IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Разведи ме оче, благослови ме!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Разведи ме оче, благослови ме!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Разведи ме оче, благослови ме!
    Испратена: 06.Јуни.2013 во 14:00
 
 
Разведи ме оче, благослови ме!


Малкумина знаат дека секој брак склучен во верски храм, треба таму и да се поништи, па на ваков чекор се одлучуваат само оние кои одлучиле повторно да стапнат пред олтар, но со друг партнер. Според канонските правила, црковна венчавка може да се дозволи само до четири пати, не повеќе


Бројот на склучените црковни бракови секоја година е се помала, а наспроти тоа се зголемува бројот на сопружниците кои бараат раскинување на брачната заедница склучена пред Бога. Само во изминатите два месеци Епархискиот црковен суд донесол одлука да разведе осум црковни брака.
- Бројот на двојките кои бараат црковен развод се разликува од месец на месец и од епархија до епархија, па доколку се бара некој просек тоа би биле три до четири разводи месечно. Иако бројот на граѓанските разводи е далеку поголем, барање за прекин на брачниот завет пред Бога најчесто добиваме од оние кои сакаат повторно да застанат пред олтар, вели отец Бобан Митевски од Скопската православна епархија.

Практиката покажува дека не секој црковен брак завршува во моментот кога и граѓанскиот. Причина за тоа е недоволното познавање на правилата и посебната процедура која е пропишана со црковното право. Малкумина знаат дека секој брак склучен во верски храм, треба таму и да се поништи, па на ваков чекор се одлучуваат само оние кои одлучиле повторно да стапнат пред олтар, но со друг партнер. И тоа смеат да го направат само уште три пати. Според канонските правила, црковна венчавка може да се дозволи само до четири пати, не повеќе.
- За развод на бракот склучен во црква, според канонските правила потребно е двајцата бивши сопружници или еден од нив преку парохискиот свештеник да упатат барање до Епархискиот црковен суд, а конечната одлука, најчесто позитивна ја донесува епархијата потпишана од надлежниот владика, појаснува отец Бобан Митевски и додава дека единствена причина "за да се раздели она што Бог го составил" е прељубата.

Иако канонските правила пропишуваат сложена процедура, сепак во пракса пресудите за развод релативно лесно се носат. Црквата, најчесто дава "амин" на цивилната бракоразводна парница бидејќи е ставена пред свршен чин и нема можност да влијае врз одлуката на сопружниците.
- Во денешно време сопружниците најпрво се разведуваат граѓански, па потоа црковно. Многу ретко доаѓаат на консултации со свештениците или пак со нивниот духовен отец. Тие имаат задача да поразговараат, да им го појаснат светиот чин на венчавање, да им објаснат што значи љубовта и соживотот, за да ги врати на патот на покајување и проштевање. Сепак, праксата покажува дека многу ретки се сопружниците кои си даваат втора шанса, вели отец Митевски. Црквата е загрижена поради зголемувањето на бројот на разводи кој е правопропорционален со наталитетот но, за жал, додава нашиот соговорник, освен молитвата нема други механизми за да го спречи тоа. (Е.А.)


Обредот за црковна венчавка не е ист за паровите кои прв пат се венчаваат и за партнерите кои по втор пат застануваат пред олтар. Молитвата е пократка и поразлична од вообичаената.


Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2013 во 21:30

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 
Глава  19                                  


  3 И фарисеите Му пристапија, Го искушуваа и рекоа: „Дали смее човек да ја остави својата жена по секаква причина?”

  4 А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско,

  5 и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’

  6 Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!”  


Овие зборови ги има кажано лично ИСУС. 


Денес, насекаде во светот, луѓето многу лесно се решаваат на развод и стапката на разводи во многу земји постојано расте. 


Но, за еден Христијанин, кој е послушен на учењата на ИСУС , треба да му биде јасно дека БОГ очекува од оние што се во брак да го одржат дадениот завет.  


Кога го склучил првиот брак меѓу првите маж и жена, БОГ во Светото Писмо јасно истакнал дека "човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело."


Подоцна Исус Христос ја повторил истата изјава и додал: " Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба "  ( 1 Мојсеева 2:24; Матеј 19:9).


Од овие стихови јасно гледаме дека за БОГ бракот е мошне сериозна работа, доживотна врска која трае додека едниот брачен другар не умре. 



"Жената е сврзана додека мажот и е жив. Ако и умре мажот, слободна е да се премажи за кого сака, само во Господа!" ( 1 Коринтјаните 7:39).


Бидејќи бракот е свет, разводот е многу сериозна работа. 



Во времето на древниот Израел во еден период мажите Израелци почнале да се разведуваат од своите жени за да земаат помлади, а тоа кај БОГ предизвикало големо незадоволство и негодување. За тоа можеме да прочитаме во Малахија, како БОГ им се обраќа на Израелците во тоа време :


"И вие го правите уште ова: го залевате со солзи Господовиот жртвеник, со плач и ридање, зашто Тој веќе не погледнува кон приносот. Тој не му е угоден од вашите раце.


 И вие прашувате: „Зошто?” Зашто Господ беше сведок меѓу тебе и жената на твојата младост, на која и си неверен, иако ти беше сопруга и твоја законска жена.


 Не направи ли Тој едно? Освен тоа, остатокот на Духот е во него. А што е тоа едно? Тоа, што Тој бара Божјо потомство! И така, почитувај го својот дух и не биди и неверен на жената на својата младост.


 „Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог - и оној, кој со неверство ги валка своите облеки - говори Господ над Воинствата! И така, внимавајте на својот дух, не бидете вероломни” ( Малахија 2:13-16).



Божјото Слово јасно ни вели дека БОГ го мрази разводот кој нема библиска основа. 











   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2013 во 10:40
Божјото Слово јасно ни вели дека БОГ го мрази разводот кој нема библиска основа
 
Iako e mnogu jasno sto veli Bozjoto slovo
sepak mnogu malku se  pocituva toa  
 
Бидејќи бракот е свет, разводот е многу сериозна работа. 
 
sega stanuva sekojdnevna i obicna rabota ....
 
Денес, насекаде во светот, луѓето многу лесно се решаваат на развод и стапката на разводи во многу земји постојано расте. 
 
za  zal  .....
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 00:33
Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

Божјото Слово јасно ни вели дека БОГ го мрази разводот кој нема библиска основа
 
Iako e mnogu jasno sto veli Bozjoto slovo
sepak mnogu malku se  pocituva toa  
 
Бидејќи бракот е свет, разводот е многу сериозна работа. 
 
sega stanuva sekojdnevna i obicna rabota ....
 
Денес, насекаде во светот, луѓето многу лесно се решаваат на развод и стапката на разводи во многу земји постојано расте. 
 
za  zal  .....

Е така е , за жал... 
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 01:43
Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 
 

Според канонските правила, црковна венчавка може да се дозволи само до четири пати, не повеќе


збунетост


Можеш да ни дадеш објаснување за кажаново ?

Оти ако венчањето е света работа и тоа треба да трае вечно, барем додека двата брачни другари се верни и живи, тогаш како може црковниот канон да одредува до 4 венчавки




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 10:21
ne mozam , ne gi poznavam dovolno kanonskite pravila
ako ne procita ovde Otec  Boban Mitevski mozebi ke ni doobjasni ...
Isto taka i   mene ne mi e jasno ako obredot i molitvata se pokratki za onie koi zastanuvaat
po vtor pat pred oltar , kakov bi bil za tret ili cetvrt pat ???
 
Ili mozebi ima nekoj  razveden vernik ovde  pa ako saka da ni objasni ...
 
  p.s.   pozdrav   do KINGDAVID  
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 14:33
Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

ne mozam , ne gi poznavam dovolno kanonskite pravila
ako ne procita ovde Otec  Boban Mitevski mozebi ke ni doobjasni ...
Isto taka i   mene ne mi e jasno ako obredot i molitvata se pokratki za onie koi zastanuvaat
po vtor pat pred oltar , kakov bi bil za tret ili cetvrt pat ???
 
Ili mozebi ima nekoj  razveden vernik ovde  pa ako saka da ni objasni ...
 
  p.s.   pozdrav   do KINGDAVID  


И канонските правила на Православната црква се лавиринт од човечки преданија кои некогаш се спротивни на Светото Писмо.

ИСУС и Светото Писмо се многу јасни по ова прашање за тоа кога е дозволен разводот. Затоа што луѓето не се послушни на тие заповеди си измислуваат разни изговори.

Поздрав и до тебе Klara-D големо гушкање
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 18:00
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

 
И канонските правила на Православната црква се лавиринт од човечки преданија кои некогаш се спротивни на Светото Писмо.

Амин!



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2013 во 10:40
 
Денес браковите се помалку се склучуваат и се потешко функционираат, од тоа дека ова е ера на високо образовани жени со високи примања способни сами да си купат нови потпетици и да си ја платат сметката за струја со големи апетити да го прошетаат светот и мали апетити да си ги зауздаат желбите, до тоа дека мажите повеќе не се мажи во вистинска смисла на зборот.
Се повеќе се подготвени да најдат некоја златна кокошка на патот, да и климаат со главата и од топлината на својот дом да ги пребројуваат нејзините месечни приходи, па до онакви кои знаат дека денес жените лесно ги рашируваат нозете, па ни во најлош кошмар не би се ожениле под 35 години.
Изместени ни се и критериумите, а ако порано чесен, добар и полн со почит беше доволно за една жена, сега ќе ја накривиме муцката дури и ако не ни се допаѓа какви чевли носи.

Исплашени од љубовта криејќи се зад секое можно оправдување на патот, какви од ден на ден ги пронаоѓаме се повеќе, наскоро ќе почнеме дури да тврдиме дека осаменоста е чувство кое ни одговара, а што е уште пострашно ќе започнеме да веруваме во своите лаги, па ќе останеме „среќни“ сами до крајот на животот.

...Господе Боже  Помагај .... !!!
Кон врв
aurelianus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 202
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aurelianus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2013 во 00:55
ako se zainaeti popot nema da im dade razvod,pogotovo ako zenata e malku taka zabegana.Ubavo rece onoj vladikata,zenite se krivi.
8"
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.