IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - НАЈНОВО во излозите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НАЈНОВО во излозите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6869707172 77>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2012 во 12:15
Cacharel 2013


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:30

Модна недела во Њујорк: Оскар де ла Рента со награда за животно дело, ги остави без здив присутните на неговата ревија



v259376p1

На модната недела во Њујорк, што се одржа од 5. септември до денес, еминентни модни дизајнери ги покажаа своите колекции за пролет/лето 2013., но и оние кои се почетници, барем во модната кариера. меѓу нив и тенисерката Серена Вилијамс, Викторија Б. и главните луѓе на Гугл!

Наградата за животно дело му беше доделена на Оскар де ла Рента, а чинот на доделувањето на наградата го проследија 1000 посетители. Тој пак за возврат ги почести присутните со ревија на раскошни фустани, што рака на срце оставаат без здив..

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2012 во 17:53

Миланската недела на модата: колекции пролет/лето 2013



Миланската недела на модата ја врати на сцената елеганцијата и во услови на економска криза понуди безвременски креации кои не се актуелни само една модна сезона. Погледнете ги колекциите за сезоната пролет/лето 2013 на едни од најпознатите дизајнери со светска слава:

Версаче

Флуидност, разлабавеност и леснотија владееше на пистата на Версаче. Креациите на Донатела овој пат не беа структурирани и затегнати, туку им даваа слобода на движењата на манекенките. Преку колани и „метални“ реси акцентот беше поставен на колковите, во стилот на Шакира. „Порано работев со Шакира. Можам да си замислам како би полудела за ова“ – изјавила Донатела Версаче.

Во егзотичната колекција сè уште се насетуваше рок стилот негуван од Версаче. Повеќето креации беа кратки и ги разголуваа нозете, можеби затоа што Донатела се фокусира на освојување на помлада клиентела.

Versace Versace
Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace

Роберто Кавали

Сексапил претставен на елегантен и современ начин ја обви ревијата на Роберто Кавали. Обожавателот на животинскиот принт и природата не успеа да ја потисне својата љубов кон дивината, но овој пат животинските дезени беа нежни и поретки.

Ревијата започна со бели креации презентирани од русокоси модели, а заврши со црни креации носени од бринети.

Roberto Cavalli Roberto Cavalli
Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli

Прада

Цветните мотиви присуствуваа речиси на секоја креација од колекцијата, а според Прада, беа „симбол на животот на жената и големите битки кои секогаш ги водиме“. „Сонот е забранет, носталгијата е забранета, да си премногу слатка не е добро. Облеката е израз на овој невозможен сон... Мислев на жената која е силна и слатка“ – изјавила Мјуча Прада.

Многу од креациите изгледаа како модерна интерпретација на „кимоно“ стилот. Прада објаснила дека јапонските елементи се појавиле подоцна во процесот на дизајнирање. „Сакав да е силна и сериозна. Сите тие диплења беа последица на тоа“ – дополнила таа.

Prada Prada
Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada

Гучи

„За пролет сакам да си играм со боја“ – изјавила Фрида Џанини. Желбата за колоритна игра на креативната директорка на Гучи беше очигледна. Циклама, мастило-сина, тиркизна, сончево жолта, корална... ведрите бои доминираа на модната писта.

Освен јаките бои, силен впечаток оставаа и силуетите – туники и широки панталони во стилот карактеристичен на доцните 60-ти и раните 70-ти години, волумен на ракавите и околу вратот, честопати создаден со помош на големи набори и развеани долги фустани кои не го прегрнуваат цврсто женското тело. Ревијата можеби ќе остане запаметена по еднобојните креации, но не може да остане незабележан принтот инспириран од јапонски тапети.

Gucci Gucci
Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci

Долче и Габана

Откако постигнаа голем успех со првата колекција висока мода, Доменико Долче и Стефано Габана продолжија да црпат инспирација од Сицилија. Фолклорни елементи, впечатливи принтови, марами на глава, масивни обетки, драматични сламени фустани... невообичаената колекција беше колоритна, енергична и полна со ведрина. „Беше охрабрувачко и веднаш посакав да одам на летен одмор. Боите беа прекрасни, беше несериозно, но носливо“ – изјавила Лусинда Чемберс, директорка на британскиот „Вог“.

„Сè правиме на наш начин, не се стремиме да бидеме тренди. Сакаме да правиме облека со надеж дека луѓето ќе ја сакаат, но не целиме да оформуваме нови трендови“ – изјавило дизајнерското дуо.

Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana
Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana Dolce &amp; Gabbana

Џорџо Армани

„Наша работа како дизајнери е да предложиме нешто што би го носеле луѓето. Што е поентата да прикажеш 30 парчиња кои не одат во продавниците?“ – запрашал Армани на прес-конференција.

Искусниот дизајнер предложи андрогина колекција, која започна со ледено сини елегантни костуми чии широки панталони беа поткусени до глуждовите, а продолжи со тегет креации кои блескаа повеќе од ноќното ѕвездено небо.

Giorgio Armani Giorgio Armani
Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2012 во 18:01

Лондонската недела на модата: колекции пролет/лето 2013



Британската престолнина изминатава седмица пулсираше во ритамот диктиран од помладите енергични брендови во модната индустрија. Погледнете низ колекциите претставени во Лондон кои не ги оставија модните критичари рамнодушни:

Burberry

Temperley London

Визијата на младата Софија Лорен беше во главата на Алис Темперли додека ја разработуваше новата колекција. Примамлива палета на бои, здолништа инспирирани од стилот од 50-тите години, проѕирни ленти и висококвалитетни материјали ја окарактеризираа колекцијата на една од омилените дизајнерки на војвотката Кетрин и нејзиното семејство.

„Мислам дека ова ми е најомилена колекција досега. Од кројот, до бојата и материјалите, сè“ – изјавила Темперли.

Temperley London Temperley London

Peter Pilotto

Дизајнерите Питер Пилото и Кристофер де Вос мајсторски манипулираат со принтовите во новата зашеметувачки шарена колекција. Дигиталниот принт и неочекуваната текстура се главна карактеристика на креациите во кои се кријат и спортски елементи. „Дигиталниот принт е во јадрото и е толку прекрасно затоа што можеш да изразиш толку многу нешта, па на различен начин можеш да направиш различни слоеви. Толку е безгранично“ – изјавил Кристофер.

Експериментирањето со формите, понекогаш „украдени“ од високата мода во 50-тите, како и умерените отсечоци, ѝ дадоа на колекцијата возбудлива динамика и модернистички шмек.

Peter Pilotto Peter Pilotto
Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto Peter Pilotto

Burberry Prorsum

„Сакав да направам колекција која ќе ги натера луѓето да се смеат. Сакав да биде весела, малку подрска и посекси“ – изјавил главниот дизајнер Кристофер Бејли откако на пистата испрати армија манекенки облечени во колоритни и сјајни креации.

„Корсети и наметки“ беше темата на ревијата за која Бејли црпеше инспирација од архивите на Burberry и фотографиите на Норман Паркинсон. Мантилчето по кое е познат овој британски бренд се појави во многу варијации, додека наметките беа презентирани и во кратка и во долга форма.

Burberry Burberry
Burberry Burberry Burberry Burberry Burberry Burberry Burberry Burberry Burberry Burberry Burberry Burberry

Ердем

„Мислев на жена од друга планета која дошла на Земјата“ – изјавил Ердем Моралиоглу по завршувањето на ревијата. Чипка и плетка, змиски и цветен принт беа комбинирани на неочекуван начин на креации кои зрачеа со дамска елеганција.

Ердем Ердем
Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем

Кристофер Кејн

Кристофер Кејн секогаш пронаоѓа начин да ги изненади и воодушеви модните критичари. „Беше фантастично, толку умно – елеганцијата и перверзноста“ – изјавила модната уредничка на „Вог“ Лусинда Чемберс за колекцијата инспирирана од Борис Карлоф, или поточно Франкенштајн.

Од почетокот до финалето се забележуваше постепено надградување на текстурата на креациите и позабележителна употреба на боја и впечатливи детали.

Кристофер Кејн Кристофер Кејн
Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн Кристофер Кејн

Антонио Берарди

Антонио Берарди ја направи спортската облека гламурозна. Геометриската колекција сочинуваше многу здолништа подолги на страните на нозете, а пократки во средината. Силната сина боја која потсетува на мастило се провлекуваше низ целата колекција, надополнувајќи ја со динамика и урбана привлечност.

Антонио Берарди Антонио Берарди
Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди Антонио Берарди

Мери Катранзу

Поштенски марки од Монголија, Венецуела и Финска, како и банкноти со стари валути (германски марки и грчки драхми) можеа да се видат на креациите на Мери Катранзу. Храбрите фустани со А-линија добија почесно место во комплексната, но атрактивна колекција. „Тоа беше фантастичен чекор напред. Формите делуваа толку модерно и охрабрувачки“ – изјавила Франческа Барнс од британскиот „Вог“.

Мери Катранзу Мери Катранзу
Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу Мери Катранзу



Изменето од Valerija - 20.Декември.2012 во 18:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2013 во 18:19

Зелената ќе биде боја на годината


Како и секоја година, американскиот Pantonе Color Institute, специјализиран за бои, ја одреди бојата на годината. Во 2013-та година зелената боја ќе го инспирира светот на модата, убавината, дизајнот и декорацијата.

Одлуката се носи според основата на трендовите во индустријата на дизајнот, а зелено- смарагдната боја веќе ги освојува автомобилите, гардеробата и мебелот.

Тоновите на зелената боја се присутни и на пролетните колекции кај некои од најпознатите дизајнери.

По црвено-портокаловата боја во 2012-та, експертите велат дека зелената ќе внесе свежина во секојдневниот живот, а според некои верувања, се препорачува носење на зелена облека за разбивање на малерот.

Зелената боја со сите свои нијанси е одлична идеја за годината пред нас, бидејќи ги симболизира младоста и надежта, а го поттикнува чувството на благосостојба и хармонија. Зелената боја е најмногу присутна во природата, а човечкото око најмногу ја гледа од сите останати бои од спектарот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2013 во 21:23
Elie Saab 2013


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2013 во 21:24
Jean Paul Gaultier 2013


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2013 во 21:24
Roberto Cavalli 2013


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2013 во 21:25
Antonio Marras 2013


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2013 во 21:26
Kenzo 2013


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2013 во 21:27
Valentino 2013


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2013 во 21:28
Dior 2013


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2013 во 09:49

ФОТО: H&M со дебитантска колекција на Париската недела на модата


H&M за првпат презентираше своја колекција во рамките на Париската недела на модата. Познатиот шведски моден бренд ја прикажа колекцијата есен 2013.

Чизми до колена, крзнени палта, елегантни наметки, туники, проѕирни здолништа... Шоуто беше микс од елеганцијата на Кетрин Денев и бохо шармот на Џејн Биркин. „Кога започнавме да размислуваме за оваа колекција, зборувавме за драма – модерна драма“ – изјавила Ен-Софи Јохансон, раководителка на дизајнерскиот тим на H&M.

Последната ревија на H&M се одржа пред осум години во Њујорк. „Сакаме да ги изненадуваме клиентите со нашите колекции, но и со различни соработки. Помина долго време откако последен пат презентиравме наша мода на модно шоу и сметаме дека ова е одличен начин да ги изненадиме и инспирираме клиентите и фановите од целиот свет“ – дополнила Јохансон.

Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M
Колекција на H&amp;amp;M Колекција на H&amp;amp;M


Изменето од Valerija - 27.Септември.2013 во 14:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2013 во 18:29

Топ 15 модни трендови – пролет/лето 2013


Првите пролетни денови сигнализираат дека е време за освежување на стилот. Нè очекува геометриска модна сезона, исполнета со риги, принт кој имитира шаховска табла и точкести дезени. Пред нас е сезона која ја прославува женственоста преку цветни креации, чипка, развеани модели, ориенталски мотиви, проѕирни панели и лесни како пердув материјали. Започнува модна сезона ослободена од правила и обвиена во привлечноста на едноставноста.

Задоволете си ја љубопитноста и дознајте кои трендови ќе ја одбележат новата сончева сезона.

Риги манија

Ригите експлозивно се наметнаа како тренд кој едноставно нема да можете да го заобиколите. Хоризонтални, вертикални или дијагонални, црно-бели, морнарски или разнобојни, широки или тесни... не се ограничувајте.

Риги манијата се распространи на блузи, кошули, панталони, здолништа, фустани и модни додатоци, па слободно грабнете го омиленото модно парче со штрафти и не се двоумете дали да го искористите во топлите денови. Сепак, важно е да ги изберете вистинските риги за вас, затоа што овој тренд крие ризик од позаоблен изглед на телото. Судирањето на различни риги е нов начин за носење на трендот. Така, нема да погрешите ако носите блуза со хоризонтални, а здолниште со вертикални риги.

Риги манија

Црно-бела игра

Модната сцена очигледно се замори од силните бои, неонските нијанси и „колор-блок“ трендот кои беа доминантни минатата година, па дизајнерите ја прочистија палетата и се насочија кон вечно модерните бела и црна боја. Никој не остана рамнодушен на едноставноста и безвременскиот шарм на црно-белата комбинација.

Црно-бела игра

Редуцирани карнери

Заборавете ги плисираните здолништа. Карнерите ги добија своите пет минути, но тука станува збор за редуцирани и елегантни карнери, а не натрупани набори. Низ колекциите на врвните дизајнери карнерите ги видовме на јаки, на ракави и на здолништа, што значи дека нема да ви е тешко да експериментирате со нив.

Редуцирани карнери

Смарагдно-зелено волшепство

Зелената боја асоцира на обновување, просперитет, единство, баланс и хармонија, па не е воопшто чудно што Pantone ја избра смарагдно-зелената за боја на 2013 година. Обојте се во оваа богата и ведра нијанса која ја носи со себе волшебната привлечност на смарагдот за да постигнете софистициран изглед.

Смарагдно-зелено волшепство

Деним шик

Стилот на 90-тите години се протна на модните писти преку деним креации. Ископајте ги широките фармерски кошули, сините тесни фармерки и фармерските јакни кои пред повеќе од десетина години ги закопавте во плакарот и освежете го вашиот лежерен уличен стил.

Деним шик

Футуристички сјај

Иридесценција – тренд кој го хипнотизира окото. Ткаенини со сјајни површини на кои се прелеваат боите беа освежителна новост на модните писти, особено затоа што редовно креациите со металик сјај се резервирани за студената сезона и зимата.

Футуристички сјај

Шаховска табла

Виновник за трендот шаховска табла е Марк Џејкобс, или поточно неговата последна колекција за Луј Витон. Смелиот принт со квадратчиња ги освои модните критичари, стилисти и холивудски ѕвезди. Но, колку и да е интересен на фотографиите од модните едиторијали или на црвениот тепих, овој тренд е голем предизвик ако сакате да го вклопите во секојдневниот стил. Ако изберете фустан, јакна или панталони со квадратчиња, минимизирајте ги модните додатоци за да не делувате нападно, а останатата облека нека ви биде еднобојна. Најбезбеден избор се модни додатоци со квадратчиња. Црно-белите квадрати се најпопуларни, но не бегајте ни од бело-зелени, бело-жолти и бело-бежови комбинации.

Шаховска табла

Цветен микс

Пролетта и летото не може да минат без женствениот цветен принт. И во црно-белата сезона која е пред нас, не смеете да ги заборавите цветните креации. Нов начин за носење на трендот се цветните апликации. Модните писти беа преплавени со креации и модни додатоци украсени со мали цветови за тридимензионален ефект.

Цветен микс

Проѕирни панели и отсечоци

Кажете ѝ збогум на пристојноста. Дизајнерите ве канат да покажете малку повеќе кожа со проѕирни парчиња и отсечоци на фустани, блузи и здолништа. Најчесто отсечоците и проѕирните делови се во областа на половината, па затоа се вели дека „must-have“ оваа пролет е рамен и стегнат стомак.

Проѕирни панели и отсечоци

Алфа жени

Костумите не се само за мажи. Дизајнерите го форсираат изгледот „алфа жени“, затоа што ја истакнува самодовербата и моќта на жената. Оваа сезона костумите доаѓаат во секакви форми – со здолништа, долги или кратки панталони. За преферирање се костумите кои имаат впечатливи детали кои ги прават незаборавни и го потенцираат индивидуалниот стил.

Алфа жени

Здолништа со преден шлиц

Покажете ги нозете. Никој не може да каже дали здолништата се помодерни ако се мини, макси или миди, бидејќи сите се подеднакво застапени во новите колекции. Но, модните експерти се согласуваат – предниот шлиц е елементот по кој се препознаваат здолништата на 2013 година. Најчесто здолништата имаат два шлица, на надворешните страни на нозете. Неретко шлицот е еден, но висок до бутовите.

Здолништа со преден шлиц

Кожа за топло време

Широк круг на дизајнери го репризираа нивниот романтичен танц со кожата од зимата. Иако е малку неочекувано, експериментирањето со кожата продолжува и во сончевите месеци. Освен црната кожа, модерна е и кожата во повесели бои – корална, жолта, светлозелена, црвена. Перфорираната кожа се покажа како мини тренд, а исто така и кожените модели со ласерски отсечоци.

Кожа за топло време

Бермуди

Никој не вели да ги заборавите кратките панталончиња, особено кога сакате да ги истакнете нозете, но бермудите се новиот тренд којшто ги привлекува модните зависнички. Дизајнерите ги комбинираа со еднобојни сакоа како летна варијанта на популарниот женски костум или со впечатливи блузи во силни бои.

Бермуди

Петар Пан јаки и бели кошули

Кошулите се помодерни отсекогаш. Белата кошула е задолжително парче облека за топлите денови. Меѓу најинтересните кошули за сезонава се кошулите без јаки. Од друга страна, останува актуелен трендот на Петар Пан јаки, кои си го пронајдоа местото не само на кошули, туку и на блузи и фустани.

Петар Пан јаки и бели кошули

Дамска чипка

Не е важно дали е искористена како акцент или како главна атракција – женствената чипка си го зачува своето место меѓу трендовите. Деликатниот изглед на чипката примами премногу обожавателки за да може лесно да замине во модната историја.

Дамска чипка


Изменето од Valerija - 09.Април.2013 во 18:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6869707172 77>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.