IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 132133134135136 138>
Автор
Порака
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 23:13

http://farm4.static.flickr.com/3647/3330578418_101c7b37fc.jpg

не заборавам
како да беше завчера,
вчера и денес
во сите тие различни денови
со различни вистини
а причини?
непознати
.
а во деновите
кои ќе дојдат задутре,
утре и денес
во сите тие различни заборавања
со различни причини
а вистината?
непозната

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 01:26

Допир

Допир,ах тој допир. Колку ли ќе останам зарoбена во овој затворен круг на емоции кои без чувствително ме приковаа за да ја почувствуваат мојата болка?
Да,ја посакуваат мојата солена солза која веќе одамна е засушена,затаена во оваа грло,вресок од душа што и волците од најтемната шума би се уплашиле.
Посакувам да го допрам недопирливото...твојот допир.
Те допирам само во сон,јавето за мене не постои,како да живеам во туѓо тело не чувствувајќи го твојот допир кој некако е астрален,не можам да те допрам освен кога ги затворам очите...Ти,дали постоиш?Каде си ти?
Ноќта се приближува,желно чекајќи го сонот да ми падне на очите.
Ноќен јавачу на моите сништа допри ме!Допри го мојот сон за да живеам во твoјот сон,недопирливото ќе биде допрено,невозможното ќе биде возможно.
Само уште еден чекор до бесконечноста и тука си,тука сум со твојот допир.
Пронајди ме,побарај ги трагите од мојата засушена солза,допри ја,ќе ја почувствуваш мојата тага,таа ќе те одведе до мојата душа,до темното небо без ѕвезди.Но,само една ѕвезда сеуште сјае,трепери со сиот нејзин сјај,патоказ до ѕвездата Даница...Ти само допри ме,ќе ти го покажам патот до нејзиниот сјај,а тогаш сите ѕвезди ќе затреперат...Прекрасен космос во моите очи.
Допри го мојот сон...Ти,само допри ме.

Даница Петровска

Љубов и само љубов
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2012 во 12:51

КАПКА

Една капка на моето тело,

дали ќе се слизне,

зад себе оставајќи  траг ?

 
Друга капка на моето тело,

дали ќе испари ,

исто како да не постоеше?

 
Третта капка на моето тело,

дали од болка или блаженство,

ќе погодиш ли?

 
E добро де -погоди ,

ништо не е ,

врне…од дождот е!

Animated wallpaper, screensaver 240x320 for cellphone Animated wallpaper, screensaver 240x320 for cellphone

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2012 во 19:23
http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_3

Списанието пред сѐ ќе биде наменето за теми од македонската историја, но не само онаа која на ова наше тло се случувала во дамнешното минато, туку и таа која што преку македонските собири, прослави и чествувања продолжува да опстојува до ден денес.

Ќе биде одвоен простор и за македонската култура и уметност, како и за случувања и личности кои што намерно или случајно не се опфатени во мејнстрим медиумите.

Би сакал да објавам и некој ваш труд со ваша дозвола. Кој има желба нека пиши во пп. Ви благодарам.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2012 во 18:31
Ем ја, ем силен и убав

Поведи ме на местото
за кое секогаш сонуваше
не врти се дали сум зад тебе
затоа што сум пред тебе
одамна го знам
исти се нашите сонови.
Не мораш ни да ме чекаш
секој дел од мене е во твоето срце
никогаш не бев излегол
само понекогаш го преуредувам
онака малку и по машки
замок со бедеми, стрелци и крокодили
да не случајно некој се приближи
дрскост е кога некој ми чепка по мојата гордост,
ма има ако треба и со глава да плати.
Длабоко сум во тебе
друго сонце ме грее сега
тоа е твоето срце
види ме каква боичка сум фатил
кога сум бил вака силен и убав?
Кон врв
Lucija Jan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lucija Jan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2013 во 00:53
Мирис на цимет




06:30 на автобуската на рекорд. Одамна не сум се возел во автобус, од средно можеби, не се сеќавам. Пурпур се разлева на небото. Чудно за едно декемвриско утро. Околу мене неколку поспани луѓе, девојка со куче, дете кое се влече за суќната на мајка му. Мирис на костени. Ланци од светулки, ѕвезди и лампиони. Автобус број 50. Се качувам без карта. Седнувам на истото место како и во средно. Околу мене луге со подочници, замрсени коси. Мајка со дете, студенти, еден дедо и таа. Зошто сега? Се променила. Црвена коса до рамена, замрсена и истите зелени очи. Питомо кутре со тажни очи. Груба покривка на уморното лице, свенатите усни. Арабески во нејзините очи. Ги љубев тие тажни очи, груби усни. Припиена кожа за ребрата, исушени раце. Колку е кревка, незаштитена. Кога само би ми дозволила... а можеби..
             Не ме препозна. Се ракувавме. Цврсто и воздржано како и секогаш. Се засрами. Не ме погледнуваш. Зарем ме заборави? Испарија љубовта, милувањата, бакнежите? Можеби се било лага, илузија. Халуцинција за прекрасни моменти, за љубов во тажните очи. Те сакав, би рекол. Кому? Непозната девојка стои пред мене. Убавина недостапна за мене. Која си девојко што некогаш те сакав? Постоеше ли ваква? Те повикував со мислите, те барав во другите. Се сеќаваш ли на мене ти скитничке со долга коса?
            Не го препознав својот лик во нејзините очи. Одразот на спомени го нема. Одрон на солзи. Бледило. Повторно ја нема. Како феникс се издигна од моите сништа, за да оди. Како да не ни постоеше. Одвеана со виорот. Остана само мирисот на цимет.Мирис на цимет 06:30 на автобуската на рекорд. Одамна не сум се возел во автобус, од средно можеби, не се сеќавам. Пурпур се разлева на небото. Чудно за едно декемвриско утро. Околу мене неколку поспани луѓе, девојка со куче, дете кое се влече за суќната на мајка му. Мирис на костени. Ланци од светулки, ѕвезди и лампиони. Автобус број 50. Се качувам без карта. Седнувам на истото место како и во средно. Околу мене луге со подочници, замрсени коси. Мајка со дете, студенти, еден дедо и таа. Зошто сега? Се променила. Црвена коса до рамена, замрсена и истите зелени очи. Питомо кутре со тажни очи. Груба покривка на уморното лице, свенатите усни. Арабески во нејзините очи. Ги љубев тие тажни очи, груби усни. Припиена кожа за ребрата, исушени раце. Колку е кревка, незаштитена. Кога само би ми дозволила... а можеби.. Не ме препозна. Се ракувавме. Цврсто и воздржано како и секогаш. Се засрами. Не ме погледнуваш. Зарем ме заборави? Испарија љубовта, милувањата, бакнежите? Можеби се било лага, илузија. Халуцинција за прекрасни моменти, за љубов во тажните очи. Те сакав, би рекол. Кому? Непозната девојка стои пред мене. Убавина недостапна за мене. Која си девојко што некогаш те сакав? Постоеше ли ваква? Те повикував со мислите, те барав во другите. Се сеќаваш ли на мене ти скитничке со долга коса? Не го препознав својот лик во нејзините очи. Одразот на спомени го нема. Одрон на солзи. Бледило. Повторно ја нема. Како феникс се издигна од моите сништа, за да оди. Како да не ни постоеше. Одвеана со виорот. Остана само мирисот на цимет.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2013 во 01:59
на К

не ме бидува за долги беседи
што ќе те понесат како крилат еднорог
па да зајдеш во моето шепотење
и замижана да ги доживееш
репризите на твоите најубави соништа.
но не ме бидува...
освен,
ако сакаш да ти ги изрецитирам
сите рецепти на мајка ми
што и не е така лоша идеја,
оти ќе ти кажувам проверени вистини
за зелници, дроб-сарми и васина торта
кои се ефектна духовна храна
како и твоите песни

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2013 во 23:24
turi edna Vasina мир
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2013 во 01:24
тик-так

баба ми ме учеше тесто да месам,
и така по многу години сфатив
дека и јас сум била како тестото,
сум се претворила во леб.
кој сака сече, кој сака кине,
крши од корките, дроби, џвака
како што сака.

ти ме учеше да бидам онаа што си ја сонил во детството,
и како на замаглен прозорец,
ми црташе на лицето насмевки и солзи
ми одбра душа што ќе ми прилега за да ти прилега.
но тоа не сум јас.

сама ќе ја довршам мојата приказна.
Кон врв
malaka Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 22.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 85
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај malaka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2013 во 01:25
                               
                                                Сите животни ги сакам јас

                                                 еве ви кажувам на сите вас
                                                 во Африка Лавот силно вика
                                                 Магаренцето по цел ден само рика.

                                                 Кучето Шарко во дворот лае
                                                 сака мама вкусно месо да му даде
                                                 големото Маче многу ми е слатко
                                                 сакам да го наречам Влатко.

                                                 Глувчето Џери го гледам како бега
                                                 Мачорот Том ли го брка сега?
                                                 Верверичката лешници има
                                                 Кума Лиска од селото кокошки зима.

                                                Петелот на утро силно кукурика
                                                и ја буди мојата комшика Мика
                                                Пингвините од риба си прават суши
                                                Господин Зајко се фали со неговите уши.

                                                Животните имаат душа
                                                затоа секој нека ги слуша
                                                тие сакаат да живеаат мирно
                                                и да се шетаат без граници ширно


Изменето од malaka - 11.Мај.2013 во 01:26
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2013 во 01:34
-ti go sklepa ova?изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
malaka Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 22.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 85
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај malaka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2013 во 01:35
Originally posted by brza brza напиша:

-ti go sklepa ova?изненадување


da sklepuvam vakvi
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 23:39
Понекогаш 
Сакам да ги претрчам бабите по портите
Кои времето го трошат во озборување
Да им ги одврзам шамиите
Да ги истргам за ракав на поминување
Да ти дотрчам боса
Со крв засирена на душата
Со филџанот превртен во џеб
И купчето пари на неговиот газер
Со беснотилуците скриени в пазуви
Со неродените деца седнати врз дланкиве
Да го истурам сиот товар пред твоите нозе
За да видиш
За да разбереш
Твојот од по нагорнината само што не почнал
Оди
Оти секој следен ден
Ќе ми остава крвава гребаница врз душата


Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 23:45
Andjelino... изненадување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 132133134135136 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,390 секунди.