IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Зошто Совршениот БОГ го мрази гревот?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зошто Совршениот БОГ го мрази гревот?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2012 во 14:41
[QUITE]СОВРШЕН е ЛУКАВИОТ...и кога ќе го прочитам тој збор ми доаѓа нагон за повраќање. [QUITE/]


убаво е кога се сложуваме во мислењето 

Те поздравувам за оваа реплика Џош
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2012 во 18:36
И као Господ не може нишо да напраи... а бе ај... ма ајде
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2012 во 22:02
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Каде е овде делувањето на СЕВИШНИОТ спрема ГРЕВОТ? Исус умрел за нашите гревови? Колку деца умираат од глад, малтретирање, колку деца се убиени свирепо ем од оружје ем од свирепоста на оние кои се вртат на фотелји? Колку луѓе поминале и поминуваат низ своите хорори додека Бог као демек го мрази гневот? Си се прашал некогаш за тоа? На Бог не му чуе за нас... За оној Бог за кој што ти ми зборуваш на мене он ужива во оваа претстава. Ќе ми зборува некој за убавината на светот? Илузија, се е илузија. Погледни наоколу и види ја и мизеријата и види колку невини души страдаат. Сите зборуваат за тоа дека Исус бил распнат и умрел за нашите гревови (глупости) а остануваат безимени оние душички кои што загинуваат ради будали на кој што ама баш ништо не им се случува... и да им се случува тоа е ништо во споредба со оние кои што умреле од глад, биле силувани, тепани и убиени на крај итн.. итн. Сакаш уште видеа за отсуството на грижа од страна на Бог? Моите согледувања во име на Бог се поинакви, а тоа дека Бог го мрази гревот, yeah, sure! Гледам и се изнагледав мизерија и безредие... баш затоа што бог го мрази гревот, ама јбг, ужива во оваа претстава... трилерче у кино. 


Во право си мило. 

Проблемот е што најголемиот број верници работите ги разбираат многу симплифицирано, егзотерично и буквално. А тоа е затоа што таквото земање на нештата е најлесно, не бара никакво подлабоко разбирање и напор за лично просветлување. Уште повеќе, така им е презентирано од институцијализираната религија... или барем од нејзините претставници.

Кога е речено дека Исус умре за нашите гревови тоа значи дека тој ни помогна да ги воочиме нашите слабости, заблуди, пропусти и животни промашувања. Оригиналното значење на зборот во Библијата кој е постојано преведуван кај нас како "грев" е - промашување (промашување на целта). Со други зборови кажано, тој умре поради пренесувањето на знаењето (логосот, гносисот) со кој им објави на луѓето дека Егото, суетата, самољубието, лакомоста и лицемерието се ѓаволското во нашиот свет, а љубовта, милосрдието и Еднобитието се боженственото. 

Исус вели - одречувајте се од ѓаволското во вас,  станете Едно со Отецот и така ќе се изборите за Царството Божје кое е во вас ("Постоеше Bистинска Светлина Која го осветлува секој човек што доаѓа во светов", "Зашто Царството Божје е во вас внатре").

Царството Божје е во нас и Исус се моли тоа да зацарува меѓу луѓето: "Оче нас кој си на небеста да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде вољата Твоја како на небото така и на земјата."

Но откривањето и постигнување на тоа не се стекнува со бланко верување (како такво)  дека Исус го дал животот за искупување на нашите гревови, туку со наукување на претходно посоченото и со труд да се надминат личните слабости. Најочебиен цитат кој го потврдува ова е следниов во кој Исус им ја потенцира поентава токму на оние кои веќе поверуваа во него:

31. Тогаш Исус им говореше на Јудејците што беа поверувале во него: "Ако вие останете при моето слово (логос, гносис, наука, учење), навистина ќе бидете мои ученици (да учат и да осознаат) и ќе ја познаете Вистината и Вистината ќе ве ослободи".
Јован 8

Исус е јасен и прецизен како ласер - верувањето е една работа (веруваа и фаризеите, па знаеме до каде стигнаа), а наукувањето и осознавањето е нешто сосем друго. Ониe кои веруваат во него не смеат да останат само верници, туку треба да станат ученици и да учат од него. Оти oд овие две нешта, верување и наукување (со осознавање) , само второво води до познавање на Вистината и до ослободување од натамошните животни промашувања ( гревовите ) и стекнување со Царството Божје.

Верувам дека ова ќе фрли повеќе светлина во темните страни на човековото делување во овој свет кои со полно право им ги посочувш  како противаргументи на некои верници. 




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2012 во 23:28



Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Мило ми е тоа што син ти е спасен... но Господ повеќе е од очигледно дека не постои за секого...
Погледни, каде е господ овде, а? Го фатило некоја дебела дремка очигледно додека ова се случувало...
...

Каде е овде делувањето на СЕВИШНИОТ спрема ГРЕВОТ? Исус умрел за нашите гревови? Колку деца умираат од глад, малтретирање, колку деца се убиени свирепо ем од оружје ем од свирепоста на оние кои се вртат на фотелји? Колку луѓе поминале и поминуваат низ своите хорори додека Бог као демек го мрази гневот? Си се прашал некогаш за тоа? На Бог не му чуе за нас... За оној Бог за кој што ти ми зборуваш на мене он ужива во оваа претстава. Ќе ми зборува некој за убавината на светот? Илузија, се е илузија. Погледни наоколу и види ја и мизеријата и види колку невини души страдаат. Сите зборуваат за тоа дека Исус бил распнат и умрел за нашите гревови (глупости) а остануваат безимени оние душички кои што загинуваат ради будали на кој што ама баш ништо не им се случува... и да им се случува тоа е ништо во споредба со оние кои што умреле од глад, биле силувани, тепани и убиени на крај итн.. итн. Сакаш уште видеа за отсуството на грижа од страна на Бог? Моите согледувања во име на Бог се поинакви, а тоа дека Бог го мрази гревот, yeah, sure! Гледам и се изнагледав мизерија и безредие... баш затоа што бог го мрази гревот, ама јбг, ужива во оваа претстава... трилерче у кино. 





   
Не, Совршениот БОГ не ужива во гревовите кои што ги прави ѓаволот и неговите несвестни чеда!

Напротив!

Совршениот БОГ ги мрази делата (гревовите) на ѓаволот и неговите чеда, затоа ТОЈ лично - преку својата Мудрост - дојде во Христа да ги уништи гревовите и ни го покаже единствениот Пат на вистинското Спасение, но за жал широката маса се’уште повеќе ја сака темнината одколку Светлината БОЖЈА!

Кога Исус телесно живееше во денешен Израел и Палестина, чедата на лагата правеа грозни работи врз населението и дури врз децата. Евреите кои Го очекуваа Христа (Месијата) се надеваа дека кога Тој ќе се појави, со сила и насилство ќе ги уништи крволочните и алчни душмани.

Но, Совршениот не би бил Совршен кога би реагирал со темпото и на начинот кој што несовршените го посакуваат. Што воопшто не значи дека едно единствено злодело, или зол збор, нема да биде без последица по душата на оној кој што го направил или прави!

Што побрзо човекот и човечанството ќе поверува на во Исус Христос отелотворената Мудрост (Милост) БОЖЈА и одсрце ќе ги следи Неговите миродавни чекори, тоа побрзо на земјата ќе му дојде крајот на мразениот грев!


Совршениот БОГ на тој чекор засигурно нема потреба да не’ присили, бидејќи нашите гревови се тие коишто ќе не’ присилат и ќе не’ судат, ако правовремено не ја замразиме темнината и ја возљубиме Светлината БОЖЈА!





И пак им рече Исус, велејќи:
„Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината на Животот.”   


Ев.Јован 8:12


   



Originally posted by Joshua_Tree Joshua_Tree напиша:

Бог е милостив и си ги сака своите чеда такви какви што се.СОВРШЕН е ЛУКАВИОТ...и кога ќе го прочитам тој збор ми доаѓа нагон за повраќање.






Исус вели дека само Неговиот Отец е Совршен БОГ, но вие - и слични на вас - мислите дека сте попаметни од Исус и велите нешто спротивно на Него?!



Јас знам дека лажниот “бог“ - кого што многумина го обожаваат - ги сака неговите чеда такви кави што се, бидејќи тие сакаат да практицираат лаги, убиства, насилства, педофилија, ... и слични гнасни гревови,
но, Совршениот БОГ и Отец - Кого многумина го негираат и мразат - засигурно ги мрази таквите гревови, иако надприродно ги љуби сите луѓе, чекајќи ги со отворени раце да се разбудат од смртниот сон и да му постанат чеда!


Луѓето коишто го љубат гревот, неверата или кривоверата, а го негираат или девалвираат Совршениот БОГ и Неговото Евангелие, се прелажани души и чеда на најголемиот лажго (нечистиот “бог“-ѓаволот), кој ги причинува најголемите катастофи на земјава!





Оние, на кои “богот“ од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христос, Кој е слика на (невидливиот) Бог.    

2 Коринтј. 4:4








Изменето од spiros - 27.Декември.2012 во 06:46
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2012 во 11:24
малку ми смета зборот МРАЗИ...во темава.....нели  не би требало да постојат такви чувства кај него.....нели он простува.....разбира дека сме грешни.....чека наше покајување....простува.....не дека  се разбирам многу.....не сум верник кој оди во црквите и се моли.....не сум од оние кои велат" не постои бог.....не го гледаме.....и затоа не веруваме......".не сум ни од оние кои одат да се молат само кога им е тешко и имаат некој проблем небаре одма ке им се реши.......верувам дека сите го дишиме воздухот ист....што не го гледаме, а сепак постои насекаде околу нас.....секој си верува во она што мисли дека е исправно.....и што го прави среќен и спокоен......грешен или не.....сите би требало да сме  исти.....пред него ....
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2012 во 18:12






Фениксе, потполно те разбирам тебе и секого другого што така мисли, но кога Совршениот БОГ не би го мразел гревот и - како што докажа во Исус - безкрајно не би го љубел секој човек, тогаш засигурно Тој не би бил Совршен БОГ, туку спротивното на Него!


п.с. Заедницата (црквата) Христова е секаде и секогаш таму каде што двајца или тројца (или повеќе) ќе се соберат во Името Негово !



... Севишниот не живее во ракотворени храмови ...!

Дела Ап. 7:48 + 17:24   





   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2012 во 20:28
Shto e grev?? 
Dali toj e oddelen od chovekot??
Dali chovekot e oddelen od "Boga"??
Dali "Bog" mrazi??
Koj e toj shto mrazi??
Dali "Bog" e lichnost - zaroben vo nekakov koncept??
Neli e beskraen?? - bez pochetok i kraj??

Isus rekol - jas postojam. Ne rekol - postoev...
Svetot se "ragja"vo "boga" i ischeznuva... - ne obratno...
 


Изменето од viktorija123 - 28.Декември.2012 во 20:32
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2012 во 01:52
Немој сега толку комплицирано... тага

Прашај поедноставно: како може Совршениот да мрази ??? Нели е Совршен ? големо гушкање

Прашај: како може Љубовта да мрази ? љубов

Од друга страна, доколку подобро размислам... и тоа е многу комплицирано... тага

Молчи, така е најдобро. среќа

Мрази ? Мрази ! голема насмевка

Лета ? Лета ! голема насмевка

Vazhno da su dechica sretna. да



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2012 во 11:27





Пред години, ваква слична воздигнатост - само во посубтилна форма - прочитав и во книгата на Ерих Фром: “Уметноста на Љубовта“.

Од секогаш имало луѓе што живееле - а ги има такви и денес што живеат - на земјата и се воздигуваат над другите, демек другите биле деца недорастнати, притоа не се самите свестни дека самите не се ништо повеќе од надувени мрсулковци, во споредба со ОТЕЦОТ Небесен во Христа Господа!


п.с. Ерих Фром знаеше да критизира и да учи други што е вистинска љубов, но самиот си го склони задникот во сигурна швајцарија,
кадешто се’уште му лежат 5 милиони долари на конто.

п.п.с. Духовните учители и духовни предци на германскиот зенистички мајстор Вилигис Јегер - коишти исто така се воздигаат над “недорастнатите“ Чеда БОЖЈИ - беа активни соученици во втора војна на страна на фашистите.
Се разбира, потполно согласно со нивната нондуалистичка воздигната филозофија!     







Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи!

Ев. Матеј 7:15
   



Изменето од spiros - 29.Декември.2012 во 11:52
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2012 во 12:13

43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.

44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;

45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.

46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?

47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците?

48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.”

Mateja 5

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2012 во 12:51
Ne sudi, znachi - NE sudi!(i kako analiza i kritika na drugiot- vo sekakov oblik)намигнување....Ljubov, znachi Ljubov!...(nema mrazenje vo bilo kakov oblik)намигнување- za drugoto kje si zamolcham...среќа

A shegata e "bozhji dar". da dodadam samo....намигнувањеголемо гушкање



Изменето од viktorija123 - 29.Декември.2012 во 12:55
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2012 во 13:18





   
За мудрите и разумните од овој свет е невозможно да сфатат дека е возможно да се мрази гревот и непријателството, но да се љуби грешникот и непријателот,
како и да не се суди грешникот, но да се суди гревот, кој што му штети на грешникот и неговата околина!







Во тоа време, откако продолжи Исус, рече:

„Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата,
зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните,
а си им го открил на децата!

Да, Оче, зашто таква беше Волјата Твоја.

Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот;
ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
   


Ев. Матеј 11:25-27   






Изменето од spiros - 29.Декември.2012 во 13:24
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2012 во 15:02
Ниедна приказна за небото не е исткаена со златен конец,така ни оваа.Во секој случај убава за читање пред спиење.Патот до светлината не е убаво научена лекција од веронаука.

...можи да ти посакам среќен пат до Совршениот Бог?

Совршениот Бог го мрази гневот оти не знае со него да се справинамигнување


Изменето од Joshua_Tree - 29.Декември.2012 во 15:06
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2012 во 22:17
Originally posted by Joshua_Tree Joshua_Tree напиша:


Ниедна приказна за небото не е исткаена со златен конец,така ни оваа.Во секој случај убава за читање пред спиење.Патот до светлината не е убаво научена лекција од веронаука.


   
Вистината е како песничка
Вистината е како сказна
Кој на Неа и’ се противи
Самиот си нанесува казна!




Originally posted by Joshua_Tree Joshua_Tree напиша:

...можи да ти посакам среќен пат до Совршениот Бог?





Абсолутно!   

Нема поголема среќа од Милоста БОЖЈА чиста - од љубов и за спасениа на сите - отелотворена во Исуса Христа!

Тој/Тоа е Патот, Вистината и Животот!




Originally posted by Joshua_Tree Joshua_Tree напиша:


Совршениот Бог го мрази гневот оти не знае со него да се справи







Пријателе драг, никој подобро со гревот (и гневот) незнае да се справи, од Оној Кој што од најголемите грешници, светци и светици прави!       





       
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.