IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6465666768>
Автор
Порака
Tetro Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2012 во 01:26
Благовештение 07/04/2012
Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето - значи кога стапи во петнаесеттата година од животот - свештениците ѝ соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека Таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого. По Божја Промисла и вдахновение тогаш првосвештеникот Захарија, татко на Св. Јован Крстител, се договори со другите свештеници, па собраа дванаесет безжени луѓе од Давидовото племе за да пронајдат еден на кого што би му ја довериле Дева Марија како на оној кој ќе ја чува Нејзината девственост и ќе се грижи за Неа. Му ја доверија на стариот Јосиф од Назарет, којшто ѝ беше роднина. Во домот Јосифов Пресветата Дева продолжи да живее исто како во Соломоновиот храм, минувајќи го времето во читање на Светото Писмо, во богомислие и ракоделие. Од дома не излегуваше речиси никогаш ниту се интересираше за светските работи и настани. Малку зборуваше со кого било и никогаш без особена потреба. Најчесто општеше со ќерките на Јосиф. Но кога се исполни времето означено со пророштвото на Даниил и кога Бог благоволи да го исполни ветувањето што му го даде на прогонетиот Адам и на Пророците, на Пресветата Дева ѝ се јави во одајата великиот архангел Гавриил, а некои свештеници пишуваа дека во оној миг Таа го имала пред себе отворено пророштвото на Исаија кој вели: „Ете, девојка ќе зачне и ќе роди син!“ Гавриил ѝ се јави во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“ И сѐ друго, како што пишува во Евангелието на Божествениот Лука. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет значи радост за човештвото и за сета твар.

Послание до Филипјаните 4:4-9
Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се!
Вашата кротост да им биде позната на сите луѓе! Господ е близу.
Не грижете се за ништо, туку во сè преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога!
И Божјиот мир, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса.
Впрочем, браќа, сè што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква добродетел, ако е некаква пофалба - мислете на тоа!
Она што го научивте, и примивте, и чувте, и видовте на мене - правете го тоа, и Бог на мирот ќе биде со вас!


Јован 12:1-18
На шест дни пред Пасхата, Исус дојде во Витанија, каде беше Лазар, кого го воскресна од мртвите.
Таму Му приготвија вечера, и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние кои со Него седеа покрај трпезата.
Тогаш Марија зеде литар миро, од чист и скапоцен нард, ги помаза Исусовите нозе и Му ги избриша нозете со својата коса; и куќата се наполни со мирис од мирото.
А Јуда Искариотски, еден од Неговите ученици, кој сакаше да Го предаде, рече:
”Зошто мирово не е продадено за триста динарии, за да бидат раздадени на сиромасите?”
Тоа не го рече дека се грижеше за бедните, туку зашто беше крадец; кај него беше ковчежето и земаше од она, што пуштаа во него.
Но Исус рече: „Оставете ја! Нека го запази тоа за денот на Моето погребение.
Зашто сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.”
Многу Јудејци научија дека е таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого го воскресна од мртвите.
Главните свештеници пак одлучија да го убијат и Лазара,
зашто многу Јудејци заминуваа заради него и веруваа во Исуса.
На другиот ден, множество народ, што беше дошол на празникот, кога чу дека Исус доаѓа во Ерусалим,
зеде палмини гранки и Му излезе во пресрет и викаше: „Осана! Благословен Кој доаѓа во Господовото име, Израелевиот Цар!”
А Исус најде осле, и седна на него, како што е напишано:
”Не бој се, Сионова Ќерко! Еве, твојот Цар иде, седејќи на осле.”
Неговите ученици не го разбраа тоа отпрвин, но кога Исус се прослави, тогаш се сетија, дека тоа беше напишано за Него, и дека тоа Му Го сторија.
А народот, кој беше со Него, сведочеше дека Тој го повика Лазара од гробот и го воскресна од мртвите.
Заради тоа народот и Му излезе во пресрет, зашто чуја дека Тој го направи тоа чудо.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2012 во 14:53
Велики Петок – ден на тага во христијанскиот свет...

Денеска е Велики Петок, денот на страдањата и распнувањето на Исус Христос. Велики Петок е ден на тага за христијаните.

Ноќта помеѓу Велики Четврток и Велики Петок, веднаш по Тајната вечера, Исус Христос бил пронајден и уапсен, мачен и камшикуван и изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја и осуден на смрт со распнување на крст.

На Исус Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е и распнат.

Велики Петок се празнува со свети литургии, камбаните на црквите не бијат за време на богослужбите, не се прават венчавки и крштевања. За денешниот ден Црквата пропишува строг пост, во знак на тага по Спасителот.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2012 во 00:47
Денес 06 Мај-Ѓурѓовден

Светиот великомаченик Георгиј 

Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди и го врзаа на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Но при сите овие маки Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта. Кога Св. Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осуди Свети Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георгиј го убија во 303 година. Безбројни се чудата што се јавија на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави сѐ заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. И го дарува со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.
 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2012 во 13:42
големо гушкање,,,,chestit  gjurgjevden,,,,,,,големо гушкање,
 
 
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2012 во 01:24
Денес-28 август-Успение на Пресвета Богородица

Православните Христијани денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или меѓу народот познат како Голема Богородица.
 

Православните Христијани денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или меѓу народот познат како Голема Богородица.

 

Успение (Заспивање) на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи христијански празници. Според Библијата, тоа е ден кога божјата мајка на 64-годишна возраст го напуштила земскиот живот и заминала кај сина си. Нејзината смрт била така лесна и блажена, што наликувала на заспивање. Оттука и името Успение (заспивање).

По повод празникот, света литургија денеска ќе се одржи во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матка, во околината на Скопје.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2012 во 21:59
ДЕНЕС Е ПРАВОСЛАВНИОТ ДЕН НА ВЉУБЕНИТЕ

Православните верници денеска го празнуват мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија, а воедно и Православниот ден на вљубените – 30-ти септември.

 Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Кон крајот на првиот и почетокот на вториот век со својата верба во Исус Христос и со својата готовност да се жртвуваат за него се прославиле четирите римјанки, мајката Софија и нејзините три ќерки маченички: Вера, Нада и Љубов.  Мајката Софија била достојна на името што го носела, а што значи мудрост, премудрост. Таа и додека бил жив нејзиниот сопруг и подоцна кога останала вдовица живеела како вистинска христијанка, со добри дела, со смиреност на душата, со покорност на Божјата волја. Во тој дух и ги воспитувала своите три ќерки кои ги носеле имињата на трите најважни христијански вредности: Вера, Надеж и Љубов.

 

Набргу по раѓањето на третата ќерка Софија останала вдовица. Се посветила на своите ќерки со цел да ги порасне и да ги воспита во духот на христијанската вера. Заедно ги читале и препрочитувале пророчките и апостолските книги. Но тој начин на живеење на ова семејство не останал без впечаток на околината. Најпрвин управителот на областа Антиох се уверил дека целото семејство исповедува христијанска вера, а потоа тоа му го соопштил на императорот Адријан, голем противник на христијанството и прогонувач на христијаните. Императорот ги повикал мајката и трите ќерки за да се увери во тоа што го слушнал. Но тие не само што не се исплашиле од таа покана туку со задоволство тргнале кон злогласниот владетел кому мудрата мајка му соопштила:

-Јас сум христијанка! Тоа е скапоцено име со кое можам да се пофалам. Со тоа име се фалат и моите три ќерки.

Императорот бил изненаден од решителната изјава на мајката, но не сакал веднаш да донесе пресуда за нивно казнување, надевајќи се дека ќе ги придобие.

По три дена императорот повторно ги повикал на суд и на трите девојки им понудил да ги нарече свои деца, да им даде големо богатство, раскошен и удобен живот, само да се откажат од својата вера и да им се поклонат на боговите владетели на вселената. Во спротивно им се заканил со жестока смрт.

На тоа трите девојки без страв, а со голема решителност во еден глас му одговориле:

-Нашиот татко е Богот што живее на небото. Тој се грижи за нас и ние сакаме да бидеме почитувани од Него. Сакаме да бидеме негови вистински деца. Ние само нему му се поклонуваме и ги почитуваме неговите заповеди, а ги презираме твоите богови. Не се плашиме од твоите закани зашто сме подготвени да ги истрпиме големите страдања во името на Исус Христос, нашиот Бог.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2012 во 00:50
Денес е Свети великомаченик Димитриј – Митровден!

Денес се празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец. Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар.
Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Мите, Димитра, Митра и други.
Нека ни е честит празникот на сите, а особено на оние кои го носат Неговото име.
За многу години нека им е Славата, на оние кои ја чекаат.
 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 00:38

Денеска е Свети Никола Чудотворец!


 

Православните христијани во Македонија го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците...

Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, a го слават и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески кои се посветени на овој светец.

Голем број македонски семејства денеска со богата посна трпеза, на која преовладуваат рибата и посните сарми, ќе го прослават празникот.

Нека им е честит денот на сите оние кои го носат името на големиот светец - Никола.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 16:15
Што знаеме за Св. Никола?

http://www.youtube.com/watch?v=nlEgJUOsO1w

Изменето од gospel - 19.Декември.2012 во 16:17
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2013 во 13:00

денес е Св. Стефан кул

Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2013 во 12:44
utre e nedela

Изменето од Pica pica - 11.Јануари.2013 во 12:45
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2013 во 01:18
ПРОЧКА, ВЕЛИКИ ПОКЛАДИ
(Недела на проштевањето)

Господ Исус Христос рекол: „...Кога пристапуваш кон жртвеникот и се сетиш дека имаш нешто против братот свој, или тој кон тебе, тогаш оди, помири се со него а потоа со чиста совест пристапи...“
Дури и какви духовни и телесни подвизи да сме направиле, не не чинат достојни за заедница со Бога, ако живееме со омраза, непријателство и непомирливост со ближниот.
Мирот во нашите души доаѓа само тогаш кога имаме мир со Бога, кој е пак условен и единствено остварлив само преку мирот со ближните. Тој е единствениот пат за мир, радост и спокој на нашите души и нема друг пат освен него. Навистина, многу "болен" за нас заради кршењето на себељубието и гордоста, но само тој пат води низ тесната врата кон Царството Небесно.
Затоа, Прочка е ден на помирување на небото со земјата и ден кога сите духовно се "причестуваме".
Прочка не треба да ни биде само еднаш годишно или секој почесен ден од четирите големи постови, туку наша насушна секојдневна потреба.

Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните. Таа самата подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие. Верните настојуваат ревнувајќи во овие добродетели и особено преку подвигот на Исусовата молитва, да Му приготват во себе живеалиште на Светиот Дух.

Нека ни прости Господ Бог наш Исус Христос, а и да си простиме сите ние и да се помириме.
Зашто, мирот нема цена!

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2013 во 09:54


Ова е еден од најубавите постови на подфорумот вероисповед, досега.   

Му благодарам најнапред на БОГА, но и на тебе (calipso), за тоа.   

Те молам calipso да ми простиш што имам една малечка замерка, а ако мислиш дека не е основана, те молам корегирај ме и простими!

Единствено првиот дел од предпоследната реченица е малку сомнителен, бидејќи малку му недостасува потполната вера дека Господ Исус Христос веќе (Јован 09:30) - земјаќи ги врз себе на голготскиот крст - ги простил сите гревови, на оние кои не Го одбиле, туку вистински Го прифатиле!

А, кои се тие кои што вистински Го прифатиле?

Како да ги познаеме?

Љубовта и Проштавањето (Милоста), се најзначајните одбележја на оние кои што Христа вистински Го прифатиле.

Тоа се одбележијата кои што Господ Исус Христос, преку Својата безкрајно скапоцена Крв, Тело и Дух Светол, му ги дари на правото православие!

Во правото православие нема национални “православија“, национални поделби, ... нити такви расправии, а во ниеден случај војни!






Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.

По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.”


Ев. Јован 13:34+35



Тука нема повеќе ни грци, ни јудејци, - нити било кои други нации - ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит(ник), ни роб, ни слободен, а се’ и во се’ е - Мудроста БОЖЈА - Христос!

И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; трпете се еден со друг и проштавајте си.

Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете!

А над сето тоа облечете се во Љубов, Која се’ сврзува во совршенството, и Мирот Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во Eдно Tело ...!


Колос.3:11-15









Изменето од spiros - 17.Март.2013 во 09:55
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2013 во 13:29


ПЕДЕСЕТНИЦА-ДУХОВДЕН(СВ.ТРОИЦА)

„Слава на Светата, Едносуштна,  Животворна и Неразделна Троица!“

(Возглас на Утринската богослужба)

 ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Секоја утринска богослужба светата Православна Црква ја започнува со ве­ле­гласниот возглас: „Слава на Светата, Едносуштна, Животворна и Нераз­дел­­на Троица!“, зборови во кои се содржи целата суштина на нашето верување и постоење. А токму денешниот ден е ден во кој се открива Тајната на Пресвета Тро­и­ца, исто онака како што таа била откриена и при Христовото крштение. За­тоа овој ден, освен Педесетница и Духовден, се нарекува уште и Света Троица.

Колку е величествена оваа Тајна? Еднаш, блажениот Ав­гус­тин, големиот учител на Црквата, си поставил за задача да ја достигне Тајната на Света Троица. Вознемирен од таа мисла, едно утро шетајќи по морскиот брег, тој наишол на едно мало дете, кое со своите дланки црпело вода од морето и ја носело во една мала дупка, ископана на брегот во песокот. Блажениот Августин застанал и збунето го прашал момчето: „Што работиш?“. Момчето се насмеало и одговорило: „Сакам целото ова море да го пренесам во дупката“. Августин му одговорил: „Малечок, па тоа е невозможно“. „Добро, одговорило момчето, но побргу јас ќе ја достигнам својата цел, отколку што можеш ти да ја достигнеш до крај Тајната на Света Троица“. Августин сфатил дека тоа е Божји знак и заклучил дека како што е невозможно да се смести целото море во една земјена дупка, така е невозможно и Тајната на Света Троица да се смести во човечкиот ум.

Света Троица – Еден Бог по суштество и Троичен во Лица: Отец, Син и Свет Дух, се јавува како највеличествена Тајна во христијанската вера. Бог е Дух. Кога Господ Исус Христос говори дека „Бог е Дух“ (Јован 4: 24), со тоа ни докажува дека Бог е бестелесен. Неговото Божество е недостижливо. Над Тајната на Неговото битие лежи покрив и потребна е, како што вели преподобниот Симеон Нов Богослов, голема благодат од Сесветиот Дух за разбирање на сокриената Тајна.

Божеството е Едно суштество во Три Лица – Отец, Син и Свет Дух. Оте­цот го раѓа Синот и го испраќа Светиот Дух. И Отецот го именуваме Бог; и Си­нот го именуваме Бог; и Светиот Дух го именуваме Бог. Образ на Отецот е Си­нот, и образ на Синот е Светиот Дух. Затоа Христос и ни сведочи„Кој Ме ви­дел Мене, Го видел и Отецот“ (Јован 14: 9), и кој го видел Светиот Дух, го видел Синот.

Откровението за Света Троица, по Божја милост и промисла, било сокриено до времињата на Новиот Завет, односно, до она време, додека не дојде на земјава Синот Божји, Господ наш Исус Христос, Кој пак ни посведочи: „Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе“ (Јован 14: 7); „Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене“ (Јован 14: 11).

Во Новиот Завет, пак, Господ Исус Христос, според богатството на бла­го­дат, ги умножил во нас премудроста и разумот. Тајната на божественото во­плотување ни ја посведочил и Ангел од небото, кога ѝ  рекол на Марија: „Све­ти­от Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и ро­де­но­то ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји“ (Лука 1: 35), а по Своето Вос­кре­сение, испраќајќи ги Своите ученици на проповед, Христос им рекол: „Ми се да­де секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крште­вај­ќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (Матеј 28: 18-19).

Православната Црква учи дека секоја тајна, која се од­несува на Божеството и духовниот живот, се достигнува само преку очисту­ва­ње­­то на нашиот живот од гревовите. Навистина тешко е за човечкиот разум да сфа­­ти како може Бог да е Троичен во Лица, а Еден по суштество. Како може три да биде едно, а едно да биде три. Да се сфати тоа навистина е тешко, но за­тоа, пак, тоа е тајна. Тајните го окружуваат човекот во текот на целиот негов жи­­вот. Зарем ние сè знаеме што се случува во овој материјален свет, па сега да за­­поч­неме да ги откриваме тајните и во духовниот свет? Зарем можеме да сфа­ти­­ме како може во една капка вода да живеат милиони живи суштества? Не, сè до­­дека не погледнеме во микроскопот и кога во тоа самите ќе се увериме. И не на­­празно премудриот Соломон уште во Стариот Завет вели: „Со мака го раз­би­ра­­ме она што е во нашите раце, а што има на небесата – кој испитал?“ (Мудр. 9: 16).

Човекот, иако е богоподобно суштество, сепак е ограничен и може да го дознае само она, кое Бог благоволи да го открие. За да ги достигне Божестве­ни­те тајни, потребно е човекот, пред сè, да влезе во сферата на божествената ду­ховност, зашто само преку подобно можеме да го спознаеме подобното. Пазителката на Божественото Откровение – светата Христова Црква, го води човекот по патот на постојаното познание. Таа постојано во помош ни испраќа споредби и симболи. Бог нам ни се открива онолку, колку што е потребно за нашето спасение. Затоа, пак, симболи и споредби за постоењето на Света Троица ние можеме да видиме насекаде околу нас.

Секоја материјална творба, од било каква природа и форма, мора да ги има трите параметри: „број, мерка и тежина“, како што ни сведочи повторно премудриот Соломон (Мудр. 11: 21). Независно од нивните менувања, сепак, остануваат овие три параметри.

Да ја погледнеме и водата: таа е иста и при изворот, и во реката и во морето, каде што се влева. По својата суштина таа е една и иста, без разлика каде се наоѓа, зашто изворот си останува извор, реката река, а морето море. Ако размислуваме и за сонцето, ќе сфатиме дека тоа се состои од самиот објект – сонце, од светлината која излегува од него и од топлината, која ја чувствуваме и неи на земјава. Тоа се три различни својства во едно суштество. Светлината не е сонце, сонцето не е топлина, а сепак, тие во исто време се неразделни и различни. Да го погледнеме и дрвото: тое е една творба, која започнува со корен, се развива преку столбот и завршува со плодовите. Три различни нешта во едно. Сето ова, пак, не ја решава Тајната за познавање на троичното Единство, но му помага на човечкиот разум, преку симболи и споредби, донекаде да проникне во Тајната.

Сите овие симболи и споредби, нема да имаат никаква корист за нас, ако ние не навлеземе во суштината на духовниот живот. Познанието на Бога – тоа е животот. Христос вели: „Животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 14: 3). Отецот му се открива на светот како Творец, кој го створи светот од ништо; Божјиот Син – Христос се открива на светот како Креатор на сè што е створено, Кој на сè што постои дава форма и убавина; Светиот Дух се открива на светот како Животворец и подател на благодат. Тајната на Света Троица нам ни ја јавува светата Црква, Христовата Невеста. Ние зависиме од Света Троица, како што зависат зраците од сонцето.

Тајната на Света Троица ни го открива и примерот на единство, по образот на единството на Света Троица. Единството на Света Троица го благословува и просветува човечкото единство, зашто секоја душа „свети преку свештенотајната на Троичното единство“, како што пее и црковната песна. Оттука се раѓа почитта и љубовта која луѓето се должни да ја имаат кон Бога и кон ближните, познавајќи го Законот Божји. Ако ние во себе го немаме образот на Света Троица, тогаш ние ќе бидеме безопределени предмети, творби без автор, бледи отпечатоци и копии без оригинал.

Сепак, ние сме образ на Света Троица и нашето тело е Божји храм. Да бидеме достојни носители на образот и Божјото подобие, достојни за Отецот, Кој нè создаде; достојни за Синот, Кој нè избави од гревот; достојни за Светиот Дух, кој нè освети и просвети. Амин!

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6465666768>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,268 секунди.