IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Спорт и Вера
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Спорт и Вера

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
Автор
Порака
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2013 во 11:46
За да се види најдобро резултатот треба да се направи еден експеримент.
Да составиме 2 тима од кој едниот ке го сочинуваат атеисти,а другиот тим цврсти верници.
Услов е никој од членовите во двата тима да не знае да плива.
Ке ги поставиме во вода каде ке треба да препливаат растојание од 100 метра па кој тим ке има повеке членови пристигнати на целта победува,а со тоа и практично ке го решиме проблемот кој не мачи долго време.






Изменето од Alekxandar - 19.Јуни.2013 во 11:46
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2013 во 15:29
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

За да се види најдобро резултатот треба да се направи еден експеримент.
Да составиме 2 тима од кој едниот ке го сочинуваат атеисти,а другиот тим цврсти верници.
Услов е никој од членовите во двата тима да не знае да плива.
Ке ги поставиме во вода каде ке треба да препливаат растојание од 100 метра па кој тим ке има повеке членови пристигнати на целта победува,а со тоа и практично ке го решиме проблемот кој не мачи долго време.


даголема насмевка 

И јас би додал уште еден голем попуст за верниците - пред скокањето во водата сите да се молат колку што сакаат, а атеистите да гледаат порно филмови.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2013 во 21:09




Во моментов - на бразилијанска маракана - започнува една од најсиматичните фудбалски утакмици на светов.
Во рамките на натпреварувањето на конфед купот во бразил, потполно аматерската репрензентација на тахити ќе се бори против актуелниот светски и европски шампион: шпанија.   

При поздравувањето - пред почетокот на надпреварот - играчите на тахити им подарија по едно тахитијанско ланче (од школки) на нивните противници.
Тахитијанските играчи отидоја да се поздрават дури и со резервните играчи.    

п.с. Во минатиот надпревар тахити загуби од нигерија со 6:1, но при давањето на почестниот гол (со глава) имаше таква радост на теренот, што јас такво радување во спорт никогаш не сум видел!   


п.п.с. Штотоку (4 минута) падна првиот гол (торес) за шпанија!   



Originally posted by Messenger Messenger напиша:




И јас би додал уште еден голем попуст за верниците - пред скокањето во водата сите да се молат колку што сакаат, а атеистите да гледаат порно филмови.



Кога би имал рунка сочуство и сензибилност - а како модератор и администратор тоа засигурно би требал да го имаш - засигурно нити во шега не би ги споменувал порно филмовите, бидејќи денес и таму се случуваат работи кои што не посакувам никому, а со тоа не ти ги посакувам нити тебе (администраторе), нити на твојот единствен син, твојата жена, твојата ќерка, снаа, внука, ...!








Изменето од spiros - 20.Јуни.2013 во 21:22
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2013 во 21:42
spiros, 

ако имаш одговор на предлогот на Alekxandar, во ред е да ме цитираш и мене, а вака, да го вадиш цитатот надвор од контекст говори многу за тебе. тага

Но затоа не се стеснуваш постојано да ги извртуваш работите и по секоја цена да ги напаѓаш соговорниците со кои не можеш да комуницираш со аргументи.

Така најлесно се возвеличува себе си, нели ? намигнување

Hе биди како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето.
МАТЕЈ, Глава  6   



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2013 во 22:10



Цитатот се однесува на надувените свештеници, тие што се прават (како и што укажува името свештеник) демек поосветлени од другите!

Е, сега, дали јас сум тој кој себеси пред форумската јавност се преставува како просветлен, или можеби си баш ти тој?
Тој, кој заедно со останата дружина на мајтапчии се мајтапи со известни работи кои се многу болни и со кои Исус и Неговата вистинска рода никогаш не се мајтапела и мајтапи?

Кога навистина би имал само една раска од вистинското (Христово) просветление, јас ти гарантирам дека би знаел дека чедата БОЖЈИ не се лицемери што себеси се величат и заедно со ними би се залагал, би се трудел, би сочуствувал со онеправдените на овој свет, во кои засигурно спаѓаат и повеќе од 99% на порно робовите, со кои ти на подфорум веросповед и тема спорт, се играш мајтап!





Изменето од spiros - 20.Јуни.2013 во 22:30
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
tomfarek Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Септември.2011
Локација: Ukraine
Статус: Офлајн
Поени: 59
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај tomfarek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2013 во 22:44
Vodena diskusija so hristijanin i ateist pred auditorium..i toa eden od najpoznatite ateisti Dr.Antony Flew koj cel zivot go posvetil da dokaze deka ne postoi Bog.
Hristijanin: Ja drzi Biblijata vo race i mu veli: Antony ,kade e sozdadena ovaa kniga?
Antony: Vo pecatnica.
Hristijanin: Ovaa kniga e sozdadena vo umot na pisatelot.Se soglasuvas?
Antony: Da
Hristijanin: Poznato e i naucno dokazano deka sekoe zivo sustestvo na planetava sodrzi genetski zapisi DNK.Se soglasuvas?
Antony: Da
Hristijanin:Togas vo cij um se naogjaat tie zapisi?
Antony: nema odgovor,pominuvaat celi 10 minuti...site vo iscekuvanje cekaat da odgovori..no odgovor nema.Po 8 meseci se pojavuva i na pres konferencija soopstuva deka bil vo golema zabluda i deka go ima kompletno promeneto mislenjeto i deka veruva deka postoi BOG.

http://www.youtube.com/watch?v=SNkxpTIbCIw

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2013 во 00:21
Јас во тоа што верувам е надвор од пишаните црковни правила и свакања.Долго време мина од кога ја прочитав Библијата и околу етиката и моралот за кој не поучува Библијата не спорам,фантастично дело,но сеуште немам добиено одговор на некои битни прашања за да можам да оформам слика и постанам цврст верник.
Едно од битните прашања ми е создавањето на универзумот.
Потоа ме мачи уште едно прашање ,доколку постојат и други светови на кој постои живот,светови кои настанале многу побрзо од постанокот на земјата а при тоа вонземната форма која живее таму е
многу понапредна од нас и има други сознанија за она што претставува бог па нивното унитарно свакање е во селосна спрега со догмата на сите религиски концепти кои беа креирани на земјата што ке биди појаснувањето од страна на земските водачи...
Ми треба објаснување и за ова прашање....Како започна репродукцијата на лугето .Адам и Ева биле сами или имало и други за кои не се споменува во библијата,бидејки ако биле само Адам и Ева логично е да имаат деца .Како потоа нивните деца се размножија кога се во најблиско сродство,,,,,.???
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2013 во 08:52
Одлично Александар.
Иако ова што го пишуваш нема допирни точки со темата, се надевам дека Меси ќе го остави, бидејќи е многу искрена изјава.
Токму потрагата по вистината е тоа што јас (а секако и Меси и некои други членови) го препорачувам/е на читателите. Човек мора повеќе да испитува, да осознава, со тоа му се прошируваат видиците. Не е поентата само без поговор да се прифати одредена религија само поради фактот што родителите и средината ја имаат прифатено, туку треба да се проучува, да се навлегува во подлабоко анализирање на секоја религија. Затоа јас, иако атеист, секому кој се изјаснува за христијанин му велам да земе да ја прочита библијата. И тоа не само еднаш, туку најмалку 2-3 пати. Ама да не ја чита како некое романче со Загор или Блек Стена. Треба секој збор да се анализира. Потоа. откако ќе ги поминеш тие фази (тоа значи неколку годишно студирањеголема насмевка) ќе можеш да се определиш за една од нив.
Ако се определиш!намигнување
Не за џабе го реков ова последново. Иако смајлито намигнува, што изгледа како да се зезам, оваа изјава има подлабока смисла.
Откако ќе спознаеш што ти нудат религиите и, ако без некои претходни предиспозиции влегуваш во тоа читање, незнам дали ќе се определиш за некоја од нив.
Гледам дека си релативно нов член и, веројатно немаш прочитано некои наши постари постови од Вероисповед, па затоа, само колку да те заинтригирам, во врска со твојот пост би дал еден коментар. Таму спомна дека библијата по однос на етиката, моралот е фантастично дело!.
Дали навистина е?изненадување
Ајде, да не одолговлекувам повеќе тука (оти Меси „све види и све зна“голема насмевка), еве, доколку имаш десетина минути слободно време прочитај што пишува во мојот пост од пред 5 години, под наслов „Еуфорија на догмата“, кој можеш да го прочиташ овде.
Се надевам дека во овој текст ќе најдеш одговор на твоите прашања.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2013 во 02:02


Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Јас во тоа што верувам е надвор од пишаните црковни правила и свакања.Долго време мина од кога ја прочитав Библијата и околу етиката и моралот за кој не поучува Библијата не спорам,фантастично дело,но сеуште немам добиено одговор на некои битни прашања за да можам да оформам слика и постанам цврст верник.
Едно од битните прашања ми е создавањето на универзумот.
Потоа ме мачи уште едно прашање ,доколку постојат и други светови на кој постои живот,светови кои настанале многу побрзо од постанокот на земјата а при тоа вонземната форма која живее таму е
многу понапредна од нас и има други сознанија за она што претставува бог па нивното унитарно свакање е во селосна спрега со догмата на сите религиски концепти кои беа креирани на земјата што ке биди појаснувањето од страна на земските водачи...
Ми треба објаснување и за ова прашање....Како започна репродукцијата на лугето .Адам и Ева биле сами или имало и други за кои не се споменува во библијата,бидејки ако биле само Адам и Ева логично е да имаат деца .Како потоа нивните деца се размножија кога се во најблиско сродство,,,,,.???



Alekxandar, џабе е и 100 кратно читање на Библијата - Најсветото Писмо на планетава земја - џабе е и животот на истата, ако човекот не живее, не љуби, ... (па и не чита) со детско верно срце!

Вистинско среќни (Блажени) се сите луѓе, кои не го загубиле детското срце, а уште посреќни пак оние коишто (одкажувајќисе од сопствениот надувен ум) одново го нашле “сопственото“ детско срце, се разбудиле и Го примиле Словото БОЖЈЕ (Христа) во него, преку Кого Единствениот Вистински и Совршен БОГ, ги одкрива тајните кои со човечки памет не се разбираат, ги одговара прашањата кои со зборови не се одговараат, ја напојува жедта која со течност не се напојува, ја најадува гладта која со храна не се најадува, ... значи сето она нешто што атеистичко/хуманистичката наука и сознание никогаш вистински не можела, нити пак ќе може да го стори!   



Во тоа време, откако продолжи Исус, рече:
„Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата,
оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на младенците.
Да, Оче, зашто таква беше Волјата Твоја.
Сè ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот;
ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што Синот ќе Го открие!


Ев. Матеј 11:25 ...



















Изменето од spiros - 22.Јуни.2013 во 02:22
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2013 во 09:33
Е па Александре (и останати), бирајте што ви е поприфатливо!
Дали тоа што
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... Човек мора повеќе да испитува, да осознава, со тоа му се прошируваат видиците. Не е поентата само без поговор да се прифати одредена религија ...
... Ама да не ја чита како некое романче ... 
... Треба секој збор да се анализира. Потоа. откако ќе ги поминеш тие фази (тоа значи неколку годишно студирањеголема насмевка) ќе можеш да се определиш за една од нив. ...

или тоа што низ збор (и секако, низ слики)
Originally posted by spiros spiros напиша:

... џабе е и 100 кратно читање на Библијата - ...
...
Единствениот Вистински и Совршен БОГ, ги одкрива тајните кои со човечки памет не се разбираат, ги одговара прашањата кои со зборови не се одговараат, ...
... значи сето она нешто што атеистичко/хуманистичката наука и сознание никогаш вистински не можела, нити пак ќе може да го стори!

Да, да човекот нема памет да разбере! Затоа тие не треба да се мачат да читаат и да научат нешто, тие треба да си останат такви какви што си се и само треба да слушаат и да прават како што ќе им се рече од страна на „пресветлите“, кои секако, имаат памет и знаат што е најдобро за мене, за тебе ... абе за сите!
Еве што е својствено на религијава! Гледајте како религијата манипулира со луѓето, како погрешно ги насочува кога вели дека (парафразирам): „само луѓето кои со детско срце го прифаќаат, го примаат словото божје, можат да живеат и да љубат... “ Со други зборови сето друго е „ветер и магла“. Тие кои не го сториле тоа ниту живеат ниту умеат да љубат.
Што е со припадниците на другите вери или атеистите кои не го примиле евангелието, кои не го примиле Единствениот, Пресветлиот, Премудриот ... отец или Возљубениот син ... Дали тие не живеат? Дали тие не љубат и не се љубени? Зошто се присвојува ова природна човечка особина да живее и да љуби? Зошто тие работи се условуваат и наметнуваат како ексклузивно право само на тие кои веруваат во (разбира се) вистинскиот бог?
И, за каква љубов ми зборуваш Спиросе? За онаа кога таткото си го убива синот? Ама не, не го убил тој „на вистински“. Тоа било само онака, „на лажга“.
Гледате ли за што ви зборувам. Како негативно влијае религијата врз воспитувањето на (посебно младите) луѓето? 

Originally posted by spiros spiros напиша:

... Вистинско среќни (Блажени) се сите луѓе, кои не го загубиле детското срце, ...

Не, не! Блажени се само бедните по дух! Тие кои прифаќаат да не читаат, да не размислуваат, да не бараат, да не се образуваат ... А како награда за нивната покорност, послушност им ветуваат дека нивно ќе биде царството божје!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2013 во 10:10
Јас немам непријателски однос кон никој ,го почитувам ставот на секој верник како што го почитувам ставот и на секој оној кој не припаѓа на ниту една религиска група бидејки само низ отворената дискусија човек учи.
Ставовите не се наметнуваат ,тие се прифакаат или отфрлаат во зависност од индивидуата и степенот на аргументирано убедување.
Зошто за една случка на која се присутни лица по распитот сите даваат различни одговори...??
Бидејки она шо го сметаат за небитно го отфрлаат а она шо не им е јасно различно го интерпретираат.
И јас верувам дека постои нешто,но имам многу прашања на кои тешко е да се даде одговор и затоа мислам дека нашиот степен на развиток сеуште не е на ниво кое ќе не доведи до вистинското спознание...

Изменето од Alekxandar - 22.Јуни.2013 во 10:12
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2013 во 10:52
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Јас немам непријателски однос кон никој ,го почитувам ставот на секој верник како што го почитувам ставот и на секој оној кој не припаѓа на ниту една религиска група бидејки само низ отворената дискусија човек учи.
Ставовите не се наметнуваат ,тие се прифакаат или отфрлаат во зависност од индивидуата и степенот на аргументирано убедување.

Не, Александре. Не само ти, туку и јас, а верувам и многумина од нас немаат непријателски став едни кон други. Ако имав таков став или ако не ги сметав за пријатели, јас во изминативе 5-6 години воопшто немаше да дискутирам со Спирос и со другите (христијански и муслимански) верници. Работава е само борба на спротивставени мислења.
Ако прочиташ по некои наши постови ќе видиш дека токму толеранцијата кон останатите религии е тоа за што (посебно јас и Меси) се залагаме. Е сега, има и такви кои не го прифаќаат или поточно не го признаваат правото на другиот да верува во друг бог, бидејќи тој бил лажен.
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

... И јас верувам дека постои нешто,но имам многу прашања на кои тешко е да се даде одговор и затоа мислам дека нашиот степен на развиток сеуште не е на ниво кое ќе не доведи до вистинското спознание...

Сите ние веруваме дека постои нешто од што е создадено се. Еве, пронајдов еден постар пост од дискусијата со нашиот пријател Ев, кој ја обработува токму оваа проблематика:
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Церн не го докажа тоа, ниту ќе го докаже, ... ... 
Како може нешто да се создаде самото од себе?
Како може нешто да се создаде од нешто што сеуште не постои?
Како може последицата да ја создаде причината за своето сопствено постоење?

Веројатно се сеќаваш дека и порано за ова пишував. Разликата меѓу науката и теологијата е во тоа што науката се стреми да ги одгатне сите мистерии, да даде одговор на секое прашање, како нешто е направено, како функционира ... притоа денес дава едно објаснување, утре друго ... се додека не се дојде до она вистинското. А за разлика од науката, теологијата пред неколку илјади години поставила еден одговр, кој воопшто не е докажан (иако од науката бара тоа да се докаже) каде вели дека бог го создал сето ова и точка. Нема (читај: несмее) што повеќе тука да се размислува. Секој обид на научниците отпрво го минимизираат, го оквалификуваат како минорен, беззначаен, му се иссмејуваат, а кога нешто ќе се открие и докаже - е тогаш велат: „Нормално, такво нешто само бог може да направи“. (Паѓа ли мачка на грб?намигнување). Ако науката денес не може да даде одговор на некое прашање, тоа сигурно не значи дека утре не ќе биде во состојба да го стори тоа! Барем историјата го потврдила постепеното развивање на науката. Што сакате вие, наеднаш се да се открие и објасни? Се задоволувате со одговор кој во моментот ви изгледа „логичен“? Сетете се само што и колку се знаело пред 100-200 години. А колку ќе се знае после 100-200 години? Или по 1000 години! Нормално, како што спомна некој погоре, полето на теологијата се намалува. И таа наеднаш неможе да престане да постои, бидејќи таа постоела со илјадници години, а ќе постои уште можеби илјада години, затоа што сеуште има луѓе кои очекувајќи брз одоговр на своите дилеми, веруваат во се што ќе им се презентира од страна на „светите“ луѓе, без притоа да се запрашаат како и тоа нешто настанало.
Навистина, како бог се создал? Самиот? Ако тој може сам да се создаде, зошто „зрното ориз“ да не го може истото? И каде, во кој простор тој бог се создал и каде егзистирал пред да се реши да прави вселена? Со други зборови, каде, во кој простор го сместил сето тоа што го направил размислување Не, не барам одговор од атеистите и научниците. Знам дека тие незнаат, врска немаат. Барам одговор од теистите. мечтаење

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2013 во 17:53
Да се прифаќа нешто без разбирање е верување. Поточно, слепо верување. Значи непрогледано, неосознаено. Проблемот со таквото верување е што на тој начин може да се верува во с'е и сешто и за тоа не се сносува одговорност. Затоа денес постојат безброј верувања кои претендираат на вeродостојност.

Да се прифати нешто со разбирање е религиозност. Тоа е осознавање, просветлување.

Со верник не може да се има конверзација затоа што тој нема што да осознава. Тој однапред одлучил дека со своето верување се заредил со оние кои наводно осознале с'е за него. Затоа тој на секое прашање, секој муабет и секое двоумење мафта со неговата света книга и цитира делови од неа кои, најчесто, ниту самот не ги разбира... оти е верник, а не религиозен човек.

Но, многу е полесно да се биде неосознаен со некаква дебела книга во раце, отколку осознаен со празни листови хатија.

И тоа е целата поента на Исусовите зборови...

3. Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!
Матеја, 5

11. Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Царството Божје, а на оние, надворешните , с'е ќе им се кажува во па
рaаболи
12. за да гледаат со очи и да не видат, за да слушаат со уши и да не разбираат; оти се бојат да не се покајат никогаш, те да им се простат гревовите.
Марко, 4

32. И ќе cпознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.
Јован, 8






Изменето од Messenger - 22.Јуни.2013 во 17:56
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2013 во 23:39




Верата која што доаѓа од верното дечјо срце, во кое се вселува Мудроста БОЖЈА (Христос), отвара една чудесна врата на едно чудесно сознание кое што го надминува секој земаљски и вонземаљски ум!

Таа Мудрост БОЖЈА (Христос), Која што се вселува во дечјото верно срце е пред секое создание и пред вселената!   


Господ ме имаше во почеток на Својот пат, пред Своите творби,
ме имаше уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата.
Јас сум се родила, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода.
Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите, кога Господ уште не беше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената.
Кога Он го приготвуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше престолот Свој врз ветровите, кога ги утврдуваше облаците во висините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната, кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брани, кога ги полнеше основите на земјата, -
јас бев при Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејќи се пред лицето Негово за сето време, веселејќи се на Неговиот земен круг, и радоста моја беше со синовите човечки.
И така, синко, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта!
Послушај ја поуката, бидете мудри и не отстапувајте од неа.
Блажен е оној човек, кој ме слуша, станувајќи бодар секој ден при портите мои и стоејќи на стража при вратата моја!
Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ќе добие благодат од Господа БОГА;
а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта.”

Мудр. изреки 8:22







Изменето од spiros - 22.Јуни.2013 во 23:50
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,750 секунди.