|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <1 1617181920> |
Автор | ||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Зошто доматот е овошје, а лубеницата зеленчук?Постојат плодови за кои често знаеме да „погрешиме“ кога се обидуваме да ги ставиме во определена група. Најчести примери за тоа се доматите и лубеницата. Зошто се случува тоа? Причина за оваа забуна доаѓа од фактот што дефинициите за овошје и зеленчук се разликуваат во ботаниката и во кулинарството. Зборувајќи од перспектива на ботаниката, овошјето е семкаста структура која се развива од оплоден цвет, додека зеленчукот настанува од другите делови на растението (корени и листови). Водејќи се од таа поделба, јаболкото, тиквата и доматот се овошја, додека репката, компирот и лубеницата се зеленчуци. Оваа поделба се разликува од онаа на која сме секојдневно навикнати. Затоа, плодови кои ботаниката ги смета за овошје (домати, тиквици, краставици), ние ги сметаме за зеленчуци. Сепак, како и да ги нарекуваме, наш совет е секогаш најголем дел од нашата исхрана да се состои токму од овие плодови, без оглед дали се овошје или зеленчук. ● |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Зошто храната треба да се вари ? Со оглед на сè поголемата популарност на сировата храна, се присетуваме зошто луѓето воопшто започнале да ја варат храната. Има неколку причини за тоа: да биде посигурна за консумирање, да биде полесно сварлива и да го подобри вкусот. Иако постојат многу продукти кои е подобро да се јадат сирови, сепак, постојат и многу на кои им е потребна термичка обработка. Тука мислиме пред сè на продуктите како месо, риба, јајца, компир и некои од мешунките. Компирот содржи токсична сусптанција соланин, која со варење се разградува, додека некои мешунки имаат хемаглутанин кој се деактивира со варење. Понатаму на списокот следат житарките, кои содржат фитинска киселина, која ја спречува апсорпцијата на минерали. Од друга страна, некои продукти се подобри за нашето тело кога се варени. На пример, ликопенот од доматите. Кога се варени доматите, неговата асимилација во организмот е многу поголема. Сепак, треба да се внимава продуктите да не се преварат, затоа што во тој случај доаѓа до губење на важни нутритивни состојки, особено витамините. Затоа, најдобро е храната да се вари кратко, со помала количина на вода и на умерена температура. ● |
||||||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
najdobar recept za vkusen obrok
|
||||||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||||||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Кога би знаеле што се’ ни’ ставаат во сендвичите или го продаваат како месо, би знаеле дека на некои работи местото им е во ковчег
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ова можете да го јадете и на полноќСите сме сведоци колку пати пред спиење сме ги почувствувале цревата како ни кркорат до тој степен што мора да тркнеме до фрижидерот и да каснете нешто. За да не се каете утредента, а и да немате проблеми со стомакот и килажата, еве што можете да јадете дури и во глува доба… Овесна каша Догажано е дека јаглените хидрати ослободуваат серотин кој го смирува мозокот. Порција овесна каша со млеко е најдобар избор за пред спиење. Сок од цреши Истражување од 2011-та година покажало дека две чаши сок од цреши дневно (наутро и навечер) го зголемуваат нивото на мелатонин кој го прави сонот поквалитетен. Топло млеко Чаша млеко е стар рецепт за добар сон. Покрај тоа што ја содржи аминокиселината триптофан, која е поврзана со спиењето, делувањето на овој пијалок е сепак само психолошки. Од мали не учеле дека синоним за спиење е чаша топло млеко и дека мама ни го дава од таа причина. Јаткасто овошје Јаткастото овошје има магнезиум кој има смирувачки ефект на мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадеми, ореви и кикирики се само некои од плодовите кои секогаш морате да ги имате во домот. Сепак, внимавајте да не претерате. Нискокалорично сирење Калциумот има многу слично делување како и магнезиумот кога станува збор за сонот. Експертите препорачуваат дека слободно можете да јадете околу 50 грама сирење дневно. |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Kалинка, најдобра витаминска вакцинаПоради големите количини на витаминот Ц, А и Е и групата Б, но и минералите како (калиум, фосфор и грозје), покрај тоа што е добар за јакнењето на имунитетот, калинката ја одржува еластичноста на крвните садови, спречува болести на срцето, а дејствува како тоник кој ги јакне коските. Неговите активни состојки имаат речиси еднакво дејство како и заштитната вакцина која не подготвува за сезонските болести. Благодарение на масовното присуство на антиоксидансите и фитоестрогенот, калинката воспоставува баланс и кај жените (ги ублажува симптомите на менопауза и подмладува) но и кај мажите (во случај на тумор на простата, сокот штити од канцер). Ако не сакате свежа калинка, ставете ги нејзините зрна во благото и солено јадење во овошната салата, и ќе изгледа не само здраво, туку и многу декоративно. |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Витаминот Ц не спречува настинкиПо веста дека витаминот Д не е делотворен во борбата против настинката, експертите сега предупредуваат дека иста е ситуацијата и со витаминот Ц. Консумирање на поголема количина витамин Ц, нема да помогне во спречување на настинката, но може да помогне побрзо да оздравите ако веќе сте болни. Истаржување кое е направено во 2005-та година, врз основа на анализирани научни податоци од последните 30 години, потврдило дека витаминот Ц не ги спречува настинките. Во истражувањето учествувале 10 илјади лица. Лицата кои земале еден грам витамин Ц Според експертите, витаминот Ц може да помогне во спречување на настинката само ако живеете на поладна клима или ако се занимавата со екстремни физички активности. Иако витаминот Ц може да биде од помош во борбата против настинката, тој и натаму има други својства кои се добри за здравјето. Витаминот Ц му помага на телото да ги залечи раните и е добар за коските и забите. Овој витамин не го произведува телото, така што луѓето мораат да го внесуваат преку производи како портокали, лимон, брокула, спанаќ, зелена пиперка, зелка и компир. Експертите препорачуваат да се внесува по природен пат, а не преку апчиња. Изменето од Valerija - 17.Ноември.2012 во 11:41 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Зошто е добро да се пие јогурт?Покрај тоа што е вкусен, јогуртот е многу корисен за вашето здравје. Би требало секојдневно да се консумира, а ако не е вклучен во вашата секојдневна исхрана, ви откриваме пет причини поради кои ќе го ставите уште денес. Тенка линија Јогуртот е нискокалоричен продукт. Богат е со калциум кој го поттикнува лачењето на хормонот кортизол кој го олеснува губењето на килограмите, додека аминокиселините успешно ги согоруваат масните наслаги. Бели заби Иако содржи шеќер, јогуртот не предизвикува кариес. Имајќи предвид дека е богат со калциум, јогуртот ја чува белината на забите, додека млечната киселина ја штит слузницата. Здравје Благодарение на бактериите кои ги содржи, јогуртот не штити од воспаленија и штетни микроорганизми. Ако сакате да го регулирате варењето или да го зајакнете имунитетот, во тоа ќе ви помогне јогуртот кој содржи посебен вид пробиотици. Имено, пробиотиците делуваат како природни антибиотици, па се многу корисни во спречување на настинките и развојот на бактерии. Витамини и минерали Млечните производи се богат извор на витамини, протеини и минерали. Само една порција јогурт изобилува со калциум, магнезиум, фосфор, јод, цинк, но и витаминот Б5 и Б12. Го регулира притисокот Дури 70% од луѓето во организмот внесуваат повеќе сол од препорачаната дневна доза. Прекумереното внесување на сол доведува до зголемен крвен притисок, болести на срцето и бибрегот. Калиумот и калциумот од јогуртот успешно ја отстрануваат солта од организмот, а со самото тоа го намалуваат и притисокот. |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Божиќно декорирање на хранатаОваа година празничаната трпеза нека блесне со сиот сјај на божиќниот дух. Своите најмили изненадете ги со прекрасно сервирана храна во празничен стил. Направете елкичи од краставица или колачиња како Дедо Мраз на кои најмногу ќе им радуваат најмалите. Изменето од Valerija - 24.Декември.2012 во 21:25 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
7 ФАНТАСТИЧНИ УПОТРЕБИ НА ЛУКОТ
Многу често користена намирница во речиси секој кујна, лукот е еден од најпрепознатливите природни лековити намирници. Освен што лекува од грип и настинка, благодарение на своето антибактериско дејство, лукот лесно се применува и во низа дуги ситуации. 1. Акни 2. Херпес 3. Воспаление на увото 4. Иверка под кожата 5. Губење на косата 6. Сируп за кашлица 7. За нега на кожата Изменето од Calipso - 17.Јануари.2013 во 01:12 |
||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Па што не праша
|
||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ne stvarno , mislev na mnogu porano ama,...kolku pati mi vleglo....vekje ne znam ni sam.
|
||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||
Внеси реплика | страница <1 1617181920> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |