|
Нострадамус |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | |
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
abe pa ti ... od kaj znae NASA... zar im veruvas
Изменето од Sunny - 09.Јануари.2010 во 15:51 |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zatoa shto ne postoi ,zatoa nemozhat da ja vidat,zatoa shto se kreva bezpotrebna fama.
I da,Nostradamus nikade ne navel nitu datumi ,nitu pak nekade ja ima spomnato fiktivnata planeta.,tuku na Maite im zdodealo da pravat kalendari ,pa zaprele na toj datum
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НострадамусРоден е како Мишел од Нотрдам (Michel de Notredame) на 14 декември 1503 во Сен Реми, Франција, како најстариот од петте синови во семејството. Неговиот дедо, Жан, го учел латински, грчки, еврејски, математика и астрологија уште од најрани години. Во 1529 се стекнал со медицинско образование и му станал личен лекар на Шарл IX за време на епидемијата од чума. Се прославил како лекар со извонредни исцелителни способности. Нострадамус бил во неговите доцни четириесетти кога започнал често да запаѓа во состојба на транс и да му се јавуваат визии за иднината. Почнал да ги запишува предвидувањата во стихови на латински, француски и грчки, објавувајќи ги неговите познати „Centuries “ попознати како „Пророштвата на Нострадамус“ во 1558 година. Нострадамус се женел два пати, ја изгубил својата прва сопруга и две деца за време на епидемијата од чума. Тој починал на 2. Јули 1566. година. Неговите пророштва биле преведени на англиски во 1672. а во 1781 биле забранети од римокатоличката црква. Ироничничниот пресврт на настаните се состои во тоа што Нострадамус во 1553 при средбата со една група францискански монаси се фрлил на колена, допирајќи ја мантијата на еден од нив, Феличе Перети. Запрашан зошто го сторил тоа, тој одговорил дека морал да се поклони „пред неговата Светост“. Деветнаесет години по смртта на Нострадамус, Перети бил востоличен во папа, познат како папата Сикст V.
Толкувањата на експертите за предвидувањата на Нострадамус за балканските војниПророштвото за оваа војна му е посветено на некој кој што Нострадамус го нарекува „тиранинот“. Според неговите предвидувања Словените ќе го „сменат нивниот принц“ и ќе „кренат војска во планините“ кое што можеби се однесува на герилска војна. Зборува за времето „кога северниот пол ќе се обедини“ (НАТО?), и посочува многу географски референци поврзани со Балканот како Грција, Италија и Медитеранот. Војната се предвидува дека ќе се случи кога „орелот“ (САД) и „петелот“ (Франција) ќе застанат заедно. Исто така се спомнува и времето кога Англија, Полска и Чехословачка (сега Чешка и Словачка) „ќе формираат нов сојуз“. Спомнатите три земји од поранешниот источен блок пред извесно време му се приклучија на НАТО. Предвидел дека Алијансата ќе победи, дека војната ќе трае седум месеци, и дека можеби ќе се прошири и надвор од Балканот, движејќи се на север, но дека по војната ќе има „мир на земјата за долго време“. Предвидувањата на Нострадамус како да се потврдени и од други јасновидци вклучувајќи го и Николаас Ван Ренсбург (Nicolaas van Rensburg), познатиот јасновидец од Јужна Африка кој живеел од 1862 до 1926 година. На почетокот на дваесеттиот век тој ја предвидел употребата на електричната енергија, масакрот на шест милиони Евреи, катастрофата во Чернобил, подемот и падот на Русија, како и создавањето на Европската Унија, детално опишувајќи ги нивните знамиња. За третата светска војна тој предвидува дека од неа Англија ќе излезе ослабена, додека Германија ќе прерасне во најмоќната нација во светот. Понатаму, такви предвидувања од познатиот американски јасновидец Едгар Кејси можат да се најдат во книгата Предвидувања за 21-от век.
Толкувањата на експертите за предвидувањата на Нострадамус за нападот врз Светскиот Трговски Центар„Во
годината на новиот век и деветте месеци, од небото ќе дојде големиот
крал на теророт. Небото ќе гори над четириесет и петтиот
степен....огнот ќе му се приближи на глемиот нов град...ќе има
грмотевици...Третата голема војна ќе започне кога градот ќе гори.“ Се разбира, не е само дека „експертите“ направиле погрешни толкувања- и јасновидците исто така не секогаш се прецизни во нивните предвидувања. Во суштина, многу такви предвидувања ја промашуваат својата цел. Времето ќе покаже дали косовскиот конфликт или пак нападот врз кулите близначки се иницирачки искри за некој поголем конфликт. Што се однесува пак до крајот на светот, Нострадамус предвидел дека тоа ќе се случи во 3786 или 3797 година, зависно од тоа на кој експерт повеќе ќе одберете да му верувате. Криптична нумерологија: Првиот авион кој удри во куите беше летот 11 на American Airlines; |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нострадамус уште од мал бил упатен во библијата, кабалата и разноразни евангелија, не е ни чудо што многу од неговите предвидувања, како што имам читано, се предвидувани и во евангелијата и слични тракатанци.
Бил обичен човек, со широки познавања за се што го опкружувало. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почна ли Што е ова во Франција што се случува деновиве а |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ma , kakov nastradamus,
..sekoj so malku pogolema imaginacija , ke iskopa po neshto od negovite spisi,...
...i toa od isti tekstovi ,
pa, koj miluva neka,..veruva!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eeeeeeeee kolku nastradamusi ima na ovaj svet dosega kuzne so ke se slucese
|
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите сме слушнале за славниот пророк Нострадамус и повеќето знаат дека повеќето негови предвидувања се исполниле,но мене сепак како најинтересни ми се оние предвидувања за Македонија и Македонците,па затоа решив денес да ви ги претставам тие девет негови предвидувања поврзани со Македонија и Македонците а вие пробајте сами да ги протолкувате.
Огнен факел ќе се види ноќе на небото. Близу крајот и почетокот на Рона Глад и челик - олеснувањето ќе дојде подоцна Персија ќе упадне во Македонија Благородниот Фердинанд ќе биде срушен. Ќе се откаже од цвеќето, да ги следи Македонците Во критичниот момент нема да успее А тој ќе настапи против Мирмидонците.(ИСПОЛНЕТО) Влезот во Блеј за Ла Рошел и за Англичанецот Великиот Македонец ќе го помине. Недалеку од Аген ќе го чека Галиецот Преку разговори Нарбон ќе ја избегне заверата Македонецот ќе ги помине плинините Пиринеи, Во март Нарбон нема да се спротистави На земјата и на морето тој ќе направи многу големи сплетки, Капетијан нема безбедна земја за живеење. Страшната чума Перинт и Никополе, Дали ќе ги потисне Полуостровот и Македонија? Таа ќе ја уништи Тесалија и Амфиполис, Незнајно зло, и одбивање од Антиони. Непријателите се далеку од тврдината, Крепоста донесена со коли: Ѕидините над Бургес се рушат, Кога Херкул Македонецот ќе нападне. Голема битка тие ја подготвуваат за Нанси, Македонецот ќе рече: јас ги покорувам сите. Британските острови се вознемирени за вино и сол, "Хем. ни." Филип две Мец нема да издржи долго Во времето на народната жалост невидливиот крал ќе војува против еден млад Македонец. Галија ќе се затресе, бродот ќе биде во опасност За Марсеј ќе се зборува на Запад.(ИСПОЛНЕТО) Кралот прогласуван за победник, и цар, верата скршена, кралскиот чин знаен: македонска крв, кралот стана освојувач, надуениот народ, стана скромен низ солзи |
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Abe toj pishuval za Grujo!
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јас не знам што не е во ред со светов, зошто веруваме во вакви ствари???
најпрво, предвидувањата на пророциве се нејасни и личат на бладање повеќе одколку на јасно предвидување, па обичниот човек се обидува да ги дешифрира и да ги поврзе со реалноста, а така кажани пророштвата може да се поврзат со било што второ, кога некој ќе погоди нешто, сите се креваат на нозе и се чудат и се восхитуват на тоа, дури почнуваат да веруваат, а кога некој ќе прорече нешто, а не се исполни, тоа паѓа во заборав како да не било трето, иднината не може да се предвидува бидејќи не постои, можеме да ја менуваме во секој момент, ако беше така, до сега ќе смислевме како се патува низ времето |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде пак е актуелен Црниот Папа на Нострадамус. Ако католиците изберат таков, значи имаме уште малку време, после црниот има уште еден папа и бум, апокалипса...Има да не нема...
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
vivi
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Страшни предвидувања на Нострадамус за 2014 година!Во 2014 година ќе бидат извршени атентати против четворица премиери. Ова ќе предизвика меѓународен конфликт на полуостровот Хиндустан , кој во ноември ќе предизвика трета светска војна. Прво ќе се користат конвенционални оружја, потоа – хемиски и на крајот – нуклеарни. Малкуте останати живи луѓе ќе страдаат од кожни болести и од рак. Европа ќе биде пуста до 2016 година. Kошмарот ќе трае до 2025 година. Лазарев не е единствениот кој во пророштвата на средновековниот француски астролог гледа избувнување светски конфликт. Научниците толкуваат дека месијанска личност ќе се роди на Истокот, во Kореја. Ако човештвото не го прифати, не го сфати и не ги следи неговите инструкции, ќе почне светска војна. Неизвесноста ќе направи луѓето да бидат во паника, но наместо да се обединат, тие ќе дејствува на принципот „секој за себе“. Во светот ќе се царува рамнодушноста и беззаконието и тоа ќе ги поткопа не само личните односи , туку и меѓудржавните договори. Ќе има конфликт меѓу две светски религии. Последиците ќе бидат сериозни, ќе загинат многу луѓе, ќе бидат уништени цели земји. Во 2014 година и природата на Земјата ќе биде пред многу искушенија, пророкува Мишел де Нострадам. Предвидувањата му се премногу апстрактни и дури научниците кои се занимаваат со неговите пророштва не можат до крајот да ги дефинираат. Астрологот ја гледа месечината затемнета, а Сонцето – со неприродна боја на ‘рѓосано железо . Тоа се толкува како последица од голема вулканска активност со исфрлање сулфурни гасови и пепел . Kако резултат на тоа ќе има огромни шумски пожари. Атмосферата ќе биде многу загадена. Пожарите и вулканите ќе предизвикаат топење на глечерите, под вода ризикуваат да завршат острови и полуострови – Велика Британија, Италија, а исто така и Австралија. Во предвидувањата на Нострадамус експертите гледаат разрушени градови поради „големата вода“ (веројатно големи бранови). Овие катастрофи може да го погодат југоисточниот дел на Азија – Филипини, Индија, крајбрежните зони на Јужна Kина, некои области на Kамчатка. Францускиот астролог предвидел дека токму во 2014 година планетата Нибиру ќе прелета толку блиску до Земјата , дека „ќе може да се допрат“. Kако резултат на овој „контакт“ може да се помрдне земјината оска, ноќите да станат денови, деновите – ноќи, едната половина на Земјата да се замрзне, а другата да се претвори во пустина. Kрајот на годината ќе биде одбележан со отворање нов вид енергија. Тоа квалитативно ќе го промени животот на планетата. |
|
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |