http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=66AE30CB1037C24EBD735F6BE9BB4D15" rel="nofollow - - Вечер во манастирот Трескавец
Прилепчани
велат дека се потврди оти манастирот е вечен и ништо не може да му
наштети или да го уништи. Пред дваесетина години имало пожар и го
обновиле, а истото ќе го сторат и сега. Трескавец е нашата душа, велат
тие
Сликата на зраците од батериските лампи и
фаровите на возилата кои како огромна змија се тегавеа по ридот кон
манастирот изгледаше нереално. До доцна во ноќта стотици луѓе пеш или со
возила се пробиваа по калливиот и непрооден пат за да помогнат и да го
видат нивниот монах Калист
Манастирот
Трескавец излезе посилен во уште една битка со огнот. Црквата "Успение
на Пресвета Богородица" повторно мина беа никакви оштетувања иако
пламенот уништи се околу неа. Конаците со гостинските соби, трпезаријата
и просториите на монахот Калист изгореа за само неколку часови.
Натчовечките напори на локалното население кои веднаш поитаа кон
манастирот не беа доволни, па интервенцијата на хеликоптерите на АРМ
беше пресудна да се изгаси огнот. Екипата на "Вечер" пристигна во
доцните попладневни часови во Прилеп и веднаш тргнавме кон манастирот, а
ноќта падна додека стигнавме до подножјето на ридот. Гледајќи нагоре
можеше да се видат стотици светла од автомобилски фарови и батериски
ламби, кои како змија се тегавеа по ридот кон манастирот кој се уште
гореше. Глетката беше нереална.
Тргнавме нагоре, предупредени од полициската патрола дека патот
нагоре како да не постои и оти ризикуваме да заглавиме во калта и да го
блокираме патот спречувајќи ги пожарникарите кои евентуално би оделе кон
Трескавец.
Десетици џипови и трактори преполни со полицајци, пожарникари,
војници и луѓе одеа во двата правци низ длабоката кал. На места, патот
беше до толку непрооден што џиповите беа на граница да се превртат и да
заглават во лепливата смеса длабока и до половина метар. Низ дупките во
калта се сливаа стотици литри вода од интервенцијата на армиските
хеликоптери. Тука, покрај патот, беа и прилепчаните кои тргнале пеш кон
манастирот, некои со батерии некои без, пробивајќи се во темнината.
Тивко и без збор.
Го оставивме нашето возило и продолживме пеш. Сега веќе јасно се
гледаа контурите од црквата "Успение на Пресвета Богородица" осветлени
од пламенот кој ги догоруваше остатоците од конаците околу неа.
Дваесетина момчиња одеа пред нас. - Ова е трагедија. Завчера бевме тука. Белки секое зло за две добра, рече еден од нив. Не им се разговараше.
Пустошот беше на сите страни. Од конаците, собите, трпезаријата беа
останати само црни греди кои чадеа или се уште догоруваа. Црквата е
недопрена. Повторно. Десетици луѓе, пожарникари и полицајци, возрасни и
млади, машки и жени, молчешкум гледаа во огнот, расчистуваа шут или пак
се обидуваа да ги изгаснат малите пламени.
На страна стоеше монахот Калист. И тој молчеше, но во очите можеше да
се види шокот кој го преживеал и запрепастувањето од уништувањето и
ужасот кој го остави пожарот. Не замолија да не го прашуваме, да не го
вознемируваме дополнително. - Се качив горе само да го прегрнам
Калист. Не сакам да гледам наоколу. Сега ќе тргнам назад. Не можам да
седам тука, болката е голема, вели лекарката Павлина, инаку долгогодишен
планинар.
Таа дознала за пожарот околу 15 часот и вели дека веста се проширила
како молња низ градот. Воопшто не чекала на повик. Секој тргнал како
можел и знаел. Групи прилепчани постојано доаѓаа, решени да ја минат
ноќта под отворено небо, да бидат блиску до, како што велеа, својот
манастир и нашиот отец. - Најмалку што можам да сторам е да останам
тука и да помогнам барем во расчистувањето. На пожарникарите сигурно ќе
им треба помош, ни рече Александар.
Тргнавме назад кон Прилеп, а луѓе се уште се качуваа нагоре. Кусо не
отпоздравуваа, и продолжуваа. Нивната вознемиреност можеше да се
забележи во темнината. Ни во градот не е различно. Гледајќи ги
валканите возила ги прашуваат сограѓаните што е со манастирот. На секоја
улица, маса и агол се зборува за истото, за Трескавец. - И пред
дваесетина години имаше пожар. И тогаш изгореа конаците. Успеавме да ги
обновиме. Така ќе биде и сега. Трескавец е срцето на прилепчани, вели
нашиот соговорник, Каролина. Таа не успеала да се качи до манастирот и
вели дека можеби така е подобро бидејќи не знае колку и како ќе ја
погоди сликата од уништувањето.
Разговарајќи со прилепчани дознавме дека меѓу првите кои стигнале во
Трескавец бил командирот на прилепската полиција Драган Приденкоски и
неколку колеги. Со полициските џипови успеале да се пробијат. Тој и
Калист веднаш влетале во библиотеката и почнале со голи раце да ги вадат
и засолнуваат книгите и се што е вредно. Огнот бил се посилен и
поблиску, но тие не се откажувале. И успеале и затоа му се благодарни.
Командирот за жал, вчера не успеавме да го добиеме на службениот
телефон.
Животот во манастирот го вратил монахот Калист. Сите велат дека тој е
срцето на Трескавец, тој им ја вратил љубовта кон манастирот, желбата
да го посетуваат манастирот и да разговараат со него. - Беше испосник
во Зрзе пред да дојде. Тука беше заедно со Климент, кој сега е епископ.
Климент си замина, а Калист остана. Не можам да најдам доволно добри
зборови за него. Тој успеа да не поврзе меѓусебно и да не зближи, додава
лекарката Павлина.
На разделба ни кажа дека со нејзините пријатели планинари се
обидувале да издлабат карпа каде што требало да биде новата трпезарија
која би ја користел монахот. Ова е трет пожар во манастирот.
Претходно конаците гореле во 1867 година и во 1990 година, а црквата
Успение на Пресвета Богородица" повторно се покажа посилна. (О.Ч.)
Огнот целосно угасен вчераутро Пожарникарски
екипи цела ноќ ја минаа во манастирскиот комплекс гаснејќи ги
преостанатите пламени џебови. Пожарот кој беше локализиран околу 19
часот целосно беше изгасен вчераутро. Стихијата за два часа ги пеплоса
конаците. Наши екипи останаа на догаснување на пожарот цела ноќ.
Некаде околу 19 часот веќе беше изгаснат, а до раните утрински часови се
работеше на догаснување и сега можеме да кажеме дека е целосно
локализиран - рече Станко Колески, командир на ППЕ-Прилеп.
Причините за пожарот непознати, увид допрва Зошто
и како избил пожарот во една соба во манастирскиот комплекс не е
познато. Од изјавите на единствените двајца очевидци монахот Калист и
гостин познато е дека огнот го забележале во гостинска соба, а дрвената
конструкција само придонела пожарот молскавично да се прошири и да ги
зафати конаците. Истражниот судија вчера беше на седницата на општина Прилеп и дури потоа требаше да тргне кон манастирот. За
официјалните информации ќе треба да се почека неколку дена, а на
утврдување на точните причини ќе работат и тимови од Скопје откако и
официјално ќе се лоцира и изолира жариштето на огнот.
Мора поголема грижа за културното наследство! Катастрофалните
пожари во манастирите Трескавец и Јован Бигорски докажуваат дека
државата мора да обрне повеќе грижа и внимание за културното наследство и
објектите кои го сочинуваат. Овие два манастири досега ги нема во ниту
една стратегија за заштита изготвена од надлежните органи ниту пак се
наоѓаат во категоријата на културно наследство во опасност иако имаат
полно право да бидат токму таму.
Општина Прилеп донира еден милион денари, бара итен план и од Владата Општината
Прилеп, на вчерашната седница, одлучи да донира еден милион денари за
реновирање на конаците и санирање на штетата од пожарот, а покрај тоа ќе
ги стави сите расположиви ресурси на располагање во таа цел. -
Општината од локалниот буџет веднаш ќе издвои еден милион денари, кои
пред се ќе се искористат за расчистување на изгорените конаци на
манастирот Трескавец кои настрадаа во пожарот, соопшти градоначалникот
на Прилеп, Марјан Ристески, кој воедно е и претседател на Економскиот
совет.
На седницата било одлучено да се побара обновувањето на Трескавец да
биде приоритет на Владата, а министерството за транспорт и врски да се
погрижи што побрзо да се изгради патот до манастирот, проект кој вреди
околу 1,5 милиони евра. - Ќе се направи и план за расчистување на
теренот, а од Прилеп се упатуваат препораки до Владата, Министерството
за транспорт и врски. Мора да се активира изградбата на патот до
манастирот. Тоа ќе овозможи забрзување на работите. Министерството за
култура и МПЦ да отворат посебна жиро-сметка за сите добронамерници да
донираат средства, додаде Ристески. Покрај тоа тие ќе побараат од
прилепскиот Завод и Музеј да направат елаборат за заштита на сите
споменици од пожар за да се спречи било каква катастрофа Според
Симон Наумоски, претседател на УО на Витаминка", многу бизнисмени и
фирми ќе помогнат во обновата, но, смета тој, за да се доведе манастирот
во реална состојба сигурно ќе поминат барем три години.
Бигорското братство бара државата да ги заштити црквите од крадци Кражбите
и уништувањето на иконите и иконостасите стари по неколку века е исто
толку голем проблем со кој се соочува црквата. Пред само неколку дена,
од храмот Воведение на Пресвета Богородица-Света Пречиста" во дебарското
село Мелничани беа украдени вредни икони заедно со царевите двери,
изработени од рацете на древните македонски копаничари и фрескописци. Монашкото
братство од Реканскиот крај и Мијачијата, загрижено и разочарано што
голем дел од историското наследство од црквите завршуваат во рацете на
крадците бидејќи сметаат дека храмовите не се доволно заштитени, побараа
помош од државата.
Тие, објавија повик и молба до Владата и до надлежните институции "да
не затвораат очи пред овој голем национален проблем, туку родољубиво да
се потрудат на било каков начин да се спречи кражбата на нашето духовно
наследство, а со тоа и кражбата на нашата света историја". -
Последниве неколку години сведоци сме на една страшна трагедија -
секојдневно исчезнува нашето непроценливо богатство кое низ историјата
во голема мера го дефинирало нашиот идентитет. Добро би било органите за
безбедност со поголема будност и усрдност да си ја вршат својата од
Бога дарувана должност, а Собранието на Република Македонија да донесе
закон за многу построги казни за извршителите на свето татство. Само
тогаш кога пожртвувано, со љубов и ревност ќе го чуваме светото
наследство на нашата татковина и завештанието од нашите предци, ќе го
имаме и нивниот и Божјиот благослов, се вели во писмото потпишано од
игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј.
Тие потсетуваат дека црквите се мета на едно систематско уништување,
иконостасите се демолираат, највредните икони исчезнуваат и ништо не се
презема. (Е.А.)
Владата ќе помогне во реконструкцијата Владата
веднаш исплати 615 илјади денари како интервентна помош за санирање на
првичните последици од страотниот пожар во манастирскиот комплекс
Трескавец. Тоа е прва од неколкуте мерки усвоени од Владата за помош,
поддршка, реставрација и реконструкција на опожарените делови од
манастирскиот комплекс. -Владата исто така го задолжи Министерството
за култура да изработи комплетен проект за реконструкција и
реставрација на целиот манастирски комплекс односно деловите кои беа
опожарени и очекуваме проектот кога ќе биде завршен да биде ставен во
функција. Наложено е и на Министерството за транспорт и на
претпријатието за јавни патишта да се интензивира работата за изградба
на пристапниот пат кој води до Трескавец бидејќи е потребен за вршење на
градежните работи за реконструкција и реставрација. Донесен е став по
изработката на проектот Владата повторно да излезе со дополнителна
финансиска поддршка во изведувањето на градежните работи за
реконструкција и реновирање на опожарените делови од манастирскиот
комплекс, рече владиниот портпаролот Александар Горгиев. Тој објасни
дека делот кој е опожарен од комплексот не е во редот на евидентирани
објекти кои се од културно значење или наследство бидејќи тој бил
изграден во 1990 и нема автентичност да биде внесен во оваа категорија.
Исчезнува нашето национално богатство Бигорското братство бара државата да ги заштити црквите од крадци Кражбите
и уништувањето на иконите и иконостасите стари по неколку века е исто
толку голем проблем со кој се соочува црквата. Пред само неколку дена,
од храмот Воведение на Пресвета Богородица-Света Пречиста" во дебарското
село Мелничани беа украдени вредни икони заедно со царевите двери,
изработени од рацете на древните македонски копаничари и фрескописци. Монашкото
братство од Реканскиот крај и Мијачијата, загрижено и разочарано што
голем дел од историското наследство од црквите завршуваат во рацете на
крадците бидејќи сметаат дека храмовите не се доволно заштитени, побараа
помош од државата.
Тие, преку својата интернетска страница, објавија повик и молба до
Владата на Република Македонија и до надлежните институции "да не
затвораат очи пред овој голем национален проблем, туку родољубиво да се
потрудат на било каков начин да се спречи кражбата на нашето духовно
наследство, а со тоа и кражбата на нашата света историја". -
Последниве неколку години сведоци сме на една страшна трагедија -
секојдневно исчезнува нашето непроценливо богатство кое низ историјата
во голема мера го дефинирало нашиот идентитет. Добро би било органите за
безбедност со поголема будност и усрдност да си ја вршат својата од
Бога дарувана должност, а Собранието на Република Македонија да донесе
закон за многу построги казни за извршителите на свето татство. Само
тогаш кога пожртвувано, со љубов и ревност ќе го чуваме светото
наследство на нашата татковина и завештанието од нашите предци, ќе го
имаме и нивниот и Божјиот благослов, се вели во писмото потпишано од
игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј.
Тие потсетуваат дека црквите се мета на едно систематско уништување,
иконостасите се демолираат, највредните икони исчезнуваат и ништо не се
презема. - Ваквата жална состојба особено е карактеристична за
нашиот западен дел, познат по прекрасните цркви изработени од мијачките
мајстори, што денес се оставени сами на себе. Но тоа што, поради извесни
историски околности, селата во тој крај се претежно напуштени, не значи
дека треба да кренеме раце од едни толку важни, за нашиот ентитет,
споменици од минатото и да не се погрижиме околу безбедноста на овие
наши прекрасни ризници на некогашната мијачка духовна уметност и
традиција. Зарем толку малку го цениме она што предците ни го оставиле
во залог? Зошто да не изнајдеме соодветен начин да го заштитиме тоа што
не дефинирало низ историјата, па и се уште не дефинира како народ? И
зошто сега да ни се наметнува како неминовност да ги вадиме иконите од
иконостасите, нарушувајќи им ја така древната убавина на храмовите, и да
ги засолнуваме по нашите специјални институции за да ги заштитиме од се
поголемиот апетит на една добро разработена мрежа на крадци, кои
непречено оперираат во овие краишта?, прашува игуменот на бигорскиот
манастир. (Е.А.)
-------------
|