ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава 19
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 3 И фарисеите Му пристапија, Го искушуваа и рекоа: „Дали смее човек да ја остави својата жена по секаква причина?” http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 4 А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско, http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 5 и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’ http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 6 Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!”
Овие зборови ги има кажано лично ИСУС.
Денес, насекаде во светот, луѓето многу лесно се решаваат на развод и стапката на разводи во многу земји постојано расте.
Но, за еден Христијанин, кој е послушен на учењата на ИСУС , треба да му биде јасно дека БОГ очекува од оние што се во брак да го одржат дадениот завет.
Кога го склучил првиот брак меѓу првите маж и жена, БОГ во Светото Писмо јасно истакнал дека "човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело."
Подоцна Исус Христос ја повторил истата изјава и додал: " Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба " ( 1 Мојсеева 2:24; Матеј 19:9).
Од овие стихови јасно гледаме дека за БОГ бракот е мошне сериозна работа, доживотна врска која трае додека едниот брачен другар не умре.
"Жената е сврзана додека мажот и е жив. Ако и умре мажот, слободна е да се премажи за кого сака, само во Господа!" ( 1 Коринтјаните 7:39).
Бидејќи бракот е свет, разводот е многу сериозна работа.
Во времето на древниот Израел во еден период мажите Израелци почнале да се разведуваат од своите жени за да земаат помлади, а тоа кај БОГ предизвикало големо незадоволство и негодување. За тоа можеме да прочитаме во Малахија, како БОГ им се обраќа на Израелците во тоа време :
"И вие го правите уште ова: го залевате со солзи Господовиот жртвеник, со плач и ридање, зашто Тој веќе не погледнува кон приносот. Тој не му е угоден од вашите раце.
И вие прашувате: „Зошто?” Зашто Господ беше сведок меѓу тебе и жената на твојата младост, на која и си неверен, иако ти беше сопруга и твоја законска жена.
Не направи ли Тој едно? Освен тоа, остатокот на Духот е во него. А што е тоа едно? Тоа, што Тој бара Божјо потомство! И така, почитувај го својот дух и не биди и неверен на жената на својата младост.
„Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог - и оној, кој со неверство ги валка своите облеки - говори Господ над Воинствата! И така, внимавајте на својот дух, не бидете вероломни” ( Малахија 2:13-16).
Божјото Слово јасно ни вели дека БОГ го мрази разводот кој нема библиска основа.
------------- SOLI DEO GLORIA
|