|
Спорт и Вера |
Внеси реплика | страница <1 56789 12> |
Автор | ||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Амин!
|
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Еден вистински Христијанин засигурно не го велича својот БОГ со тоа што пролива туѓа крв и му нанесува бол на својот ближен, во животот но и во спортови како што е на пример боксот! Што се работи за спортот воопшто, или конкретно за случајот во “спортот“ на телеграфијата (која што е само бледа сенка од Духовната комуникација), во кого што ти си победил еден христијанин (кој јавно се молел пред да почнете со надпреварот), јас како прво незнам дали тој христијанин е вистински Христијанин, или дали се молел само од сујетни побуди за исто таква победа. Доколку тој се молел од сујетни побуди за сујетна победа, јас се радувам за него (и сличните на него) што го изгубил надпреварот и се надевам дека ќе ја сфати и научи лекцијата која што ќе го внесе во вистинската (и неизмерливо поважна и поголема) победа! Во секој случај, вистинските Христијани никогаш не се молат за сујетна победа, туку пред се’ за слава на БОГА (Отецот), за Царството Негово и за Волјата Негова чиста, Која потполно оддадено Ја прифаќаат како сопствен Господ во Исуса Христа! Што се работи пак за лажниот “бог“ кого ти го спомена ... Да, навистина тој е лажниот “бог“ кој што го негира Евангелието на Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, а толерира или дури велича крвопролитие, насилство, неправда, лага, ... !
Не златник, никогаш не ќе можеш нити да видиш, се’ додека не се разбудиш и почнеш (со телесните очи, кои што ти се дарени) да гледаш.
Златник, *Светата Мудрост (Милост) БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, покрај *Светиот БОГ и Неговиот *Светол Дух, е нешто најважно воопшто! Кога Совршениот БОГ Го жртвуваше отелотворувањето на својата (повеќе од се’ сакана) уникатна и првородена Мудрост, Тој - пред се’ - се жртвуваше себеси, од Љубов кон нас сите! Затоа те молам, најважното - чијашто вредност за жал не си (во моментов) во состојба да Ја сфатиш, а уште помалку да Ја процениш - да престанеш да (се обидуваш да) Го валкаш, бидејќи така на своето небесно конто си собираш болки и маки за коишто не си свестен, а еден ден ќе се чудиш што те снашло! Но, за да не се чудиш, еве ти посведочувам и кажувам однапред да знаеш, а во најдобриот случај да сфатиш и да се обрнеш, одкако искрено ќе се покаеш. Биди поздравен и благословен, како ти, така и твоите најблиски, со најголемиот можен благослов. Амин п.с. Долговите коишто ги прават родителите, по правило паѓаат и на нивните наследници! Затоа е од неискажива важност да Го прифатиме Небесниот Отец во Кого нема грев нити лошо наследство, а да го одфрлиме Неговиот непријател, кој што е извор на гревот, лагата, убиството, ... и е духовен отец на сите коишто Го одфрлаат Евангелието на Милоста БОЖЈА! Изменето од spiros - 09.Јуни.2013 во 00:24 |
||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Личната вера во БОГ секако дека има влијание во спортот, исто како и во сите други работи во животот. Овде пред се мислам дека БОГ ги услишува молитвите на верниците да ги чува од повреди, или да им даде концентрација и слично.
Но, смешно е и да се помисли дека БОГ се меша во самата игра и го определува победникот. Сепак, спортот е само игра, забава и рекреација . И во библиски времиња имало спортски игри, апостол Павле ги спомнува атлетските трки , спомнува дека вежбањето на телото е корисно, но најкорисно е да ја трчаме "трката на животот." Никаде не можеме да најдеме пример во Светото Писмо дека БОГ му помогнал на некој натпреварувач да победи . П.С. Поздрав до брат Спирос, Месинџер , Златник, Ли Дивио, Орка, Викторија, Клара
|
||||||||
SOLI DEO GLORIA
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Не е само смешно, туку е крајно потценувачки кон Бога. Замисли... Совршениот Бог ќе проценува кој спортист најмногу и најубаво му се моли и според тоа ќе застане на негова страна и ќе му помогне да го победи другиот ! Аман ! П.С. Позрав и до тебе стар пријателу ! |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Конечно еден одговор во кој не се наведува некој цитат од библијата:
Да не сака да нанесува болка или пролива крв, тој нема да се бави со бокс! Ама сепак, во исто време се декларира и како верник - христијанин. И другите мора да ја почитуваат таа негова определба. Е сега, дали е вистински?! Значи ти, освен што ги делиш луѓето на кривоверници и правоверници во однос на другите вероисповеди, сега вршиш поделба на луѓето на вистински и невистински верници во рамките на една религија! Нели е тоа малку ... како да речам, а да не те навредам, егоистички пристап, малку нарцисоидно? Значи се што не се совпаѓа со твоето гледање на работите, за тебе е лажно, кривоверно ... само тоа твоето е она вистинското! Ако одиме по таа твоја логика на размислување (дека некои верници не се вистински христијани по однос на изборот на спортот), тогаш што да речеме за другите области од човековото живеење? Што ако некои не се вистински верници по однос на воспитувањето на децата! Или ако некои не се вистински верници по однос на (зошто да не спомнеме) сексуалниот живот! Имањето повеќе девојки или момчиња пред брак или секс пред брак или во брак ... Еве, да речеме за последново. По сфаќањето на некои христијани, тие иако се во брак, освен за создавање деца, не треба да имаат секс со сопствената сопруга. И секој кој тоа го прави, за нив е богонеугодно т.е. тој кој тоа го практикува не е вистински христијанин. И? Колкумина од христијаните ќе останат вистински, ако почнеме да ги „стандардизираме“ луѓето по разни критериуми?
Што има врска телеграфијата и „Духовната комуникација“? Јас телеграфијата ја спомнав само во контекст како еден вид спорт, односно како поле за измерување на способностите на луѓето, а не како некаква мистична, духовна поврзаност! Мојата победа (сега зборувам конкретно само за мене) ја постигнав со неколкугодишно секојдневно вежбање, по 13-14 саати на ден. Затоа не ми беше потребна поддршка од никој друг, па ни од бог. Истото е и со другите спортисти. Ако имаат талент, ако упорно вежбаат, ако се целосно внесени во соодветниот спорт (или било што друго) мора да постигнат успех и, тој успех нема да биде заслуга на божјата помош, туку исклучиво нивна. Ајде, ти како вистински верник, кој без никаква суетност со сигурност ќе ја посветиш победата на твојот вистински бог, играј шах со Карпов! Што мислиш, бог ќе ти помогне? Но, еве и овој, телеграфистов, не бил вистински! Ама сега оправдувањето ќе го бараме во суетноста. Значи ако победи, тогаш е вистинки верник, демек сакал сопствената победа да ја прикаже како победа на бог, а ако изгуби, тогаш не е вистински верник оти бил суетен ...! Но ако подобро размислиш ќе сфатиш дека тој со самото тоа што јавно се крсти и моли, јасно дава до знаење на другите дека бара помош од бог и јасен е заклучокот дека заслугата за победа ќе биде негова (на бог).
А што, твојот бог не го прави тоа? Па целата библија е проткаена со такви настани. Ама разликата е во тоа што бог тие работи ги оправдува само за сопствениот (еврејскиот) народ.
Аха, значи едни се кривоверни, други не се вистински, а еве во случајов јас сум „заспаната убавица“, а?
Токму за тоа претходно зборував, дека бог не го жртвувал својот син. Жртвување е кога некој ќе даде нешто неповратно. Луѓето практикуваат палење свеќи (кое го симболизира жртвувањето на животно т.н. жртва паленица, за угоден мирис на бог). Дали тие го палат животното и потоа пак го враќаат во живот? Некои верници (незнаејќи, а мислејќи дека прават богоугодна работа) оставаат масло (зејтин) во црквите, некои оставаат пари, некои други работи ... Дали треба после тоа пак да си ги земат назад? Исус ќе бил вистинска жртва ако не го оживеал татко му. А овака ... прво го утепал, па по 3 дена пак го оживеал ... Која е тогаш целта на жртвата?
Јас никого не валкам, бидејќи нема кого да го валкам. Само изнесувам факти. А ако ти или некој друг верник нема да даде соодветно објаснување за тие факти, тогаш тоа не значи валкање. И, како ќе реагираш ти ако некој од друга вероисповед ти рече да престанеш да ги валкаш нивните богови, нивните убедувања, нивните верувања и погледи на свет? Ти ќе го прифатиш тоа или и понатаму ќе продолжиш да си го величаш сопствениот бог ама за сметка на другите?
Ова ли е сликата на твојот бог? Ова ли е твојот милозлив, непогрешлив, семоќен, праведен ... бог? Да ги убива децата на грешниците! Нека го казнува прекршителот, а не неговите наследници. Ќе речеш, тоа е најголема казна на грешникот. Но, тоа е гледано од човечки аспект. А штом бог е нешто посовршено нека изнајде соодветен начин на казнување на прекршителот. Зарем ти не рече дека децата се нешто најчисто и му се мили на бог? Зошто тие да страдаат за гревовите на родителите. И како ова јас да го прифатам и плус да им го објаснам на моите деца за и тие да станат верници? Ова твоево е само еден начин од вашата стратегија на застрашување на народецов, да прави како што му се вели и да си ќути, отиии ... отидоа децата ...! |
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Така е брате КингДавиде!
Да, исто така во Светото Писмо никаде не гледаме дека чедата БОЖЈИ комуницираат преку интернет (кој што всушност е само една бледа сенка од Духовната комуникација), што незначи дека денес тоа нее така.
Ниеден сегмент од нашиот живот - а тука припаѓа и рекреацијата, и забавата, и спортот, ... - не е сокриен од лицето БОЖЈЕ (Христос), нити пак може да се надбљудува како потполно одделен од Неговото (директно или индиректно) влијание! Јас БОГА не го ограничувам. Ако Тој сака некому да му ја додели победата, Тој засигурно тоа може да го направи како што Тој сака, (на пример) праќајќи ветер во еден даден момент, праќајќи еден Ангел или дури директно преку Неговиот Дух! (Незнам дали си знаел дека во Исусовиот мајчин јазик, зборот Руах истовремено значи ветер, ангел и Дух!? ) Сега ама треба да се сфати дека некогаш и загубата во животот, спортот, рекреацијата, ... има големо влијание и значение во однос на најважната победа! Да, оние кои што веруваат на Евангелието за Милоста БОЖЈА, некогаш нивната загуба ги води во најголемата победа, додека неверниците на Евангелието за Милоста БОЖЈА, нивната победа ги води (подлабоко) во најголемата загуба! Поздрав и најдобри желби, до сите п.с. Како што (од погоре) веќе ние познато, Панчев и Пандев се најуспешните македонски фудбалски интернационалци, кои (и двајцата) го имаат освоено “шампионслиг“, исто како што и двајцата имаат играно за Интер Милано. Дали знае некој како (во Милано, во својата 33 година) кон верата Христова беше обрнат Св. Августин, што значи зборот интердепенденција и што значи зборот Пантократор!? Подолу на сликата: австрискиот регионален фудбалски клуб “Пашинг“, кој што годинава ги смачка сите конкуренти, а во финалето го победи и австрискиот шампион - Аустриа Виена! Ако ова не беше (фудбалскиот) Давид против Голијат, тогаш незнам што? Изменето од spiros - 09.Јуни.2013 во 13:41 |
||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Како успеа католичкиот бог на Надал да го победи православниот бог на Ѓоковиќ (и тоа се прекрсти едно 50 пати).... ПС: Шпанска митологија: Надал - Бог Шљаке. |
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Е сега, немој и ти со толку тешки прашања... кој ќе измислува нови песнички и рими, кој ќе бара нови сликички, нови излагања надвор од темата и ставање шупливо во празно. |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Кога Ѓоковиќ за првпат го зазеде првото место на тениската ранглиста - ако ги следевте неговите медијски интервјуа - тој фалбаџиски изјави (заборавајќи како повеќепати очајно го молеше БОГА за помош) дека тој лично ќе ги сруши сите тениски рекорди! „Бог се противи на горделивете, а на понижните им дава милост”! Еп.Јаков 4:6 п.с. Името Рафаел има еврејско потекло и значи Се’моќниот исцелува, додека Надал има каталанско потекло и значи Божиќ! ·−· ·− ·−−· ···· ·− · ·−·· −· −−− · ·−·· |
||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ако сметате дека верата ги определува спортовите, тогаш се лажете... може некој и калуѓер да е, а да не постигне ништо, а тотален атеист и борец против религии, може да се накити со цела хала од трофеи... се сомневам дека ќе разберете што ви збори златник
спортовите се местата каде што вештината, напорниот труд и вложеноста во работата, ве носат до врвот... а среќата може да го следи секого, без разлика на верата и на тоа колку некој се моли и пости... да не збориме па за тоа каква корупција, бизнис и политика е спортот, ако таму го барате вашиот бог (кој и да е), тогаш со среќа нека ви е... |
||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Господине забеган, јас вас сите потполно ве разбирам што сакате да кажете, но се плашам дека вие не Ја разбирате Совршената Вистина, Која што е Милоста БОЖЈА! Спортистот - без ралика дали теист или атеист - за да успее му треба една известна (барем минимална) доза на здравје, здрава околина, животопријатни услови, сила, мудрост, решителност, оддаденост, издржливост, упорност, талент, ... среќа! Така? Е, ако е така: што мислите вие, овие фактори и таленти, па дури и способноста тие да се развијат и умножат, од каде потекнуваат? Кој е нивниот Извор? Ние веруваме дека се’ што е добро, позитивно и вистинито потекнува од Единствениот Вистински Творец (Отец)! Поздрав Оти, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си добил? А штом си добил, зошто се фалиш, како да не си добил? 1 Коринтј. 4:7 |
||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Така е zabegan, се сложувам со тебе иако јас сум верник( не знам за тебе дали си верник) . Овојпат не се сложувам со брат Спирос, туку повеќе со Златник , исто така точно е и тоа што го кажа Меси погоре во својот пост. Смешно и богохулно е да мислиме дека БОГ се меша во спортот и го определува победникот, или дека му дава победа на оној кој посилно се молел. Нема попаметна работа БОГ па ќе им се меша на луѓето во нивните играчки и рекреации? Ако такво нешто пишуваше во Библијата, тогаш ок , ке се сложев со брат Спирос. Вакви нешта може да најдеме само во измислените приказни во митологиите, но во Библијата-нема такви работи!
|
||||||||
SOLI DEO GLORIA
|
||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Секој може да верува што сака, јас (ние) верувам (е) дека се’ - што значи и спортот и рекреацијата, и победата и загубата - доаѓа од БОГА и им служи за добро на оние кои што не Го одбиваат (туку Го љубат) Евангелието на Неговата Милост (Христос)! Словото БОЖЈЕ - Тоа е БОЖЈИОТ Логос - е безкрајно поголемо од секое Свето Писмо, дури и од Најсветото, Кое прекрасно сведочи за Него! Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. Ев. Јован 1:3+10 Зашто, сè е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во веки и веков. Амин! Римја 11:36 Изменето од spiros - 10.Јуни.2013 во 02:23 |
||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||
Внеси реплика | страница <1 56789 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |