|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 9394959697 98> |
Автор | ||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Масакрот кај Дабница Сведоштвото на Петко Велкоски, роден во 1914 година во село Прилепец, кој заедно со Тоде Ристески – Келешот од село Дабница се единствените преживеани во колежот кај Дабница, ноќта на 21 септември 1942 година: „Во петокот вечерта, влегоа во стражарницата Куцаров (Иван Драганов Куцаров, шеф на Разузнавателното одделение на 13-от артилериски полк во Прилеп) и неколку агенти и војници. Ни наредија да легнеме помешечки и ни ги покрија главите со шинели. Не беше тешко да разбереме: во затворот од мавање беше умрел Сотир Дамески од Дабница. Во саботата претпладнето одделија една група од 13 дабничани и 6 прилепчани и не пренесоа во затворот, а сите што беа во затворот пред тоа ги однесоа во стражарницата и коњушарницата. На сите ни беше јасно дека ќе бидеме ликвидирани. Веќе се беше стемнило кога не изведоа низ една мала врата на касарната. Ноќта беше топла и блага, ама без месечина, речиси, темна. Ја поминавме Дабничката Река, во чие корито, во тоа време, од годината никогаш немаше вода, и излеговме на патот од Прилеп за Дабница. Одевме бавно, зашто ги придружувавме претепаните другари – тие одвај можеа да одат. Се влечкаа потпрени на нас. Не придружуваа триесет војници: пет напред, пет назад и по десет од нашата лева и десна страна. Ги водеше, се знае – Куцаров. Кога излеговме на патот, овој крвник ни рече: - Знаеме дека има шумкари. Ако не нападнат, сите ќе ја слушате мојата команда! Тргнавме по патот. Кога изминавме околу два километра од касарната, кај местото Завој, пукна една, па уште една, па уште една пушка. Куцаров нареди да легнеме. Првин легнаа, речиси паднаа, другарите што беа претепани кои не повлекоа и нас. Лежевме на сред пат. Куцаров издаде наредба до обезбедувањето да не остават и да тргнат неколку чекори напред. Сите тргнаа и не оставија сами и легнати по што издаде нова наредба: - Нишани! Па веднаш потоа: - Пукај! Беа триесет души и секој имаше пушка. Во текот на една или две минути на нас беа испукани сто и педесет куршуми. Грмеше наоколу како да се отвори небото. Некои другари беа смртно погодени и веднаш умреа. Некои беа полесно и потешко повредени. Јас бев сосема лесно ранет: само еден куршум ми ја издраска кожата на вратот. Јас, лесно ранет, при полна свест, слушав се што можеше да се чуе, гледав се што можеше да се види во темнината. Двајцата другари врзани пред мене беа тешко ранети. Орде Кабацо, со кого бевме врзани за рацете, умираше веднаш до мене, тешко дишејќи и испуштајќи некој пискав глас. Крвта што околу мене клокотеше како мало поточе, беше негова крв. Слушнав дека некој од оние што пукаа падна во несвест. Го фати крвта, како што велат старите. Тресна на земјата како вреќа. Куцаров побара вода од војниците. Побара матарка. Му одговорија дека никој нема. Поручникот почна да ги пцуе: - Какви мажи сте кога не можете да издржите ликвидирање на бандити, кои работат против бугарското царство и против царот! Реков веќе дека имаше другари што даваа знаци на живот. Куцаров оддели една тројка, им нареди да ги стават бајонетите на пушките и да ги доубијат преживеаните. Почна бодењето… Го избодеа и Сотир. Ја пресекоа ортомата меѓу нив двајца и ги повлекоа неколку метри напред, влечејќи ги за рацете и за нозете. Кога бодењето заврши, еден од војниците му рапортира на џелатот Куцаров дека ликвидирањето е готово. Јас не гледав ништо, ама се слушав. А и како не ќе слушам кога сето тоа се случуваше на неколку чекори од мене. Свеста ми беше чиста како солза. Куцаров на петмина војници им нареди да останат на стража, крај купот од дваесетина човечки тела, а тој со другите војници тргна назад во касарната – да донесе нова група за стрелање. Знаев дека не смеам да останам вака: можеби ќе дојдат и ќе ме закопаат жив! Почнав да правам план за бегство. Онаа притаена далечна надеж дека ќе се спасам почна се повеќе да се разгорува во мене. Користејќи ја темнината, со движење на телото, рацете и нозете, почнав да се измолкнувам од купот. Внимателно се ослободив од телата на другарите. Се ослободив – можев да ја кренам главата! Пред мене беа војниците, зад мене касарната, лево од мене ридот, а десно сувото корито на Дабничка Река. Почнав да се влечам кон коритото. Знаев дека не смеам да станам, само се влечкав. Дојдов до работ од патот – долу, на четири-пет метри длабочина беше коритото на реката. Наоколу имаше суво трње. Се фатив за него, тоа под мојата тежина попушти и јас со шум паднав долу. Се открив… Месечината почна да се најавува со некоја слаба светлина. Војниците почнаа да пукаат по мене, а јас трчав по сувото корито на Дабничка Река и имав само една цел: да влезам во една од браздите што пролетните порои ги избраздиле и бев сигурен дека тогаш ќе се спасам. Тие пукаа по мене, а јас ќе потрчав па ќе легнев, божем сум погоден. Така три-четири пати. На неколку чекори од мене се наоѓаше една голема бразда што водеше на другата страна на брегот. Тоа беа последните неколку чекори што требаше да ги направам. Почнав да ползам – не сакав ништо да ризикувам. Кога влегов во браздата знаев дека сум спасен. Излегов на другата страна на брегот во еден тутун. Трчав, и трчав, и трчав, а устата се повеќе ми се собираше од сувотија. Дојдов до местото Кукул и оттаму, преку Баба Планина, дојдов во Прилеп. Се прибрав во куќата на Павле Павлески и побарав врска со Комитетот. Дојде Борка Ордановски и нему му раскажав се. Вели дека кога припукале, некој куршум му ја скинал ортомата и тој во таа општа пукотница успеал да избега преку ритчето. Можеби е така, не знам…“ Куцаров планирал жртвите од Дабничкиот масакар да ги закопа во песокот покрај Дабничка река но во последен момент се премислил поради можноста телата лесно да бидат откриени и откопани од диви животни… Убиени Прилепчани и Дабничани: Андон Нунески, роден е во 1904 гaдинa во село Дабницa. Ордан Ѓорев Кузманоски роден е 1905 година во село Дaбница. Гога Нунески, роден е во 1898 година, во село Дaбница, а живеел во Прилеп. Душан Перев Бешироски е рoден во 1909 година во село Дaбница. Аце Димов Мрчески е роден 1925 година во сeлo Дaбницa. Димко Тошев Мечески е роден 1894 година во во сeлo Дaбницa. Атанас Нунески е роден е во 1912 година во во сeлo Дaбницa. Алексо Стеванов Шаламанов е роден 1913 година во сeлo Дaбницa. Добре Цанев Јованоски е роден 1915 година во Пpилeп. Алекса Миланов Бешироски – Ставре е роден во сeлo Дaбницa. Ордан Иванов Велкоски роден е во 1912 година во сeлo Дaбницa. Киро Ѓорев Ќососки е рoден во 1919 гoдинa во Пpилeп. Тоде Орданов Кремчески е роден 1919 година во сeлo Дaбницa. Ордан Димков Паноски – Кабецот е роден 1922 година во Прилеп. Андон Миланов Слабејкоски е роден во 1917 година во Прилеп. Сотка Ѓорев Сотироски – Џигиџик е роден 1919 година во Прилеп. Адем Мамут Адемоски е роден 1923 година во Прилеп. Сотир Дамески е роден 1894 година во сeлo Дaбницa. Рампо Левков – Левката е роден 1909 година во Прилеп. Петко Велкоски, кој ја имаше среќата во ноќта на 19 септември 1942 година, при стрелањето да го погоди само еден куршум, а при бодењето да биде двапати несмртоносно боден, лежејќи ранет под мртвите тела на своите другари. Со натчовечки напори успева да се извлече, и се спасува за да биде жив сведок на овој морничав настан. Бугарскиот полицаец Иван Стефанов Неделчев учесник во дабничкиот масакар згрозен од овој чин ја пишува песната со наслов „На хероите во Дабница“ |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На 19 септември биле издвоени 18
затворениците за стрелање
1. Аце Мрчески, 2. Алекса Бешироски, 3. Андон Нунески, 4. Атанас Нунески, 5. Алексо Мазгалоски, 6. Андон Слабејкоски, 7. Адемоски, 8. Нунески, 9. Димко Мрчески, 10. Душан Бешироски, 11. Добре Јованоски, 12. Киро Ќососки, 13.Ордан Паноски - Кабецот, 14. Ордан Кузманоски, 15. Ордан Јованоски, 16. Сотир Сотироски - Џигиџик и 17. Тоде Кремчески. 18. Петко Велкоски 19.Тоде Ристески - Келешот. |
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и аз незнам
ке проверам во архивот |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Наскоро бе издадена книга со спомени на генерал Боjдев:
Прочит на историјата: Мисијата на генерал Бојдев. Изменето од mungos80 - 19.Ноември.2012 во 16:23 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоли , добро знаеш дека е дозволено само на македонски јазик. Ти прави се луд , јас ќе бришам.
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.oldprilep.com/vojna-mir/dabnichkiot-kolezh.html
Изменето од mungos80 - 19.Ноември.2012 во 16:29 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не те мислев толкова правоверен како Македон Алекс (каде се изгуби колегата ти?) ... Но зошто ми затри и постот коj беше на македонски? Без него репликите и на колегата висат некак си во воздухот |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Преведено:
Во исто време, претставниците на бугарската администрација во Македонија - цивилна, воена и полициска се "на борбена нога". Упатствата и наредбите кои пристигнуваат од Софија се строги, бескомпромисна. Ова може да се види од упатството, која издава командантот Петтата армија, генерал - мајор Бойдев, испратена на 6 октомври 1941 година до бугарскиот воен контингент во Македонија / со ова упатство е запознаен и административниот и полицискиот апарат /. Во неа се вели: "Кога борбата со партизански одреди и групи не е силите на администрацијата и полицијата, војската ја презема целокупната водич како има на располагање сите средства со кои располага администрацијата, полицијата и сите воени средства. Герилците треба да бидат уништувани безмилосно со користење на сите средства на располагање: минофрлачи, артилерија. Секоја куќа од која се пука треба да биде урната со воени средства или да биде запалена со бензин или гас. При борбата против герилците да не се применува Женевската конвенција. Таа останува во сила само во случај на фаќање на падобранци. Герилците да се убиваат на место затвореници да не се земаат. Села во кои се кријат партизани, да се палат и се даде рок од два часа на жените, децата и старците да ја напуштат селото. Секој фатат со оружје да се убива на место. " |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колежот каj Дабнички завоj е некаква мистификациjа. Нема официални докази за случилото се. Сето тоа се базира само на разказот на Петко Велкоски. Сум сигурен што новата власт е водила судебен процес. Би било лубопитно да видим показаниjата на Иван Стефанов Неделчев (коj вероватно е бил уапсен, иначе немаше да е пишал стихотворение). --- А и снимкато во центарот ми се струва не баш од истото место (маj има и женски труп, а убитите са само маже) |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоли , Македон остави темели , јас не дозволувам да се копат темелите. А ти пишувај си на македонски јазик и ништо нема да ти се бриши. Твојот втор пост беше исто така на бугарски.
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Песната што ја покажа анастеа е од бугарин. А на сликата нема жени.
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бугарин по рождение не би допуснал дребни граматически грешки кои ги има во песната. Вакви би допуштил Македонец учил бугарски език. Пак кажувам - ослен разказот на Петко нема ништо друго черно на бело. По воjната требе да е имало судебен процес. Имало е свидетели, имало е разпити отразени во протоколи. Би имало и ексхумациjа на труповете... А целата историjа се гради на кажаното од баj Петко. Ами ако лаже? И снимкатта не е убедлива - стрелането е станало през ношта, а снимката е дневно време правена. Ами ако снимката е правена некаде во Полска например? |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ова што е верно - 19.09.1942 е сабота
|
||
Внеси реплика | страница <1 9394959697 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |