Испечати | Затвори го прозорот

chip tuning некогаш и сега

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26111
Датум на принтање: 27.Април.2024 во 08:01
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: chip tuning некогаш и сега
Постирано од: nostalgija
Наслов: chip tuning некогаш и сега
Датум на внесување: 05.Ноември.2012 во 14:05
Во време кога компјутерите владеат со светот,па дури и во автомобилската индустрија сега е многу лесно да еден патнички автомобил со ситни модификации стане уличен тркач......Едноставо се менуваат параметрите,условно кажано во ECU и работата е завршена.Но како беше кога немаше ECU и кога возилата беа базирани на чиста механика....

Најпопуларни во мое време беше Југо 55 зошто со сосема мали преправки се добиваше сосема пристоен уличен тркач кој се носеше на семафори и со поголемите возила од него во тоа време.Знам се одеше во Грција(најблиски нели) и се купуваше дупла усисна грана за двогрли карбуратор,кој најчесто беше земан од Застава 1300,а оние што беа со подлабок џеб,ставаа Солекс кој со спринт филтер на местото на обичниот и со преработување на издувот 4-2-1 се добиваа некои си 60кс солиден уличен тркач.Оние кои беа повешти ставаа брегасти од првата генерација на З101(со поостри брегови),се обработуваа вентилите,се симнуваше главата за 1-2мм,се пропируваа каналите за вода и веке се добиваше солиден уличен тркач.Потоа се одеше на спуштање на возилото,со сечење на спирали,па амортизери вакви-такви.....Имаше некои кои одеа до крајност и вградуваа цели мотори од Ланчиа

Застава 750 или популарното фико беше исто добра основа од него да се направи уличен тркач.Се кратеа федери,се рамнеше предното федерплатно,се ставаа карбуратори од Југо45(слични мотори имаат),се обработуваше главата па од зголемена компресија пукаа штрафовите на главата,се ставаа дополнителни хладњаци,се ставаше мењач од комбе 850 поради пренос,итн

Па реков ајде да се потсетиме како било некогаш,каде се гледала мајсторијата на механичарите

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN



Коментари:
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 31.Јануари.2013 во 17:48
Ех пријателе... солзи потекуваат од темава... Тема вредна за муабет

Животот ме наврти да возам 750 LE , еве и до ден денешен. Некогаш знае и да повлече дури и до 12литри на 100, да ме зафркни пред заминување, да ми замрзни во зимо.... ама пустиот, тежок шармер е. Напред носи бркчиња, назад пошироки гумчиња. И нонстоп има луѓе што го бараат.
ШтО САКАВ ДА КАЖАМ...
Не ми се здаде шанса да го потсилам (се плашам да отворам, оти ми е потребно нонстоп), ама затоа убаво си го исфарбав металик и си го обложив со бела кожа.. па наврти Господ и некои добри детали,  сега изгледа ТОП.

Чудо мајката... од еден прост ИПМ карбуратор 30ка , настанува разлика што се приметува на педала (тој е наменет за супераш Фичо, обичниот е нели 28ка).
Вистина, големи маки видов со тоа карбураторите, а досега никој не се нафати да ми помогни да наместам од ЈУГО 45. Дали од немукает или од безволност сите мајстори ми викаа- батали, не можи...

Имам еден другар што има супераш... Вика дека неговото носело мењач што ја форсира силата што ја произведува моторот. Којзнае, можеби има вистина. Не знам дали е ист како од комбе.

Некои ми викаат да ставам електронско палење за југо, а други ми викаат дека само пари ќе си фрлам и нема да чини пак.

Еднаш прашував за еден другар, блок 767 да се буши 3та специјала, да се преработи колку што е можно.... што би излегло...

Еден мајстор (ама баш мајстор, најценет во градов за правење мотори) рече- можи. Убава каросерија најпрво....  муабетот дека со декла од 45ка е подобар за брзина не држи вода.
Абарт клипови 64ки мислам беа (коштале 300 евра, се порачувале, ама вика оти не вредело), деклата се одмалувала по проспект не знам колку точно... Добивало на компресија па се бушеле многу поголеми штрафови за деклата. Влегувала брегаста од Фиат 850 што врти обратно, па ајншприц ако добро запамтив... е сеа, главен проблем е што машинатаа повеќе нема да можи да работи на минимални 500-600 обртаи, туку малата гас ќе носи и преку 1000 обртаи.

Не се сеќавам на се точно, има можи 1 година од тогаш.
Но , ете еднаш почна да ме копка што би било кога јас би се решил да створам едно лично мое ѕверче од 750 супер или 850 .
Ете така, ископав книга што ги објаснува сите можни каталошки преправки , додатоци и измени што се предвидени за вистинската некогашна национал класа. Параметри, бушења, корекции.

Се што сватив до сега од тоа е дека е премногу скапа играчка пошто треба сето дел по дел да го собираш ако сакаш да се изнауживаш, ама дека уживањето ќе биде бесконечно кога ќе му прелеташ на некој со 130 км/ч покрај него...


-------------


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 02.Февруари.2013 во 18:54
,,,,,,,,i sho velish volksi,,,fichoto leta so 130,,,,,,,да,,,pozdrav sinko,,,,slabo neshto ,,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 02.Февруари.2013 во 23:20

...и на задњи наслон под шофершајбна обавезно едно од делата на ...Балзак.газење од смеење

...то лети ко лудо.смеење



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 03.Февруари.2013 во 14:03
http://www.youtube.com/watch?NR=1&feature=endscreen&v=NtD27s2098U" rel="nofollow - Ма ичиче Фича и стопедесет
http://www.youtube.com/watch?v=4uZUZ70t77k" rel="nofollow - Само га требаш уредит ба болане


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 04.Февруари.2013 во 14:23
oбичен сток супераш оди 125км/ч ... ако не веруваш, прашај некој што се бафта со добри фичовци. Со мотор од Југо 45 уште е побрз, а ако имаш пари да ставаш 55мотор , 65 ... е тогаш ќе претицуваш онака...

-------------


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 19.Јануари.2015 во 20:30
mene tuningot mnogu mi e interesen



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk