Испечати | Затвори го прозорот |
Спорт и Вера Испечатено од: IDIVIDI forum Категорија: Стил на живот Име на форумот: Вероисповед Опис на форумот: Право на личен избор URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21824 Датум на принтање: 29.Јануари.2025 во 23:09 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com Тема: Спорт и Вера Постирано од: spiros Наслов: Спорт и Вера Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 22:22
Коментари: Постирано од: spiros Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 22:38
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 23:27
Постирано од: spiros Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 23:32
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 23:39
Постирано од: spiros Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 23:53
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 23.Февруари.2010 во 00:08
Постирано од: spiros Датум на внесување: 07.Март.2010 во 09:35
Постирано од: емил Датум на внесување: 07.Март.2010 во 09:59
Постирано од: maria_magdalena Датум на внесување: 07.Март.2010 во 13:10
Постирано од: KINGDAVID Датум на внесување: 07.Март.2010 во 16:11
Постирано од: KINGDAVID Датум на внесување: 08.Март.2010 во 19:20
Постирано од: DDarko Датум на внесување: 08.Март.2010 во 20:40
Постирано од: spiros Датум на внесување: 08.Март.2010 во 20:50
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 08.Март.2010 во 20:51
Постирано од: spiros Датум на внесување: 08.Март.2010 во 20:55
Постирано од: KINGDAVID Датум на внесување: 08.Март.2010 во 23:30
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 09.Март.2010 во 00:37
Постирано од: KINGDAVID Датум на внесување: 09.Март.2010 во 15:22
Постирано од: Majkl Датум на внесување: 09.Март.2010 во 20:05
Постирано од: spiros Датум на внесување: 11.Март.2010 во 23:34
Постирано од: spiros Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 01:26
Постирано од: Македон Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 14:18
Постирано од: spiros Датум на внесување: 29.Мај.2011 во 00:43
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 29.Мај.2011 во 01:10
Постирано од: Templarius Датум на внесување: 29.Мај.2011 во 15:21
Постирано од: емил Датум на внесување: 08.Јуни.2011 во 12:27
Постирано од: spiros Датум на внесување: 08.Јуни.2011 во 12:53
Постирано од: Templarius Датум на внесување: 09.Јуни.2011 во 21:26
Постирано од: spiros Датум на внесување: 20.Мај.2012 во 00:42
Постирано од: dedanoe Датум на внесување: 20.Мај.2012 во 11:08
Постирано од: емил Датум на внесување: 25.Јуни.2012 во 12:28
Постирано од: spiros Датум на внесување: 06.Август.2012 во 16:59
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 06.Август.2012 во 19:44
Постирано од: spiros Датум на внесување: 09.Август.2012 во 00:02
Постирано од: spiros Датум на внесување: 20.Мај.2013 во 19:14
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 20.Мај.2013 во 23:19
Постирано од: spiros Датум на внесување: 22.Мај.2013 во 00:52
Постирано од: Zlatnik Датум на внесување: 22.Мај.2013 во 07:00
Постирано од: Messenger Датум на внесување: 22.Мај.2013 во 14:17
Постирано од: spiros Датум на внесување: 23.Мај.2013 во 20:11
Џабе е гнозата, џабе читањето, џабе трчањето, ... без Милоста БОЖЈА и Светиот Дух БОЖЈИ ! Без Него дури и лично од Мудроста БОЖЈА (Христос) избраните Апостоли, не беа во состојба правилно да Ја сфатат Совршената Вистина, а уште помалку да Ја следат, да ја практицираат и да И’ бидат потполно верни, затоа така и се однесуваа како што се однесуваа, се’ додека Го добија Најголемиот Дар! После тоа, никој повеќе не се фати за нож (меч), нити го проневери Господа Исуса! Сфаќаш ли сега зошто Апостолското сведоштво ни укажува на фактот дека Милоста БОЖЈА е безкрајно повеќе од нашето знаење (гноза) и умеење (дела) и зошто чедата БОЖЈИ (во спортот, како и секаде во животот) најнапред Му даваат Слава на БОГА!? ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Zoshto sportistite gledaat nagore ------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry. |
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Ев. Мaтеј 5:5
Се сеќаваш ли како беше лани, во финалната фаза на “шампионслиг“? Скоро сите го фаворизираа Реал Мадрид, кој според квалитетот (и цената) на играчите, но и според формата, навистина беше фаворит. Но, ако се сеќаваш, http://www.youtube.com/watch?v=abHlMMmaxFI" rel="nofollow - - (Thomas Müller) без да Благодари на БОГА се радуваше на голот, слично на неговиот колега http://www.youtube.com/watch?v=abHlMMmaxFI" rel="nofollow - - Didier Drogba (кликни тука) изедначи, а славата ја даде (пред се’) на Милоста БОЖЈА! Само неколку секунди после тоа, http://www.youtube.com/watch?v=Qyn9iU0dyEM" rel="nofollow - - Arjen Robben од пенал неможе да го совлада Петар Чех! После нерешено во продолжетоците, требаше да се шутираат пенали, кои исто така беа до последно нерешени. Последните шутираат: на германската страна http://www.youtube.com/watch?v=EdKd3S_pQJk" rel="nofollow - - Didier Drogba , кој секогаш кога дава гол најнапред Ја восфалува Милоста БОЖЈА чиста! Што мислиш, кој победи в среде Минхен? "Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава Милост!" Јаков 4:6
О, каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога! Колку се неиспитани Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта! Оти, кој ја позна мислата на Господа? Или, кој Му бил советник? Или, кој однапред Му дал нешто, та и Он да му возврати? Зашто, се’ е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин! Римја. 11:33 п.с. Што мислиш кој ќе победи ова финале, што се игра оваа сабота? Бајерн Минхен - кој по трет пат по ред е во финале - овојпат игра против јасно послабиот германски клуб Борусија Дортмунд, чиј http://www.youtube.com/watch?v=WN0xMhgeeS0" rel="nofollow - ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Не се сеќавам дали некогаш сум те прашал нешто, а ти да си дал експлицитен одговор. Се некако вртиш околу-наоколу, се со некои цитати од библијата кои некогаш немаат врска со поставеното прашање, се некако ... Ај, нема врска! Тераме натаму. Еве и сега. Наместо на моето прашање по кој критериум/и бог одлучува еден верник да даде гол и да победи, ти се обидуваш да наметнеш нов момент со тоа што ја насочуваш дискусијата на друга насока - горделивоста и понизноста пред бог. Тоа е сосема друга работа. Дај прво одговори го она примарното, како е дојдено до тоа едниот верник да победи а другиот да изгуби? А и двајцата фудбалери, кои се од спротивставени екипи, веруваат во истиот бог, и двајцата со поглед го бараат горе на небото (небаре тој е таму, а не насекаде околу нас, како што во последно време се шири оваа идеја), и двајцата се крстат по три пати и двајцата на почетокот на натпреварот ја допираат земјата и двајцата кажуваат молитва, и двајцата ... Е, тек после ќе може да дискутираме за тоа дали победникот треба да ја споделува заслугата, славата јавно (за сите да видат) и да му заблагодарува на бог за постигнатиот успех. Но, нешто друго ми падна во очи ... :
... за кое зборував во мојот претходен пост, а тоа е ривалството меѓу боговите. Во дадениов пример испаѓа дека богот на христијаните е посилен од оној на мухамеданците, а? И повторно одбегнување директен одговор на мое прашање:
Твојот одговор го сфаќам како алузија на она што претходно го спомнав. Сакаш да ја истакнеш (критикуваш!?) мојата горделивост што кажувам (се фалам) дека сум победил (без притоа да ја споделам славата со бог! )! Впрочем, што би добил јас од тоа мое фалење, кога и така-и така никој не ме познава!? Каква би била користа од тоа?! Нема врска. Оваа моја победа ја наведов само како споредбен пример, каде еден атеист победил ... И на крајот на краиштата, зошто луѓето да не бидат горди на своите постигнувања? Независно дали се работи за спортисти, музичари, ликовни уметници, научници или дури и телеграфисти ... Секој од нив вложил сопствен труд, губел време во тренинзи, вежбање, за разлика од другите кои за тоа време си се забавувале, трошел сретства, често пати се соочуваат и со здравствени проблеми и да не редам понатаму. Дали бог ќе им помогнел да постигнат одреден успех ако тие не вложиле во себе? Р.Ѕ. Од ова дискусија ми се наметна една помисла за тема за научен труд со работен наслов: „Влијанието на верата и начинот на изразување на верските чувства врз крајниот исход на спортските натпревари! Не, не сериозен сум! ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Сакаат да ти кажат дека Тајната БОЖЈА (Која е и во ними) е многу поголема од ними, многу поголема од целото Небо, од безкрајниот универзум, ... а уште колку пак многу поголема од кина, русија, индија, арабија, мека, ... целата планета земја, ... од Јерихо па до Хималаја! ХалелуЈАХ!!!
Златник, испразни ја бе бате главата, бидејќи уште појќе ќе ти се заврти а Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ (Отецот и Мајката на Животот) Кој е над се’, не ќе можеш да Го сфатиш со неа, туку единствено со Духот *Светол во секое детско верно срце, преку *Светата Милост (Мудрост) Негова чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - Која била и е секогаш пред нас сите, на Која (одкако ќе се разбудиме и ќе увидиме дека) се’ (вон и во нас) укажувало, укажува, ... упатувало и упатува! Лека ноќ! п.с. Совршениот БОГ и Отец во Христа и тоа како се разликува од “богот“ на кураишките мухамеданци, кој - како никој друг - ги мрази и им љубомори на чедата БОЖЈИ, но духовно слепиот свет се’уште не е во состојба да го увиди тоа! ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Еден господ ќе знае што сакаш да ми кажеш со овој пост! Неможам да проценам која е смислата, целината на реченицата??? Кого треба да го сфатам ако ја испразнам главава? Духот, светлиот бог, детското срце на мудроста олицетворено преку Христос, во лицето на премудриот отец бог, не лицето на бог олицетворено во Христос (така требаше, нели?), единствена светлина, отец и мајка ... Добро, од сите овие лапрдања единствено што го разбрав е дека треба да ја испразнам главава ... ама незнам зошто, кога таа и сега е празна? Но, ако ова погоре не го разбрав, тогаш ова што следи многу добро го разбирам:
Незнам зошто пропагирате дека вашата религија е религија на мир, љубов, толеранција, меѓусебно разбирање и почитување ... кога во реалноста сте сосема спротивното. За каква љубов и почитување ми зборуваш во горенаведениот цитат? Зарем за тебе се духовно слепи сите кои не веруваат во твојот бог? Како би ти било јас да ти речам дека си ти духовно ограничен штом сеуште веруваш во тие приказни за богови? Толкаво понижување од страна на еден верник кон друг, толкаво непочитување на друга религија! Ова е уште една потврда за тоа што стално го велам, дека сепак, атеистите имаат многу, многу поголемо почитување кон сите луѓе од рази религии, отколку верниците, бидејќи овие немаат ама баш никакво почитување. Гледаат само да се уништат едни со други. ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Ах златник, златник, ... за тебе лапрдање е Светлината БОЖЈА родена од Дева Марија? Е поради ова роде, Совршениот БОГ - кој највредното одсебе на голготскиот крст за спасение на сите го даде, но на тоа спасение никого не присилува - неверните мајтапџии (нивните соумници и следбеници), за нивните умови неприметно, ќе ги препушти во рацете на кураишката лага и покасно во нивната шарија! п.с. За критиката кон мене, прифаќам дека се’уште не сум Го достигнал Совршенството, дека Тоа (можеби) уште многу ќе треба да “работи“ на мене и дури како потврда на тоа спремен сум рака да ти дадам, но за тоа што Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Исуса Христа Го негираш или израмнуваш со лажниот “бог“, проклетиот лажго и најголемиот терориста ... Никогаш! Лондон - само три дена пред вечерашново шампионслиг финале во Wembley ... ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Денес - пред малку - на 25ти мај, со самото започнување на 22рата недела на годината Господова 2013, Бајерн го освои покалот на шампионслиг! Додека огнот - како некогаш на денот на младоста - го “осветлуваше“ ноќното небо, еден коментатор на германската национална телевизија го праша Арјен Робен, кој во 88 мин. го даде одлучувачкиот гол, дали Бог се реваншираше за неговиот промашен пенал во минатогодишното финале (пишував погоре). Честитки на Бајернци, но и на Борусијци, кои играа одсре, а со голот на Илкај Гиндоган (во германија роден турчин кој што игра и за германска национална екипа) не успеаја да победат. На сликата подолу е бајернецот Алаба, кога благодари и не се страми да ја исповедува Милоста БОЖЈА (Исус), како најголемата негова сила. ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Незнам зошто правиш тажни фаци (смајлито), кога велам дека прикаските за твојот бог се невистинити, лажни, измислени, безсмислени ... со еден збор лапрдања! Дали можеби со тоа го негирам и се иссмејувам на тоа во што ти веруваш, а со тоа те понижувам или омаловажувам? Да, точно, во право си. Едната од целите ми беше и тоа. Но, не го направив тоа од некаква злоба, од зла намера*, туку напротив, само сакав да ти воочам на „гредата во твоето око“. ??? Како што тебе не ти е мило (ем драго) да прочиташ како некој ја дезавуира твојата вера, потребно е да сфатиш, но уште поважно и да прифатиш, постоење на други луѓе кои си веруваат во тоа што тие сакаат и дека на истите тие луѓе (исто како и тебе) нема да им биде пријатно да слушнат или прочитаат овакви зборови:
ЗАрем овие твои зборови не се лапрдања? И како сега, после овие твои лапрдања, припадниците од другата „лажна“ религија да ве гледаат како пријатели? Јас како атеист неможам да го поднесам тој начин на општење, тој ваш антагонистички, негаторски став кон нивната религија (а секако ова се, однесува кон сите други религии), а каму ли пак тие, муслиманите или другите верници. Дали не сфаќаш/те дека со овакавата нетолерантност, непочитување се повеќе придонесувате за создавање нови и нови непријателства? А што мислите, дека муслиманите (и другите) молчешкум ги прифаќаат овие омаловажувања? И, ете повторно доаѓаме до тоа што јас постојано го велам дека религиите се причина (некаде помалку, некаде повеќе), за избивање на сите воени судири во историјата на човештвото. И btw. што правиме/те во случај кога некој муслиман или друг верник во некои спортови победи некој христијан? Дали некогаш си слушнал дека има и такви случаи? Како е можно тој лажен и проклет бог да го победи твојот семоќен, совршен, а пред се милозлив и човекољубив бог?! *-верувам дека од стотините дискусии во изминативе неколку години примети каков е мојот однос кон верниците од сите вероисповеди. Никого (мислам) дека не сум го навредил, посебно не намерно. ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Златник, секој човек, секоја заедница, секоја раса, секоја класа, секоја професија, секоја конфесија, секоја деноминација, секоја нација, секоја традиција, секоја теологија, секоја филозофија, секој светоглед, ... кој(а) што е духовно слеп(а) за Милоста (Мудроста) БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - тој (таа) за мене е духовно тоа што всушност и е’, но и јас без Светиот Дух сум: mortui! Со радост го чекам воскресението на сите мртви! Дотогаш ... п.с. Луѓето коишто ја негираат или девалвираат Милоста (Мудроста) БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - не се нити на своите најблиски пријатели, туку (без да знаат) душмани, кои заробени во темнината не се ни свестни што прават, па затоа (од лично искуство) имам потполно разбирање, сочуство и љубов кон ними! “Оче, прости им, оти не знаат што прават!” Ев.Лука 23:34 ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Пред малку (без публика) заврши финалниот натпревар за купот на македонија, кој што беше без публика поради инцидентите на прекинатиот регуларен надпревар од 22 мај. Екипата на тетекс (кој што во моментот заедно со силекс само со 22 поени се на последно место) ја победи тетовска шкендија (искра) на пенали и со тоа го освои националниот куп. На македонската телевизија посебно упадна во очи молитвата пред пеналите на голманот на шкендија, додека кај тетекшаните благодарните крстења после дадениот гол. После едно такво крстење и бакнување на топката, играчот на шкендија кој што требаше да шутира како следен, скоро се степа со тетексовиот стрелец. Последниот играч на шкендија кој што беше успешен и даде гол од пенал, беше играчот со бројот 22! Единствениот од успешните стрелци за тетекс кој што благодарно не се крстеше - но искрено се радуваше - беше Генци Исени, играчот со број 9! Честитки на шампионите и на вицешамионите од турнирот на македонскиот национален фудбалски куп! ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Демек, сакаш да кажеш дека од 7, дури 6 милијарди луѓе се духовно слепи?! Или уште повеќе - мртви!
Навистина? Навистина веруваш дека ќе воскреснат сите мртви? Абе ај не заебавај! И добро, во ред, ајде нека воскреснат и, што? Што со тоа? Ќе дојде небесното царство?! Или со други зборови кажано, царството на мртовците? И ти за тоа ќе се радуваш? Или можеби очекуваш дека тогаш ќе го видиш бог или во најмала рака барем неговиот син Ристе? Абе иди бегај! Како што ти велиш за другите дека се духовно слепи, јас би ти рекол да се оттргнеш од таа твоја духовна ограниченост, да ги отфрлиш духовните пранги во кој е окован органот кој е изворот на твоите мисли.
А откако ќе прогледаш, тек тогаш ќе видиш во каква догматска темнина си живеел и ќе спознаеш кој на кого бил пријател, а кој душман. Искрено и јас како и ти имам сочувство за тебе, но уште повеќе за твоите најблиски, кои без да сакаат мора да трпат, мора да се прилагодуваат и да ги прифаќаат твоите заблуди. Р.Ѕ. Колку ли сум бил во право кога сум го одбрал моето гесло напишано во потписот! ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Нема ништо поубаво за породицата, за фамилијата, за човековата фамилија (човештвото) воопшто, за опшеството, (па дури и за спортот) ... од моментот кога едно чедо БОЖЈЕ преку Светиот Дух ќе се разбуди за Евангелието на неискаживата Љубов БОЖЈА и со тоа духовно се преродува! Да! Единствено БОЖЈАТА Милоост и Неговиот Светол Дух е Тој кој што луѓето од сопствените заблуди ги ослободува! ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Вчера во бараж натпреварот на бундес лигата, хофехајм ги победи (таканаречените) црвените ѓаволи на каизерслаутерн. Нити потполно оддадените молитви на каизерслаутернци, не можеа ништо да променат. . ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Чисто колку да те потсетам дека не ми даде одговор на ова: 1. Како твојот бог (по кој критериум) се одлучува да му ги „услиша“ молитвите на едниот верник, а да ги отфрли молитвите на другиот, а и двајцата веруваат во него? 2. Зошто твојот бог допушта да победат припадниците (верниците) на други вероисповеди? 3. Зошто твојот бог допушта да победуваат атеисти? Се надевам дека нема повторно да наведуваш несоодветни цитати од библијата или да ги повторуваш зборовите: „Светиот дух, мудроста, возљубениот син, славата, милоста, царството божје ... “, туку ќе дадеш конкретен одговор: бог одлучил да победи тој и тој поради тоа што ... ... ... Р.Ѕ. Секако, никој, па ни ти, не е должен да дава одговор. Но, во тој случај која би била целта на нашето присуство на форумов, ако меѓусебно не си поставуваме прашања и да даваме одговори?! ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Златник, http://www.forum.idividi.com.mk/new_reply_form.asp?Quote=1&PID=2885087&PN=4&TR=56" rel="nofollow - Зашто Отецот небесен го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните! Ев.Матеј 5:45 ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Речиси без исклучок, за се, за што не знааат да дадат одговор, верниците велат: „Божја работа! Никој не ги знае божјите намери (патишта). Човечкиот ум е ограничен и тој неможе (а и нема зошто! Заб. Златник) да размислува“. Нормално, негово е само да ги следи инструкциите што им ги (пре)даваат „светите“ луѓе кои истите ги добиваат директно од комуникацијата со бог. Ако овој начин на размислување го прифателе сите луѓе, ако се оставало се да си биде како што е, дека е тоа божја работа, без притоа да се испита, да се открие причината за тоа, сеуште човекот ќе немало да го открие каменот како орудие. Е арно ама, за среќа на човековиот род, имало луѓе кои не се согласувале со овие индоктринирачки политики, и им пркоселе на „пресветлите“. И, што е нај трагично, тие, „лицем светци, срцем в’лци’“ највеќе ги искористуваат благодетите од гревовите на непослушните „грешници!
Па, најверојатно за ова имаат склучено некој „дил“ со другите богови! ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Само што заврши (пријателскиот) надпревар помеѓу америка и германија во вашингтон, кадешто аутсајдерите (америте) победија со 4:3. Два гола за американците даде Clint Dempsey, кој за истите се заблагодари со крст на чело. "Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава Милост!" Јаков 4:6 ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
А зошто мора јавно да се заблагодарува „со крст на чело“? Зарем бог нема да дознае за неговата благодарност ако тој Демпси (или било кој друг) само во своите мисли му заблагодари? Зошто мора јавно да изговара молитви или јавно да прави некои ритуали, метанија, поклонувања, прекрстувања ... На кого се обраќа/ат? На народот или на бог? Или народот треба да го види дека е богобојазлив и како му се обраќа на бог?! ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Златник, Живиот БОГ е безкрајно повеќе од сознанието човечко, што незначи дека никој незнае за Неговите тајни! Погоре исто така ти пишав, дека човечката глава е премала за Неговата чудесност, која што само на верните дечји срца се отвара! Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на младенците. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја. Сè ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие. Ев. Матеј 11:25 ... п.с. Златник, што мислиш што имаат заедничко (освен дадените им таленти и милост) двајцата најпознати и најефикасни македонски стрелци, кои со нивните екипи ја имаат освоено златната медалја на шампионслиг? Слободно можеш малку да разгледаш во темата: http://www.forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21836&KW=%CF%E0%F1%F2%E8%F0&PID=2188030#2188030" rel="nofollow - ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Прво пиша:
А потоа:
И, што велиш, сепак има некој кој ги знае тие божји тајни, а?! Добро! Може од три пати да погодувам/е кои се тие „привилегирани“? Туку остај тоа. Еве, гледам пак си поставил слики од Панчев и Пандев. Слики како слики, се гледа дека се радуваат луѓето. Ама што врска имаат тие со бог и спортот? Секако, освен последната слика на Пандев, каде тој со поглед насочен кон горе (незнаејќи дека бог е тука до него), со двата показалци* покажува кон него. И ти тоа го сфаќаш дека му заблагодарува на бог? Ако е така, тогаш во ред е. Јас не сум знаел дека така требало да се обраќа на бог за сторената услуга (дадениот гол)! Јас пак си помислив дека со показалците го прекорува бог, велејќи му: „Еве гледаш, и без тебе (без да ти се помолам на почетокот) дадов гол.“ Ама штом ти велиш така, така нека биде. Ти си поупатен од мене и ги знаеш тајните! Е сега, ссема друга работа е што не знаеш (или спротивно на тоа - не сакаш) да ми одговориш зошто луѓето (меѓу кои и спортистите) преку разни ритуали на крстење, мрморење со устата, бакнување на земјата или со некои „керефеки“ (како на пример тој фудбалер со пишан текст на маицата под дресот) јавно, пред публика, му изразуваат благодарност на бог. Дали тогаш бог е позадоволен па станува помилозлив кон „верникот“? *- Ако веќе може со показалците, зошто тогаш верниците да не се обраќаат кон бог и со другите прсти ...
Чекај сега! Споредуваш две различни работи. Кое е основното мерило за осознавање на тајните (чудесностите)? Дали се работи за капацитетот на главата (квантитативно т.е. волуменски или квалитативно т.е. поголем број нервни центри) или се работи за чистината на срцата, кои кај децата се нерасипани? Р.Ѕ. Не се сомневам дека повторно ќе пронајдеш некаков цитат од библијата, кој секако ќе нема врска со прашањето. Повторно ќе си чекам да добијам одговор директно од тебе, од тоа што е твојот став, твое размислување, а не само пусто препишување стихови ... ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Не сакам да ви се мешам...Но колку наивен треба да си денес за да не знаеш дека конкретно фудбалот е еден добар бизнис |
Орка, дечјата наивност - во БОЖЈИТЕ Очи - е безкрајно поарно од лукавоста на надувенковците! “Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно Ев.Матеј 5:3 ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Златник, само ти мислиш дека цитатите од Библијата се попусто и немаат врска со темата, но ти гарантирам дека ако со дечјо срце поверуваш и престанеш да Му се противиш на најголемиот Пријател на човекот, има големи шанси да почнеш да гледаш и доживуваш врски, кои неверниот и кривоверниот свет попусто се труди да ги види. Поздрав п.с. Во непосредна близина на седиштето на FIFA во Цирих, последната уличка пред шумата над зоолошката градина, низ средината на една прекрасна ливада со уште поубав поглед на циришкото езеро, (неслучајно) се наоѓа улицата http://de.wikipedia.org/wiki/Leopold_Szondi" rel="nofollow - „Szondiweg“ . Побарај малку ако сакаш, потропај, ... па ако инсистириш ќе ти пуштам и цитат од книгата што ја "обожаваш" како ѓаолот што ja "обожава"! ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Тамам работа! Напротив, со „мешање“ на уште неколку членови оваа дискусија ќе добие во квалитет, независно кој која страна ќе ја застапува. Овака, се се’ сведува на дијалог меѓу мене и пријателот Спирос. (Добро, и со понекое влетување на Меси! ) ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Верувал или не, ова ми е едно од најомилените блаженства. Тоа јасно ги отсликува карактерите на личностите кои веруваат. Нормално, тие кои не се бедни по дух и да сакаат неможат да поверуваат во овакви ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Јас колку се сеќавам Мајк Тајсон и Мохамед Али (Касиус Клеј) и по преминувањето во ислам со ист интензитет и ентусијасам им ги кршеа вилиците на противниците... |
Вистината е како песничка Вистината е како сказна Кој на Неа и’ се противи самиот си нанесува казна! ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Ајде сега и ти почна да расипуваш ќејфови... ... ама не се секирај сега ќе излезе на виделина и оноа сто пати до сега повтoрувано: "Алалеуја, Халелуја, Иншалах, Мазел Тов"... "секое чисто срце од секоја вера"... ... само виe ништо не можете да разберете оти сите сте надувекновци, а само еден има тука кој не е надувен бидејќи знае оти не знае, ама тој токму затоа знае с'е што треба да се знае, иако за сите луѓе таквите работи се незнајни... ... и тако даље без медаље... со редењe цитати, лепење сликички, лепење етикети на соговoрниците, пеење песнички, играње нумерологија, делење црвени картони, правење ќејфови... ------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma. |
Уааа...разбивач на илузии. А дали знаеш дека и мафијашите се крстат пред и после масакрирањата? Е, а победува оној што повеќе се крстел и молел... и имал чисто срце како кај децата. Ете, така ако не си знаел. ------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma. |
Пак се фаќаш за негативните примери, ги потенцираш и повлечуваш надоле, а? Јас никаде не ги споменав крвниците и мафијашите, ниту пак нивните “крстења“ и “благодарности“ кои засигурно не Ја прават Волјата БОЖЈА и Го восфалуваа БОЖЈЕТО Име! Но тие - како што изгледа - кои што Го мразат Името над имињата и уживаат да го девалвираат, постојано се држат и перманентно ги спомнуваат негативните (анти) примери! Зошто е тоа така? Можеби тука важи реченото ... ? Со што е преполно срцето, тоа се прелива преку усните! Ев.Матеј 12:34 ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Ах таа вистина ... Доколку јас го имав истиот стил на пишување (со песнички и сликички) т.е. ако мене прво ми текнеше да ја „склепам“ песничкава и да ја поставам сликава, што мислиш, на што би се однесувале тие, односно каков коментар ќе следеше? Можеше ли да биде на пример: „Доста веќе со тие прикаски за бог. Не сум веќе мала да верувам во нив! Јас самата сакам да ја осознаам вистината, а не (како некои) да ја примам како што друг сака да ја претстави!“
И потоа да додадам: „ ете и децата веќе почнаа сами да размислуваат и да разбираат ...“ А што се днесува за ова:
Зошто овие ги нарекуваш негативни примери? Па зарем не се и тие по божја воља? Нели ништо на светов не се случува без негово знаење, без негово одобрување, без неговата воља? Токму на такви негативни примери треба да се запраша човек, како тоа јас, кој сум чесен, праведен, кроток, богобојазлив, која се моли на бог и не прави лоши дела ... да живеам тежок, сиромашен живот, да ме снаоѓаат болести и несреќи ... а овој „негативецов“ кој нанесува бол и страдање на други луѓе, да ужива во животот? Од ова неминовно се наметнува еден заклучок: или бог намерно дозволува да има вакви негативци или пак не е способен да се справи со нив. Трето мислам дека нема.
Еве зошто на Орка му рекв дека е добро да има повеќе присутни на форумов. Тогаш шансите за вакви бисери се многу поголеми. Навистина, како тоа богот на Касиус Клеј дозволил да победи богот на „кривоверниот“ Мохамед Али? А, Спиросе? ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Ајде Бе Спиросе, што те нема? Обично веднаш одговараш, а еве сега те нема! Да не вртиш листови од библијата, барајќи некој соодветен стих за Касиус Клеј! Р.Ѕ. Мало зезање. Не ми се лути. ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Само дадов друг агол и одма триста етикети добив...Простено нека му е Но кога тоа го препознавам како нехристијански,попаметно е да си молчам отколку со иста мерка да враќам. Моментот насловен како Божјата рака.Кој љуби од слика да направи приказна нека повели |
spirose, ти не ги користиш појавните нешта за доаѓање до непристрасно и објективно осознавање за Бога и Божјите манифестации, туку си креираш некоја твоја приказна, па за да си ја одбраниш и "докажeш" си одбираш само некои појави кои ти одговараат за неа, негирајќи ги сите други. А да... и ако некој ти го посочи тоа, аргументирајќи дека приказната не ти е доследна, а со тоа е неиздржалива, тогаш во недостаток на аргументи, веднаш лично се настрвуваш против соговорникот со безмилосно лепење етикети "надувенко", "го мразиш Бога", "ги мразиш апостолите, "девалватор", "неверник", "кривоклетник"... однесување кое е истоветно со оноа на муслиманските екcтремни фундаменталисти, но овој пат претставено од друга страна. А во таквото однесување нема ниту "Х" од Христијанство и христијанско однесување. http://postimage.org/" rel="nofollow"> ------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma. |
Вистинското Христијанство Го восфалува БОГА со убави работи, меѓу кои засигурно се и мирољубивите спортови, додека вие исполнети со омраза и клеветство (како пијани за плот) сте се фатиле и се држите за негативните примери, кои (за жал) потполно спротивно од учењето и праксата Христова го злоупотребувале (и злоупотребуваат) истото! Е сега, јас за самиот себеси никогаш не сум рекол (нити пак ќе речам) дека сум достоен да се наречам вистински Христијанин, но тој Кој што (и мене) ме возљубил и се дал Себеси, засигурно е вистинскиот Христос - Мудроста на Се’држителот! Во споредба со Неговото сознание и објективност во Христа, вашите антихристијански “објективности“, “сознанија“, “филозофии“, “светогледи“, ... се сујетна заблуда! п.с. Би било навистина добро кога сите (свестни и несвестни) залутани фундаменталисти на овој свет, би Го нашле вистинскиот Фундамент на човековото и секое друго постоење, кое што е Љубовта БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа! ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Само го потврди оноа што сакаме да ти го предочиме. И уште нешто, на темава не дискутираме за "мирољубиви спортови", не дискутираме за "учењето и праксата Христова", за "вистинскиот Христос" и т.н. туку за твоето тврдење дека прекрстувањето игра некаква клучна улога во спортот.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma. |
Во радост Го чекам Денот кога и умните и мудрите од овој свет, еднаш за секогаш ќе сфатат дека Милоста БОЖЈА е најголемата стварност, тогаш со детско срце ќе Го прифатат Вечното Евангелие (Христос) и безрезервно ќе Му се поклонат во благодарност! ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Мене ми е многу интересно кога двајца спортисти кои се натпреваруваат еден против друг се прекрстуваат . Интересно е и кога еден од нив на крајот ќе излезе како победник. Дали БОГ му ја даде победата на оној кој имал појака вера ...или? На чија страна е БОГ ? ------------- SOLI DEO GLORIA |
na onaa , koja sto pokazala podolema vestina , podobra igra |
“Bog” ne e na nitu edna strana, tuku tochno na sredina Pobeduva onoj koj ima najaka verba(no ne "slepa") vo pobeda - taa e najmokjna, bez razlika dali nekoj se krsti ili moli… pa taka nekoj pobeduvajki mozhe da vi ja skrshi i vilicata Ne bira strana “Bog”, toa go pravi chovekot - (neli mu beshe zagarantirano pravoto na izbor) pa zatoa i ne pobeduva sekogash “podobriot”. No, nekako mi se chini deka zaboravame na neshto bitno - i drugite imaat verba i molitva..... Zatoa i svetot e takov kakov e! - sose sportot - igra (ponekogash gubish, ponekogash pobeduvash)- a ete, so ista molitva se molish... E sega, naduvano ili ne - takov e mojot "vidik" Ubavo nekoj rekol - bidi ''chovek'', pa potoa shto sakash... Ili so moi zborovi - bidi ljubov(shto i si) - pa potoa shto sakash ------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry. |
Совршениот БОГ е на сечија страна, но (за жал) не е и секоја страна на страната на Совршениот БОГ! Брате КингДавиде, мене во спортот најпојќе ми го чепка срцево и ми ја полни душава кога ќе видам како (одредени) чеда БОЖЈИ Му благодарат на Небесниот ОТЕЦ не само при победа, туку и при загуба! Ние сите би требале да знаеме - она што вистинските чеда БОЖЈИ добро знаат - дека мерилото на Небесниот ОТЕЦ е многу подлабоко, поголемо, попрецизно и поправилно од мерилата на (моќниците и судиите од) овој свет! Секој кој што барем малку е запознаен со Евангелието БОЖЈЕ, тој знае дека Мудроста БОЖЈА чиста (Христос) се даде себеси за сите, но најпојќе за оние коишто (поради известни БОГУ и на вистинските чеда БОЖЈИ добро познати причини) се губитници во овој свет! Затоа Него Го обожавам повеќе од секого и од се’! И мнозина први ќе бидат последни, а последните први! Mat. 19:30 ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Ма и јас во повеќе наврати претходно го прашав за ова, не само при овој случај кога двајца христијани се крстат и го молат бога да победат:
Е сега, колку разбра од одговоров ... тоа е друга работа. Што правиме во случај кога христијанин губи од играч кој верува во друг (нормално, лажен) бог? (Пример Касиус Клеј) Или кога некој христијанин губи од атеист? (Пример Златник) Да, знам, знам ... сега следи : „божјата мудрост ретко кој ја знае...“ Славата негова ...“ „Христос ...“ „Евангелието ... “чисти срца ...“ ... познат репертоар. И, Спиросе, јас незнам, не се сеќаам за ваков пример, затоа те молам, дај помогни ми да се сетам, каде си видел пример каде некој спортист му благодари на бог за загубата?
Р.Ѕ. = малку of topic.
Не ми е јасно. Христос со својата смрт се даде себе си за гревовите на луѓето? Дали тој сам сакаше да се даде или е тоа желба на неговиот татко? Колку јас знам него бог го даде. А овој му се молеше да не го прави тоа. (На крајот, виде-невиде, се помири со судбината и му рекол „нека биде вољата твоја“. И, ај што го даде - го даде (демек со смрт смрта ја победил). Ама колку траеше тоа „давање“? 3 дена. И пак оживеа. Демек, тоа било така, на лажга. Сега ќе те утепам, ама не бери гајле, потоа пак ќе те оживам. И која е целта на таа пародија? Кој кого го мота? Кој кого го мајтапи? Бог сам си прави грешници, сам си испраќа жртви кои ќе ги откупат тие гревови и ги оживува ... Ај, доста е, ептен да не забегам во други теми! ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
http://www.youtube.com/watch?v=f_ljq7oAiOA Бидејќи нема тема „Менаџмент и вера“ ќе го поставам линкот тука. Се надевам нема да замерите. |
Амин! ------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma. |
Еден вистински Христијанин засигурно не го велича својот БОГ со тоа што пролива туѓа крв и му нанесува бол на својот ближен, во животот но и во спортови како што е на пример боксот! Што се работи за спортот воопшто, или конкретно за случајот во “спортот“ на телеграфијата (која што е само бледа сенка од Духовната комуникација), во кого што ти си победил еден христијанин (кој јавно се молел пред да почнете со надпреварот), јас како прво незнам дали тој христијанин е вистински Христијанин, или дали се молел само од сујетни побуди за исто таква победа. Доколку тој се молел од сујетни побуди за сујетна победа, јас се радувам за него (и сличните на него) што го изгубил надпреварот и се надевам дека ќе ја сфати и научи лекцијата која што ќе го внесе во вистинската (и неизмерливо поважна и поголема) победа! Во секој случај, вистинските Христијани никогаш не се молат за сујетна победа, туку пред се’ за слава на БОГА (Отецот), за Царството Негово и за Волјата Негова чиста, Која потполно оддадено Ја прифаќаат како сопствен Господ во Исуса Христа! Што се работи пак за лажниот “бог“ кого ти го спомена ... Да, навистина тој е лажниот “бог“ кој што го негира Евангелието на Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, а толерира или дури велича крвопролитие, насилство, неправда, лага, ... !
Не златник, никогаш не ќе можеш нити да видиш, се’ додека не се разбудиш и почнеш (со телесните очи, кои што ти се дарени) да гледаш.
Златник, *Светата Мудрост (Милост) БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, покрај *Светиот БОГ и Неговиот *Светол Дух, е нешто најважно воопшто! Кога Совршениот БОГ Го жртвуваше отелотворувањето на својата (повеќе од се’ сакана) уникатна и првородена Мудрост, Тој - пред се’ - се жртвуваше себеси, од Љубов кон нас сите! Затоа те молам, најважното - чијашто вредност за жал не си (во моментов) во состојба да Ја сфатиш, а уште помалку да Ја процениш - да престанеш да (се обидуваш да) Го валкаш, бидејќи така на своето небесно конто си собираш болки и маки за коишто не си свестен, а еден ден ќе се чудиш што те снашло! Но, за да не се чудиш, еве ти посведочувам и кажувам однапред да знаеш, а во најдобриот случај да сфатиш и да се обрнеш, одкако искрено ќе се покаеш. Биди поздравен и благословен, како ти, така и твоите најблиски, со најголемиот можен благослов. Амин п.с. Долговите коишто ги прават родителите, по правило паѓаат и на нивните наследници! Затоа е од неискажива важност да Го прифатиме Небесниот Отец во Кого нема грев нити лошо наследство, а да го одфрлиме Неговиот непријател, кој што е извор на гревот, лагата, убиството, ... и е духовен отец на сите коишто Го одфрлаат Евангелието на Милоста БОЖЈА! ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Личната вера во БОГ секако дека има влијание во спортот, исто како и во сите други работи во животот. Овде пред се мислам дека БОГ ги услишува молитвите на верниците да ги чува од повреди, или да им даде концентрација и слично. Но, смешно е и да се помисли дека БОГ се меша во самата игра и го определува победникот. Сепак, спортот е само игра, забава и рекреација . И во библиски времиња имало спортски игри, апостол Павле ги спомнува атлетските трки , спомнува дека вежбањето на телото е корисно, но најкорисно е да ја трчаме "трката на животот." Никаде не можеме да најдеме пример во Светото Писмо дека БОГ му помогнал на некој натпреварувач да победи . П.С. Поздрав до брат Спирос, Месинџер , Златник, Ли Дивио, Орка, Викторија, Клара
------------- SOLI DEO GLORIA |
Не е само смешно, туку е крајно потценувачки кон Бога. Замисли... Совршениот Бог ќе проценува кој спортист најмногу и најубаво му се моли и според тоа ќе застане на негова страна и ќе му помогне да го победи другиот ! Аман ! П.С. Позрав и до тебе стар пријателу ! ------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma. |
Конечно еден одговор во кој не се наведува некој цитат од библијата:
Да не сака да нанесува болка или пролива крв, тој нема да се бави со бокс! Ама сепак, во исто време се декларира и како верник - христијанин. И другите мора да ја почитуваат таа негова определба. Е сега, дали е вистински?! Значи ти, освен што ги делиш луѓето на кривоверници и правоверници во однос на другите вероисповеди, сега вршиш поделба на луѓето на вистински и невистински верници во рамките на една религија! Нели е тоа малку ... како да речам, а да не те навредам, егоистички пристап, малку нарцисоидно? Значи се што не се совпаѓа со твоето гледање на работите, за тебе е лажно, кривоверно ... само тоа твоето е она вистинското! Ако одиме по таа твоја логика на размислување (дека некои верници не се вистински христијани по однос на изборот на спортот), тогаш што да речеме за другите области од човековото живеење? Што ако некои не се вистински верници по однос на воспитувањето на децата! Или ако некои не се вистински верници по однос на (зошто да не спомнеме) сексуалниот живот! Имањето повеќе девојки или момчиња пред брак или секс пред брак или во брак ... Еве, да речеме за последново. По сфаќањето на некои христијани, тие иако се во брак, освен за создавање деца, не треба да имаат секс со сопствената сопруга. И секој кој тоа го прави, за нив е богонеугодно т.е. тој кој тоа го практикува не е вистински христијанин. И? Колкумина од христијаните ќе останат вистински, ако почнеме да ги „стандардизираме“ луѓето по разни критериуми?
Што има врска телеграфијата и „Духовната комуникација“? Јас телеграфијата ја спомнав само во контекст како еден вид спорт, односно како поле за измерување на способностите на луѓето, а не како некаква мистична, духовна поврзаност! Мојата победа (сега зборувам конкретно само за мене) ја постигнав со неколкугодишно секојдневно вежбање, по 13-14 саати на ден. Затоа не ми беше потребна поддршка од никој друг, па ни од бог. Истото е и со другите спортисти. Ако имаат талент, ако упорно вежбаат, ако се целосно внесени во соодветниот спорт (или било што друго) мора да постигнат успех и, тој успех нема да биде заслуга на божјата помош, туку исклучиво нивна. Ајде, ти како вистински верник, кој без никаква суетност со сигурност ќе ја посветиш победата на твојот вистински бог, играј шах со Карпов! Што мислиш, бог ќе ти помогне? Но, еве и овој, телеграфистов, не бил вистински! Ама сега оправдувањето ќе го бараме во суетноста. Значи ако победи, тогаш е вистинки верник, демек сакал сопствената победа да ја прикаже како победа на бог, а ако изгуби, тогаш не е вистински верник оти бил суетен ...! Но ако подобро размислиш ќе сфатиш дека тој со самото тоа што јавно се крсти и моли, јасно дава до знаење на другите дека бара помош од бог и јасен е заклучокот дека заслугата за победа ќе биде негова (на бог).
А што, твојот бог не го прави тоа? Па целата библија е проткаена со такви настани. Ама разликата е во тоа што бог тие работи ги оправдува само за сопствениот (еврејскиот) народ.
Аха, значи едни се кривоверни, други не се вистински, а еве во случајов јас сум „заспаната убавица“, а?
Токму за тоа претходно зборував, дека бог не го жртвувал својот син. Жртвување е кога некој ќе даде нешто неповратно. Луѓето практикуваат палење свеќи (кое го симболизира жртвувањето на животно т.н. жртва паленица, за угоден мирис на бог). Дали тие го палат животното и потоа пак го враќаат во живот? Некои верници (незнаејќи, а мислејќи дека прават богоугодна работа) оставаат масло (зејтин) во црквите, некои оставаат пари, некои други работи ... Дали треба после тоа пак да си ги земат назад? Исус ќе бил вистинска жртва ако не го оживеал татко му. А овака ... прво го утепал, па по 3 дена пак го оживеал ... Која е тогаш целта на жртвата?
Јас никого не валкам, бидејќи нема кого да го валкам. Само изнесувам факти. А ако ти или некој друг верник нема да даде соодветно објаснување за тие факти, тогаш тоа не значи валкање. И, како ќе реагираш ти ако некој од друга вероисповед ти рече да престанеш да ги валкаш нивните богови, нивните убедувања, нивните верувања и погледи на свет? Ти ќе го прифатиш тоа или и понатаму ќе продолжиш да си го величаш сопствениот бог ама за сметка на другите?
Ова ли е сликата на твојот бог? Ова ли е твојот милозлив, непогрешлив, семоќен, праведен ... бог? Да ги убива децата на грешниците! Нека го казнува прекршителот, а не неговите наследници. Ќе речеш, тоа е најголема казна на грешникот. Но, тоа е гледано од човечки аспект. А штом бог е нешто посовршено нека изнајде соодветен начин на казнување на прекршителот. Зарем ти не рече дека децата се нешто најчисто и му се мили на бог? Зошто тие да страдаат за гревовите на родителите. И како ова јас да го прифатам и плус да им го објаснам на моите деца за и тие да станат верници? Ова твоево е само еден начин од вашата стратегија на застрашување на народецов, да прави како што му се вели и да си ќути, отиии ... отидоа децата ...! ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Екипа, а! http://www.cosgan.de/smilie.php" rel="nofollow"> + http://www.cosgan.de/smilie.php" rel="nofollow"> = http://www.cosgan.de/smilie.php" rel="nofollow"> ------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Така е брате КингДавиде!
Да, исто така во Светото Писмо никаде не гледаме дека чедата БОЖЈИ комуницираат преку интернет (кој што всушност е само една бледа сенка од Духовната комуникација), што незначи дека денес тоа нее така.
Ниеден сегмент од нашиот живот - а тука припаѓа и рекреацијата, и забавата, и спортот, ... - не е сокриен од лицето БОЖЈЕ (Христос), нити пак може да се надбљудува како потполно одделен од Неговото (директно или индиректно) влијание! Јас БОГА не го ограничувам. Ако Тој сака некому да му ја додели победата, Тој засигурно тоа може да го направи како што Тој сака, (на пример) праќајќи ветер во еден даден момент, праќајќи еден Ангел или дури директно преку Неговиот Дух! (Незнам дали си знаел дека во Исусовиот мајчин јазик, зборот Руах истовремено значи ветер, ангел и Дух!? ) Сега ама треба да се сфати дека некогаш и загубата во животот, спортот, рекреацијата, ... има големо влијание и значение во однос на најважната победа! Да, оние кои што веруваат на Евангелието за Милоста БОЖЈА, некогаш нивната загуба ги води во најголемата победа, додека неверниците на Евангелието за Милоста БОЖЈА, нивната победа ги води (подлабоко) во најголемата загуба! Поздрав и најдобри желби, до сите п.с. Како што (од погоре) веќе ние познато, Панчев и Пандев се најуспешните македонски фудбалски интернационалци, кои (и двајцата) го имаат освоено “шампионслиг“, исто како што и двајцата имаат играно за Интер Милано. Дали знае некој како (во Милано, во својата 33 година) кон верата Христова беше обрнат Св. Августин, што значи зборот интердепенденција и што значи зборот Пантократор!? http://de.wikipedia.org/wiki/FC_Pasching" rel="nofollow - ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Како успеа католичкиот бог на Надал да го победи православниот бог на Ѓоковиќ (и тоа се прекрсти едно 50 пати).... ПС: Шпанска митологија: Надал - Бог Шљаке. |
Е сега, немој и ти со толку тешки прашања... кој ќе измислува нови песнички и рими, кој ќе бара нови сликички, нови излагања надвор од темата и ставање шупливо во празно. ------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma. |
Кога Ѓоковиќ за првпат го зазеде првото место на тениската ранглиста - ако ги следевте неговите медијски интервјуа - тој фалбаџиски изјави (заборавајќи како повеќепати очајно го молеше БОГА за помош) дека тој лично ќе ги сруши сите тениски рекорди! „Бог се противи на горделивете, а на понижните им дава милост”! Еп.Јаков 4:6 п.с. Името Рафаел има еврејско потекло и значи Се’моќниот исцелува, додека Надал има каталанско потекло и значи Божиќ! ·−· ·− ·−−· ···· ·− · ·−·· −· −−− · ·−·· ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
ако сметате дека верата ги определува спортовите, тогаш се лажете... може некој и калуѓер да е, а да не постигне ништо, а тотален атеист и борец против религии, може да се накити со цела хала од трофеи... се сомневам дека ќе разберете што ви збори златник спортовите се местата каде што вештината, напорниот труд и вложеноста во работата, ве носат до врвот... а среќата може да го следи секого, без разлика на верата и на тоа колку некој се моли и пости... да не збориме па за тоа каква корупција, бизнис и политика е спортот, ако таму го барате вашиот бог (кој и да е), тогаш со среќа нека ви е... ------------- размисли пред да напишеш глупост |
Господине забеган, јас вас сите потполно ве разбирам што сакате да кажете, но се плашам дека вие не Ја разбирате Совршената Вистина, Која што е Милоста БОЖЈА! Спортистот - без ралика дали теист или атеист - за да успее му треба една известна (барем минимална) доза на здравје, здрава околина, животопријатни услови, сила, мудрост, решителност, оддаденост, издржливост, упорност, талент, ... среќа! Така? Е, ако е така: што мислите вие, овие фактори и таленти, па дури и способноста тие да се развијат и умножат, од каде потекнуваат? Кој е нивниот Извор? Ние веруваме дека се’ што е добро, позитивно и вистинито потекнува од Единствениот Вистински Творец (Отец)! Поздрав Оти, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си добил? А штом си добил, зошто се фалиш, како да не си добил? 1 Коринтј. 4:7 ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Така е zabegan, се сложувам со тебе иако јас сум верник( не знам за тебе дали си верник) . Овојпат не се сложувам со брат Спирос, туку повеќе со Златник , исто така точно е и тоа што го кажа Меси погоре во својот пост. Смешно и богохулно е да мислиме дека БОГ се меша во спортот и го определува победникот, или дека му дава победа на оној кој посилно се молел. Нема попаметна работа БОГ па ќе им се меша на луѓето во нивните играчки и рекреации? Ако такво нешто пишуваше во Библијата, тогаш ок , ке се сложев со брат Спирос. Вакви нешта може да најдеме само во измислените приказни во митологиите, но во Библијата-нема такви работи! ------------- SOLI DEO GLORIA |
Секој може да верува што сака, јас (ние) верувам (е) дека се’ - што значи и спортот и рекреацијата, и победата и загубата - доаѓа од БОГА и им служи за добро на оние кои што не Го одбиваат (туку Го љубат) Евангелието на Неговата Милост (Христос)! Словото БОЖЈЕ - Тоа е БОЖЈИОТ Логос - е безкрајно поголемо од секое Свето Писмо, дури и од Најсветото, Кое прекрасно сведочи за Него! Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. Ев. Јован 1:3+10 Зашто, сè е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во веки и веков. Амин! Римја 11:36 ------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
Абе и тој што изгуби на натпреварот BELONG TO JESUS, само што него никоj не го фотографира. Зарем Бог и Исус ќе ги одбираат само оние кои победуваат ??? 45. Затоа што Тој го остава Своето сонце да грее над лошите и добрите, и праќа дожд на праведните и грешните. Mateja 5 ------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma. |
Јасно се гледа дека овој што го гледаме се радува и се гордее со победата.
Ама нели нечини да си горд, бидејќи ... :
Дали во овој случај губитниците му се помили на бог или овој кој горделиво стои во позиција на победник? Или тоа не важи сега, оти се работи за јавно изразување верба во Ицката*! Оти сепак, бог си е бог, не е зезање! *- Ице, Ицка е нагалено од Ристе, Ристо, наш превод од Христос! Р.Ѕ. Ах Спиросе, Спиросе, куќо стара ... си напишал со ептен ситни знаци, па одвај „денеттисав“ дека не се работи за некаква линија, туку за морзеовиот код!
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда! |
Испечати | Затвори го прозорот
Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk |