![]() |
|
На столбот на срамот! |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3738394041 49> |
Автор | ||
borivojeboric ![]() Нов член ![]() Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Само потсетување: http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=116104&kategorija=3. Дали е ова дело на позицијата или опозицијата? Откако нешто ќе растуриш, треба одредено време да помине, за тоа да го составиш. Така и со нашата држава, ако некој 16 години ја уништувал, тогаш оддеднаш и маѓионичар да си, не можеш тоа да го направиш. Од друга страна, имам пофални зборови за Бранко Црвенкоски, бидејќи додека е тој на чело на СДСД, дотогаш ВМРО ДПМНЕ ќе владее. Немој да слушнам да рече некој Б.Ц. да оди во затвор.
|
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кога ќе ми текне само на Триумфалната капија или на трите жални врби од 250 илјади евра. А жалниве студенти??? Нека си читаат “Како се калеше челикот“! ![]() Пуст да остане животот студентски: СД „Гоце Делчев“Морам до тоалет, беа првите зборови при влезот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Важи, нема проблем, повелете, меѓутоа вратата не се затвора, ќе ви чувам стража. По едноминутно молчење се слуша – Заборавив да ве предупредам, и казанчето нема вода. Проклетство, си велиш и се обѕирнуваш наоколу. Ѕидовите руинирани, со дупки, ходници во кои те вее ветер како да си надвор, скршени прозорци, мирис на влага и на урина. Тука слободно може да се снимаат сцени од хорор-филм, си велиш. Се наежуваш, се прашуваш дали некој воопшто би можел да живее тука. Ама може. Нашата соговорничка нè внесува во својата малечка и скромна соба. Прозорците залепени со селотејп, заковани со понекоја штица, штекерите, исто така, залепени со селотејп. Од чешмата постојано капе вода. „Лани речиси два месеца немавме вода, за да се капеме, си топлевме во тенџериња. Ама тоа е. Секојдневие е да нема топла вода и парно. А и кога има, зиме, толку дува провев, што ти е страв да отидеш да се избањаш. Ниту мајсторите не ни обрнуваат внимание. Не дај боже да ти се расипе нешто, дури непријатно ти паѓа да ги молиш да ти помогнат. Така, прозорецот ми беше расипан и отворен речиси еден месец, и видов-не видов, викнав еден другар да ми го закове. Расипани парна, така си дремат ладни оти нема кој да ги поправи“, раскажува нашата соговорничка и додава дека само еден тоалет, во кој работи само една туш-кабина, го користат некаде 16, а некаде и 32 студенти, во зависност од тоа на кој кат и во која зграда се сместени. Го гледаме нејзиниот лаптоп на креветот од кој тивко свири „Cry Me A River“ и првото прашање што ни доаѓа на памет е дали имаат Интернет. „Интернетот си го плаќаме сами. Лично јас давам 300 денари за 10 гига. Се организираме по соби и си купуваме. А потребен ни е. Семинарски, домашни работи, па не постојат веќе листови, на професорите сè на мејл мораме да им праќаме. Ама толку работи ни фалат, па проблемите со Интернет не ги ни забележуваме. Ненормалните работи веќе ни стануваат нормални“, објаснува девојчето. Станува, ни вари турско кафе со една лажичка шеќер. Го гледаме решото, ни вели си го понела од дома, овдешното било расипано. „Бев здраво дете, ама откако сум тука, само болести ме фаќаат. Добив инфекција на мочните патишта, желудникот ми се расипа, сестра ми кога беше сместена, и таа се разболе, фати бронхитис и гнојна ангина, а цимерката си отиде дома, зашто и таа се разболе, па за да се излечи, оти тука не може. Влага има колку сакаш, на еден другар дури печурка му никна во собата. И од челик да си, тука ќе ти падне имунитетот“, вели дваесет и едногодишната девојка. Објаснува дека сиромаштијата ги носи тука. Дека немаат избор оти кириите се високи. „А не смееш да се пожалиш. Веднаш ми велат, па ако не ти чини, што не си одиш под кирија, или, пак, дека сум од опозиција. А ова нема врска со тоа. Пари за кирија немам, моите се сиромашни. А има и онакви што не можат да издржат, па си одат оттука. А кога се бунам, не се бунам за џабе, значи тешко ми е, не е фер, академски граѓани сме. Во времето на татко ми било привилегија да бидеш сместен во студентски дом. Денес, тоа значи друго – дека си го допрел дното. Ама јас тоа го разбирам како чин на челичење. За подготовка за животот. Еден ден кога ќе ни се случи нешто страшно да можеме да си речеме – Ех, јас во Гоце бев сместена, па ова нема да го преживеам“, коментира студентката. Во студентскиот дом месечно се плаќаат по 3.500 денари, а во цената е вклучено и јадење (со бонови) во тамошната менза. „Грав, грашок, виршли, пире, повремено понекоја плескавица, ама цело време иста храна има, која воопшто не е вкусна. А мензата и покрај тоа што наводно работи до девет вечерта, ако не отидеш да си земеш храна околу пет попладне, нема ништо да најдеш. Затоа редовно сами си купуваме вечера. А ако некогаш чуеме дека донеле нешто ново на менито, тогаш се радуваме како деца и се прават редици. Некогаш кога има помфрит, се чека и до еден час додека да успееш да си ја земеш порцијата. Се водат битки за преживување“, вели соговорничката. Затоа, пак, социјалниот живот им е одличен. Забави и дружење постојано, а и лесно разменување информации и книги. „Не можам да се пожалам од социјалниот живот. Колку луѓе тука имам сретнато, немам сретнато за цел живот. Си помагаме, се дружиме, се раѓаат љубови. Верувам дека оттука некои ќе ми останат пријатели за цел живот. И диското ни работи, па секој вторник и петок сме таму на некоја забава“, додава студентката. |
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
драматично
|
||
![]() |
||
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...БрРанко е крив.
....реалноста во која живееме и слика која ретко ја доловуваат медиумите. а ова бе?http://www.youtube.com/watch?v=2j75ClnMsgE&feature=player_embedded ![]() ..па добро,каде е лимитот? ![]() |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
скаj ис да лимит
|
||
![]() |
||
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
не бе ...Македонија е!.
Тука е крајот на многумина. ![]() |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
![]() |
||
Polar Bear ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Потресно... Тој студентски дом треба да се затвори.
|
||
![]() |
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Strasno! Zosto li imaat studentski lider? Kako toj navecer si legnuva doma vo svojot krevet bez da pomisli na onie koi gi zastapuva ? Toa li e nashata maksina-Obrazovanieto e mokj? A vo moe vreme tamu se pravea najubavite zurki! |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
а од што мислиш са овие дупки во ѕидовите ? Ги виде ? Со сигурност не се од мирно стоење и деноноќно учене ? Од журки плус огромна количина алкохол ? А скршените стакла со сигурност не ги е скршило времето во сите тие години . Инаку сградата воопште не треба да се затвара . Оти ако се затвори таму ќе се собират цигани , клошари , наркомани и проститутки . Да ја срушат и да ги пратат студентиве каде има барем елементарни човечки услови за живеене . |
||
![]() |
||
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не Емил,не се тоа дупки од журки + огромна количина алкохол...а и да се... Тие се тука затоа што откако комунистите го изградиле домот никој не вложил ни денарче потоа во негово одржување... Тие се тука оти градиме споменици,тие се прекупотребни Тука се оти во нашата глупавост Скопје го нарекуваме метропола а нема метропола во светот која нема студентски град,а Скопје го нема Нашата идна интелегенција живее ко најниска врста на луѓе по депониите кои некои ги нарекуваат студентски домови Навистина,единствено бесконечна е човечката глуупавост а не вселената(како што некои не убедуваа) п.с Студентски лидер??? Шо беше тоа мајче? Изменето од Andjelina - 19.Декември.2012 во 23:25 |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
![]() |
||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Eve kako se kanat socijalci, penzioneri....
![]() |
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
![]() |
||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
http://www.sitel.com.mk/sramno-scenario-na-sdsm-vo-sobranieto
![]() |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
![]() |
||
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Го има ли некој новиот "проглас "за утре,макар и апдејтуван.Да не ѕебнам џабе пред собрание... |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
![]() |
||
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Македонската демократија
Додека надвор Македонец убиваше Македонец за Македонија "патриотите" го протнаа буџетот а СИТЕЛ јадеше гомна ко и обично |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3738394041 49> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |