт, а антагонистички кон опозицијата, се гледа дека не си ги прочитал или, што е поверојатно, не си ги разбрал моите критики кон неа (или кон лидерот, што за некои претставува едно исто). Но, за да не се бавиме овде со мене односно со мојот материјален статус и моето политичко убедување, би реплицирал на само уште една твоја забелешка, која се однесува на чесноста и „нагонот“ или склоноста на човекот кон разни нечесни работи. Гледано од аспект дека човекот е животно, некои можат да заклучат и да прифатат убедување дека и тој (човекот) ги поседува оние вродени животински инстикти, оној животински нагон на самоодржување. Еве, како на пример кај „тигрите“! Само, за среќа, сепак има луѓе кои прифаќаат дека за разлика од останатите животински видови, човекот има една квалитативна разлика која битно ги диференцира од останатите, а која се нарекува - разум. Е, тука е таа разлика која сакав да ја потенцирам во претходниот пост, а која ти очигледно не си ја разбрал. Значи разликата меѓу луѓето е во тоа што за некои не само што е нормално, туку е неопходно потребно да се прават било какви нечесни (криминални, неморални, нехумани ...) дејствија за да се опстане во животот и за кои основната животна максима е „Целта ги оправдува сретствата“! За разлика од нив, има друг вид луѓе кои мислат дека сепак и без тие криминални дејства може да се живее. Можеби поскромно, но сепак да се живее. Р.Ѕ. Се надевам дека ќе се отвори некоја тема каде ќе можеме да ги размениме нашите спротивставени размислувања по однос на овие прашања. Има многу да се дискутира за тоа, но овде не е местото, а и немам време. Морам да одам да дилам дрога, за да им купам лепче на децава! Како беше она за „целта и сретствата“? |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
условите во кои живеат студентите и покрај барокниот раскош наоколу се мизерни...ама кому му е гајле?
нееее,ова не е некое заборавено јавно веце...ова е веце во руините што некои милуваат да ги нарекуваат студентски домови http://www.slobodnaevropa.org/content/dnevnik-borjan-jovanovski/25155368.html Изменето од Andjelina - 02.Ноември.2013 во 12:00 |
|||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Томче Кежаровски излезе од притвор....
Груевски иако тропа зелени дека нема никаква контрола врз судот, овој пат попушти пред притисокот на внатрешната и надворешна јавност и институции... Само уште еден доказ дека борбата против криминалот во последниве години не е ништо друго освен пресметка со секој што не мисли како следбениците на нашиов фараон... Жално е што овој настан не е никаква победа....има уште илјадници кежаровци зад зидовите на Шутка и Идризово..
|
|||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://kurir.mk/makedonija/vesti/137650-Zaevi-se-branat-so-manipulacii-i-uste-poveke-propagaat
-e-pa makedonce..corba.Corba makedonce. pa vika...firmita na Zaev,Hrvatska..kontrola laboratorija...i ne znam sto se. Pa u pm..sto li jademe nie ovde?.Taa f-ka na Zaev ..Maev...Koljo ..Mujo i Haso kom...sto pakuva i prodava samo kaj nas ..vrsi li nekoj kontrola na ispravnosta na taa htana ili nie ke razbereme otkako nekoja druga drzava ke izvrsi kontrola i zabrana za konzumiranje.Ne mi se veruva deka 100 posto od proizvodstvoto na zelencuk ovosje i bilo koja druga hrana ja izvezuvame a uvezuvame samo zdrava od Izrael i Svajcarija. Gnili sme..skapuvame..crvi zivi ne jadat..Vie pocituvani gospoda znaete za toa ili ne?. |
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 4243444546 49> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |