|
ЕУ - НАТО, просперитет или утопија? |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 28> |
Автор | ||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕУ како идеа не е лоша. Интегриран пазар од 450 или 700 милиони е голем бизнис потенцијал.
Колку да е добра идеата, сметам дека народот кој живее во таа Европа е премногу обременет со исотриските наследства, кои биле комплетно фабрикувани во минатото, само да им се излезе во пресрет на интересите на аристократијата. Од тој ментален склоп тешко може да се излезе, ма и колку да има обиди за демократизирање на општествата. И во една таква обединета Европа се зборува за стари и нови челнови, за земји кои ќе го носат развојот, земји на кои гласот повеќе ќе им се слуша одколку на некоја боранија како Бугарија, Романија, Литванија, Словенија, Полска, Чешка, Исланд..... и да не ги набројувам. Во една таква консталација се знае кој ги тегне конците. Тоа се истите оние кои на двапати војуваа меѓусебе, тие кои ја делеа Европа на сфери на влијание и кои ги благословуваа ново создадените држави по распадот на Отоманската Империја. Значи the same sh*t, different packaging! Во СФРЈ 6 “братски“ народи не се сложија, иако културолошки се многу похомогени, ама овие нови татковци на Европа веруваат дека можат да спојат 52 држави и 150 етникуми?! Различни култури, различни јазици, навики, обичаји, различен степен на економски развој. Некои во таа Европа се Словенци (кои го носата прогресот-Германија), а некои се Косовари (кои ќе цицаат фондови-Грција, Португалија.....) на европските Словенци веќе им доаѓа преку глава! Што се однесува до Македонија, таа е ветропир со оглед на политичкото опкружување во кое се наоѓа. Едиствено членството во ЕУ ќе и обезбеди на Македонија некој да престане да се поигрува со неа како сака. Друго е кога ќе седиш на маса и триеш рамења со одлучувачките фактори, а друго е кога седиш предврата и обезбедувањето не те пушта да влезеш. Коњуктурата е таква во моментов, кај сите таму и ние. Кога ќе ја прости госпот ЕУ, тогаш ќе го следиме ноото течени, како што рекол Мисирков. Што се однесува до економскиот просперите тоа сум го рекол одамна, нека не се залажуваат луѓето. Нека престанат да трчаат по морковот, затоа што никогаш нема да го фатат. Ќе ти фрлата по некоја трошка, некој фонд за неразвиени подрачја и со тоа треба да бидеш благодарен. Никој ништо недава за џабе. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
браво...толку опширен и целен осврт на проблемите во светот и кај нас не сум сретнал досега на форумов..додуша,и не очекував вакво елаборирање ама ти благодарам.Ми затвори уста и веќе не се чудам кој се и какви се личностите кој се и какви се личностите што според некои "здувале" од оваа држава.За такво нешто треба да имаш..ај да не кажам што ,ама интелект и храброст да.Ова погоре напишаното зборува доволно за тоа... Поради сето ова ...државава има да тапка во место уште години и години...додека не се смени и надгради надгради и начинот на дејствување и разумот кај нас овде. Браво. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Луѓето од страна полесно ги заприметуваат недостатоците и објективно посочуваат на нив зошто ретко кој од нив гледа пристрасно .
Ние како мала земја имаме потенцијал за развој но прво мора да сватиме дека секаде се цени трудот и знаењето но да биди практично прикажано. |
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аха... Сакаш да кажеш дека вакви какви сме... побаво си живееме... и вакви какви сме... и понатаму поубаво ќе си живееме... и дека Европа нема никакво влијание на живеачката кај нас... а дека разноразни филевци, Милевци, Фуеровци и то.. се уствари само туристи кои се воодушевуваат на Скопје 2014... и дека е убаво само децата на богатите да се акаат низ Европа... затоа што имаат пари... а другите да дремат по селата и да чуваат кози... јер не можеме да го фатиме морковот... ќути и трај, викаш... у право си... ја предлагам, со Северна Кореја да правиме сојуз... а, ти што викаш...? |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Несакав тоа да го кажам. Ниту една строфа која си ја напишал нема ништо заедничко со она што јас сакав да го потенцирам во моите 2 предходни поста. Мислам дека не си ме разбрал. Иронијата и сарказмот се контра продуктивни! |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека Северна Кореја е многу далеку... а Европа многу поблиску... и знам дека сега ме разбираш што сакам да кажам... Демагогијата, теоретизирање и држење предавања за пропаст на Европа... за морковот и стапот... рибата и ловењето... или пак покажувањето стрелки на саат... за нас е духовна храна... ние сме Афричко племе... Мислам дека сега се разбравме... да почекаме Европа да се распадне... до тогаш нека биде строфа 2... ред 6, партер лево или десно, не е битно... И да... ја тебе не те разбирам... во длабока суштинска смисла на зборот... глобализација... |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Загор, Ти благодарам за убавите зборови. Како и да е немам намера никому да му затворам уста, туку да дадам свој поглед на работите. Аналитчниот пристап сметам никому не му штети. Напротив чинам дека е стимулатор за понатамошни издржани дебати. Јас нема да бидам јас ако не ти одговорам и дадам дополнително објснување на параграфот кој си го напишал. Гледам дека стереотипното мислење по прашањето кои се луѓето кои ја напуштаат Македонија, кое постоеше во времето кога јас мигрирав, постои и денес. Дека пред се тоа се економски мигранти, селани, без образование и формални квалификации, луѓе без јасни визии, луѓе кои не поседуваат способности да одржат било каква комуникација, било на англики, било на македонски. Колку да маразам самиот да си признам, тој кабает, таа грижа на совест ја имам и јас. Да, реалноста беше таква, од причина што добро се знае каква беше македонската миграција во предходните 100 години, со исклучок на пединци. Колку да е тешко да се разбие стеротипното размислување по однос на потенцијалите и степенот на кои се наоѓаше миграцијата гледано од македонска преспектива, уште потешко беше да се разбие пак стеротипното гледање на работите каде треба да припаѓа таа миграција во пошироката австралијанска заедница. Се што е од југозападна Европа, даоѓа полуписмено и местото им е во фабрика, сечење трски, копање тунели и градење инфраструктурни објекти. Како такви требаа да останат на маргините на општествените збиднувања. Предходните генерации мигранти останаа такви, маргиналци во поширок контекст. Работите почнаа да се менуваат во изминативе 25 години од времето кога Австралија почна да поставува услови кој се може да мигрира. Тоа мораа да бидат луѓе кои ќе имаат квалификации, познавање на јазик, луѓе кои ќе имаат подруги очекувања од животот. Нема да се задоволат само со храната и можноста да купат по некое куќаре, туку луѓе кои навистина ќе допринесат за подигнување на нивото, внатре во самата австралијанска заедница. Од новите мигранти, колку што јас знам, нема фабрички работници и сечачи на шекерна трска, но има доста средна класа која е вработена по својата струка како инжињери машински, електро и градежни, лекари, забари, архитекти, правници и економисти со доквалификација...... но и многу малку од нив на извршни позиции. Такви можности првата генерација неможе да очекува, но втората сигурно. Со самиот факт дека новите мигранти се образувани, голема веројатност е дека нивните деца ќе бидат образовани и дека секако ќе ги надминат своите родители. Со исклучок на неколку, огромен дел од децата на новите мигранти или стурдираат или пак се завршени, работата и веќе ги имаат надминато своите родители. Нашите деца се и надпросечно успешни гледано во поширок австралиски контекст, барем кога станува збор за стекнување на квалификации. Какви ќе им бидат кариерите допрва ќе треба да видиме. Поставувајќи ги вака работите, може да заклучам дека, новите мигранти се чиста загуба за Македонија, ама и чиста добивка за Австралија. За жал, Македонија се осипува со човечки ресурси во измиантиве 150 години, а во последниве 25 години со квалитетни човечки ресурси, во кои се има инвстирано големи средсва. За себе, иако ги имам надградено своите квалификации овде, сметам дека сум македонски продукт и таков ќе останам. За своето поколение неможам да тврдам. За тие кои остнаа на бојното поле во Македонија, секој чест. Вистински борци останаа, а сите ние кои тргнавме по светов да се реализираме, екомоски или професионално, сме само дезертери. Би сакал само да им порачам на сите борци, да бидат малку поотворени кон искуствата, гледиштата, ставовит, сознанијата.....кои се нудата макар тие доаѓале од дезертери како мене. Изменето од Platenik - 18.Февруари.2013 во 19:51 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако го прочиташ мојот прв пост на оваа тема, ќе видиш дека сум се изјаснил за, односно Македонија да биде офицјално интегрирана во ЕУ и НАТО. Пирчинте за таа интеграција, не се мотиврани од економски побуди, туку се чисто од политичка природа. Опкружен со толку многу пријатели, кому му потребен непријател, нели?! Незнам за тебе, но распадот на ЕУ, а и НАТО замене не се духовна храна. Распадот на такви унии, пактови, договори, движенија... историски е докажано дека истите се транзициски, менливи категории. Не еквитабилноста на кои се темели оваа најнова европска инцијатива, покажува само дека и таа е транзициска. Била Македонија членка или не, исто така, е докажано дека си третиран од нив како афричко племе. Како и многу други “афрички народи“ кои се веќе нејзини членки. Europe needs fine, fine, fine tunning! Патем, мразам да употребувам термини како афричко племе, од причина што е дерогативен, расистички и ја покажува супериорноста на белиот човек, макар тој доаѓал од Македонија. Се додека ЕУ не се распадне, ние ќе тежнееме да станеме нивна членка, а кога ќе се распадне, тогаш ќе пулиме ќе прајме, ќе го следиме ноото течение. Тоа што ќе биде актуелно во тоа време. Многу поблиски ти се Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Романија , па и Турција, ама некако не ти одат работите. Зато со Францизи, Англичани, Италјанци и Немци се тече како по лој. Курнази се тие, знаат да користат разно рази лубриканти, не да не те боли, туку помалку да те боли. За Швеѓани, Данци и Финци... несакам ниту да правам муабет. Ех ти Европо блуднице вавилонска! Во длабока суштинска смисла на зборот, глобално земено, неразбрав дали сметаш дека Македонија економски ќе се препороди, кога ќе стане челнка на ЕУ?! За Северна Кореа, знаеме! Изменето од Platenik - 18.Февруари.2013 во 20:52 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
кога ние ќе влеземе во таа унија половина ќе бидат излезени..тие останатите ќе бидат толку исцрпени финансиски што ние како лидери во се и сешто ..ќе ги опоравиме и ќе им станеме пак лидери ..во нешто.
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сега се разбравме. Демагогијата, теоризирањето и приказните кои ние се нудата за распадот на Европа..... се нивен, европски продукт! Сега е посјано.
Помислив дека некој домашен, ја шири таа демагогија, макар то било некој експортиран како мене! Се согласувам, сега засега нема друга алтерантива. Затоа и вртиме како куче околу каспаница, се надеваме дека месарот ќе фрли некоја коска. Недостатокот на храна незнае за достиство. Така е кога немаш друга алтернатива, се надеваш на милостиња и милосрдие. На младите ќе им се отворат поголеми шанси и избор, да мигрираат. Всушнсот исто како што им се создадоа прилики на младите Бугари, Романци, Словенци, Чеси, Литванци..... На нас квази патриотите и дезертерите во догледно време немојте да чекате. Треба да искалапиме уште по некое милионче и ги исцицаме сите можности кои ни ги нуди Западот. Во Македонија ќе немаме такви можности. Тоа што има други отежнувачки околности за репатијацијата нема да зборуваме сега. Изменето од Platenik - 18.Февруари.2013 во 22:08 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од твоја уста или перо, во божји уши. Редно е ние да станеме лидери во нешто или некому! Се ми е чини тоа е пуста желба. Судбината ни била да бидеме следбеници, а не лидери. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://kurir-info.rs/mocnik-slovenija-ulaskom-u-eu-dotakla-dno-clanak-665941
Močnik: Slovenija ulaskom u EU dotakla dnoSlovenija je u nekadašnjoj Jugoslaviji imala privilegovan pristup tržištu od ЕУ, не фала, си имаат други овци за шишање, нас доста не шишале во минатото...
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
..да бе,така е тоа?Била задолжена повеќе од нас,криза била..немале стандард,не можеле да се раздолжат... Само ова,4-5 фирми со близу 35 000 вработени вртат 8-9 милијарди долари и профит од 600 милиони долари.Што значи 35-40 илјади вработени да земаат плата по 3000 евра?.Колку пари по основ на даноци одат во буџет?. Заради вакви нешта,СЛ полесно ќе врати тешки милијадри долг,од нас слабо задолжени. Тој што не работи или има мала плата 100 денари нема у џеб,и се смногу пари.Ви се верува или не?. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Внеси реплика | страница <1 2223242526 28> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |