IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 22>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2014 во 13:45
не е грешка, тоа е бидејќи знам однапред дека ќе биде добра стихотворбата...
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2014 во 13:40
Пак по грешка?голема насмевка
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2014 во 13:28
првин ставив лајк, а потоа ја прочитав...
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2014 во 13:10

СИНА СВЕТЛИНА

 

Ја чекам секоја ноќ стуткана во топла темнина,

На чекор пред зората сина светилна на прозорецот,

И се прашувам дали јас тоа повторно сум дете

Претерувам, измислувам, замислувам ....

 

Зимските утра за мене се обоени во сино,

Ме гледаат ко луда луѓето што живеат во сиво,

И се прашувам од што црпат надеж и сила,

Не веруваат, одрекуваат, одбиваат ....

 

Ми рече очите ми се како црно мастило,

Се колне дека зеницата ми се разлева,

И се прашувам дали знае за сината светлина,

Чудо над чудата, магија, сон .....

 

Не, не е изговор за непроспиени ноќи,

Сината светлина го осветлува моето небо,

Се прашувам дали е тоа сурова убавина

Ладна, омразена, не сакана .....

 

Сина светилна во одраз на огледалото,

Исцртана патекаод зраци како тенок лед,

Се прашувам дали знае што значи

Вечност, душа, бесмртност .... 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2013 во 18:36
- Светот не е црно - бел за сите! - го подигна тонот, нетрпеливоста се излеа од него во вид на свиленкаст глас.

- Точно е ... не е за сите ... за некои е .... Едните се бели како Северниот пол .... Други се црни како ноќ без месечина .... Некои еднолично го делат утрото и вечерта секој ден .... Но не ти, не јас ... ние не припаѓаме .... НИКАДЕ! - го нагласив последниот збор надевајќи се дека барем еднаш ќе успеам да ја нацртам сликата јасно. 
Се изморив од премногу зборови, останаа празни, одбиени од сунѓереста мека облога на приватен апартман во луксузниот дел на животот наречен „Лудница“. Деновиве зборовите се само мисли кои не се трудам да ги изговорам гласно, не сакам, дури ни кога ќе ми се обрати со обично „Како си?“ во главата ми се формира монолог во пет чина за да дадам соодветен одговор на толку обично прашање. И одбив .... одбив со два збора процедени низ стегнати заби .... „Жива и здрава“ му реков и пак се вратив на мислите .... НЕМА ДА ГО НАПИШАМ МОНОЛОГОТ, НЕМА ДА ГО НАПИШАМ МОНОЛОГОТ, НЕМА ДА ГО НАПИШАМ .... 

Го пишувам! 

- Не е точно! Ние можеби не припаѓаме таму надвор со сите, но тука припаѓаме еден на друг. Ме имаш мене, јас те имам тебе тоа е доволно. Нема мешање на бои.

- Грешиш. Ние не можеме да припаѓаме еден на друг. Ти си сив .... ги мешаш црната и белата како да не ги разликуваш, дури и кога ќе ти ја покаже некој ко за инает велиш дека таа бела лесно ќе премине во црна кога ќе ја допре нешто валкано. Обратното потешко ти оди, не прифаќаш дека и ноќта некогаш ја допира утрото и огрева сонце. Затоа ти си Сива. 

- А што си ти? Кога веќе се знаеш однапред и пред да ти биде кажано, кажи ми која си ти? - сега веќе се одалечува, можев да почувствувам како ме шиба ледениот ветер. 

- Јас сум ЦРВЕНА. Еднаш ти дозволив да ја видиш, се обидов да ти ја нацртам, да те натерам да ја почувствуваш, да ја присвоиш и посвоиш... Ти одби, јас заминав. Затоа сега ја користам за повлекување на граници, никој не сака да помине Црвена Линија без дозвола, а јас не ја давам никому.

- Велиш дека ова е монолог, зошто тогаш има двајца во него ... Зарем тоа не го прави ДИЈАЛОГ? - завршува со шепот.

- Пак грешиш. Ова е монолог, мој монолог .... само ти пак не можеш да го препознаеш .... а јас не сакам да зборувам ..... 


Изменето од Blue Scarlet - 10.Декември.2013 во 18:44
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2013 во 20:51

Ебем ли го, не го сакам сонцето...
насабајле...
вкус...
од ситни капки...
прљава утринска скопска магла...
боцка по лицето...
очите печат...
дим на цигари...
некој ебан бирцуз...
влажен воздух...
го голта пијаниот здив на жолтата...
тиквешка...
полни чашки...
млада провинциска конобарка...
не служи такви, пијани...
загледани во деколтето со бујни...
бели цицки на кафанската певаљка..
обезглавени во лавиринтот на сопственото...
лудило...
среќни во немоќта да смениме нешто...
после пијанка во друштво...
на самозамислени боемски души...
машко-женски пропалитети...
кога не се сеќавам...
пред која од оние...
жени...
облечени во плашт на ебена женска еманципација...
ноќта...
сум си ја соголил душата...
и си мислам....
мора...
да личела на...
тебе...
штом уживам во глупоста...
на сопствената мисла...
за казната како дар...
не знам зошто...
секогаш се трезнам...
загледан во вратите...
на Соборна...
чекам да се отворат...
да влезам...
запалам свеќа...
небаре...
тој студен мир на божјата милост...
ќе ми ја исплакне душата...
и си одам...
можеби следната ноќ...
ќе заспијам...

сам...







Изменето од којсумјас - 05.Декември.2013 во 06:31
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (2) Благодарам(2)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:56
Postojiš jer si tu...na dnu


Nešto uvek mora biti
nešto se mora desiti...o nečemu maštati
Tako ljudska bića žive
žudnja,prkos...truli snovi

Kada ne vidiš,onda ubijaš
ubijaš sebe,ubijaš sve oko sebe
Snove za otvorene oči i u njima ništa
učili te da gaziš,da pljuješ

Svi u jednom pakovanju idu
pričaju o planovima za sreću,zaborave da žive
Zovu sebe pametnima jer su pametni svi
strah producira zabavne frustracije

Nešto uvek mora biti
nešto se mora desiti...o nečemu boliti
Tako umire svet,običnim glupostima
uvijene u skupi poklon očekivanja

Moraš se nečim baviti,smišljati planove
prisutan posvuda i dostupan svima
Promatranje ljudi je skupa navika
ostaneš na dnu,ostaneš tu...na vrhu





Изменето од Joshua_Tree - 02.Октомври.2013 во 19:26
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 20:18
валкано...треперам во твоите желби да ме проголташ ...неспретно yбиен. 
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 20:00
Мирисаш на боја


Кога не сум сам не мислам
колку е тешко да бидам цвет
Како е да бидеш туѓ,како е да бидеш некој друг
како е да мирисаш со сила на цвет од зумбул

Те цртам тело предадено
цртам гради,колкови...нема очи
Скеч или акт,сомнеж или страв
треперам во твоите желби да ме проголташ

Мирисаш на боја,досадна и сува
кога дождови ја мијат твојата валкана душа
Мирисам и јас на пот,валкан и студен
...неспретно убиен

Мирисаш на боја
свет си за други раце,за друга слика
Новите светови носат нови болки
и така по ред,и така се во след

Чистилишта,училишта за душа
еднаш,двапати...до безброј исти такви
Вртат слики на силен оган
...пискот за еден нов живот,за нов лик


“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2013 во 12:32

 

- „Ако годината има тринаесет месеци, значи ли тоа дека животот е подолг иако е скратен?“  - ме натера да го кренам погледот од меурчињата собрани на ѕидот од чашата со вода. Убаво е да се слушнат не филтрирани мисли, усно пренесени онакви какви што се родиле во неговата глава. Зошто сметаше дека јас треба да ги имам потребните одговори на неговите прашања? Ми ги поставуваше на мене иако реално секогаш беа негови. Никако да го натерам на реченици без прашалници на крајот.

- „Ако ти живееш во есен, не значи дека годишните времиња нема да се менуваат“ – воздивнав.

Ги собра веѓите и две строги линии му се појавија на челото. Ми изгледаше постар од последниот пат кога го видов а јас се убедував себе си дека тој секогаш ќе остане ист за мене – внатре и однадвор. Сенката од сонцето ја носеше во своите очи, не зад себе или пред себе како сите други. Затоа ги сакаше облачните денови, за да не биде толку очигледно нејзното отсуство.

- „ Колку време се задржува горчината од кафето во твојата уста? Кај мене трае предолго, ме тера да се откажам и да престанам да го пијам а ете ме пак со филџанот во раце.“  -  одмавна со главата во сопственото неверување.

- „Еден вкус менува друг – решението е лесно, но дали сакаш да го смениш? Дали јас сакам да го сменам?“  - ја стегнав чашата со вода во рацете – „ Се е подобро од нешто без мирис, без вкус“

- „Што е со допирот?“ – праша поминувајќи со палецот по мојата долна усна.

- „ Не треба секогаш да влезеш во мене за да бидеш вистински ВО МЕНЕ“ – се развртев околу нас.  Не ми беше грижа дали некој може да не слушне, ионака немаше да не разбере, само сакав да видам дали ќе се роди завист во мене кога ќе наидам на едноставни луѓе со едноставни врски во едноставен живот.

- „Не би го менувала она што го имаш со мене никогаш. “ – ете ја изјавата со точка и без прашалник на крајот.  Аглите на усните му беа искривени во зајадлива насмевка.

- „ Зошто да менувам нешто кое секој ден само по себе се менува, денеска те сакам, утре ќе те мразам, задутре ќе те почитувам, следниот месец ќе те игнорирам ..... а сепак секогаш си тука“

- „Дојди, сега навистина сакам да сум ВО тебе“ – ја испружи раката фрлајќи неколку банкноти на масата.

- „ Ах, патот до вториот круг , мојот омилен дел од пеколот “ – се насмевнав, во телефонот уште ми беше запишан како Данте, тоа никогаш нема да го сменам.

Кога чекорите замолкнаа дури тогаш започна патувањето....

 



Изменето од Blue Scarlet - 24.Август.2013 во 12:33
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2013 во 13:39
koga jas i ti sme samo kratok izblik vo zitnoto pole
sfakjam deka vredi
da se prebaruva toa zlatnoto zito
ne deka kje go pronajdam izbikot
no, cuvstvoto deka toa tamu nekade e
e neopisivo
a mnogu dozdovi pocnaa i zavrsija
duri i zitata bea sobrani i pak naseani
samo ed....

poarno da ne prodolzuvam, oti kje pomislam deka stanav agronom

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2013 во 05:24
Originally posted by Joshua_Tree Joshua_Tree напиша:




Bela s(l)ova


<div ="entry"="">
                    
                         

Kako je priroda dosadna

daje svemu svoje seme,svoj sled

Krećem sebe u krugu ludosti

privlačno na izgled<span id="more-70087"></span>


Važnost tačke posustaje

nema novog u velikim slovima




Nešto u nečem se razvija i stane

poprima oblik velike aždaje


Otmeno vučem sebe na dnu

privlačno za privlačne,mrtvo za mrtve

Zanimljivo je kako umire svet

ne zna za njušku…samo je ponosito pokazuje


Budim drveće,budim noćno cveće

bela s(l)ova posmatra nesanicu

Ne spava,ne sanja

vreba genitalije…bulji u oči


                         
                                                       
                    



na zlatniot nakit mu prilega izlog od zlatara, tezgite se za bizuterija...   

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2013 во 17:16

„Еден век самотија“

 

Разбрав дека ги сака црно-белите филмови,

Имал проблем со прифаќање на бои без распоред,

Не зборува многу и има титлувани чувства,

Убаво распоредени на речиси убаво лице.

 

Сфатив дека повеќе сака да допира и слуша,

Со рацете е мајстор на необработена глина,

Има замаглен поглед скриен во чад од цигари

Додека бира вртуози за неговата сцена.

 

Времето го мери со песочен часовник,

Едно зрно песок за цела пустина вреди

Додека во ноќта го повикува ветрот со молитва

Да донесе дожд да го одмие сонот распослан.

 

За него велат дека е лоша вест во убаво утро,

Пантомимичар на градскиот плоштад без стаж,

Без минато и иднина спакувани во излитена торба,

Бакнува и сака сега – се почнува и завршува денес.

 

Носи потерница во џебот скоро четириесет години,

За херој со верба во судбина и љубов за еден живот,

Да живее и дише во дует по еден век самотија

Таму на крајот од патот да има место за двајца„ без резервација“!

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2013 во 19:45

.... „ Ми веруваш?!?“ – одекна прашањето со низок тоналитет како да се наоѓаме во хала а не во соба. Ми се наежи кожата, како некој со шмиргла да помина по рапава површина така ми звучеше. Пречки во преносот и приемот на информации, сигналот е слаб и се губи додека потсвесно ми никнува втората глава и се претворам во чудовиште.

  Одбивам да се свртам, знам дека ме чека испитувачки поглед кој ќе го бара одговорот онаму каде што е немо запишан иако јас одбивам да одговорам ... во тоа се сложни и двете глави и со климање ја потврдуваат одлуката како исправна. Умеам да бидам многу тивка – Војна на тишината – така тој ја нарекуваше мојата потреба да се вовлечам во себе и да молчам, сите да молчат дури и дишењето да го ставам на нечујно.  Се обидувам да му го предвидам следниот чекор, знам дека нема да се откаже, барем не без фер борба. А можеби и се надеваше на лесна победа како резултат на пост-оргазмична состојба?!? Кој ли ќе знае од каде излета прашањето, кога дури и Господарот на Светот знае дека на него постои само еден одговор, не променлива величина кој води во долга и исцрпувачка битка со прашања, и прашања и под – прашања .....

  Молчи, само прстите му лизгаат лесно по должината на мојот р’бет ... се обидувам да се видам себеси од плафонот како со расфрлани прамени преку лицето одбивам да мрднам. Двоглавото чудовиште ми се смее како на размазено дете.

„Пак го местиш лавиринтот на маса а знаеш дека излезот го користам само јас, зошто?“ – го натерав гласот да се покори иако ме потсети само на тоа колку ми е суво грлото .....

„Морам да знам, .... да слушнам .....  и ќе продолжам да прашувам се додека не го најдам одговорот кој е исправен, не оној кој сакам да го слушнам или оној кој ти мислиш дека е доволен.“ – сега веќе гласот му е сонлив, некој би помислил дека се разнежнил па лежи стопен од чувства, ослободени меѓу чаршафите.

„ Собава мириса на секс и пот, пред неколку минути се слушаа животински звуци помешани со судир на две тела, ме бакнуваше и јас враќав на бакнежите  со се што имам. Во одреден момент ги затварав очите а во друг ти го барав погледот. Можеш ли да бидеш задоволен со толку? Кога ќе се откажеш од потрагата по белото знаме?„

„Кажи ми дека не си вљубена во дух? Можеш ли да ми кажеш дека кога ме допираш ме допираш мене? Зошто твоите слики немаат лица, упорно одбиваш да ги насликаш или вешто ги криеш во убаво изрежирани пози?“

Се прашувам дали прашањата навистина ми се поставени мене, дури и ја накривив главата за да можам да се фокусирам подобро на двете линии кои му се појавија на челото. Се појавија на првото прашање и уште се тука, но сега како да се подлабоки, дури и неколку капки пот се изгубија во нив.

„Допирам тело, ти го давам своето, зарем тие не се креација на задоволството. Зошто ги имаме? Зошто ги делиме? Зошто ги посакуваме? Можам да прашувам до утре ако сакаш одговорот е секогаш ист со љубов или без љубов, сурово или романтично тоа е.  Моите слики се замена за моите поеми, таму во нив има душа.... како можам да нацртам лик без душа?“

Знам дека не му одговорив ПАК. Знам затоа што двоглавото чудовиште уште беше тука и одбиваше да се повлече. Се вратив на својата страна на креветот, чекаше тој, чекав и јас...

Пред да стане од креветот ме бакна, уште еднаш  ..... 



Изменето од Blue Scarlet - 20.Јуни.2013 во 19:49
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.