IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - ЕУ - НАТО, просперитет или утопија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЕУ - НАТО, просперитет или утопија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 28>
Прашање: Дали сте за членство на Македонија во ЕУ и НАТО
Одговор Гласови Статистика
6 [27,27%]
13 [59,09%]
1 [4,55%]
2 [9,09%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2013 во 21:02
вика...Во 90 год. Словенија има просек на примања отприлика околу 1800 - 1900 ДЕМ. Пред десетина години влегуваат во ЕУ и НАТО, а сега просекот на плати по вработен им е отприлика 900 - 1000 ЕУР, што би дошло скоро исто примања како во 90 год. Само со таа разлика што цените за трошоци на животот се едно 300 - 400 % поголеми од тогаш. Словенечкиот БНП минатата година го достигна нивото од 90 год. Значи стандардот на народот, куповната моќ е падната.

Бугарија и Романија се нешто помалку време во ЕУ и НАТО, просечните примања не им се зголемени за ова време, а цените се пораснати многукратно. Опаѓање на стандардот на живеење е многукратен.
Откако се членки на ЕУ и НАТО овие две држави, имаат помалку 1.5 милиони жители, бидејќи толку луѓе ги напуштиле во изминатиот период и се иселиле во некоја од старите ЕУ држави.

Исти или сличен е случајот со Балтичките држави, со Полска, Словачка, Унгарија....

Kanal71голема насмевка 


......нема што ние сме оаза и земја лидер по се.!намигнување....само кај нас паѓа индустриското производство и секое друго ред години наназад а стандардот ни расте..наместо една сега имаме по две три кредитни...

 И она за иселените од ЕУ...гарант  кај нас се доселиле,ама немаме точни податоци пошто пописот нели не успеа.смеење

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2013 во 00:19
...koj be ve laze deka 1900 dm imale prosek?!!изненадување

ма ајде...ako bilo i duplo pomalku od toa...ke bile srekjni !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2013 во 03:56
Примањата во Словенија, пред распадот, биле двојно поголеми од југословенскиот просек.

Југословенскиот просек бил некаде околу 450 германски марки. Ако 2 марки = 1 евро, тогаш платата во Словенија изразена во еврба би била 450.

Се чини дека платите во номинален износ се зголемени за 2х. Платите пак во реален износ е сосема друга приказна. Еквивалент на тогашните 450 евра денес би биле некои 1800 евра. Значи дека стандардот на Словенците реално е двојно полош во однос нa онај од пред 20+ години. Но сликата не е таква. Сите возат коли, купуваат бела техника, станови.... а од друга страна позиводствените кпацитети нефункцинираат. Некој некаде произведува, ама некој некаде се бави со најбезбедниот бизнис, финасирањето!

На западот се вели there is no such thing as free lunch!

Некој мора да го плати ручекот, а богами и музиката. Надворешниот долг на Словенците е 10кратно зголемен, а неверувам дека Словенците 10 кратно ја имаат зголемено продуктивноста или дека нивниот output е зголемен со истата пропорција.

Вулгаризирано или симплифицарно, ако сакате, Словенецот работи за финансиерите или оние кои им ги позајмиле парите.

Ако е за утеха, не се само Словенците!

Да не одам со некои примери и калкулации, ќе поставам задача, па решете ја.

Вредност на колата 15000 евра
Интерест 10%
Учество 0%
Време на отплата 5 години или 60 месечни рати

Колку ќе ве чини колата, односно колку ќе платите за колата одкако ќе ја исплатите?

Колкава ќе биде вредноста на колата по 5та година?

Не се замарајте со трошоците за регистрација, осигурување, редовно сервисирање..... или пак реалната корисна вредност на истата! Дали истата ќе ви донесе пари, дали е насушна потреба или пак е за чалам.

Истата задача може да си ја поставите и со сите други материјални добра или духовни задоволства.

Колку е само тешко кога те тепаат, а не ти дозволуваат да викаш?! Не само што не дозволуваат да креваш врева, туку и тепаниот самиот несака да вика. Се надева дека ќе пројде со помалку, а можеби еден ден ќе го фати морковчето.



      

Изменето од Platenik - 04.Февруари.2013 во 09:42
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2013 во 14:47
Јас сум помлад и не знам како се живееше и каков беше стандардот во СФРЈ, но компаниите во тоа време имаа монопол врз пазарот,Искра,Горење,Емо,Застава,Фас..да не ги набројувам и другите компании.
Денес истата таа компанија Горење има конкуренција не само од фирми кои доаѓаат од ЕУ,туку и од Азија,Блискиот Исток,значи Горење со својот производ не треба да биди само поевтин,туку треба да има подобар дизајн, напредна технологија,да обезбеди континуиран раст на пазарот кој ке му овозможи на компанијата иновациски да држи чекор со еден Сони,Панасоник,Самсунг.
ЕУ нема монополистичка политика па затоа и други компании како во Шпанија ,Италија,Франција,Шведска имаа проблеми со конкуренцијата па компаниите се преселија во Кина поради ниските трошоци и ред други можности меѓу кои и крадењето на патенти.Голем број на луѓе останаа без работа но и покрај тоа во ЕУ сеуште има услови за развивање на бизнис и одлична заработка зошто е пазар од 400 милиони потрошувачи.
Нити еден Словенец со својата заработена плата не вели дека не му стига за храна,да плати сметки да купи нова облека...за разлика од Македонија каде ситуата е очајна.
Една работа мора да се потенцира, не само во ЕУ ако сакате и во Јапонија да живеете,ако платата е 1000 евра,а месечно се троши по 3000 зошто за 8 Март треба да се оди на Хаваи,нова година во Рио,ново Порше за на риби,кога ке дојди време да се врати долгот има да го вратите и тоа со песна.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2013 во 15:29
...значи тоа е тоа,не е исто да вратиш кредит овде и во словенија..макар и во пропорционален однос да се.Тие можеби ќе можат да се откажат од луксузот,ама ние од јадењето..тешко. 
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2013 во 16:44
Доколку во Македонија беше подобро за живот ке доаѓаа Словенци,Грци,Бугари..да купуваат автомобили,да бараат работа,да се школуваат,но бидејки не е така закључок одма можиш да донесиш.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2013 во 10:08
Originally posted by zagor zagor напиша:

...значи тоа е тоа,не е исто да вратиш кредит овде и во словенија..макар и во пропорционален однос да се.Тие можеби ќе можат да се откажат од луксузот,ама ние од јадењето..тешко. 


Не се разбираме. Тие биле подобри, а веројатно и ќе останат подобри, без разлика на политичкиот систем во кои се развивале и развиваат соодветните земји. Во случајов Македонија и Словенија.

Прашањето е како да се стигнат?!

Да се лицитира со некакви бројки, 1900 евра словенечки просек, сметам дека е претерано. Можам да проверам од прва рака колкав е тој просек.

Јас се прашувам дали словенечкиот надворешен долг од 67 милијарди долари (33500 пер капита) нема да ги принуди Словенците во недогледно време, не само да се откажат од луксузот, туку и да прејдат на попосна храна.

Знам дека биле цареви во СФРЈ, но од некоја причина тие како да стануваат најголеми југоносталгичари. Зошто?

Многу совенечки фирми кои биле познати по својот квлитет, веќе непсотојат. Навистина незнам на што би се должел нивниот висок животен стандард?




Изменето од Platenik - 04.Февруари.2013 во 10:09
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2013 во 10:20
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:


Нити еден Словенец со својата заработена плата не вели дека не му стига за храна,да плати сметки да купи нова облека...за разлика од Македонија каде ситуата е очајна.


Колку Словенци знаеш и колку ги пратиш состојбите во Словенија?

Не сме можеле да се споредуваме тогаш, а неможем и денес.
Референтното ниво е различно.

Распрашај се како размислува обичниот Словенец и каков вокабулар користи?
Јас мислев дека поимитите, непотизам, корупција, мито, урбана мафија, политчка олигархија.....непсотојат во слвенчкиот речник и дека се одлика на оние од Загреб на југ и на исток. Сум се излажал!



Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2013 во 22:59
Имам братучетка во Љубљана.Голем број мои пријатели кои студираа во Словенија веке подолго време живеат таму зошто основаа фамилии,се вработија, некои отворија свои фирми...
Не е ни таму сјајно ,причини има многу а за некои претходно напишав,но менталниот склоп на Словенецот е многу поразличен од нашиот.Имаат услови за напредок ги користат,а кога нешто не е во ред во државата сите креваат глас.Тие имаат постигнато демократска зрелост и точно знаат дека кога нешто не функционира промените се неизбежни.
Словенија граничи со Италија,Австрија,Унгарија има местоположба која и дава огромен потенцијал .Затоа споредба на Македонија со Словенија не треба да правиме или да развиваме некој филм дека сме тука со стандард зошто ние сме многу години поназад.

Изменето од Alekxandar - 05.Февруари.2013 во 13:54
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2013 во 06:17
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Јас се прашувам дали словенечкиот надворешен долг од 67 милијарди долари (33500 пер капита) нема да ги принуди Словенците во недогледно време, не само да се откажат од луксузот, туку и да прејдат на попосна храна.

Знам дека биле цареви во СФРЈ, но од некоја причина тие како да стануваат најголеми југоносталгичари. Зошто?

Многу совенечки фирми кои биле познати по својот квлитет, веќе непсотојат. Навистина незнам на што би се должел нивниот висок животен стандард?



67 милијарди долг, цццц,  како ли само успеале до толку да заглават, скоро 60 % им е долгот од нивниот БДП


"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2013 во 21:39
Инаку за ваша информација просечните нето плати во Словенија за ноември 2012 се:

Јавниот сектор - 1134 евра
Стопанството   - 912 евра
Просек за Словнија - 990 евра

Номиналните плати се пониски за 1,8% во однос на предходниот ноември.

Види, види, навистина господ прво сам себе си дал брада!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2013 во 22:13
кога беше СФРЈ, се сеќавам на вестите, се говореше дека била криза, а оние од ммф викаа дека СФРЈ била многу задужена земја, и требало да обрнеме внимание на тоа. 
90 год. СФРЈ беше дужна околу 16 милијарди долари, а сега една Словенија е дужна 67 милијарди ама евра, и пак ништо не било.


"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2013 во 23:52

...ако имам 500 евра плата и земам 20000 евра кредит,и ако со него купам кола или мотоцикл а не камион или автобус,нормално дека ќе се сје**м.

...ете така и СЛ со РМ.Таква е споредбата.Таму и се да застане немаат гајле со години(имаат скоро се изградено),кај нас за два месеца ќе се испојадеме меѓу себе. 

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2013 во 00:21
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

кога беше СФРЈ, се сеќавам на вестите, се говореше дека била криза, а оние од ммф викаа дека СФРЈ била многу задужена земја, и требало да обрнеме внимание на тоа. 
90 год. СФРЈ беше дужна околу 16 милијарди долари, а сега една Словенија е дужна 67 милијарди ама евра, и пак ништо не било.




Југословенскиот долг својот зенит го достигнал некаде 1991 година, а изнесувал цирка 20 милиајрди долари. Денеска вкупниот долг на екс државите изнесува цирка 200 милијарди долари.

Прашање е дали сите тие позајмени средства дорпинесоа стопанската активност да биде зоголемена? Дали позајманите средства се наменски искористени во сектори кои ќе генерираат вистинска вреднос, богатство, а како резултат на тоа и подоброување на стадардот и општата благосотојба?

Напротив, негледам големи инвестициски зафати, а згора и старите идустриски капацитети се дамнешно минато. Гледам дека дел од тие средства се насочени кон широката потрошувачка, која во основа е базирана на трошење на незаработени пари. Добра кој некој некаде на друго место ги направил.

Погледнете само колку моторни возила се движат по улиците во споредба со периодот од пред10-20 години? Погледнете колку стоки има по продавниците и какво е нивното потекло? Има се ама се нема пари да се купат!

Кога во цената на чинењето ќе се вкалкулираат трошоците за финасирање на активностите на стопанственикот тогаш неверувам дека просторот за високи маржи е многу голем или пак обезбедуваат услови каде би се делеле високи плати. Неговиот, трошок се разбира, ќе биде пренесен на крајниот потрошувач. Овај пак сиромавиот исто така намејаќи можност да плати во готово, а сака да поседува, човечки е нели, ќе се позајми ама овај пат под лихварски услови. Хипотеки, кредитни картички.....Значи реалната употребна вредност нема да биде правопропрционална со крајната цена која потрошувачот ќе ја плати. Со други зборви доброто повеќе кратно ќе биде преплатено.

Никој не е против финансирање, кредитирање, но тоа мора да се чини во рамките на јасно пропишаните стандради, правила, критериуми.....за да не се доведете во ситуација каде ќе работите како вол за слама или заради задовлувањето на своит материјални пориви ќе им ги полните џеповите на лихварите. Ова важи не само за иднивидуалци, туку и за сите стопански субјекти, владите, државите.....

Создавањето богатство е долг, макотрпен процес кој е пропратен со упорна и тешка работа, самооткажување, големи ризици и педизвици. Целиот западен свет е во агонија, додека далечниот исток кој е спремен да работи за многу малку, а притоа создаве реални материјални добра го очекува светла иднина. Дедека ние на Балканот само мудруваме и сонуваме за лесен и лагоден живот, без работа.

Поентата на сето ова беше да се каже дека Словеницте кои се дел од ЕУ и НАТО не профитираа од нивното членство. Со промена на системот не се обезбеди поглем просперитет за нивните граѓани. Во однос на Македонија иста мета исто растојание. Тогаш беа трипати подобри и сега се 3х подобри. Чудни некои пропорции?! За тоа колку реалниот живтониот стандрад е подобрен или влошен во Словенија или било каде, нека зборува некој кој ги искусил и двата.

Според бројките, теоретски, сега се во полоша ситуација. Можеби заради тоа се најголеми југоносталгичари. Жалат што некогаш биле лидери, а сега коњушари.

Чудно само како историјата се повторува!       
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.