|
Трескавец |
Внеси реплика |
Автор | |
milord
Нов член Регистриран: 17.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Март.2010 во 03:50 |
Vo april planiram da odam vo Makedonija so grupa od 15 mladi lugje
me interesira dali moze da se odi so takva grupa do manastirot Treskavec. ke bideme vo Prilep i bi sakale da gi posetime Markovi kuli, selo Varoš i jas licno mnogu bi sakal da go posetime Treskavec Kako najlesno moze da se dojde do Treskavec? Znam deka patot ne e ednostaven, no takvi informacii gi slusnav pred nekolku godini. dali nesto se promeni do sega? dali moze da se dojde so kombe do tamu? i uste me zanima dali moze tamu da se prespie? slušnav deka može, no sepak... |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
До манастирот Трескавец можеш да одиш со џип или пеш.
Направен е еден алтернативен пат до горе ама последниве дождови го уништија и мислам дека нема да можеш да се искачиш со комбе.Инаку конаците се новоизградени и може да се преспие.
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ете Andjelina ги дала потребните информации...ама јас налетав на ова...па нека стои..за тие што ги интересира
На околу 10км од Прилеп, под врвот Златоврв, подигнат е манастирот Трескавец, со манастирската црква "Успение Богодоричино". Манастирот Трескавец се смета дека е подигнат во 13 век, но според сите документи и артефакти, манастирот претрпел уривање и оштетувања во првите години на 15 век, поради што подоцна бил обновуван. Обновувањата се вршеле во неколку наврати, посебно во втората половина на 19 век, од страна на познатиот фреско-сликар Михаел од Самарина, заедно со неговиот партнер Зиси од Крушево. Во црквата се зачувани значајни Византиски фрески. Зачувани се и кујната и трпезаријата од 14 век. Покрај ова зачувани се и вредни уметнички предмети: двокрилна врата изработена во плитка резба, царски врати на иконостасот и Големиот Крст на космитисот кој датира од 17 век. Кон крајот на 15 век, наосот на црквата бил исполнет со фрески изработени од страна на добар мајстор-зограф. Особено може да се потенцираат фреските од првата зона каде се претставени светите воини со цела фигура, кои врз себе носат благородничка облека и раскошни капи на главите, за разлика од нивното вообичаено претставување со воена облека и вооружување. Планинарска патека низ карпи и ниски треви води од Прилеп до манастирот. Во манастирот доаѓаат туристи добронамерници од Македонија и целиот свет. Се разбира најпосетуван е за верскиот празник "Богородица" на 28 август. Тогаш во манастирот се собираат голем број верници за да го означат овој свет ден. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И репортажата од Вечер
Манастирот Трескавец со црквата Успение на Пресвета Богородица Манастирот Трескавец им пркоси на вековите на надморска височина... Манастирот
Трескавец им пркоси на вековите на надморска височина од 1280 метри. По
првата слика којашто ја добивате одејќи кон манастирот, прво што ве
очекува е голема карпа во облик на лав, надвисната како некој вечен
чувар, како и карпата во која природата вдлабила три седишта, налик на
престоли. Тука, веднаш пред манастирските порти, седнати на
"престолотè, можете да ја видите цела Пелагонија, од Кајмакчалан, преку
Баба и Пелистер, па сў до Бабуна со Солунска Глава. Потоа, ќе ве
пречека, за сега, единствениот монах таму, отец Калист, кој ја
дополнува атмосферата на духовност и посебност... Предание на Џинот ФОТО: Д. АНДОНОВСКИ |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вечер во манастирот Трескавец
Сликата на зраците од батериските лампи и фаровите на возилата кои како огромна змија се тегавеа по ридот кон манастирот изгледаше нереално. До доцна во ноќта стотици луѓе пеш или со возила се пробиваа по калливиот и непрооден пат за да помогнат и да го видат нивниот монах Калист
Натчовечките напори на локалното население кои веднаш поитаа кон
манастирот не беа доволни, па интервенцијата на хеликоптерите на АРМ
беше пресудна да се изгаси огнот. Тргнавме нагоре, предупредени од полициската патрола дека патот нагоре како да не постои и оти ризикуваме да заглавиме во калта и да го блокираме патот спречувајќи ги пожарникарите кои евентуално би оделе кон Трескавец. Десетици џипови и трактори преполни со полицајци, пожарникари, војници и луѓе одеа во двата правци низ длабоката кал. На места, патот беше до толку непрооден што џиповите беа на граница да се превртат и да заглават во лепливата смеса длабока и до половина метар. Низ дупките во калта се сливаа стотици литри вода од интервенцијата на армиските хеликоптери. Тука, покрај патот, беа и прилепчаните кои тргнале пеш кон манастирот, некои со батерии некои без, пробивајќи се во темнината. Тивко и без збор. Го оставивме нашето возило и продолживме пеш. Сега веќе јасно се
гледаа контурите од црквата "Успение на Пресвета Богородица" осветлени
од пламенот кој ги догоруваше остатоците од конаците околу неа.
Дваесетина момчиња одеа пред нас. Пустошот беше на сите страни. Од конаците, собите, трпезаријата беа останати само црни греди кои чадеа или се уште догоруваа. Црквата е недопрена. Повторно. Десетици луѓе, пожарникари и полицајци, возрасни и млади, машки и жени, молчешкум гледаа во огнот, расчистуваа шут или пак се обидуваа да ги изгаснат малите пламени. На страна стоеше монахот Калист. И тој молчеше, но во очите можеше да
се види шокот кој го преживеал и запрепастувањето од уништувањето и
ужасот кој го остави пожарот. Не замолија да не го прашуваме, да не го
вознемируваме дополнително. Таа дознала за пожарот околу 15 часот и вели дека веста се проширила
како молња низ градот. Воопшто не чекала на повик. Секој тргнал како
можел и знаел. Тргнавме назад кон Прилеп, а луѓе се уште се качуваа нагоре. Кусо не
отпоздравуваа, и продолжуваа. Нивната вознемиреност можеше да се
забележи во темнината. Разговарајќи со прилепчани дознавме дека меѓу првите кои стигнале во Трескавец бил командирот на прилепската полиција Драган Приденкоски и неколку колеги. Со полициските џипови успеале да се пробијат. Тој и Калист веднаш влетале во библиотеката и почнале со голи раце да ги вадат и засолнуваат книгите и се што е вредно. Огнот бил се посилен и поблиску, но тие не се откажувале. И успеале и затоа му се благодарни. Командирот за жал, вчера не успеавме да го добиеме на службениот телефон. Животот во манастирот го вратил монахот Калист. Сите велат дека тој е
срцето на Трескавец, тој им ја вратил љубовта кон манастирот, желбата
да го посетуваат манастирот и да разговараат со него. На разделба ни кажа дека со нејзините пријатели планинари се
обидувале да издлабат карпа каде што требало да биде новата трпезарија
која би ја користел монахот. На седницата било одлучено да се побара обновувањето на Трескавец да
биде приоритет на Владата, а министерството за транспорт и врски да се
погрижи што побрзо да се изгради патот до манастирот, проект кој вреди
околу 1,5 милиони евра. Тие, објавија повик и молба до Владата и до надлежните институции "да
не затвораат очи пред овој голем национален проблем, туку родољубиво да
се потрудат на било каков начин да се спречи кражбата на нашето духовно
наследство, а со тоа и кражбата на нашата света историја". Тие потсетуваат дека црквите се мета на едно систематско уништување,
иконостасите се демолираат, највредните икони исчезнуваат и ништо не се
презема. (Е.А.) Тие, преку својата интернетска страница, објавија повик и молба до
Владата на Република Македонија и до надлежните институции "да не
затвораат очи пред овој голем национален проблем, туку родољубиво да се
потрудат на било каков начин да се спречи кражбата на нашето духовно
наследство, а со тоа и кражбата на нашата света историја". - Ваквата жална состојба особено е карактеристична за нашиот западен дел, познат по прекрасните цркви изработени од мијачките мајстори, што денес се оставени сами на себе. Но тоа што, поради извесни историски околности, селата во тој крај се претежно напуштени, не значи дека треба да кренеме раце од едни толку важни, за нашиот ентитет, споменици од минатото и да не се погрижиме околу безбедноста на овие наши прекрасни ризници на некогашната мијачка духовна уметност и традиција. Зарем толку малку го цениме она што предците ни го оставиле во залог? Зошто да не изнајдеме соодветен начин да го заштитиме тоа што не дефинирало низ историјата, па и се уште не дефинира како народ? И зошто сега да ни се наметнува како неминовност да ги вадиме иконите од иконостасите, нарушувајќи им ја така древната убавина на храмовите, и да ги засолнуваме по нашите специјални институции за да ги заштитиме од се поголемиот апетит на една добро разработена мрежа на крадци, кои непречено оперираат во овие краишта?, прашува игуменот на бигорскиот манастир. (Е.А.) |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |