|
Спорт и Вера |
Внеси реплика | страница <1 23456 12> |
Автор | |||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Ев. Мaтеј 5:5
Се сеќаваш ли како беше лани, во финалната фаза на “шампионслиг“? Скоро сите го фаворизираа Реал Мадрид, кој според квалитетот (и цената) на играчите, но и според формата, навистина беше фаворит. Но, ако се сеќаваш, со голот на Bastian Schweinsteiger Бајерн Минхен во среде Мадрид го победи полуфиналниот натпревар против самоуверените фаворити. Во финалето пак Бајерн Минхен беше во секој поглед фаворит, а финалето против Челси се играше дури на сопствениот (Минхенски) стадион, кога стана тоа што стана. Абсолутно понадмоќниот Бајерн во 83 мин. појде во водство, а стрелецот (Thomas Müller) без да Благодари на БОГА се радуваше на голот, слично на неговиот колега Bastian Schweinsteiger, кој удирајќисе во сопствените гради, во полза за Бајерн го реши погореспоменатото полуфинале. Тогаш, само 5 мин. подоцна Didier Drogba (кликни тука) изедначи, а славата ја даде (пред се’) на Милоста БОЖЈА! Само неколку секунди после тоа, Didier Drogba прави фаул врз францускиот мухамеданец Рибери, но и тоа ништо не им користеше, бидејќи Arjen Robben од пенал неможе да го совлада Петар Чех! После нерешено во продолжетоците, требаше да се шутираат пенали, кои исто така беа до последно нерешени. Последните шутираат: на германската страна Bastian Schweinsteiger, јунакот од полуфиналната утакмица против Реал, кој се удираше во сопствените гради, а на страната на Челси Didier Drogba, кој секогаш кога дава гол најнапред Ја восфалува Милоста БОЖЈА чиста! Што мислиш, кој победи в среде Минхен? "Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава Милост!" Јаков 4:6
О, каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога! Колку се неиспитани Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта! Оти, кој ја позна мислата на Господа? Или, кој Му бил советник? Или, кој однапред Му дал нешто, та и Он да му возврати? Зашто, се’ е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин! Римја. 11:33 п.с. Што мислиш кој ќе победи ова финале, што се игра оваа сабота? Бајерн Минхен - кој по трет пат по ред е во финале - овојпат игра против јасно послабиот германски клуб Борусија Дортмунд, чиј 20 годишен но сепак најдобар играч е со сума од 50тина милиони (рекордна за германски фудбалер) веќе купен од Бајерн, но истовремено така тешко е повреден што не ќе може во финалето да игра против својот иден (богат) работодавач. Изменето од spiros - 24.Мај.2013 во 00:44 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не се сеќавам дали некогаш сум те прашал нешто, а ти да си дал експлицитен одговор. Се некако вртиш околу-наоколу, се со некои цитати од библијата кои некогаш немаат врска со поставеното прашање, се некако ...
Ај, нема врска! Тераме натаму. Еве и сега. Наместо на моето прашање по кој критериум/и бог одлучува еден верник да даде гол и да победи, ти се обидуваш да наметнеш нов момент со тоа што ја насочуваш дискусијата на друга насока - горделивоста и понизноста пред бог. Тоа е сосема друга работа. Дај прво одговори го она примарното, како е дојдено до тоа едниот верник да победи а другиот да изгуби? А и двајцата фудбалери, кои се од спротивставени екипи, веруваат во истиот бог, и двајцата со поглед го бараат горе на небото (небаре тој е таму, а не насекаде околу нас, како што во последно време се шири оваа идеја), и двајцата се крстат по три пати и двајцата на почетокот на натпреварот ја допираат земјата и двајцата кажуваат молитва, и двајцата ... Е, тек после ќе може да дискутираме за тоа дали победникот треба да ја споделува заслугата, славата јавно (за сите да видат) и да му заблагодарува на бог за постигнатиот успех. Но, нешто друго ми падна во очи ... :
... за кое зборував во мојот претходен пост, а тоа е ривалството меѓу боговите. Во дадениов пример испаѓа дека богот на христијаните е посилен од оној на мухамеданците, а? И повторно одбегнување директен одговор на мое прашање:
Твојот одговор го сфаќам како алузија на она што претходно го спомнав. Сакаш да ја истакнеш (критикуваш!?) мојата горделивост што кажувам (се фалам) дека сум победил (без притоа да ја споделам славата со бог! )! Впрочем, што би добил јас од тоа мое фалење, кога и така-и така никој не ме познава!? Каква би била користа од тоа?! Нема врска. Оваа моја победа ја наведов само како споредбен пример, каде еден атеист победил ... И на крајот на краиштата, зошто луѓето да не бидат горди на своите постигнувања? Независно дали се работи за спортисти, музичари, ликовни уметници, научници или дури и телеграфисти ... Секој од нив вложил сопствен труд, губел време во тренинзи, вежбање, за разлика од другите кои за тоа време си се забавувале, трошел сретства, често пати се соочуваат и со здравствени проблеми и да не редам понатаму. Дали бог ќе им помогнел да постигнат одреден успех ако тие не вложиле во себе? Р.Ѕ. Од ова дискусија ми се наметна една помисла за тема за научен труд со работен наслов: „Влијанието на верата и начинот на изразување на верските чувства врз крајниот исход на спортските натпревари! Не, не сериозен сум! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сакаат да ти кажат дека Тајната БОЖЈА (Која е и во ними) е многу поголема од ними, многу поголема од целото Небо, од безкрајниот универзум, ... а уште колку пак многу поголема од кина, русија, индија, арабија, мека, ... целата планета земја, ... од Јерихо па до Хималаја! ХалелуЈАХ!!!
Златник, испразни ја бе бате главата, бидејќи уште појќе ќе ти се заврти а Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ (Отецот и Мајката на Животот) Кој е над се’, не ќе можеш да Го сфатиш со неа, туку единствено со Духот *Светол во секое детско верно срце, преку *Светата Милост (Мудрост) Негова чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - Која била и е секогаш пред нас сите, на Која (одкако ќе се разбудиме и ќе увидиме дека) се’ (вон и во нас) укажувало, укажува, ... упатувало и упатува! Лека ноќ! п.с. Совршениот БОГ и Отец во Христа и тоа како се разликува од “богот“ на кураишките мухамеданци, кој - како никој друг - ги мрази и им љубомори на чедата БОЖЈИ, но духовно слепиот свет се’уште не е во состојба да го увиди тоа! Изменето од spiros - 25.Мај.2013 во 01:41 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еден господ ќе знае што сакаш да ми кажеш со овој пост! Неможам да проценам која е смислата, целината на реченицата??? Кого треба да го сфатам ако ја испразнам главава? Духот, светлиот бог, детското срце на мудроста олицетворено преку Христос, во лицето на премудриот отец бог, не лицето на бог олицетворено во Христос (така требаше, нели?), единствена светлина, отец и мајка ... Добро, од сите овие лапрдања единствено што го разбрав е дека треба да ја испразнам главава ... ама незнам зошто, кога таа и сега е празна? Но, ако ова погоре не го разбрав, тогаш ова што следи многу добро го разбирам:
Незнам зошто пропагирате дека вашата религија е религија на мир, љубов, толеранција, меѓусебно разбирање и почитување ... кога во реалноста сте сосема спротивното. За каква љубов и почитување ми зборуваш во горенаведениот цитат? Зарем за тебе се духовно слепи сите кои не веруваат во твојот бог? Како би ти било јас да ти речам дека си ти духовно ограничен штом сеуште веруваш во тие приказни за богови? Толкаво понижување од страна на еден верник кон друг, толкаво непочитување на друга религија! Ова е уште една потврда за тоа што стално го велам, дека сепак, атеистите имаат многу, многу поголемо почитување кон сите луѓе од рази религии, отколку верниците, бидејќи овие немаат ама баш никакво почитување. Гледаат само да се уништат едни со други. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ах златник, златник, ... за тебе лапрдање е Светлината БОЖЈА родена од Дева Марија? Е поради ова роде, Совршениот БОГ - кој највредното одсебе на голготскиот крст за спасение на сите го даде, но на тоа спасение никого не присилува - неверните мајтапџии (нивните соумници и следбеници), за нивните умови неприметно, ќе ги препушти во рацете на кураишката лага и покасно во нивната шарија! п.с. За критиката кон мене, прифаќам дека се’уште не сум Го достигнал Совршенството, дека Тоа (можеби) уште многу ќе треба да “работи“ на мене и дури како потврда на тоа спремен сум рака да ти дадам, но за тоа што Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Исуса Христа Го негираш или израмнуваш со лажниот “бог“, проклетиот лажго и најголемиот терориста ... Никогаш! Лондон - само три дена пред вечерашново шампионслиг финале во Wembley ... |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Денес - пред малку - на 25ти мај, со самото започнување на 22рата недела на годината Господова 2013, Бајерн го освои покалот на шампионслиг! Додека огнот - како некогаш на денот на младоста - го “осветлуваше“ ноќното небо, еден коментатор на германската национална телевизија го праша Арјен Робен, кој во 88 мин. го даде одлучувачкиот гол, дали Бог се реваншираше за неговиот промашен пенал во минатогодишното финале (пишував погоре). Честитки на Бајернци, но и на Борусијци, кои играа одсре, а со голот на Илкај Гиндоган (во германија роден турчин кој што игра и за германска национална екипа) не успеаја да победат. На сликата подолу е бајернецот Алаба, кога благодари и не се страми да ја исповедува Милоста БОЖЈА (Исус), како најголемата негова сила. Изменето од spiros - 26.Мај.2013 во 00:16 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Незнам зошто правиш тажни фаци (смајлито), кога велам дека прикаските за твојот бог се невистинити, лажни, измислени, безсмислени ... со еден збор лапрдања! Дали можеби со тоа го негирам и се иссмејувам на тоа во што ти веруваш, а со тоа те понижувам или омаловажувам? Да, точно, во право си. Едната од целите ми беше и тоа. Но, не го направив тоа од некаква злоба, од зла намера*, туку напротив, само сакав да ти воочам на „гредата во твоето око“. ??? Како што тебе не ти е мило (ем драго) да прочиташ како некој ја дезавуира твојата вера, потребно е да сфатиш, но уште поважно и да прифатиш, постоење на други луѓе кои си веруваат во тоа што тие сакаат и дека на истите тие луѓе (исто како и тебе) нема да им биде пријатно да слушнат или прочитаат овакви зборови:
ЗАрем овие твои зборови не се лапрдања? И како сега, после овие твои лапрдања, припадниците од другата „лажна“ религија да ве гледаат како пријатели? Јас како атеист неможам да го поднесам тој начин на општење, тој ваш антагонистички, негаторски став кон нивната религија (а секако ова се, однесува кон сите други религии), а каму ли пак тие, муслиманите или другите верници. Дали не сфаќаш/те дека со овакавата нетолерантност, непочитување се повеќе придонесувате за создавање нови и нови непријателства? А што мислите, дека муслиманите (и другите) молчешкум ги прифаќаат овие омаловажувања? И, ете повторно доаѓаме до тоа што јас постојано го велам дека религиите се причина (некаде помалку, некаде повеќе), за избивање на сите воени судири во историјата на човештвото. И btw. што правиме/те во случај кога некој муслиман или друг верник во некои спортови победи некој христијан? Дали некогаш си слушнал дека има и такви случаи? Како е можно тој лажен и проклет бог да го победи твојот семоќен, совршен, а пред се милозлив и човекољубив бог?! *-верувам дека од стотините дискусии во изминативе неколку години примети каков е мојот однос кон верниците од сите вероисповеди. Никого (мислам) дека не сум го навредил, посебно не намерно. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Златник, секој човек, секоја заедница, секоја раса, секоја класа, секоја професија, секоја конфесија, секоја деноминација, секоја нација, секоја традиција, секоја теологија, секоја филозофија, секој светоглед, ... кој(а) што е духовно слеп(а) за Милоста (Мудроста) БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - тој (таа) за мене е духовно тоа што всушност и е’, но и јас без Светиот Дух сум: mortui! Со радост го чекам воскресението на сите мртви! Дотогаш ... п.с. Луѓето коишто ја негираат или девалвираат Милоста (Мудроста) БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - не се нити на своите најблиски пријатели, туку (без да знаат) душмани, кои заробени во темнината не се ни свестни што прават, па затоа (од лично искуство) имам потполно разбирање, сочуство и љубов кон ними! “Оче, прости им, оти не знаат што прават!” Ев.Лука 23:34 Изменето од spiros - 26.Мај.2013 во 12:33 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пред малку (без публика) заврши финалниот натпревар за купот на македонија, кој што беше без публика поради инцидентите на прекинатиот регуларен надпревар од 22 мај. Екипата на тетекс (кој што во моментот заедно со силекс само со 22 поени се на последно место) ја победи тетовска шкендија (искра) на пенали и со тоа го освои националниот куп. На македонската телевизија посебно упадна во очи молитвата пред пеналите на голманот на шкендија, додека кај тетекшаните благодарните крстења после дадениот гол. После едно такво крстење и бакнување на топката, играчот на шкендија кој што требаше да шутира како следен, скоро се степа со тетексовиот стрелец. Последниот играч на шкендија кој што беше успешен и даде гол од пенал, беше играчот со бројот 22! Единствениот од успешните стрелци за тетекс кој што благодарно не се крстеше - но искрено се радуваше - беше Генци Исени, играчот со број 9! Честитки на шампионите и на вицешамионите од турнирот на македонскиот национален фудбалски куп! Изменето од spiros - 27.Мај.2013 во 00:33 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Демек, сакаш да кажеш дека од 7, дури 6 милијарди луѓе се духовно слепи?! Или уште повеќе - мртви!
Навистина? Навистина веруваш дека ќе воскреснат сите мртви? Абе ај не заебавај! И добро, во ред, ајде нека воскреснат и, што? Што со тоа? Ќе дојде небесното царство?! Или со други зборови кажано, царството на мртовците? И ти за тоа ќе се радуваш? Или можеби очекуваш дека тогаш ќе го видиш бог или во најмала рака барем неговиот син Ристе? Абе иди бегај! Како што ти велиш за другите дека се духовно слепи, јас би ти рекол да се оттргнеш од таа твоја духовна ограниченост, да ги отфрлиш духовните пранги во кој е окован органот кој е изворот на твоите мисли.
А откако ќе прогледаш, тек тогаш ќе видиш во каква догматска темнина си живеел и ќе спознаеш кој на кого бил пријател, а кој душман. Искрено и јас како и ти имам сочувство за тебе, но уште повеќе за твоите најблиски, кои без да сакаат мора да трпат, мора да се прилагодуваат и да ги прифаќаат твоите заблуди. Р.Ѕ. Колку ли сум бил во право кога сум го одбрал моето гесло напишано во потписот! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема ништо поубаво за породицата, за фамилијата, за човековата фамилија (човештвото) воопшто, за опшеството, (па дури и за спортот) ... од моментот кога едно чедо БОЖЈЕ преку Светиот Дух ќе се разбуди за Евангелието на неискаживата Љубов БОЖЈА и со тоа духовно се преродува! Да! Единствено БОЖЈАТА Милоост и Неговиот Светол Дух е Тој кој што луѓето од сопствените заблуди ги ослободува! Изменето од spiros - 28.Мај.2013 во 01:23 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вчера во бараж натпреварот на бундес лигата, хофехајм ги победи (таканаречените) црвените ѓаволи на каизерслаутерн. Нити потполно оддадените молитви на каизерслаутернци, не можеа ништо да променат. . Изменето од spiros - 29.Мај.2013 во 00:24 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чисто колку да те потсетам дека не ми даде одговор на ова:
1. Како твојот бог (по кој критериум) се одлучува да му ги „услиша“ молитвите на едниот верник, а да ги отфрли молитвите на другиот, а и двајцата веруваат во него? 2. Зошто твојот бог допушта да победат припадниците (верниците) на други вероисповеди? 3. Зошто твојот бог допушта да победуваат атеисти? Се надевам дека нема повторно да наведуваш несоодветни цитати од библијата или да ги повторуваш зборовите: „Светиот дух, мудроста, возљубениот син, славата, милоста, царството божје ... “, туку ќе дадеш конкретен одговор: бог одлучил да победи тој и тој поради тоа што ... ... ... Р.Ѕ. Секако, никој, па ни ти, не е должен да дава одговор. Но, во тој случај која би била целта на нашето присуство на форумов, ако меѓусебно не си поставуваме прашања и да даваме одговори?! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Златник, погоре ти пишав дека патиштата на Мудроста (Милоста) БОЖЈА за телесниот ум одсекогаш биле, се’ и ќе останат несфатливи, што незначи дека кога Совршениот БОГ на неверникот или на кривоверникот му дава милост или мудрост, тоа е заслуга на истите! Зашто Отецот небесен го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните! Ев.Матеј 5:45 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |