IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - chip tuning некогаш и сега
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

chip tuning некогаш и сега

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: chip tuning некогаш и сега
    Испратена: 05.Ноември.2012 во 14:05
Во време кога компјутерите владеат со светот,па дури и во автомобилската индустрија сега е многу лесно да еден патнички автомобил со ситни модификации стане уличен тркач......Едноставо се менуваат параметрите,условно кажано во ECU и работата е завршена.Но како беше кога немаше ECU и кога возилата беа базирани на чиста механика....

Најпопуларни во мое време беше Југо 55 зошто со сосема мали преправки се добиваше сосема пристоен уличен тркач кој се носеше на семафори и со поголемите возила од него во тоа време.Знам се одеше во Грција(најблиски нели) и се купуваше дупла усисна грана за двогрли карбуратор,кој најчесто беше земан од Застава 1300,а оние што беа со подлабок џеб,ставаа Солекс кој со спринт филтер на местото на обичниот и со преработување на издувот 4-2-1 се добиваа некои си 60кс солиден уличен тркач.Оние кои беа повешти ставаа брегасти од првата генерација на З101(со поостри брегови),се обработуваа вентилите,се симнуваше главата за 1-2мм,се пропируваа каналите за вода и веке се добиваше солиден уличен тркач.Потоа се одеше на спуштање на возилото,со сечење на спирали,па амортизери вакви-такви.....Имаше некои кои одеа до крајност и вградуваа цели мотори од Ланчиа

Застава 750 или популарното фико беше исто добра основа од него да се направи уличен тркач.Се кратеа федери,се рамнеше предното федерплатно,се ставаа карбуратори од Југо45(слични мотори имаат),се обработуваше главата па од зголемена компресија пукаа штрафовите на главата,се ставаа дополнителни хладњаци,се ставаше мењач од комбе 850 поради пренос,итн

Па реков ајде да се потсетиме како било некогаш,каде се гледала мајсторијата на механичарите
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2013 во 17:48
Ех пријателе... солзи потекуваат од темава... Тема вредна за муабет

Животот ме наврти да возам 750 LE , еве и до ден денешен. Некогаш знае и да повлече дури и до 12литри на 100, да ме зафркни пред заминување, да ми замрзни во зимо.... ама пустиот, тежок шармер е. Напред носи бркчиња, назад пошироки гумчиња. И нонстоп има луѓе што го бараат.
ШтО САКАВ ДА КАЖАМ...
Не ми се здаде шанса да го потсилам (се плашам да отворам, оти ми е потребно нонстоп), ама затоа убаво си го исфарбав металик и си го обложив со бела кожа.. па наврти Господ и некои добри детали,  сега изгледа ТОП.

Чудо мајката... од еден прост ИПМ карбуратор 30ка , настанува разлика што се приметува на педала (тој е наменет за супераш Фичо, обичниот е нели 28ка).
Вистина, големи маки видов со тоа карбураторите, а досега никој не се нафати да ми помогни да наместам од ЈУГО 45. Дали од немукает или од безволност сите мајстори ми викаа- батали, не можи...

Имам еден другар што има супераш... Вика дека неговото носело мењач што ја форсира силата што ја произведува моторот. Којзнае, можеби има вистина. Не знам дали е ист како од комбе.

Некои ми викаат да ставам електронско палење за југо, а други ми викаат дека само пари ќе си фрлам и нема да чини пак.

Еднаш прашував за еден другар, блок 767 да се буши 3та специјала, да се преработи колку што е можно.... што би излегло...

Еден мајстор (ама баш мајстор, најценет во градов за правење мотори) рече- можи. Убава каросерија најпрво....  муабетот дека со декла од 45ка е подобар за брзина не држи вода.
Абарт клипови 64ки мислам беа (коштале 300 евра, се порачувале, ама вика оти не вредело), деклата се одмалувала по проспект не знам колку точно... Добивало на компресија па се бушеле многу поголеми штрафови за деклата. Влегувала брегаста од Фиат 850 што врти обратно, па ајншприц ако добро запамтив... е сеа, главен проблем е што машинатаа повеќе нема да можи да работи на минимални 500-600 обртаи, туку малата гас ќе носи и преку 1000 обртаи.

Не се сеќавам на се точно, има можи 1 година од тогаш.
Но , ете еднаш почна да ме копка што би било кога јас би се решил да створам едно лично мое ѕверче од 750 супер или 850 .
Ете така, ископав книга што ги објаснува сите можни каталошки преправки , додатоци и измени што се предвидени за вистинската некогашна национал класа. Параметри, бушења, корекции.

Се што сватив до сега од тоа е дека е премногу скапа играчка пошто треба сето дел по дел да го собираш ако сакаш да се изнауживаш, ама дека уживањето ќе биде бесконечно кога ќе му прелеташ на некој со 130 км/ч покрај него...
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13922
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2013 во 18:54
,,,,,,,,i sho velish volksi,,,fichoto leta so 130,,,,,,,да,,,pozdrav sinko,,,,slabo neshto ,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2013 во 23:20

...и на задњи наслон под шофершајбна обавезно едно од делата на ...Балзак.газење од смеење

...то лети ко лудо.смеење



Изменето од zagor - 02.Февруари.2013 во 23:20
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2013 во 14:03
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2013 во 14:23
oбичен сток супераш оди 125км/ч ... ако не веруваш, прашај некој што се бафта со добри фичовци. Со мотор од Југо 45 уште е побрз, а ако имаш пари да ставаш 55мотор , 65 ... е тогаш ќе претицуваш онака...
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2015 во 20:30
mene tuningot mnogu mi e interesen
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.