Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26228 Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 23:56 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Зошто Совршениот БОГ го мрази гревот?Постирано од: spiros
Наслов: Зошто Совршениот БОГ го мрази гревот?
Датум на внесување: 23.Декември.2012 во 10:45
Зошто Совршениот БОГ го мрази гревот?
Едноставно прашање, би требало да има едноставен одговор?
Да!
Единствениот Вистински и Совршен БОГ - Кој што во Исус за спасение на сите Ја отелотвори својата Мудрост (Милост) - го мрази гревот, бидејќи надприродно ги љуби своите чеда!
За вашето мислење - дури и ако не се сложува со здравото учење - однапред ви благодарам.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Коментари: Постирано од: kadela
Датум на внесување: 23.Декември.2012 во 11:08
можеби не треба да се формулира вака прашањето, туку зошто во Бога нема грев? - Затоа што е совршен.
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 23.Декември.2012 во 11:16
Bog e Ljubov! Nema nikakva vrska so mrazenje na bilo shto. A
toa pak ne znachi deka go ljubi grevot. Ednostavno, ljubovta e ljubov!- i ne znae za nishto drugo.
Isus uvidel deka e Ljubov. Zatoa i rekol - “Sakaj go neprijatelot”. A shto mozhel drugo da kazhe??
Ne postoi razumno uchenje na Boga(Ljubovta). Umot nemozhe da ja uvidi Ljubovta. Zatoa shto ne se doznava tuku spoznava. I zatoa mozhe da bide nerazumno…odnosno da ne se slozhuva so "zdravoto uchenje."
I neshto mi kazhuva sega, kako Spiros razumno kje mi objasni… deka sum nerazumna…
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 23.Декември.2012 во 16:10
Ај сега, како - и покрај неразумноста - да не те љубам, бе дадичке!?
Единствениот Вистински и Совршен БОГ надприродно ги сака грешниците, но не и гревот кој ги држи под робство!
Затоа Тој лично дојде во инкарнацијата на својата Мудрост, за да го уништи истиот!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 23.Декември.2012 во 17:21
viktorija123 напиша:
Bog e Ljubov! Nema nikakva vrska so mrazenje na bilo shto. A toa pak ne znachi deka go ljubi grevot. Ednostavno, ljubovta e ljubov!- i ne znae za nishto drugo. Isus uvidel deka e Ljubov. Zatoa i rekol - “Sakaj go neprijatelot”. A shto mozhel drugo da kazhe??
Ne postoi razumno uchenje na Boga(Ljubovta). Umot nemozhe da ja uvidi Ljubovta. Zatoa shto ne se doznava tuku spoznava. I zatoa mozhe da bide nerazumno…odnosno da ne se slozhuva so "zdravoto uchenje."
I neshto mi kazhuva sega, kako Spiros razumno kje mi objasni… deka sum nerazumna…
Kako go rastegna,go zavikta ,go zavrte vo krug i go ispeche.
na krajot vkusno jadenje,ispadna.
-------------
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 23.Декември.2012 во 23:40
Spiros, dadino - znaev deka razumno kje mi objasnish...
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 00:16
Кога Бог го создаде светот го создаде како што сакаше.
И нели, бидејќи тој е Семожен и Сезнаен, нема потоа "упс, ова сум го погрешил и го мразам, а оноа сум го погодил и го сакам". Ако воoпшто дојде до нешто такво (што не може) Тој ќе ја закрпи работата додека ние трепнеме со oчите и повторно нема да има мразење и патење, нели ?
Бог го создаде човекот според својот лик и го подари со слободна воља и лична одговороност (терање надвор од Рајот).
И сега што ќе готви човекот тоа си срка, што ќе сее тоа ќе жнее, што ќе искине тоа ќе крпи. Нема тука ништо повеќе со Божјето сакање и несакање, туку со човечкиот избор. Човекот секoгаш има избор да биде ЕДНО со Бога или да не биде, да оди кон светлото или да се оддалечува од него, да љуби или да мрази, да помага или да одмага...
И Бог е секогаш спремен да ги прифати СИТЕ негови чеда со подеднакво раширени раце доколку тие увидат дека патењето во нивните животи се должи на нивните акции и ако искрено се покајат за тоа. Најубав пример ни е оној распнат криминалец до Исуса.
Бог не суди никому, на крајот ние си судиме самите себе си...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 10:22
Со најголемиот дел од пишаното, потполно се сложувам, господине Администраторе!
Но, кога пишувате: И нели, бидејќи тој е Семожен и Сезнаен, нема потоа "упс, ова сум го погрешил и го мразам, а оноа сум го погодил и го сакам". Ако воoпшто дојде до нешто такво (што не може) Тој ќе ја закрпи работата додека ние трепнеме со oчите и повторно нема да има мразење и патење, нели ? - тогаш вие господине Администраторе го девалвирате и деградирате дури до комичност Неговото лично интервенирање во Исуса Христа и со тоа по незнам кој пат докажувате дека сознанието (гнозата) сепак вие поважна од Љубовта и Милоста БОЖЈА чиста, за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа!
Да, Единствениот Вистински и Совршен БОГ создаде се’ добро, а човекот со неговата слободна волја беше дури создаден како нешто што е многу добро. Но, наместо тој со својата слободна волја да се одлучи на послушност кон БОЖЈАТА Мудрост и Љубов, за сопствена штета - и штета на своите ближни - тој се одлучи (и најчесто одлучува) за самобендисаното сознание кое Му се противи, Го девалвира и дури на еден субтилен начин се обидува да Го деградира Единствениот Вистински и Совршен БОГ!
Она што Единствениот Вистински и Совршен БОГ го стори во Христа Исуса - посебно на голготскиот Крст -, го надминува секој човечки ум, секое неверно сознание (гноза) и неверно учење (догма)!
Во Христа Исуса е БОЖЈАТА Љубов кон секого, но не и кон се’!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 10:37
spiros напиша:
Зошто Совршениот БОГ го мрази гревот?
оти му скури да ни спасува нас обичните смртници од гревови . Еден ден не може да одмори од нас ....
-------------
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 12:06
spiros напиша:
Зошто Совршениот БОГ го мрази гревот?
емил напиша:
оти му с***и да ни спасува нас обичните смртници од гревови . Еден ден не може да одмори од нас ....
Извини емиле, но оваа изјава не само што е вулгарна, туку уште повеќе е и исполнета со темнина која нема ништо заедничко со Единствениот Вистински и Совршен БОГ!
Исус рече: "Калах!“ (што значи “Се сврши!“) Потоа ја наведна главата и умре.
Ев.Јован 19:30
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 13:30
spiros напиша:
Но, кога пишувате: И нели, бидејќи тој е Семожен и Сезнаен, нема потоа "упс, ова сум го погрешил и го мразам, а оноа сум го погодил и го сакам". Ако воoпшто дојде до нешто такво (што не може) Тој ќе ја закрпи работата додека ние трепнеме со oчите и повторно нема да има мразење и патење, нели ? - тогаш вие господине Администраторе го девалвирате и деградирате дури до комичност Неговото лично интервенирање во Исуса Христа и со тоа по незнам кој пат докажувате дека сознанието (гнозата) сепак вие поважна од Љубовта и Милоста БОЖЈА чиста, за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа!
spirose, јас не сум тема за дискусија.
Безброј пати ти е посочено да коментираш за темите, а не за коментаторите оти твоето мислење за нив никого не го интересира.
Ако не се лажам Исус еднаш рече "Не суди за да не ти биде судено"... или така некако, нели ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 13:48
A Господ некому му има шепнато што сака а што не?
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 13:50
ekszi88 напиша:
A Господ некому му има шепнато што сака а што не?
не е потребно да шепне . Со сè што ни се случува покрај нас он ни покажува правилниот пат . Работата е таму што некои немат очи да го видат тоа .
-------------
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 13:52
Јас мислев дека Господ е љубов. Друга работа, сите тврдат дека Господ е семоќен, така да сето ова според таа логика е негова режија, мини Холивуд, кино Милениум... 3Д, 7Д, уеатева. Зависи кој како го толкува господ... оваа тема се коси со моите убедвања...
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 13:57
Господ е тоа што си во душата . Отвори си ги срцето и сетилата за позитивните работи и Он ќе те навести и ќе ти го покаже правиот пат кон среќата .
-------------
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 15:05
ekszi88 напиша:
A Господ некому му има шепнато што сака а што не?
Ќе се зачудиш колку луѓе има што го фатила Бога за брада и точно знаат што сака и што не сака, што љуби и што мрази, што ти дозволува и што ти забранува... и ќе ти го "докажат" тоа со цитати од книги и тефтери каде се напишани токму Hеговите диктати.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 15:07
Аха, има и миленици он... е за ова не знаев... дискриминација
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 15:33
Бог нема миленици затоа што сите сме негови чеда и Он не сака како на нас ни е потребно православните
А ти Екши тргни го еднаш сивилото од твојата душа и ќе сватиш дека Господ е покрај нас сите и не чува
-------------
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 15:45
Не не чува воопшто, на господ не му чуе за нас.. но ни олеснува на душата кога веруваме така.
Не велам дека не си во право кога станува збор за сивилото во мојата душа, но таа е како таква баш затоа што бог не чува... а како луѓе со текот на времето учиме сами да ја преземеме одговорноста да се заштитиме од злото, но нажалост злото е поголемо баш затоа што на господ му е многу битно.. и видов прилично малку примери на божјата омраза во дело кон многуте гревови кои пустошат на земјата.. и не иде ништо во нагорна линија туку буквално многу работи само си тонат.. затоа што ете, бог се грижи, ама пустото, не му оди од рака веројатно.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 16:03
мене ме чува Господ . На неколку пати веќе ми помага во тешки моменти . Господ е меѓу нас и сака да ни помага , но затоа треба да бидеме позитивни личности и да се сакаме самите меѓу себе
-------------
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 16:28
No toa ne e slucaj so mnogute deca koi sto se siluvani, ubivani, sto umiraat od glad. Kade e tuka Bog i kade se nivnite grevovi? Ukralo bonbona?
Kaj se vojnite, manipulacijata vo sistemot, ubijcite, siluvacite, tepacite... Vidov zloba i ja gledam i ne gledam deka neso kazneto pominuva a nitu pak go osetiv nesakanjeto na grevot od strana na Boga.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 22:39
ekszi88 напиша:
A Господ некому му има шепнато што сака а што не?
Што повеќе човекот се оддалечува од дечјото верно срце, се’ повеќе тој се оддалечува од БОЖЈАТА Волја Чиста, Која што Единствениот Вистински и Совршен БОГ (Отец) - за спасение на сите - ја отелотвори во Исуса Христа!
Се’ додека човекот и човештвото доброволно не се одкаже од својот индивидуален и колективен егоизам, тоа не ќе може да дојде до срцето на Чедото БОЖЈЕ - Кое што единствено Ја познава и спроведува БОЖЈАТА Волја Чиста - а како консеквенца на тој човеков егоизам, гревот на земјата и понатаму ќе го прави тоа што (за жал) досега многу често го правел и го прави!
Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата! Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја. Се ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
Мат. 11:25 и сл.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 22:52
Мижи Митро, тулумби паѓаат... Не верувам во овие работи, според моето убедување немаат логика. Енд оф д стори
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 23:16
ekszi88 напиша:
Мижи Митро, тулумби паѓаат... Не верувам во овие работи, според моето убедување немаат логика. Енд оф д стори
ekszi88, ти (како и секој друг човек) смееш да веруваш или да не веруваш, но сепак Мудроста БОЖЈА - Тоа е БОЖЈИОТ Логос (Христос) - е безкрајно над, пред и поголем/а од секоја човечка или ангелска вера и логика!
Денот доаѓа кога сите ќе го увидат тоа!
Небото и земјата ќе поминат, но зборовите Мои нема да поминат!
Ев.Лука 21:33
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 25.Декември.2012 во 16:27
Ти верувај во што ти ќе одбереш да веруваш, но не ми кажувај и убедувај како е.
Јас не ја потценувам моќта на универзумот, енергијата итн., но библиските теории дека Бог мрази ова, сака она, дека Бог не чува и сака и дека толку му е мака за нас што со прсте не мрдна... да не зборам дека еднаш многу одамна не поплавил... мада и ден денес се случува тоа само на еден поинаков начин.. Не ја потценувам енергијата во мене, тебе, друг, трет, во целиот универзум, но голем дел од писанијата во библијата и други свети книги не ми држат вода. Во однос на темава, Бог го мрази гревот... ако Бог го мрази гревот нема да дреме и да оплаува само туку ќе превземе нешто... нажалост ништо не се случува... дури и полошо е. I am not impressed.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Декември.2012 во 11:55
Луѓето коишто се противат на Совршената Вистина, кога вистински би ја знаеле и не би ја потценувале моќта, енергијата, интелегенцијата, ... која што делува во универзумот, тогаш засигурно би знаеле и за каузалниот принцип кој што делува во истиот, а со тоа трагедиите коишто ни се случуваат не би ги пројицирале врз Единствениот Вистински и Совршен БОГ - Творец на се’ видливо и невидливо - Кој за спасение на сите во Исус Христис Ја отелотвори својата единствена спасителна Мудрост, чија надприрода е Милост!
Единствениот Вистински и Совршен БОГ толку многу ги сака луѓето - а го мрази гревот -, што највредното и најмилото од себе го дари (и жртвуваше) за спасение и поука на сите!
Take it, or leave it!
Најискрени поздрави и желби
п.с. Само преку Мудроста (Милоста) БОЖЈА - Христос - е можно да се прекине наследниот грев, со кој се инфицирани сите луѓе, дури и оние коишто не се родени!
п.п.с. Мојот син беше пренатално дијагностициран со тешка срцева мана, а само 9 дена после раѓањето (1999 год.) беше опериран од страна на човекот кој на 9ти јануар 2010 год. беше избран за човек на годината 2009 во швајцарија.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 26.Декември.2012 во 14:19
Мило ми е тоа што син ти е спасен... но Господ повеќе е од очигледно дека не постои за секого...
Погледни, каде е господ овде, а? Го фатило некоја дебела дремка очигледно додека ова се случувало...
А овде?
Евентуално овде
Каде е овде делувањето на СЕВИШНИОТ спрема ГРЕВОТ? Исус умрел за нашите гревови? Колку деца умираат од глад, малтретирање, колку деца се убиени свирепо ем од оружје ем од свирепоста на оние кои се вртат на фотелји? Колку луѓе поминале и поминуваат низ своите хорори додека Бог као демек го мрази гневот? Си се прашал некогаш за тоа? На Бог не му чуе за нас... За оној Бог за кој што ти ми зборуваш на мене он ужива во оваа претстава. Ќе ми зборува некој за убавината на светот? Илузија, се е илузија. Погледни наоколу и види ја и мизеријата и види колку невини души страдаат. Сите зборуваат за тоа дека Исус бил распнат и умрел за нашите гревови (глупости) а остануваат безимени оние душички кои што загинуваат ради будали на кој што ама баш ништо не им се случува... и да им се случува тоа е ништо во споредба со оние кои што умреле од глад, биле силувани, тепани и убиени на крај итн.. итн. Сакаш уште видеа за отсуството на грижа од страна на Бог? Моите согледувања во име на Бог се поинакви, а тоа дека Бог го мрази гревот, yeah, sure! Гледам и се изнагледав мизерија и безредие... баш затоа што бог го мрази гревот, ама јбг, ужива во оваа претстава... трилерче у кино.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 26.Декември.2012 во 14:25
Бог е милостив и си ги сака своите чеда такви какви што се.СОВРШЕН е ЛУКАВИОТ...и кога ќе го прочитам тој збор ми доаѓа нагон за повраќање.
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Декември.2012 во 14:41
[QUITE]СОВРШЕН е ЛУКАВИОТ...и кога ќе го прочитам тој збор ми доаѓа нагон за повраќање. [QUITE/]
убаво е кога се сложуваме во мислењето
Те поздравувам за оваа реплика Џош
-------------
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 26.Декември.2012 во 18:36
И као Господ не може нишо да напраи... а бе ај...
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 26.Декември.2012 во 22:02
ekszi88 напиша:
Каде е овде делувањето на СЕВИШНИОТ спрема ГРЕВОТ? Исус умрел за нашите гревови? Колку деца умираат од глад, малтретирање, колку деца се убиени свирепо ем од оружје ем од свирепоста на оние кои се вртат на фотелји? Колку луѓе поминале и поминуваат низ своите хорори додека Бог као демек го мрази гневот? Си се прашал некогаш за тоа? На Бог не му чуе за нас... За оној Бог за кој што ти ми зборуваш на мене он ужива во оваа претстава. Ќе ми зборува некој за убавината на светот? Илузија, се е илузија. Погледни наоколу и види ја и мизеријата и види колку невини души страдаат. Сите зборуваат за тоа дека Исус бил распнат и умрел за нашите гревови (глупости) а остануваат безимени оние душички кои што загинуваат ради будали на кој што ама баш ништо не им се случува... и да им се случува тоа е ништо во споредба со оние кои што умреле од глад, биле силувани, тепани и убиени на крај итн.. итн. Сакаш уште видеа за отсуството на грижа од страна на Бог? Моите согледувања во име на Бог се поинакви, а тоа дека Бог го мрази гревот, yeah, sure! Гледам и се изнагледав мизерија и безредие... баш затоа што бог го мрази гревот, ама јбг, ужива во оваа претстава... трилерче у кино.
Во право си мило.
Проблемот е што најголемиот број верници работите ги разбираат многу симплифицирано, егзотерично и буквално. А тоа е затоа што таквото земање на нештата е најлесно, не бара никакво подлабоко разбирање и напор за лично просветлување. Уште повеќе, така им е презентирано од институцијализираната религија... или барем од нејзините претставници.
Кога е речено дека Исус умре за нашите гревови тоа значи дека тој ни помогна да ги воочиме нашите слабости, заблуди, пропусти и животни промашувања. Оригиналното значење на зборот во Библијата кој е постојано преведуван кај нас како "грев" е - промашување (промашување на целта). Со други зборови кажано, тој умре поради пренесувањето на знаењето (логосот, гносисот) со кој им објави на луѓето дека Егото, суетата, самољубието, лакомоста и лицемерието се ѓаволското во нашиот свет, а љубовта, милосрдието и Еднобитието се боженственото.
Исус вели - одречувајте се од ѓаволското во вас, станете Едно со Отецот и така ќе се изборите за Царството Божје кое е во вас ("Постоеше Bистинска Светлина Која го осветлува секој човек што доаѓа во светов", "Зашто Царството Божје е во вас внатре").
Царството Божје е во нас и Исус се моли тоа да зацарува меѓу луѓето: "Оче нас кој си на небеста да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде вољата Твоја како на небото така и на земјата."
Но откривањето и постигнување на тоа не се стекнува со бланко верување (како такво) дека Исус го дал животот за искупување на нашите гревови, туку со наукување на претходно посоченото и со труд да се надминат личните слабости. Најочебиен цитат кој го потврдува ова е следниов во кој Исус им ја потенцира поентава токму на оние кои веќе поверуваа во него:
31. Тогаш Исус им говореше на Јудејците што беа поверувале во него: "Ако вие останете при моето слово (логос, гносис, наука, учење), навистина ќе бидете мои ученици (да учат и да осознаат) и ќе ја познаете Вистината и Вистината ќе ве ослободи".
Јован 8
Исус е јасен и прецизен како ласер - верувањето е една работа (веруваа и фаризеите, па знаеме до каде стигнаа), а наукувањето и осознавањето е нешто сосем друго. Ониe кои веруваат во него не смеат да останат само верници, туку треба да станат ученици и да учат од него. Оти oд овие две нешта, верување и наукување (со осознавање) , само второво води до познавање на Вистината и до ослободување од натамошните животни промашувања ( гревовите ) и стекнување со Царството Божје.
Верувам дека ова ќе фрли повеќе светлина во темните страни на човековото делување во овој свет кои со полно право им ги посочувш како противаргументи на некои верници.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Декември.2012 во 23:28
ekszi88 напиша:
Мило ми е тоа што син ти е спасен... но Господ повеќе е од очигледно дека не постои за секого... Погледни, каде е господ овде, а? Го фатило некоја дебела дремка очигледно додека ова се случувало... ...
Каде е овде делувањето на СЕВИШНИОТ спрема ГРЕВОТ? Исус умрел за нашите гревови? Колку деца умираат од глад, малтретирање, колку деца се убиени свирепо ем од оружје ем од свирепоста на оние кои се вртат на фотелји? Колку луѓе поминале и поминуваат низ своите хорори додека Бог као демек го мрази гневот? Си се прашал некогаш за тоа? На Бог не му чуе за нас... За оној Бог за кој што ти ми зборуваш на мене он ужива во оваа претстава. Ќе ми зборува некој за убавината на светот? Илузија, се е илузија. Погледни наоколу и види ја и мизеријата и види колку невини души страдаат. Сите зборуваат за тоа дека Исус бил распнат и умрел за нашите гревови (глупости) а остануваат безимени оние душички кои што загинуваат ради будали на кој што ама баш ништо не им се случува... и да им се случува тоа е ништо во споредба со оние кои што умреле од глад, биле силувани, тепани и убиени на крај итн.. итн. Сакаш уште видеа за отсуството на грижа од страна на Бог? Моите согледувања во име на Бог се поинакви, а тоа дека Бог го мрази гревот, yeah, sure! Гледам и се изнагледав мизерија и безредие... баш затоа што бог го мрази гревот, ама јбг, ужива во оваа претстава... трилерче у кино.
Не, Совршениот БОГ не ужива во гревовите кои што ги прави ѓаволот и неговите несвестни чеда!
Напротив!
Совршениот БОГ ги мрази делата (гревовите) на ѓаволот и неговите чеда, затоа ТОЈ лично - преку својата Мудрост - дојде во Христа да ги уништи гревовите и ни го покаже единствениот Пат на вистинското Спасение, но за жал широката маса се’уште повеќе ја сака темнината одколку Светлината БОЖЈА!
Кога Исус телесно живееше во денешен Израел и Палестина, чедата на лагата правеа грозни работи врз населението и дури врз децата. Евреите кои Го очекуваа Христа (Месијата) се надеваа дека кога Тој ќе се појави, со сила и насилство ќе ги уништи крволочните и алчни душмани.
Но, Совршениот не би бил Совршен кога би реагирал со темпото и на начинот кој што несовршените го посакуваат. Што воопшто не значи дека едно единствено злодело, или зол збор, нема да биде без последица по душата на оној кој што го направил или прави!
Што побрзо човекот и човечанството ќе поверува на во Исус Христос отелотворената Мудрост (Милост) БОЖЈА и одсрце ќе ги следи Неговите миродавни чекори, тоа побрзо на земјата ќе му дојде крајот на мразениот грев!
Совршениот БОГ на тој чекор засигурно нема потреба да не’ присили, бидејќи нашите гревови се тие коишто ќе не’ присилат и ќе не’ судат, ако правовремено не ја замразиме темнината и ја возљубиме Светлината БОЖЈА!
И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината на Животот.”
Ев.Јован 8:12
Joshua_Tree напиша:
Бог е милостив и си ги сака своите чеда такви какви што се.СОВРШЕН е ЛУКАВИОТ...и кога ќе го прочитам тој збор ми доаѓа нагон за повраќање.
Исус вели дека само Неговиот Отец е Совршен БОГ, но вие - и слични на вас - мислите дека сте попаметни од Исус и велите нешто спротивно на Него?!
Јас знам дека лажниот “бог“ - кого што многумина го обожаваат - ги сака неговите чеда такви кави што се, бидејќи тие сакаат да практицираат лаги, убиства, насилства, педофилија, ... и слични гнасни гревови, но, Совршениот БОГ и Отец - Кого многумина го негираат и мразат - засигурно ги мрази таквите гревови, иако надприродно ги љуби сите луѓе, чекајќи ги со отворени раце да се разбудат од смртниот сон и да му постанат чеда!
Луѓето коишто го љубат гревот, неверата или кривоверата, а го негираат или девалвираат Совршениот БОГ и Неговото Евангелие, се прелажани души и чеда на најголемиот лажго (нечистиот “бог“-ѓаволот), кој ги причинува најголемите катастофи на земјава!
Оние, на кои “богот“ од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христос, Кој е слика на (невидливиот) Бог.
2 Коринтј. 4:4
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 27.Декември.2012 во 11:24
малку ми смета зборот МРАЗИ...во темава.....нели не би требало да постојат такви чувства кај него.....нели он простува.....разбира дека сме грешни.....чека наше покајување....простува.....не дека се разбирам многу.....не сум верник кој оди во црквите и се моли.....не сум од оние кои велат" не постои бог.....не го гледаме.....и затоа не веруваме......".не сум ни од оние кои одат да се молат само кога им е тешко и имаат некој проблем небаре одма ке им се реши.......верувам дека сите го дишиме воздухот ист....што не го гледаме, а сепак постои насекаде околу нас.....секој си верува во она што мисли дека е исправно.....и што го прави среќен и спокоен......грешен или не.....сите би требало да сме исти.....пред него ....
------------- ...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 27.Декември.2012 во 18:12
Фениксе, потполно те разбирам тебе и секого другого што така мисли, но кога Совршениот БОГ не би го мразел гревот и - како што докажа во Исус - безкрајно не би го љубел секој човек, тогаш засигурно Тој не би бил Совршен БОГ, туку спротивното на Него!
п.с. Заедницата (црквата) Христова е секаде и секогаш таму каде што двајца или тројца (или повеќе) ќе се соберат во http://www.bibleserver.com/text/CRO/Matej18:20" rel="nofollow - ... Севишниот не живее во ракотворени храмови ...!
Дела Ап. 7:48 + 17:24
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 28.Декември.2012 во 20:28
Shto e grev??
Dali toj e oddelen od chovekot??
Dali chovekot e oddelen od "Boga"??
Dali "Bog" mrazi??
Koj e toj shto mrazi??
Dali "Bog" e lichnost - zaroben vo nekakov koncept??
Neli e beskraen?? - bez pochetok i kraj??
Isus rekol - jas postojam. Ne rekol - postoev...
Svetot se "ragja"vo "boga" i ischeznuva... - ne obratno...
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Декември.2012 во 01:52
Немој сега толку комплицирано...
Прашај поедноставно: како може Совршениот да мрази ??? Нели е Совршен ?
Прашај: како може Љубовта да мрази ?
Од друга страна, доколку подобро размислам... и тоа е многу комплицирано...
Молчи, така е најдобро.
Мрази ? Мрази !
Лета ? Лета !
Vazhno da su dechica sretna.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 29.Декември.2012 во 11:27
Пред години, ваква слична воздигнатост - само во посубтилна форма - прочитав и во книгата на Ерих Фром: “Уметноста на Љубовта“.
Од секогаш имало луѓе што живееле - а ги има такви и денес што живеат - на земјата и се воздигуваат над другите, демек другите биле деца недорастнати, притоа не се самите свестни дека самите не се ништо повеќе од надувени мрсулковци, во споредба со ОТЕЦОТ Небесен во Христа Господа!
п.с. Ерих Фром знаеше да критизира и да учи други што е вистинска љубов, но самиот си го склони задникот во сигурна швајцарија, кадешто се’уште му лежат 5 милиони долари на конто.
п.п.с. Духовните учители и духовни предци на германскиот зенистички мајстор Вилигис Јегер - коишти исто така се воздигаат над “недорастнатите“ Чеда БОЖЈИ - беа активни соученици во втора војна на страна на фашистите. Се разбира, потполно согласно со нивната нондуалистичка воздигната филозофија!
Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи!
Ев. Матеј 7:15
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Декември.2012 во 12:13
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците?
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.”
Mateja 5
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 29.Декември.2012 во 12:51
Ne sudi, znachi - NE sudi!(i kako analiza i kritika na drugiot- vo sekakov oblik)....Ljubov, znachi Ljubov!...(nema mrazenje vo bilo kakov oblik)- za drugoto kje si zamolcham...
A shegata e "bozhji dar". da dodadam samo....
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 29.Декември.2012 во 13:18
За мудрите и разумните од овој свет е невозможно да сфатат дека е возможно да се мрази гревот и непријателството, но да се љуби грешникот и непријателот, како и да не се суди грешникот, но да се суди гревот, кој што му штети на грешникот и неговата околина!
Во тоа време, откако продолжи Исус, рече:
„Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше Волјата Твоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
Ев. Матеј 11:25-27
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 29.Декември.2012 во 15:02
Ниедна приказна за небото не е исткаена со златен конец,така ни оваа.Во секој случај убава за читање пред спиење.Патот до светлината не е убаво научена лекција од веронаука.
...можи да ти посакам среќен пат до Совршениот Бог?
Совршениот Бог го мрази гневот оти не знае со него да се справи
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 29.Декември.2012 во 22:17
Joshua_Tree напиша:
Ниедна приказна за небото не е исткаена со златен конец,така ни оваа.Во секој случај убава за читање пред спиење.Патот до светлината не е убаво научена лекција од веронаука.
Вистината е како песничка Вистината е како сказна Кој на Неа и’ се противи Самиот си нанесува казна!
Joshua_Tree напиша:
...можи да ти посакам среќен пат до Совршениот Бог?
Абсолутно!
Нема поголема среќа од Милоста БОЖЈА чиста - од љубов и за спасениа на сите - отелотворена во Исуса Христа!
Тој/Тоа е Патот, Вистината и Животот!
Joshua_Tree напиша:
Совршениот Бог го мрази гневот оти не знае со него да се справи
Пријателе драг, никој подобро со гревот (и гневот) незнае да се справи, од Оној Кој што од најголемите грешници, светци и светици прави!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 30.Декември.2012 во 09:38
Јас пре на гревот би сакала да наидам со разбирање. Ако нешто мразиме никогаш нема да успееме да стигнеме до коренот, а без увидување на причините за формирањето на одреден проблем, грев (што и да е) не би можело ништо да се промени. За да смени нешто оној што греши треба да стане свесен. Ако само го осудиме делото ние всушност никогаш нема да го решиме проблемот туку само ќе ги замачкаме очите и ќе живееме во лага. Јас не се залагам за таков живот и не верувам на ваков начин. Точка.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 30.Декември.2012 во 10:05
Љубењето на гревот и одбивањето на Љубовта (Мудроста) БОЖЈА, е коренот на проблемите!
Секој кој што го љуби гревот, тој се’уште не Го љуби вистински Единствениот Вистински и Совршен БОГ, нити пак ја познава Неговата Светост!
Во тоа се состои љубовта, што не ние Го возљубивме Бога, туку Бог нас не’ возљуби и Го прати Синот Свој за да ги очисти гревовите наши.
1 Јован 4:10
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 30.Декември.2012 во 10:08
Aма зашо ми вадиш цитати од библијата кога мене ми се толку безначајни?
И каде пишав јас да се љуби гревот? Реков да се разбере.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 30.Декември.2012 во 10:16
ekszi88 напиша:
Aма зашо ми вадиш цитати од библијата кога мене ми се толку безначајни?
Знам дека ти се беззначајни и дека ќе ти останат беззначајни, бидејќи не сакаш да ги разбереш!
ekszi88 напиша:
И каде пишав јас да се љуби гревот? Реков да се разбере.
Само тоа што човекот го љуби, се труди и да го разбере!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 30.Декември.2012 во 10:34
Разбирање не е љубов туку е дел од тоа то значи љубов, а љубовта ја сочинуваат уште неколку други работи без кои таа не може да се нарече љубов. Второ, со тоа што би го разбрале злочинот (или како сакаш наречи го, ете гревот нека биде) не значи дека истиот и го оправдуваме туку колку повеќе го гледаш и анализираш проблемот толку подобро го разбираш а колку подобро го разбираме нештото тоа значи и дека сме поблиску до решението.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 30.Декември.2012 во 10:43
Не гревот, не злочинот, не ракот, ... туку грешникот, душата што го направила злочинот, клетката која што е заболена од ракот, .... треба да ги разбереме и љубиме!
Потполно те разбирам!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 30.Декември.2012 во 10:53
Eпа нешто да разбереме, што и да е
Мило ми е што се разбравме...
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 31.Декември.2012 во 12:40
Совршениот БОГ го мрази гревот бидејќи тој ги заробува и мачи Неговите чеда, на кои што Тој им дал слободен избор, како би се решиле за единствениот вистински Ослободител и слобода - Тоа е Неговата Првородена Мудрост (Христос) - или пак за гревот и робството негово!
Зашто Бог не Го испрати Своето Првородено Чедо во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него!
Јован: 3:17
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Јануари.2013 во 22:19
емил напиша:
СОВРШЕН е ЛУКАВИОТ...и кога ќе го прочитам тој збор ми доаѓа нагон за повраќање.
убаво е кога се сложуваме во мислењето
Те поздравувам за оваа реплика Џош
Поздрав и од мене!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Јануари.2013 во 22:24
http://postimage.org/" rel="nofollow">
http://postimage.org/" rel="nofollow -
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 02.Јануари.2013 во 22:55
...i sega koj go mrazi grevot? mislam, na koj mu e odvraten?...
na lukaviot??
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Јануари.2013 во 23:10
Абе убаво велеше Исус, кога го прашаа апостолите зошто говори во параболи, дека тоа го прави оти секој збор не е за сечии уши...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Јануари.2013 во 04:07
ekszi88 напиша:
И као Господ не може нишо да напраи... а бе ај...
Бог не ги прави работите за кои често го обвинуваме. Тоа ние си правиме на самите себе си бидејќи Тој ни даде слободна воља да правиме што ќе посакаме.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Јануари.2013 во 09:34
Messenger напиша:
Бог не ги прави работите за кои често го обвинуваме. Тоа ние си правиме на самите себе си бидејќи Тој ни даде слободна воља да правиме што ќе посакаме.
Така е!
Но за жал, многумина слободната волја ја злоупотебуваат како би ја негирале или девалвирале Божјата Волја чиста - за спасение на сите отелотворена - во Исуса Христа!
Сите луѓе коишто веруваат дека БОГ е Љубов, добро веруваат! Но во тој момент кога веруваат дека Тој (бидејќи е Љубов) неможе поинаку освен да го љуби и гревот, тогаш засигурно криво веруваат!