IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2012 во 19:45

DKNY: Парфеми со мирис на благо

Благодарение на Дона Каран отсега може да мирисате на омиленото благо. Брендот DKNY лансираше нова линија на парфеми кои се инспирирани од десерти. Слатките ноти на Pink Macaroon, Creamy Meringue и Key Lime Pie ќе ја прекријат вашата кожа со мирис ванила, марципан и крем од лимон.

Парфемот „ Be Delicious“ кој мириса на зелено јаболко веќе е еден од најпродаваните, па компанијата се надева дека новите мириси ќе го достигнат истиот успех.

Од DNKY веруваат дека со нивните слатки парфеми жените ќе мирисаат толку вкусно, што мажите ќе посакаат да ги изедат. За да бидат уште поинтересни парфемите доаѓаат со бесплатен рецепт за приготвување на сладок десерт.

сподели на Facebook

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2012 во 12:39

ФОТО: 12 есенски комбинации










Изменето од Valerija - 01.Ноември.2012 во 12:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:33


Парфемот може да биде опасен по здравјето


Ако на етикетата од некој производ го прочитате зборот „мирис“, можете целосно да бидете сигурни дека со неговата употреба ќе бидете изложени на бројни хемикалии. Тука спаѓаат лосионите, производите за нега на лицето и телото, како и парфемите. За кои мириси точно станува збор и кој е нивниот состав, произведувачите не се должни да објаснат.

Затоа еве три причини поради кои треба да ги избегнувате синтетичките мириси.

1. Најмалку 900 од 3.000 мирисни хемикалии се отровни

Во денешната индустрија на парфеми, бројот на синтетички хемикалии се движи до 3000, а американскиот Национален институт за безбедност и здравје утврди дека најмалку 900 од нив се токсични. Тоа значи дека откако телото ќе ги абсорбира, тие можат да предизвикаат големи проблеми на клеточно ниво. Се покажало дека некои популарни марки на парфеми се отровни за респираторниот тракт и нервниот систем, а ова се случува и кога ќе ги вдишеме и честичките од парфемот додека го нанесуваме.

2. Парфемите се поврзани со депресивните пореметувања

Се повеќе луѓе се чувствителни на одредени хемикалии, а освен алергиските реакции кои ги предизвикуваат, може да дојде и до вистинско труење. Истражувањата на употребата на парфем се поврзани со тешко депресивните пореметувања и анксиозноста кај поединците кои покажуваат чувствителност на хемикалиите од парфемот.

Имајќи предвид дека имаат различни ефекти на нервните ќелии, логично е да влијаат и на функционирањето на мозокот. Познато е дека мирисите предизвикуваат емоции кои се тесно поврзани за нашиот осет за мирис.

3. Го пореметува работењето на штитните жлезди

Многу од најпопуларните мириси на пазарот, кои ги користат милиони жени ширум светот, содржат слабо проверени хемикалии, кои можат да предизвикаат оштетување на штитната жлезда, која регулира низа важни метаболички процеси во телото. Пореметувањето на работата на оваа жлезда предизвикува здебелување, проблем со одржувањето на тежината, сериозно губење на косата, пореметување на расположението и чувстов на летаргија, па дури и рак.

Бројните хемикалии во парфемите може да претставуваат дополнителен проблем за штитната жлезда бидејќи ги емитираат природните хормони кои таа настојува да ги регулира.

Исто така, често сме сведоци дека парфемот може и да предизвика и главоболки во текот на целиот ден, па внимавајте кога купувате производи кои содржат вештачки мириси.

 




Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 21:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:34


Најлудиот мејкап тренд за оваа зима


Заборавете на шнолите во коса и скапа шминка, бидејќи оваа зима се што ќе ви треба се чипкасти ленти за лице кои се дело на уметникот Фелиз Коен. Познатата шминкерка соработувала со ексцентричните музичари Дејвид Боуви, Ени Ленокс и Стви Стренџ, а сега смислила начин како без помош на професионален шминкер  вашето лице да заблеска во целосен сјај.

„Магијата на чипката за лице е одговор на молбите на многу луѓе. Сега секој ќе може да постигне уметнички мејкап како професионалец“, вели таа.

Нејзината работа датира од 80-те години кога за ревијата на Зандре Роџерс направила апликација за лице сочинета од латекс, ткаенини, перла и дијаманти.





Изменето од Valerija - 10.Декември.2013 во 23:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:35

Како правилно да ги покриете подочниците?


Не е лесно целосно да се отстранат и сокријат изразените подочници, но со правилно балансирање со одбрани производи и добра мејкап рутина можете да ги направите речиси невидливи.

1. Коректор кој е кремаст

Густиот коректор со кои ги прикривате акните нема да изгледаат добро на подочниците. За подрачјето околу очите потребен е кремаст коректор кој убаво ќе се избалансира со кожата.

2. Крема за подрачјето околу очите

Коректорот не изгледа добро на сувата кожа. Пред да го нанесете, потапкајте малку крема на подочниците наменети за таа област. Ако не ја користите, може да ви послужи и обичната хидратантна крема

3. Внимателно бирајте ја нијансата

Жените често избираат светли бои на коректор за визуелно да го осветлат делот кај подочниците, но со тоа само уште повеќе обрнуваат внимание на таа област. Добриот коректор треба да биде за нијанса посветол од вашиот тен (не од бојата на вашите подочници). Исто така, немојте да бирате розеви нијанси.

4. Не ставајте премногу коректор

Премногу количини шминка ќе привлечат внимание на подочниците па затоа добро втапкајте ја со прстите илу четкичката. Употребувајте го во мали количини.



Изменето од Valerija - 10.Декември.2013 во 23:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2013 во 22:28
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2013 во 23:09

Манекенката Маја Сашек отвори кастинг агенција

По десетгодишен престој во странство, манекенката Маја Сашек се врати во Скопје и започнува сопствен бизнис.

 

Кастинг агенцијата со име „Лица“ е новиот предизвик за македонската манекенка Маја Сашек која веќе подолг период престојуваше и работеше како модел во странство.

„Нашата база содржи повеќе од 3.000 лица, класифицирани според пол, возраст и талент. Со желба да ја унапредиме нашата работа и да ги искористиме потенцијалите кои ги имаме, како и да ја надградиме единствената база на податоци со актери, модели, промотори, хостеси, статисти, или едноставно –лица, одлучивме да стартуваме со и-кастинг со цел да ви понудиме повеќе можности за ангажирање, а на нашите клиенти поголема и поширока понуда на лица за ТВ реклами, филмови и други ангажмани“, велат од новата кастинг агенција.


Маја Сашек првите модни чекори ги направи во модното студио Црнокрак, во 2000 година победи на изборот „Метрополитен Топ Модел“, а потоа замина за Милано каде беше ангажирана во модните агенции „Нејмс“ и „Вумен“. Следуваа соработки со модни агенции од Париз, Токио, а од лани и во Дубаи.

Во својата кастинг агенција Маја ќе ги пренесува и своите искуствата на младите модели кои сакаат да зачекорат во модниот свет.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2013 во 23:18

Манекенката Маја Арангеловска: ќе ја продолжам соработката со Турците (ФОТО)

„Не можам да ви откривам детали, во Истанбул бев сепак кратко време, а морав да се вратам поради обврските на факултетот“, вели манекенката Маја Аранѓеловска, студентка на факултетот за безбедност.

„Сега сум повеќе сконцентирана на студиите. Кога ќе се ослободам од обврските, ќе ја продолжам соработката со Турција“, вели таа.

Во Турција Маја не заминала сама, туку заедно со Елена Анѓеловска.

„Јас и Елена Анѓеловска бевме побарани од една агенција од Србија, да рабитиме во Турција“, вели Маја. На прашањето што работеле таму, одговара „ разни каталози, рекалми,ревии, фотосеии и слично“.

Маја ни испрати и нешто од сработеното. Четири фотографии од последната фото сесија, потпишана од турскиот фотограф Бурак Олчајли.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 16:43

Боите од средината на спектарот, кои што не се ни премногу топли, ниту студени „им стојат“ на сите жени. Тие воедно создаваат секси чувство. Откријте кои бои се во прашање.

zaveduvajte-so-garderobata-4-seksi-boi-1

Црвена

Ако сте во дилема, облечете црвено. Оваа боја на секоја жена и ја „дава“ саканата предност. Дури и студијата на англискиот Универзитет Дурхам докажала дека на атлетските натпревари повеќе шанси за победа имале оние кои што носеле црвени дресови. Црвената е посебна боја и таа е адут за секоја жена.

 

zaveduvajte-so-garderobata-4-seksi-boi-2

Сино зелена

Сино зелената боја и дава здрав изглед на кожата. Поприлагодлива е од светлата, летна тиркизна боја. Одлично се комбинира со црна, кафена и останатите неутрални бои.

 

zaveduvajte-so-garderobata-4-seksi-boi-3

Валкано розова

Нежната, валкано розова нијанса е префинета боја за дамите. Таа е некаде помеѓу светло розовата и бојата на праска. Таа боја ја нагласува природната свежина на лицето и секој кој ја носи остава впечаток дека блеска.

 

zaveduvajte-so-garderobata-4-seksi-boi-4

Виолетова

Исклучително „прилагодлива“ боја, исто како и црната, темно кафената или морнарско сината.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:14

Заради составот и видот на ткаенина од која е изработена, зимската гардероба има потреба од посебно одржување.

kako-pravilno-da-ja-odrzuvate-zimskata-garderoba-01

Постојат неколку начини со кои вашите омилени џемпери, јакни и шалови можете да ги износите неколку сезони плус, а воедно и да го сочувате нивниот првобитен изглед.

Перењето на јакните во текот на сезоната не смее да биде почест од 2 пати во 3-4 месеци, затоа што пердувите може да се оштетат. Ако ги перете во машина за перење, правете го тоа во студена вода и не користите обичен детергент, туку детергенти и додатоци за чувствителна облека.

Најдобро би било јакната да ја исушите во машина за сушење облека, доколку сте во можност, а ако ја немате таа привилегија, секогаш сушете ја на свеж воздух. Не ја затворајте во вашата дневна соба затоа што е потопло.

Џемперите би требало да ги перете на околу 6 носења, а на волнените треба да им посветите малку повеќе внимание. Пред перењето свртете ги на внатрешната страна и перете ги со облека со слична боја. Исперете ги два пати и сушете ги исклучиво на отворено.

Капите, ракавиците и шаловите перете ги најмногу 3 пати во сезона, во машина или рачно, зависно од материјалот.

Волнените палта перете ги 2 пати во сезона, а ако не ги носите пречесто, доволно е само еднаш да ги однесете на хемиско чистење, пред и по завршувањето на сезоната.

Во меѓувреме чувајте ги палтата на отворено и избегнувајте да го држите во гардероберот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2013 во 12:55

Не сте единствените кои имате еден куп накит кој не е употреблив, само затоа што стоел предолго во кутијата, па ја променил бојата од нечистотија.

iscistete-go-nakitot-kako-profesionalec-01

Наместо да дадете цело богатство за професионално чистење, ви откриваме неколку тајни и трикови кои уште денес можете да ги испробате.

Пиво за злато

Златото можете да го исполирате со пиво, само внимавајте ако има драгоцени каменчиња. На мека крпа истурете малку светло пиво и протријте го златото. Потоа избришете со сува, обична крпа.

Бел оцет за сребро

Сребрениот накит исполирајте го со мешавина од половина шолја бел оцет и 2 лажици сода бикарбона. Оставете го накитот да постои во оваа течност неколку часа, а потоа исплакнете со ладна вода.

Напомена: Ова важи само за чисто сребро! Пред да го потопите накитот во оцет, осигурете се дека бразлетната, ланчето или обетките се чисто сребро.

iscistete-go-nakitot-kako-profesionalec-02

Кечап за сјајно сребро

Ако среброто е чисто, но го изгубило сјајот, исполирајте го со кечап. Дури може да го оставите и неколку минути во чашка со кечап, а потоа добро измијте го и протријте со стара четка за заби. Киселината која се наоѓа во кечапот има сјајно дејство врз сребрениот накит.

Газирана вода за скапоцени каменчиња

Доколку сте една од среќничките кои поседуваат дијаманти, рубини, сафири или нешто слично, полијте ги со кисела вода и оставете да отстојат цела ноќ.

Вотка за кристали

Заради корозивните својства вотката е најкорисна за чистење на кристал и стакло. Оваа техника е ефикасна, посебно затоа што подеднакво исто делува на вистински и лажни каменчиња. Само пребришете ги со мокра крпа со вотка и работата е завршена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:15

Во пресрет на летото, ви нудиме еден домашен рецепт за маска за коса кој е навистина едноставен, но делотворен и кој ќе ја нахрани вашата коса од коренот па се до врвовите.

hranliva-maska-za-kosa-od-kokosovo-maslo-2

Без разлика на тоа дали имате природно сува коса или пак таа е оштетена од често боење, ако имате првут  или наскоро одите на море каде косата ќе биде изложена на штетните влијанија на солта, ветерот и сонцето, оваа маска од кокосово масло ќе ви го потхрани влакното и ќе го поттикне растот на косата.

Потребно:

една голема лажица кокосово масло , една мала лажичка масло од гроздови семки, пола лажичка сок од лимон и 10 капки етерично масло од  лимон и 10 капки етерично масло од рузмарин.

Подготовка:

Маслото од кокос ставете го во метален сад и загрејте го, а во него додајте го маслото од гроздови семки.

За посветла коса – додајте пола лажичка лимонов сок или 10 капки етерично масло од лимон.

За потемна коса – додајте 10 капки етерично масло од рузмарин.

Смесата се нанесува на влажна коса додека маслото е сè уште топло. Убаво се распоредува по целата должина и се масира во коренот. Врз косата, потоа ставете капа за туширање и зацврстете со пешкир . Пред да го ставите на главата, пожелно е да се загреете и пешкирот, бидејќи топлината ја поттикнува делотворноста на маската која треба да ја држите околу 10 минути.

Потоа измијте ја косата со благ шампон и млака вода и ќе добиете мека, сјајна и здрава коса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:16

Кивито е интересна и корисна овошка за оние кои сакаат да ги ублажат брчките на лицето и да ја зачуваат еластичноста на кожата. Ова егзотично овошје е богато со витамин Ц, поточно едно киви ви е повеќе од доволно за да ги покриете дневните потреби на овој витамин.

domasen-spa-tretman-so-kivi-01

Високото количество на витамин Ц ја регенерира кожата, па затоа маската од киви е препорачлива за сите оние кои имаат над 25 години, добата кога количината на колаген и еластин во кожата опаѓа.

Постојат неколку варијации на маските од киви.

Ефикасна е маската од свежи кругови киви поставени на целото лице. Доволно е да дејствуваат околу 10тина минути за да забележите огромна промена. По оваа маска од свежо киви, задолжително исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хранлива крема.

Можете да направите и мешавина од пасирано киви и половина банана. Одлична храна за кожата, која е доволно да делува 15-20 минути пред да ја исплакнете.

domasen-spa-tretman-so-kivi-1

Кивито и медот се исто така добитна комбинација за оние кои сакаат да ја сочуваат меката и еластична кожа. Леплива и вкусна маска која за само 10тина минути ќе го постигне посакуваниот ефект.

Егзотичната маска од киви, маслиново масло и путер од кокос, освен тоа што мириса одлично, на кожата и дава доволно хранливи материи за претстојната седмица. Што значи, доволен е еден ваков третман неделно, од само 15 минути за да ја зачувате младоста.

domasen-spa-tretman-so-kivi-2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:17

Ако во овие студени денови, кога косата и кожата стануваат сè посуви, вие никако немате време за разубавување и нивно витаминско хранење, ви предлагаме неколку едноставни зимски трикови.

5-trikovi-kako-da-bidete-ubavi-zimava

Проблемот со испукани врвови или сува кожа не е нерешлив. Ви ги нудиме петте наједноставни решенија, на петте најчести зимски женски проблеми.

Пилинг пред спиење

Доколку мислевте дека пилингот е наменет за утринско чистење на лицето, малку грешите. Дерматолозите тврдат дека пилингот е вечерен чекор. На тој начин преку целата вечер имате чиста кожа, без наталожени мртви клетки кои допринесуваат за грубиот изглед на кожата. Пилингот нека ви стане навика и практикувајте го секој трет ден.

Ноќна маска за коса

Разбудете се со мека и свежа коса, така што на неа ќе оставите маска која ќе делува цела ноќ. Овој длабински третман ги поправа оштетените влакна. Ваквиот тип на нега практикувајте го секоја седма, до десетта ноќ.

5-trikovi-kako-da-bidete-ubavi-zimava-1

Утринското миење на косата заменете го со сув шампон

Прескокнете го утринското миење на косата за да се ослободите од разлетаните влакна во текот на целиот ден. Сувиот шампон е препарат кој се нанесува на темето и се остава да делува неколку минути. Потоа косата се расчешлува и се бришат белите траги. За само неколку минути ќе постигнете ефект на свежа коса, иако не сте биле во можност да и се посветите повеќе.

Брз педикир

Веќе извесно време се каните да си направите педикир, но никако не можете да си посветите доволно време? Импровизирајте со крупна сол во топла вода и нахранете ја кожата на стапалата со мрсна крема или масло.

5-trikovi-kako-da-bidete-ubavi-zimava-2

Повеќенаменска шминка

Доколку сте во брзање и сакате само да изгледате свежо и природно, користете го ефектот на порцеланска кожа, истакнати јаболкници,природни усни и трепки со неколку слоеви маскара. Без оглед каде и да треба да одите, ова е одличен начин да изгледате уредно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.