![]() |
|
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 39> |
Автор | |
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јасно е дека нема да можеш да ја потврдиш годината.
Што правиме со овие заклучоци? 1. Но, истовремено во старата ВМРО надвладуваше погрешното убедување дека македонските Словени се Бугари. 2. Во старата ВМРО преовладуваше мислењето дека самостојната борба на македонскиот народ за македонска држава е диктирано од маневриски политички причини: не поради тоа дека Македонија не е бугарска па не треба да се припои кон Бугарија, туку другите заинтересирани држави не би дозволиле такво припојување. 3. Ваквото во основа неточно становиште ги натера скоро сите македонски револуционери да станат доброволци во бугарската армија за време на балканската војна против Турција И уште еден аргумент против твојата година - 1926 ВМРО (Обединета) не можеше да не извлече поука од таа погубна грешка во македонското минато. Таа неможеше да не им извика гласно на бугарскиот и на балканскиот империјализам: долу крвавите шепи од Македонија! Таа не можеше да непочне борба за зачувување на Македонците од асимилација и за подигање на самостојната македонска национална свест, дека Македонците не се Срби или Грци, ниту пак Бугари, а се одделна нација. Истовремено и имено во тоа ВМРО (Обединета) постави солидна база на македонското ослободително движење за непрекината и аргументирана борба за слободна и независна македонска држава. |
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Каснаковски јасно е дека си немоќен.
Тие ставови ги има и кај Чуповски во 1913 година во весникот „Македонски глас„ Тие како мотив го цитираа Борис Сарафов од 1903 година. УПС. Како бре 1903 година кога треба да е 1936 година? |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бе рекол некоj си нешто во Петроград? И од чие име говори? (освен од името на 20-на студенти таму?). Мнението на Чуповски ке е меродавно, ако докажеш што барем 20 примероци од неговиот "Македонски глас" са биле доставени (и прочетени) во Скопие, Прилеп, Битола... Иначе - все едно ништо не е пишал и публикувал по причина што немало читатели.
--- Истата работа и со Сарафов на коj посмртно му слагат некакви слова за кои нема никакви доказателства што ги е рекол преживе. |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дваесет интелектуалци во тоа време , се одлична бројка за младата македонска наука. Весниците биле наменети за руската јавност , а примероци Чуповски кога доаѓал во Македонија носел со него , во документите се гледа и за почита која ја уживал во Русија од страна на македонската емиграција.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мунгос, Сарафов не го замешувај во вашата шема. Ќе жалиш. Чуповски е руски храненик. Се што напишал е диктирано од Русите, освен тоа мајка му била од Крушево, па ништо не му значело националното чувство. Можел да се преправи на секаков, ако тоа го сакале газдите. Тука се разправавме за Шарло и годината која е возможна да ги прифати идеите за посебност на македонската нација. Пак тврдам дека 1926 г., која ти си ја напишал е невозможна. Покажи факслимил од документот и ќе докажеш дека си во право. |
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Каснаковски , немам намера ниту да го бранам оној англичанец за „Македонција на Македонците„ тој се заборава важна е паролата , а ти ако мислиш дека јас ќе се бранам за постапките на Сарафов си се излажил.
Чуповски е од Папрадиште има и татко а колку што знам во Крушево не живееле само власи. :) Годината е таа во папката(кутијата) оди во архивот и провери.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Знаеш дека нема да одам да проверувам. Ти може да напишеш дека царот Самуил напишал дека е македонски цар, да дадеш некоја кутија и број и да ме пратиш да проверувам.
Идеите кои се напишани во документот не се од 1926 г. ВМРО /об/ тогаш си била на бугарски национални позиции. |
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас пак ич немам намера да дебатирам со тебе за ова. Документот си е таму , на кој му треба нека си провери. И за крај па нели имате многу бугари во Македонија , нека оди некој нека ти провери.
А ставот на Шарло е негов став , сигурен си дека е 1936? Јас никаде не прочитав дека Шарло заборува за забранетата , за одлуката на бугарската власт да ги затвори политичките партии во 1934 година. Или Шарло би го заборавил овој факт кога би ја пишувал оваа статија?
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А ти дали си сигурен дека си го покажал целиот документ?
И дали ти е точен преводот?
И зошто мислиш дека треба да пишува такво нешто? Комунистичката партија била забранета уште во 1924 г. со ЗЗД. |
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВМРО (обединета) за таа партија зборуваме. А колку што самиот читаш во статијата зборува само за настани до 1925 година. Така да ако пишувал за анализа во 1936 сигурно ќе напишел некој настап и по 1926 година.
А останато што да ти коментирам , толку ти разбира кликерот.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
... ВМРО (Обединета) развива широка активност во 3-та револуционерна област (Пиринска Македонија). Во 1928 година е предводена од Филип Атанасов и Христо Ампов,а кон нив се приклучија комунистите Методи Шатаров и Симеон Кавракиров.
Вътрешна македонска революционна организация (обединена) Значи - до 1928 г. Шаторов е комунист и не е член на ВМРО (об). По таа причина нема как 2 години порано да прави разни извештаи на некакви измислени областни конференции. Освен што годината нема как да е 1926 таа работа ми мирише на фалшификат... |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Па ете ти ги настаните по 1934 г.
ВМРО (Обединета) не можеше да не извлече поука од таа погубна грешка во македонското минато. Таа неможеше да не им извика гласно на бугарскиот и на балканскиот империјализам: долу крвавите шепи од Македонија! Таа не можеше да непочне борба за зачувување на Македонците од асимилација и за подигање на самостојната македонска национална свест, дека Македонците не се Срби или Грци, ниту пак Бугари, а се одделна нација. Истовремено и имено во тоа ВМРО (Обединета) постави солидна база на македонското ослободително движење за непрекината и аргументирана борба за слободна и независна македонска држава. Како што е познато Сматракалев пишува во врска со тоа прашање Много често ще чуете да се казва, че македонската нация се поставя сега, от 1941 г. насам. В опозиционната преса се постави въпросът, че македонската нация е рожба на Комунистическата партия. “В ретортата на алхимическия кабинет на Комунистическата партия се роди, казват, македонската нация.” Аз не знам кой е писал тази статия, може Иван Хаджов да я е писал, но в края на краищата не е важно кой й е авторът. Тази идея за македонската нация, поставена вече научно, ясно и категорично не датира от 1941 г. Този въпрос не го поставиха македонските партизани, титовите партизани. Този въпрос го постави още ВМРО (обединена, през 1932 г. Верно е, че тогава, когато се постави този въпрос, ние, които поддържахме съществуването на македонската нация, бяхме наричани “предатели”, даже някои ни наричаха “сектанти” и т. н., обаче, въпреки това, тази идея си проби път, защото е исторически верна идея, защото с нея е истината. И в края на краищата тази идея разруши десетки години натрупваното, наслояваното великобългарско чувство. Според А. Динев фалшивиот лозунг „македонски Бугари“ бил симнат во 1935 г. Мислам дека нема шанси “Историјата и суштината на ВМРО (Обединета)”,поднесен на Обласната конференција на ВМРО(Об) за Пиринсиот дел на Македонија од 1926година“ да е од 1926 г. |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1936 g. судеи во процесот на ВМРО /об/
![]() Чаракчиев излага идеологията на ВМРО (обединена) - не крие комунистическите си възгледи, но отрича връзките между ВМРО (обединена) и БКП, поддържа тезата за необходимото отделяне на Пиринска Македония от България и за наличието на „македонска нация“, което обосновава с политически аргументи - изявяването на македонците като българи пораждало подозрения към борбата им у съседните държави и другите македонски народности. |
|
![]() |
|
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВМРО (Обединета) во Пиринска Македонија
Во 1928 година се создава областен комитет на организацијата начело со Симеон Кавракиров. По различно време негови членови се и Борис Михов, Никола Грнев, Александар Мартулков и Христо Калајџиев. За периодот 1929 - 1933 се создаваат месни и околиски комитети. Групи на организацијата се формирани во Горноџумајска (1929 година), Петричка (1930 година), Неврокопска и Разлошка околија (1931 година). Основачка конференција се одржува во 1931 година во Неврокоп (денес Гоце Делчев), така што организацијата бргу ги опфатила селата Грмен, Копривлен, Либјахово (денес Илинден), Л’ки, Мусомишта, Скребатно и Фотовишта (денес Огнјаново). Се формирала и студентска група „Вардар“. Преку ВМРО (Обединета) се одвива и така нареченото Македонско прогресивно движење, коешто се бори против михајловистичката ВМРО. --- Вопросот е: како во 1926 година може да има обласна конференциjа на нешто непостоечко? |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |