|
Најстрашните легенди и места |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Декември.2011 во 15:03 |
Темни места со застрашувачки податоци од историјата насекаде низ светот каде што талкаат духовите од минатото и ги вознемируваат луѓето....
Патот Келли - Пенсилванија
Место кое има огромен број пријавени паранормални активности и чудни случувања. Луѓето кажуваат дека кога животните ќе дојдат до местото, тие се претвораат од мирни и тивки во диви животни кои напаѓаат се што ќе видат. Местото е опкружено со темна, густа и застрашувачка шума. Никој не знае ништо во врска со тоа зошто местото е проколнато. Мостот -Bessie Little -
Духот на младата убиена девојка по име „Bessie Little“ често го посетува мостот одкако била убиена на 27-ми Август во 1896 од страна на нејзиното момче - Алберт Ј. Франц. Bessie Little била бремена и Алберт не сакал сакал да ја земе за жена. На мостот ја застрелал во глава и направил да изгледа како самоубиство. Го откриле кога виделе дека била убиена со 2 куршуми во главата, што логички не е возможно. Осуден е на смртна казна за убиство од прв степен и ставен е на „електрично столче“ на 19-ти Ноември во 1897-та година |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
interesno... gi ima mnogu vakvi.... samo sto skoro nikoj ne veruva...
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јас мислам дека околу мојот кревет има најмногу мрачни и мистериозни сили, буквално ниеден будилник што го ставив во соба, не потраја повеќе од еден ден... и ова иако го пишувам на зафрканција, е вистина
супер, сега може туризам да развијам и да се полнам со пари |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Дворецот „Гламис“ се наоѓа во Шкотска. На прв поглед изгледа како дворец од бајка. Денес е туристичка атракција, но времето зачувало страшна приказна, приказна од која се добиваат морници.
За разлика од останатите дворци што се опседнати со духови, приказната за дворецот „Гламис“ е уште пострашна. Низ вековите помеѓу ѕидовите успеал да ја зачува големата тајна, што ни ден-денес не е откриена. Тајната нема никаква врска со крвавите дамки што стојат по подовите и денес, ниту, пак, со спалувањето на Лејди Гламис како вештерка. Тајната што „Гламис“ ја чува лежи во решението на неколку собни сложувалки полни со бизарни случувања. Бројот на прозорците од надворешната страна и внатрешната страна е првата мистерија, од надворешна страна има два повеќе, што укажува дека некаде се наоѓа тајна одаја. За таа соба постојат претпоставки со векови. Наводно, слугите чуле дека кралот Џејмс Петти некого затворил таму. Слушале гласови што допирале од ѕидовите. Се верува дека таму имало деформирано дете кое било резултат на брак помеѓу роднини. Во 1486 година семејството Огилвис барало заштита од семејството Гламис. Огилвис ги одвеле во една одаја и таму ги држеле без храна и вода повеќе од еден месец. Кога ја отвориле просторијата само еден член од семејството бил жив. За да преживее го изел семејството...........Можеби тоа била тајната одаја? Во 17 век соблекле еден црн роб и го ловеле со ловечки кучиња. Кучињата го растргнале, додека дамите уживале во играта. Неговиот дух трча во дворот на дворецот. Набрзо и една слугинка случајно ја открила тајната одаја. Тоа што го видела ја натерало да вреска низ дворецот, сакајќи да побегне, двајца чувари ја фатиле, најпрво и го исекле јазикот, а потоа ја масакрирале. Нејзиниот дух скита по дворецот „Гламис“. Во 1904 година лордот Стратмор му рекол на својот пријател: „Кога само би ја знаел природата на оваа страшна тајна, би клекнал на колена, заблагодарувајќи му на Бог што нема никаква врска со тоа“. Кога неговата ќерка го прашала за тајната, ѝ рекол дека ниедна жена не смее да знае за таа тајна. Прашањето и понатаму опстојува, за каква тајна се работи? Каква е таа тајна што може да опстои со векови, а сепак да ги згрозува сите инволвирани?
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Големи мистериозни совпаѓањаЖивотот е полн со совпаѓања. Повеќето се многу мали, но судбината понекогаш ни приредува навистина изненадувачки пресврти. Секој од нас се соочува со чудни совпаѓања во животот. За многу луѓе тие се неверојатни настани, достојни за одбележување. Скептиците, пак, лути мрморат дека сето тоа се должи само на законот за веројатности.
Проколнатиот автомобил на Џејмс Дин
Во септември 1955 година, американскиот актер Џејмс Дин загинува во автомобилска несреќа со своето спортско „порше“. Потоа истиот автомобил донесува несреќа и на многу други луѓе. Кога „поршето“ било подигнато од местото на несреќата и однесено во еден гаража на поправка, моторот му паднал на еден од механичарите и му ги скршил двете нозе. Моторот бил купен од еден лекар, кој го поставил во тркачки автомобил и наскоро потоа загинал во несреќа за време на едно рели. Еден друг тркач со автомобили загинува во истиот инцидент - во неговиот автомобил било монтирано погонско вратило од автомобилот на Дин. Подоцна „поршето“ на Џејмс Дин било поправено, а гаражата во која било поправано изгорела до темел. Автомобилот бил изложен на саемот во Сакраменто, каде што паднал од подиумот и направил огромна штета, а бил повреден и еден тинејџер. Во Орегон, приколката во која бил натоварен автомобилот се откачила и удрила во излогот на една продавница. Конечно, во 1959 година, автомобилот мистериозно се распаднал на 11 делови.
Куршумот што ја достигнал својата цел многу години подоцна
Хенри Зигланд мислел дека ја изиграл судбината. Во 1883 година, тој раскинал со својата девојка, која извршила самоубиство од очај. Братот на девојката бил толку лут, го пронашол Зигланд и го застрелал. Верувајќи дека Зигланд е мртов, братот го насочил оружјето кон себе и си го одземал животот. Но, Зигланд не бил мртов. Всушност, куршумот само му нанел неколку гребнатинки на образот и удрил во едно дрво. Зигланд најверојатно се сметал за неверојатно среќен човек. Сепак, по неколку години тој решава да го отсече големото дрво, што во своето стебло сѐ уште го „чувало“ куршумот. Тој решил да го разнесе дрвото со неколку прачки динамит. Експлозијата го поттикнала куршумот да се „блокира“ директно во главата на Зигланд, убивајќи го на место.
Браќа-близнаци со еден срцев удар
Џон и Артур Моуфорт биле близнаци кои живееле на околу 130 километри еден од друг во Велика Британија. Вечерта на 22 мај 1975 година и двајцата почувствувале жестоки болки во градите. Семејствата на двајцата мажи воопшто не знаеле што се случува со другиот близнак. Браќата биле однесени на итна интервенција во различни болници, горе-долу во исто време. И двајцата починале од инфаркт веднаш по пристигнувањето. ...Легенди.... |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..има стварно!Еве жив пример!Од скоро...на "лице место" на мојот "прв бакнеж"иначе тоа било вакавско место порано ама ја не сум знаел,ја залапав сиромашката таа....и ...и..и сум згазнал на нешто при тоа дејствие,и среќа си немам од тогаш!..ама одскоро,за среќа на сите грешни и безгрешни души,сега таму ќе се гради црква .
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kade be Zagor...
|
|
vivi
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
у центар ма...со мене.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e kaj e tamu strasno
|
|
vivi
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...у тоа ќошот ма!. ..сега го срамнија, ..имаше дрвја, ..баба рога како да живееше таму, ...имаше и клупи. ...е на една од тие клупи се одвиваше настанот погоре опишан,потоа клупата ја снема,ја изгореа поради малери ваљда не знам.!Даааа...така беше... |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
temel stavija ?
|
|
vivi
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
како не,поп чатеше и вино видов дека имаше во темелот..
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tri popa mora.....tolku li bea
|
|
vivi
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |