IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2012 во 15:18

Зошто доматот е овошје, а лубеницата зеленчук?


Зошто доматот е овошје, а лубеницата зеленчук?Посто­јат пло­дови за кои често зна­еме да „погре­шиме“ кога се оби­ду­ваме да ги ста­виме во опре­де­лена група. Нај­че­сти при­мери за тоа се дома­тите и лубе­ни­цата. Зошто се слу­чува тоа?

При­чина за оваа забуна доаѓа од фак­тот што дефи­ни­ци­ите за овошје и зелен­чук се разли­ку­ваат во бота­ни­ката и во кули­нар­ството. Збо­ру­ва­јќи од пер­спек­тива на бота­ни­ката, овош­јето е сем­ка­ста струк­тура која се раз­вива од опло­ден цвет, додека зелен­чу­кот наста­нува од дру­гите делови на рас­те­ни­ето (корени и листови).

Воде­јќи се од таа поде­лба, јабо­лкото, тиквата и дома­тот се овошја, додека репката, компи­рот и лубе­ни­цата се зелен­чуци. Оваа поде­лба се разли­кува од онаа на која сме секојд­невно навик­нати. Затоа, пло­дови кои бота­ни­ката ги смета за овошје (домати, тиквици, кра­ста­вици), ние ги сме­таме за зеленчуци.

Сепак, како и да ги наре­ку­ваме, наш совет е секо­гаш нај­го­лем дел од нашата исхрана да се состои токму од овие пло­дови, без оглед дали се овошје или зелен­чук. 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 09:25

Егзотичните зачини од Ориентот се одлични, како за вкусот на јадењето, така и за здравјето. Употребата на зачини во готвењето не е најнов изум-докажано е дека луѓето користеле зачини уште во младото камено доба!
Сите ориентални зачини се користат и за слатки и за солени јадења, но и во народната медицина.

zacin

zacin

zacin

Современото кулинарство не може да се замисли без употреба на разни зачини. Меѓутоа, употребата на зачини во готвењето не е најнов изум-докажано е дека луѓето користеле зачини уште во младото камено доба. На пример, во остатоците од праисториските соеници, пронајден е ким! Кромидот и лукот, боровинките и кимот, ги користеле и старите Египќани 2000-тата до 3000-тата година пред Исус, а писмени докази за нивната употреба постојат и за древна Кина, стара Грција, Рим, Персија...Тогаш, најпознати биле анис, шафран, ѓумбир, бибер, цимет...А во VIII-ми и IX-ти век зачините стигнале и во Европа, а ги донеле бенедиктинските монаси. Од своите патувања, Марко Поло го донел морското оревче и каранфилчето, а бродскиот лекар на Колумбо од Америка ги донеле лутите чили пиперчиња. Во XV-тиот век Ернан Кортес ги донел зрната какао од Америка, а од Мексико-ванила стапчињата. Некогаш, зачините вределе како злато, а со тек на времето, нивната цена станувала сè пониска.

Рузмарин
Рузмаринот расте како густа, зимзелена грмушка, од која се користат иглолисните листови кои се берат за време и по цветањето. Се работи за јак зачин, па треба умерено да се дозира. Се користи за јадења од живина, за свинско и јагнешко печење, за маринада на месо од дивеч, за месо на скара, како и за јадења од тиквица, модар патлиџан и домати.
Екстрактот од рузмарин е силен антиоксиданс, па се употребува за продолжување на рокот на траење на различни прехранбени производи. Утврдено е и дека добро дејствува на човечкото здравје, го поттикнува крвотокот, го смирува нервниот систем и помага при пореметување на варењето, при исцрпеност и ревматизам.

Чубар
Ова е многу ароматична билка, со сличен мирис како темјанот, но има остар и лут вкус. Со готвењето, лутината значително се намалува. Постои едногодишен и повеќегодишен чубар со поизразен вкус и мирис, а некои видови од оваа билка растат и диво, посебно во Средоземјето и во Азија. Поретко се користи за зачинување јадења со месо, а главно служи за збогатување на вкусот на јадењата од зеленчук, од мешункасти плодови, како што грав и леќа, бидејќи го олеснува варењето на оваа храна. Лтниот, едногодишен чубар, добро оди со разни салати, скуша, шаран, штука, пилешко, а зимскиот, планинскиот чубар – за јадења од дивеч. Во јадењето се става на почетокот од готвењето. 
Во народната медицина, чубарот се препорачува против надуеност, пролив и губиток на апетит, а велат дека дејствува смирувачки на нервниот систем ипоттикнувачки на желудникот. Познат е и по неговото антибактериско дејство.

Оригано
Ориганото е зачин кој посебно го ценат љубителите на италијанската храна, но се користи секаде во светот. Мирисно слично како темјанот и мајоранот, но малку е полут од нив. Вкусот и мирисот на ориганото се разликуваат во зависност од видот и климатското поднебје во кое расте, а на европскиот пазар најчесто го има оној кој во Турција се бере како дива билка.
Ориганото најмногу се користи за пици, за јадења со домати, за тестенини, сирење, грав, месо, како и за различни салати. Освен тоа, во народната медицина, се препорачува како средство за подобрување на варењето, но и против пролив, а велат дека ублажува грчеви и раствора слуз, па дејствува против разни воспаленија.

Мајоран
Мајоранот е многу популарен зачин кој, ако е добро исушен и во добро затворена кутија, може така да стои и неколку години, а сепак да го задржи мирисот и вкусот. Го има во различни видови, а најдобар е оној кој расте во земји со топла клима. Со него се зачинуваат јадења од месо, печени гуски и патки, јадења од дивеч и риба, но и супи, варени колбаси и слично. Често го нарекуваат и „трева за колбаси„, зашто на овој производ му дава посебно пријатен мирис и вкус. 
Познавачите велат дека јадењата со мајоран поттикнуваат апетит, полесно се варат, па затоа задолжително треба да се додаваат на варен грав, леќа и мрсно месо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2012 во 15:58

Зошто храната треба да се вари ?

Со оглед на сè пого­ле­мата попу­лар­ност на сиро­вата храна, се при­се­ту­ваме зошто луѓето воо­пшто започ­нале да ја варат хра­ната. Има неко­лку при­чини за тоа: да биде поси­гурна за кон­су­ми­рање, да биде поле­сно сва­рлива и да го подо­бри вкусот.

Иако посто­јат многу про­дукти кои е подо­бро да се јадат сирови, сепак, посто­јат и многу на кои им е потребна тер­мичка обра­ботка. Тука мислиме пред сè на про­дук­тите како месо, риба, јајца, компир и некои од мешун­ките. Компи­рот содржи ток­сична сусптан­ција сола­нин, која со варење се раз­гра­дува, додека некои мешунки имаат хема­глу­та­нин кој се деак­ти­вира со варење.

Пона­таму на спи­со­кот сле­дат житар­ките, кои содр­жат фитин­ска кисе­лина, која ја спре­чува апсо­рпци­јата на минерали.

Од друга страна, некои про­дукти се подо­бри за нашето тело кога се варени. На при­мер, лико­пе­нот од дома­тите. Кога се варени дома­тите, него­вата аси­ми­ла­ција во орга­ни­змот е многу пого­лема. Сепак, треба да се вни­мава про­дук­тите да не се пре­ва­рат, затоа што во тој слу­чај доаѓа до губење на важни нутри­тивни состојки, осо­бено вита­ми­ните. Затоа, нај­до­бро е хра­ната да се вари кратко, со помала коли­чина на вода и на уме­рена темпе­ра­тура. 

Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2012 во 14:41
najdobar recept za vkusen obrok
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2012 во 21:40
Кога би знаеле што се’ ни’ ставаат во сендвичите или го продаваат како месо, би знаеле дека на некои работи местото им е во ковчегсреќа
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:38

Ова можете да го јадете и на полноќ


frizider



Сите сме сведоци колку пати пред спиење сме ги почувствувале цревата како ни кркорат до тој степен што мора да тркнеме до фрижидерот и да каснете нешто. За да не се каете утредента, а и да немате проблеми со стомакот и килажата, еве што можете да јадете дури и во глува доба…

Овесна каша

Догажано е дека јаглените хидрати ослободуваат серотин кој го смирува мозокот. Порција овесна каша со млеко е најдобар избор за пред спиење.

Сок од цреши

Истражување од 2011-та година покажало дека две чаши сок од цреши дневно (наутро и навечер) го зголемуваат нивото на мелатонин кој го прави сонот поквалитетен.

Топло млеко

Чаша млеко е стар рецепт за добар сон. Покрај тоа што ја содржи аминокиселината триптофан, која е поврзана со спиењето, делувањето на овој пијалок е сепак само психолошки. Од мали не учеле дека синоним за спиење е чаша топло млеко и дека мама ни го дава од таа причина.

Јаткасто овошје

Јаткастото овошје има магнезиум кој има смирувачки ефект на мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадеми, ореви и кикирики се само некои од плодовите кои секогаш морате да ги имате во домот. Сепак, внимавајте да не претерате.

Нискокалорично сирење

Калциумот има многу слично делување како и магнезиумот кога станува збор за сонот. Експертите препорачуваат дека слободно можете да јадете околу 50 грама сирење дневно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:39

Kалинка, најдобра витаминска вакцина


kalinka

Поради големите количини на витаминот Ц, А и Е и групата Б, но и минералите како (калиум, фосфор и грозје), покрај тоа што е добар за јакнењето на имунитетот, калинката ја одржува еластичноста на крвните садови, спречува болести на срцето, а дејствува  како тоник кој ги јакне коските. Неговите активни состојки имаат речиси еднакво дејство како и заштитната вакцина која не подготвува за сезонските болести.

Благодарение на масовното присуство на антиоксидансите и фитоестрогенот, калинката воспоставува баланс и кај жените (ги ублажува симптомите на менопауза и подмладува) но и кај мажите (во случај на тумор на простата, сокот штити од канцер).

Ако не сакате свежа калинка, ставете ги нејзините зрна во благото и солено јадење во овошната салата, и ќе изгледа не само здраво, туку и многу декоративно.

 nar1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:40


Витаминот Ц не спречува настинки


1471457366507aaf470e90e315536327_orig

По веста дека витаминот Д не е делотворен во борбата против настинката, експертите сега предупредуваат дека иста е ситуацијата и со витаминот Ц. Консумирање на поголема количина витамин Ц, нема да помогне во спречување на настинката, но може да помогне побрзо да оздравите ако веќе сте болни.

Истаржување кое е направено во 2005-та година, врз основа на анализирани научни податоци од последните 30 години, потврдило дека витаминот Ц не ги спречува настинките. Во истражувањето учествувале 10 илјади лица.

Лицата кои земале еден грам витамин Ц
имале подеднаков број напади на грип, како и оние кои не земале толку голема количина.

Според експертите, витаминот Ц може да помогне во спречување на настинката само ако живеете на поладна клима или ако се занимавата со екстремни физички активности.

Иако витаминот Ц може да биде од помош во борбата против настинката, тој и натаму има други својства кои се добри за здравјето. Витаминот Ц му помага на телото да ги залечи раните и е добар за коските и забите.

Овој витамин не го произведува телото, така што луѓето мораат да го внесуваат преку производи како портокали, лимон, брокула, спанаќ, зелена пиперка, зелка и компир. Експертите препорачуваат да се внесува по природен пат, а не преку апчиња.



Изменето од Valerija - 17.Ноември.2012 во 11:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:44

Зошто е добро да се пие јогурт?


jogurt

Покрај тоа што е вкусен, јогуртот е многу корисен за вашето здравје. Би требало секојдневно да се консумира, а ако не е вклучен во вашата секојдневна исхрана, ви откриваме пет причини поради кои ќе го ставите уште денес.

Тенка линија

Јогуртот е нискокалоричен продукт. Богат е со калциум кој го поттикнува лачењето на хормонот кортизол кој го олеснува губењето на килограмите, додека аминокиселините успешно ги согоруваат масните наслаги.

Бели заби

Иако содржи шеќер, јогуртот не предизвикува кариес. Имајќи предвид дека е богат со калциум, јогуртот ја чува белината на забите, додека млечната киселина ја штит слузницата.

Здравје

Благодарение на бактериите кои ги содржи, јогуртот не штити од воспаленија и штетни микроорганизми. Ако сакате да го регулирате варењето или да го зајакнете имунитетот, во тоа ќе ви помогне јогуртот кој содржи посебен вид пробиотици. Имено, пробиотиците делуваат како природни антибиотици, па се многу корисни во спречување на настинките и развојот на бактерии.

Витамини и минерали

Млечните производи се богат извор на витамини, протеини и минерали. Само една порција јогурт изобилува со калциум, магнезиум, фосфор, јод, цинк, но и витаминот Б5 и Б12.

Го регулира притисокот 

Дури 70% од луѓето во организмот внесуваат повеќе сол од препорачаната дневна доза. Прекумереното внесување на сол доведува до зголемен крвен притисок, болести на срцето и бибрегот. Калиумот и калциумот од јогуртот успешно ја отстрануваат солта од организмот, а со самото тоа го намалуваат и притисокот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2012 во 21:25

 Божиќно декорирање на храната

Оваа година празничаната трпеза нека блесне со сиот сјај на божиќниот дух.

Своите најмили изненадете ги со прекрасно сервирана храна во празничен стил.

Направете елкичи од краставица или колачиња како Дедо Мраз на кои најмногу ќе им радуваат најмалите.

сподели на Facebook

Изменето од Valerija - 24.Декември.2012 во 21:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 01:12
7 ФАНТАСТИЧНИ УПОТРЕБИ НА ЛУКОТ 

Многу често користена намирница во речиси секој кујна, лукот е еден од најпрепознатливите природни лековити намирници.

Освен што лекува од грип и настинка, благодарение на своето антибактериско дејство, лукот лесно се применува и во низа дуги ситуации.

1. Акни
Една од предностите на лукот е секако неговото поволно дејство на убавината, имено сокот од лук ги лечи акните. Доволно е да се згмечат две чешниња лук и смесата да се стави на воспаленото место, резултатот ќе биде видлив веќе по неколку минути откако ќе спласне отокот од мозолчето.

2. Херпес
Вирусната инфекција на усните која е добро позната како херпес, е многу непријатна појава, но излечива ако на неа се стави чешне лук и се држи директно на болното место околу 10 минути. За подобар ефект постапката повтопрете ја пет пати во текот на денот.

3. Воспаление на увото
Лукот помага и при лечење на воспаление на уво, а рецептот е брз и едноставен. Во лажица жешко маслиново масло ставете згмечено чешне лук и оставете го да одлежи еден час, неколку капки капнете во увото и истото повторете го два пати во текот на денот.

4. Иверка под кожата
Мало парче дрво кое се закачува под кожата тешко може да се извлече, но со помош на лукче ставено на болното место и покриено со фластер иверката лесно ќе исплива на површина.

5. Губење на косата
Лукот е познат и по своето делотворно својство за заздравување на влакната, затоа ако ја губите косата, неколку пати во текот на денот истријте ја со масло од лук или со лук и оставете да делува барем 10 минути.

6. Сируп за кашлица
Лукот делува како антибиотик па може да помогне и во борбата против кашлицата. Ситно насечкани две чешниња лук ставете во еден децилитар вода, оставете да отстои неколку минути и потоа пијте го како чај...

7. За нега на кожата
Алицинот, состојка на лукот, помага во омекнување на кожата и ја прави мазна. Додајте малку згмечен лук во вашата маска за лице, задржете ја неколку минути и исперете со млака вода. Чистиот тен и свежиот изглед ќе бидат резултат на оваа лесна постапка.




Изменето од Calipso - 17.Јануари.2013 во 01:12
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 01:24
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

7 ФАНТАСТИЧНИ УПОТРЕБИ НА ЛУКОТ 


4. Иверка под кожата
Мало парче дрво кое се закачува под кожата тешко може да се извлече, но со помош на лукче ставено на болното место и покриено со фластер иверката лесно ќе исплива на површина.


pa shto ne kaza porano ?изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 01:26
Па што не праша збунетост
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 01:34
ne stvarno , mislev na mnogu porano ama,...kolku pati mi vleglo....vekje ne znam ni sam.голема насмевка
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.