|
Спорт и Вера |
Внеси реплика | страница <1 34567 12> |
Автор | |||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Речиси без исклучок, за се, за што не знааат да дадат одговор, верниците велат: „Божја работа! Никој не ги знае божјите намери (патишта). Човечкиот ум е ограничен и тој неможе (а и нема зошто! Заб. Златник) да размислува“. Нормално, негово е само да ги следи инструкциите што им ги (пре)даваат „светите“ луѓе кои истите ги добиваат директно од комуникацијата со бог. Ако овој начин на размислување го прифателе сите луѓе, ако се оставало се да си биде како што е, дека е тоа божја работа, без притоа да се испита, да се открие причината за тоа, сеуште човекот ќе немало да го открие каменот како орудие. Е арно ама, за среќа на човековиот род, имало луѓе кои не се согласувале со овие индоктринирачки политики, и им пркоселе на „пресветлите“. И, што е нај трагично, тие, „лицем светци, срцем в’лци’“ највеќе ги искористуваат благодетите од гревовите на непослушните „грешници!
Па, најверојатно за ова имаат склучено некој „дил“ со другите богови! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Само што заврши (пријателскиот) надпревар помеѓу америка и германија во вашингтон, кадешто аутсајдерите (америте) победија со 4:3. Два гола за американците даде Clint Dempsey, кој за истите се заблагодари со крст на чело. "Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава Милост!" Јаков 4:6 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А зошто мора јавно да се заблагодарува „со крст на чело“? Зарем бог нема да дознае за неговата благодарност ако тој Демпси (или било кој друг) само во своите мисли му заблагодари? Зошто мора јавно да изговара молитви или јавно да прави некои ритуали, метанија, поклонувања, прекрстувања ... На кого се обраќа/ат? На народот или на бог? Или народот треба да го види дека е богобојазлив и како му се обраќа на бог?! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Златник, Живиот БОГ е безкрајно повеќе од сознанието човечко, што незначи дека никој незнае за Неговите тајни! Погоре исто така ти пишав, дека човечката глава е премала за Неговата чудесност, која што само на верните дечји срца се отвара! Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на младенците. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја. Сè ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие. Ев. Матеј 11:25 ... п.с. Златник, што мислиш што имаат заедничко (освен дадените им таленти и милост) двајцата најпознати и најефикасни македонски стрелци, кои со нивните екипи ја имаат освоено златната медалја на шампионслиг? Слободно можеш малку да разгледаш во темата: Вистинскиот Пастир и броевите. Изменето од spiros - 02.Јуни.2013 во 23:51 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прво пиша:
А потоа:
И, што велиш, сепак има некој кој ги знае тие божји тајни, а?! Добро! Може од три пати да погодувам/е кои се тие „привилегирани“? Туку остај тоа. Еве, гледам пак си поставил слики од Панчев и Пандев. Слики како слики, се гледа дека се радуваат луѓето. Ама што врска имаат тие со бог и спортот? Секако, освен последната слика на Пандев, каде тој со поглед насочен кон горе (незнаејќи дека бог е тука до него), со двата показалци* покажува кон него. И ти тоа го сфаќаш дека му заблагодарува на бог? Ако е така, тогаш во ред е. Јас не сум знаел дека така требало да се обраќа на бог за сторената услуга (дадениот гол)! Јас пак си помислив дека со показалците го прекорува бог, велејќи му: „Еве гледаш, и без тебе (без да ти се помолам на почетокот) дадов гол.“ Ама штом ти велиш така, така нека биде. Ти си поупатен од мене и ги знаеш тајните! Е сега, ссема друга работа е што не знаеш (или спротивно на тоа - не сакаш) да ми одговориш зошто луѓето (меѓу кои и спортистите) преку разни ритуали на крстење, мрморење со устата, бакнување на земјата или со некои „керефеки“ (како на пример тој фудбалер со пишан текст на маицата под дресот) јавно, пред публика, му изразуваат благодарност на бог. Дали тогаш бог е позадоволен па станува помилозлив кон „верникот“? *- Ако веќе може со показалците, зошто тогаш верниците да не се обраќаат кон бог и со другите прсти ...
Чекај сега! Споредуваш две различни работи. Кое е основното мерило за осознавање на тајните (чудесностите)? Дали се работи за капацитетот на главата (квантитативно т.е. волуменски или квалитативно т.е. поголем број нервни центри) или се работи за чистината на срцата, кои кај децата се нерасипани? Р.Ѕ. Не се сомневам дека повторно ќе пронајдеш некаков цитат од библијата, кој секако ќе нема врска со прашањето. Повторно ќе си чекам да добијам одговор директно од тебе, од тоа што е твојот став, твое размислување, а не само пусто препишување стихови ... |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не сакам да ви се мешам...Но колку наивен треба да си денес
за да не знаеш дека конкретно фудбалот е еден добар бизнис |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Орка, дечјата наивност - во БОЖЈИТЕ Очи - е безкрајно поарно од лукавоста на надувенковците! “Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно Ев.Матеј 5:3 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Златник, само ти мислиш дека цитатите од Библијата се попусто и немаат врска со темата, но ти гарантирам дека ако со дечјо срце поверуваш и престанеш да Му се противиш на најголемиот Пријател на човекот, има големи шанси да почнеш да гледаш и доживуваш врски, кои неверниот и кривоверниот свет попусто се труди да ги види. Поздрав п.с. Во непосредна близина на седиштето на FIFA во Цирих, последната уличка пред шумата над зоолошката градина, низ средината на една прекрасна ливада со уште поубав поглед на циришкото езеро, (неслучајно) се наоѓа улицата „Szondiweg“. Побарај малку ако сакаш, потропај, ... па ако инсистириш ќе ти пуштам и цитат од книгата што ја "обожаваш" како ѓаолот што ja "обожава"! Изменето од spiros - 04.Јуни.2013 во 00:22 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тамам работа! Напротив, со „мешање“ на уште неколку членови оваа дискусија ќе добие во квалитет, независно кој која страна ќе ја застапува. Овака, се се’ сведува на дијалог меѓу мене и пријателот Спирос. (Добро, и со понекое влетување на Меси! ) |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Верувал или не, ова ми е едно од најомилените блаженства. Тоа јасно ги отсликува карактерите на личностите кои веруваат. Нормално, тие кои не се бедни по дух и да сакаат неможат да поверуваат во овакви |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас колку се сеќавам Мајк Тајсон и Мохамед Али (Касиус Клеј) и по преминувањето во ислам со ист интензитет и ентусијасам им ги кршеа вилиците на противниците...
Изменето од LiDivio - 03.Јуни.2013 во 21:24 |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вистината е како песничка Вистината е како сказна Кој на Неа и’ се противи самиот си нанесува казна! |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ајде сега и ти почна да расипуваш ќејфови... ... ама не се секирај сега ќе излезе на виделина и оноа сто пати до сега повтoрувано: "Алалеуја, Халелуја, Иншалах, Мазел Тов"... "секое чисто срце од секоја вера"... ... само виe ништо не можете да разберете оти сите сте надувекновци, а само еден има тука кој не е надувен бидејќи знае оти не знае, ама тој токму затоа знае с'е што треба да се знае, иако за сите луѓе таквите работи се незнајни... ... и тако даље без медаље... со редењe цитати, лепење сликички, лепење етикети на соговoрниците, пеење песнички, играње нумерологија, делење црвени картони, правење ќејфови... Изменето од Messenger - 03.Јуни.2013 во 21:38 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Уааа...разбивач на илузии. А дали знаеш дека и мафијашите се крстат пред и после масакрирањата? Е, а победува оној што повеќе се крстел и молел... и имал чисто срце како кај децата. Ете, така ако не си знаел. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 34567 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |