|
Спорт и Вера |
Внеси реплика | страница <1 45678 12> |
Автор | |||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Пак се фаќаш за негативните примери, ги потенцираш и повлечуваш надоле, а? Јас никаде не ги споменав крвниците и мафијашите, ниту пак нивните “крстења“ и “благодарности“ кои засигурно не Ја прават Волјата БОЖЈА и Го восфалуваа БОЖЈЕТО Име! Но тие - како што изгледа - кои што Го мразат Името над имињата и уживаат да го девалвираат, постојано се држат и перманентно ги спомнуваат негативните (анти) примери! Зошто е тоа така? Можеби тука важи реченото ... ? Со што е преполно срцето, тоа се прелива преку усните! Ев.Матеј 12:34 Изменето од spiros - 03.Јуни.2013 во 23:46 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ах таа вистина ...
Доколку јас го имав истиот стил на пишување (со песнички и сликички) т.е. ако мене прво ми текнеше да ја „склепам“ песничкава и да ја поставам сликава, што мислиш, на што би се однесувале тие, односно каков коментар ќе следеше? Можеше ли да биде на пример: „Доста веќе со тие прикаски за бог. Не сум веќе мала да верувам во нив! Јас самата сакам да ја осознаам вистината, а не (како некои) да ја примам како што друг сака да ја претстави!“
И потоа да додадам: „ ете и децата веќе почнаа сами да размислуваат и да разбираат ...“ А што се днесува за ова:
Зошто овие ги нарекуваш негативни примери? Па зарем не се и тие по божја воља? Нели ништо на светов не се случува без негово знаење, без негово одобрување, без неговата воља? Токму на такви негативни примери треба да се запраша човек, како тоа јас, кој сум чесен, праведен, кроток, богобојазлив, која се моли на бог и не прави лоши дела ... да живеам тежок, сиромашен живот, да ме снаоѓаат болести и несреќи ... а овој „негативецов“ кој нанесува бол и страдање на други луѓе, да ужива во животот? Од ова неминовно се наметнува еден заклучок: или бог намерно дозволува да има вакви негативци или пак не е способен да се справи со нив. Трето мислам дека нема.
Еве зошто на Орка му рекв дека е добро да има повеќе присутни на форумов. Тогаш шансите за вакви бисери се многу поголеми. Навистина, како тоа богот на Касиус Клеј дозволил да победи богот на „кривоверниот“ Мохамед Али? А, Спиросе? |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ајде Бе Спиросе, што те нема? Обично веднаш одговараш, а еве сега те нема!
Да не вртиш листови од библијата, барајќи некој соодветен стих за Касиус Клеј! Р.Ѕ. Мало зезање. Не ми се лути. |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Само дадов друг агол и одма триста етикети добив...Простено нека му е
Но кога тоа го препознавам како нехристијански,попаметно е да си молчам отколку со иста мерка да враќам. Моментот насловен како Божјата рака.Кој љуби од слика да направи приказна нека повели |
|||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
spirose, ти не ги користиш појавните нешта за доаѓање до непристрасно и објективно осознавање за Бога и Божјите манифестации, туку си креираш некоја твоја приказна, па за да си ја одбраниш и "докажeш" си одбираш само некои појави кои ти одговараат за неа, негирајќи ги сите други. А да... и ако некој ти го посочи тоа, аргументирајќи дека приказната не ти е доследна, а со тоа е неиздржалива, тогаш во недостаток на аргументи, веднаш лично се настрвуваш против соговорникот со безмилосно лепење етикети "надувенко", "го мразиш Бога", "ги мразиш апостолите, "девалватор", "неверник", "кривоклетник"... однесување кое е истоветно со оноа на муслиманските екcтремни фундаменталисти, но овој пат претставено од друга страна. А во таквото однесување нема ниту "Х" од Христијанство и христијанско однесување. Изменето од Messenger - 04.Јуни.2013 во 20:45 |
|||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Вистинското Христијанство Го восфалува БОГА со убави работи, меѓу кои засигурно се и мирољубивите спортови, додека вие исполнети со омраза и клеветство (како пијани за плот) сте се фатиле и се држите за негативните примери, кои (за жал) потполно спротивно од учењето и праксата Христова го злоупотребувале (и злоупотребуваат) истото! Е сега, јас за самиот себеси никогаш не сум рекол (нити пак ќе речам) дека сум достоен да се наречам вистински Христијанин, но тој Кој што (и мене) ме возљубил и се дал Себеси, засигурно е вистинскиот Христос - Мудроста на Се’држителот! Во споредба со Неговото сознание и објективност во Христа, вашите антихристијански “објективности“, “сознанија“, “филозофии“, “светогледи“, ... се сујетна заблуда! п.с. Би било навистина добро кога сите (свестни и несвестни) залутани фундаменталисти на овој свет, би Го нашле вистинскиот Фундамент на човековото и секое друго постоење, кое што е Љубовта БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа! |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Само го потврди оноа што сакаме да ти го предочиме. И уште нешто, на темава не дискутираме за "мирољубиви спортови", не дискутираме за "учењето и праксата Христова", за "вистинскиот Христос" и т.н. туку за твоето тврдење дека прекрстувањето игра некаква клучна улога во спортот.
Изменето од Messenger - 05.Јуни.2013 во 01:05 |
|||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Во радост Го чекам Денот кога и умните и мудрите од овој свет, еднаш за секогаш ќе сфатат дека Милоста БОЖЈА е најголемата стварност, тогаш со детско срце ќе Го прифатат Вечното Евангелие (Христос) и безрезервно ќе Му се поклонат во благодарност! |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Мене ми е многу интересно кога двајца спортисти кои се натпреваруваат еден против друг се прекрстуваат .
Интересно е и кога еден од нив на крајот ќе излезе како победник. Дали БОГ му ја даде победата на оној кој имал појака вера ...или? На чија страна е БОГ ? |
|||||||||
SOLI DEO GLORIA
|
|||||||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
na onaa , koja sto pokazala podolema vestina , podobra igra |
|||||||||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
“Bog” ne e na nitu edna strana, tuku tochno na sredina Pobeduva onoj koj ima najaka verba(no ne "slepa") vo pobeda - taa e najmokjna, bez razlika dali nekoj se krsti ili moli… pa taka nekoj pobeduvajki mozhe da vi ja skrshi i vilicata Ne bira strana “Bog”, toa go pravi chovekot - (neli mu beshe zagarantirano pravoto na izbor) pa zatoa i ne pobeduva sekogash “podobriot”. No, nekako mi se chini deka zaboravame na neshto bitno - i drugite imaat verba i molitva..... Zatoa i svetot e takov kakov e! - sose sportot - igra (ponekogash gubish, ponekogash pobeduvash)- a ete, so ista molitva se molish... E sega, naduvano ili ne - takov e mojot "vidik" Ubavo nekoj rekol - bidi ''chovek'', pa potoa shto sakash... Ili so moi zborovi - bidi ljubov(shto i si) - pa potoa shto sakash Изменето од viktorija123 - 07.Јуни.2013 во 13:20 |
|||||||||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Совршениот БОГ е на сечија страна, но (за жал) не е и секоја страна на страната на Совршениот БОГ! Брате КингДавиде, мене во спортот најпојќе ми го чепка срцево и ми ја полни душава кога ќе видам како (одредени) чеда БОЖЈИ Му благодарат на Небесниот ОТЕЦ не само при победа, туку и при загуба! Ние сите би требале да знаеме - она што вистинските чеда БОЖЈИ добро знаат - дека мерилото на Небесниот ОТЕЦ е многу подлабоко, поголемо, попрецизно и поправилно од мерилата на (моќниците и судиите од) овој свет! Секој кој што барем малку е запознаен со Евангелието БОЖЈЕ, тој знае дека Мудроста БОЖЈА чиста (Христос) се даде себеси за сите, но најпојќе за оние коишто (поради известни БОГУ и на вистинските чеда БОЖЈИ добро познати причини) се губитници во овој свет! Затоа Него Го обожавам повеќе од секого и од се’! И мнозина први ќе бидат последни, а последните први! Mat. 19:30 Изменето од spiros - 07.Јуни.2013 во 18:24 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ма и јас во повеќе наврати претходно го прашав за ова, не само при овој случај кога двајца христијани се крстат и го молат бога да победат:
Е сега, колку разбра од одговоров ... тоа е друга работа. Што правиме во случај кога христијанин губи од играч кој верува во друг (нормално, лажен) бог? (Пример Касиус Клеј) Или кога некој христијанин губи од атеист? (Пример Златник) Да, знам, знам ... сега следи : „божјата мудрост ретко кој ја знае...“ Славата негова ...“ „Христос ...“ „Евангелието ... “чисти срца ...“ ... познат репертоар. И, Спиросе, јас незнам, не се сеќаам за ваков пример, затоа те молам, дај помогни ми да се сетам, каде си видел пример каде некој спортист му благодари на бог за загубата?
Р.Ѕ. = малку of topic.
Не ми е јасно. Христос со својата смрт се даде себе си за гревовите на луѓето? Дали тој сам сакаше да се даде или е тоа желба на неговиот татко? Колку јас знам него бог го даде. А овој му се молеше да не го прави тоа. (На крајот, виде-невиде, се помири со судбината и му рекол „нека биде вољата твоја“. И, ај што го даде - го даде (демек со смрт смрта ја победил). Ама колку траеше тоа „давање“? 3 дена. И пак оживеа. Демек, тоа било така, на лажга. Сега ќе те утепам, ама не бери гајле, потоа пак ќе те оживам. И која е целта на таа пародија? Кој кого го мота? Кој кого го мајтапи? Бог сам си прави грешници, сам си испраќа жртви кои ќе ги откупат тие гревови и ги оживува ... Ај, доста е, ептен да не забегам во други теми! |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
http://www.youtube.com/watch?v=f_ljq7oAiOA
Бидејќи нема тема „Менаџмент и вера“ ќе го поставам линкот тука. Се надевам нема да замерите. |
|||||||||
Внеси реплика | страница <1 45678 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |