IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 22>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 15:04

„АДРИЈАН“

 

 

Го нареков Адријан без да знае и да одобри,

Му предвидов живот три илјади години долг,

Го најдов во третата есен на мојата улица,

Си реков ќе го сакам како трето раѓање ....

 

Го запознав Адријан на наивно минување,

Криеше книга под црната јакна како да ја нема,

Ми кажа ме чекал одамна без да знае каде минувам,

Ми ја подаде книгата и рече немој да ја читаш ....

 

Адријан мереше време на џебен часовник,

Во него чуваше негатив од своја слика одамна сликана,

А јас сакав да го имам, да го поседувам,

Толку грешно и искривено како неговиот негатив .....

 

Усните на Адријан беа забранети со закон,

Заштитени од допир без посебни овластувања,

А јас сонував за долги бакнежи како тапа,

За кратките реченици кои ми ги даваше за вечера ...

 

Адријан умееше да победи рамнодушност,

Да обнови храм на мудрост таму каде што ја нема,

Користеше пагански јазик и неверување во убедувања,

Не го разбирав и не ме разбра никогаш но сеедно е ....

 

Го засакав Адријан како моја приказна необјавена,

Скриена под псевдоним без авторски права,

И само јас останувам вечен зависник од неа,

Да ја листам и прелистувам додека го нема....

Мојот Адријан ......    

 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 22:05
Љубавно писмо

Moj љубавниче,
теби пишем ове речи,
и знам питаќеш се ко сам,
да,безобразна луда љубавница.
И јесте,та сам,
она која кришoм краде твој додир,
стапам се од твојих дрско безобразних погледа,
осмех на мојих смешних незграпним покретима.
Знаш ли да чезнем за тобом,
чежња која жари моје тело
жар који ме прогони у снове,
ах,излуде моје чежњиве усне.
Погледај колико сам само заносна,
све ове речи само су за тебе,
мирисни папир обојила у боји неба.
налив перо са којим пишем је разиграно.
Пољубац ти шаљем на дну писма,
кармин боју црвене руже,мирис моје коже,
оставила прамен црно офарбане косе,
оно што светлуца у твојим очима моје сузице.
Знаш ти мене,знам сетиќеш ми се,
мада је било веќ давно,много давно је било,
онда кад смо сви јурили са ветром у коси,
када смо се кришом гледали испод брезе.
Чувам и ону црно-белу фотографију,
на њој смо што смо почели сазревати,
ти си имао осмех са првим длакама испод носа,
ја само што почела да заокруглујем груди.
Ма дивна су била та времена безусловне љубави,
ту смо први пут додирнули једано другог,
ја тај додир још чувам испод моје коже
чезнем за тај додир и први најслаѓи пољубац.
И још нешто,
чекаќу те веќ данас у парку наше младости,
онамо где смо лудо возили онај жути бицикл,
сад знам да се сеќаш и мене и онај дан лудости.
Морам привршити ово писмо,
морам ухватити први воз да бих стигла,
чекаќу те,доѓи улепшај ми дан,
улепшаќеш ми лице које тек ствара боре.

Даница Петровска

Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 23:43
Kad bi mogao(

Eh,kad bi mogao,
da dotaknesh moje sne,
da uhvatish taj skriveni pogled,
cheznju koja plache od tajne skrivene.
Umotana u dzvezdanu prashinu
shaljem ti sjaj tebi neznanom ljubavniku,
onom koji prstima sheche po dzvezdanim telom
sa usana od meda zalepjen na mojim grudima.
Na vrhovima prstiju nosim tvoje ime od mashte
u dlanovima nosim moju skrivenu ljubavnu pesmu
muziku od tishine shaljem da bi me prepoznao u snovima
i skriveni pogled koji luta tamo nekud medju tajne skrivene.

Danica Petrovska-Dani

Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 23:57
USPOMENA

Ту, на столу је наше вино Т`га за југ,
ту сам ја и самоќа, са чашом у руцу,
ту си ти на старим фотографијама,
шапат ,давно лето,пожутели пољупци.
Камени мост још ме памти,чезне,
то што весело ходам по камену,
чека моје разигране потпетице,
лепршасту хаљину што хлади вруќину.
Слика ,на њу моји осмеси, давно лето,
залутани поглед у бескајности времена,
на плочнику иза мене пева и игра индијка,
пожелех тада да заиграм боса,да запевам.
Стара гитара још свира ноќу самном,
подсеќа се на веселим прстима и ноктију,
свира о нашој давној љубави,чежње и туге,
понекад плаче ,оплакују жице љубав и бол.


Даница Петровска-Дани

Љубов и само љубов
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 18:18

.......

Бакнеж на рамото на минување, во заминување,

Секогаш пред заспивање во третата смена на месечината,

Тогаш мешам мирис на лаванда со црно вино,

Врел здив на мека кожа во судир со подотворени усни ....

Ќе ме прашаш: Сонувам ли?

Ќе те прашам: Посакуваш ли?

Ќе секнат воздишки на половина пат во мека перница,

Никој нема да одговори, секој ќе си замине ......

Тргнав на патување со чекање долго како вечност,

Кога ќе застанеш да ме чекаш да знаеш,

На кој перон се наоѓам, каде тргнав и застанав,

Патот оставен е веќе заборавен како вчерашна кавга ....

Јас веќе не помнам ниту една, ништо кажано во бес,

Како осудена без сторено дело одговарам пред себе

Пред своето огледало  .....  

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2012 во 19:26

„Инстант“

 

И нека биде ова инстант песна,

Како одвратно розово небо во летна квечерина

Кое би одземало воздишки да не е толку жешко                                                                        

А јас не можам да дишам – ми треба дожд .....

Инстант живот како кафето без вкус влезено во мода,

За брзо цепање на календарски листови закачени на ѕидот,

Инстант пораки наместо зборови во бесмислена тишина,

И сексот станал инстант апче против несоница...

Бесмислено лето долго како десетлетие на суша,

Му давам смисла само кога размислувам за него,

Тогаш „инстантот“ го ставам на  пауза за топол оброк,

Вечерам желби и копнежи како пропишана диета ....

Следното утро пак ме чека инстант жега,

Истресена како од кесичка со мирис на камилица,

Вкусот останува ист застојан и горчлив со три коцки шеќер,

И јас пак се ставам во погон  без да мислам на него ....

Го голтам како кислород од боца со знакче за самопомош,

И се движам секогаш спротивно од толпата ко за инает,

За да ја дочека есента без преселба на југ,

Тогаш голтките стануваат долги, отворени за задоволство .....

Заминува летото со натпис „Инстант“ ..... 



Изменето од Blue Scarlet - 23.Август.2012 во 19:27
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2012 во 20:49

 

 

  Знам дека се стресов, само не знам дали заради северниот ветер или поради тоа што го почувствував неговото присуство зад грб ..... Не кажав ни збор, не се свртев, останав неподвижно да ги гледам вирчињата кои се сјаеа како огледала во темнината.... Дождот не престана цел ден ....  Му ја почувствував раката како се обмотува со крајот на мојот свилен шал ....

„Знаеш ли колку убави вратови стегнала свилата низ историјата земајќи им го последниот здив?“ – праша прилепувајќи го неговото тело до моето ....

„Мислев дека си замина, откако заминав јас не се свртев ниту еднаш да проверам знаеш ли?“ – му реков како да зборувам на сопствената сенка ....

„Ха .... по кој пат и да тргнеш, каде и да застанеш, кога ќе ги затвориш очите па дури и кога ги држиш широко отворени знаеш дека сум тука – рече зајадливо – само не знам од што ти се ежи кожата од мојата близина или од допирот на ладната свила, ќе ми кажеш или самиот да проверам?“

Ја поткренав косата и го повлеков шалот од вратот, остана закачен на неговата рака ....

„ Сетилата не ми се толку длабоко заспани за да морам да ги обвиткувам во свила, гледаш безначајна е таква обвиткана околу твојата рака, ако ја пуштиш ќе ја однесе ветрот ... јас сум уште тука иако не те држам за рака “

„Тврдоглаво одбиваш да ми дозволиш да ти ја постелам косата на растурена постела , да дишам и издишувам ритмично ... сакам еднаш да знам дека кога ќе ги затворам очите допирот нема да е сон и будењето нема да е депресивно до степен на лудило од потребата да те бакнам без да побарам дозвола за тоа... “ – ги затвори очите и уморно ја спушти главата на моето рамо ...

Кожата пак ми се наежи и јас повторно се стресов .....

„Топлината оди рака под рака со студот .... јас и ти сме два ледени брега кои бараат топлина еден од друг само затоа што знаат дека никогаш нема да ја добијат ..... само така можеме да траеме вечно без едниот да го смени другиот“ – му ја кренав главата со ледените раце -  „Кој е на ред сега да замине а кој треба да чека? Јас веќе го изгубив распоредот “

„ Години мила, години поминаа а ти уште не знаеш да љубиш  без дефиниција“ – рече одалечувајќи се полека .....

Не го почека одговорот овој пат, но знам дека ќе се врати по него .... мене ми бил редот изгледа...

Го кренав погледот кон небото, чудно е ноќното небо кога врне, како да сјае ....

„ Те побарав, посакав да си играм со судбината и да видам дали ќе те постави пред мене на терасата на хотелот до езерото... ги гледав лицата кога поминував покрај масите, ниедно не беше твоето  .... го свртев погледот кон бродот чии светла се надзираа во темнината .... можеби следниот пат таму ќе те барам .... секогаш ќе има следен пат .... секогаш“ – прошепотев за себе, знев дека нема да ме слушне .... затоа и чекав ...

И да, уште сакам да те бакнам ......... 



Изменето од Blue Scarlet - 20.Септември.2012 во 20:51
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2012 во 18:14

„Денови .....“

 

Овие денови тишината знае да мириса,

Благо и заштитнички на чај од свежо нане,

Одбирам светлост на свеќи со боемска радост,

Да пишувам  писма завиткана во кашмир,

Зар не сум го погрешила векот?

Овие денови утрата ти припаѓаат на тебе,

Главоболките ги препишувам на облаците што ги сакам,

И не мислам многу, ни повеќе ни помалку од вчера,

Две- три црвени јаболки за да ми пројде денот,

Која книга е на распоредот за денес?

Овие денови есента ја пречекувам меланхолично,

Со шепот без преголема драма на репертоарот,

Па се мислам дали капучиното со цимет е преголем напор,

За бура од мириси и вкусови со изострени сетила,

Кога научив да те сакам вака?

Овие денови не те прашав како си?

Помислив на тоа дали ти пречи што пишувам за тебе,

„Брливо едно“ – си реков на глас со подсмев,

Пишуваш за себе, за својата љубов, за мојата есен,

Додека барам совршена планина за свој дом,

Овие денови ми припаѓаат само мене....

 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2012 во 02:32

 

“Match made in hell”

 

I wouldn’t change a thing,

Not now, not ever and before,

Even if I miss you to a level of pain,

I remain the one lunatic and vain.

I’ll shred my words to pieces,

Wrap them in deep silence,

To keep them warm and hidden,

In this trip luggage is forbidden.

You know I don’t band my head,

Even when I pray or cry,

Never knew the weight of the shame,

Everything is changed and I’m still the same.

So when you said you live in hell,

I gave you my home of darkness,

Born of shadows, raised by fire,

I lift my love for you higher and higher.

The destiny is our black forger,

Match made in the hallows of hell,

To be divine beyond human strength and will,

It’s a kind that you can’t change or kill.

So wait for it just a lifetime or two,

For me to live my youth in childhood,

And when a grow as big as my love,

I will follow you to hell and above.

 

 

 



Изменето од Blue Scarlet - 15.Октомври.2012 во 09:51
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2012 во 16:28

„Сто сини писма“

 

Пишувам неуморно и сино на сино се разлева,

Пишувани за тебе адресирани до мене,

Умем само за миг да го кренам погледот неумолив,

За да си ја подгризнам долната усна зајадливо.

Вдишувам и издишувам рамномерно со секоја капка дожд,

И се насмевнувам на тагата која гласно ракоплеска во мене,

Уште многу малку остана до крајот на нанижани броеви,

Затворени во пожолтени листови со златна панделка.

Кажав толку многу а остана толку недокажано,

Се запрашав завршив ли навреме пред да почнам,

Таму каде што одамна ставив точка и се потпишав,

Пред вечерата по толку многу прескокнати оброци.

Се плашам од својата сила разлеана во црвено,

Кога горам од желба да откинам парче од својата душа,

Под реден број наредени го чекаат својот ден,

Залепени на сто сини писма испишани со рака.

Наречи ме разгалено трврдоглава кога молчам,

Непокорно суетка кога заминувам на високи потпетици,

Трперлива е само раката која пишува за планинска есен,

Ќе се будам откако мирно ќе заспијам во длабока прегратка

На твојата кожа кога ќе мириса на мене... 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2012 во 18:03

„КРИСТАЛИ“

 

Лесно е да ги затворам очите со голтка вино,

И секогаш ја задржувам голтката подолго како да ја делам,

Само за миг посакувам да ја префрлам во твојата уста,

Како света врска пренесена со кристален здив...

Од далеку успеваш да ме скротиш низ воздишки,

Да изнудиш нежност  како пердувест допир,

Кога делиш бакнежи по внатрешноста на бедрата,

А јас и натаму ги држам рацете во висок гард ....

Умеам да ги повлечам забите и да ги прекријам со усни,

Дури и кога сакам да загризам до болка, да те почувствувам,

Секогаш кога ќе помислам како ги плетеш прстите во мојата коса,

Се прекршувам во лак од искри и пепел .... се раѓам и умирам.

Денот лесно поминува додека часовникот стои,

Замрзната слика на амајлија закачена околу вратот,

Насмевка со подгризната уста и зајадлив јазик,

Да, тоа сум јас огледана во морничаво црн поглед.

Проткаено злато во марама од свила врзана во двоен јазол,

Како да се трудам со нежност да прекријам ѕвер,

Да го скротам врзан за самиот себе, покорен за тебе,

Додека не оставам патека од мирис на твојата кожа...

Сеќавања кои не постојат излеани во денешниот дожд,

Постојам ли јас или ти ме измисли и створи?

Да треперам од студ на прошетка помеѓу оголени дрвја,

Да ги посвојувам сите паднати лисја како свои,

Да се потпишувам на почетокот наместо на крајот?

О да, денеска е денот на дождот и виното,

Ќе наздравувам за себе додека ѕвони кристалот,

На две напукнати чаши во невидлив допир.

Скитник со кристална чаша, моја, присвоена ..... 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2012 во 11:48

„АРХИВА“

 

Бесконечна тишина,

Некогаш и ѕидовите стануваат претешки,

Претесни да соберат пајажини од заталкани мудрости,

Депо на неврзани мисли во застојан воздух.

 

Мириса на прашина,

Секој чекор создава нов облак од злато,

Заслепени сетила  бараат помош со мапа,

Изгубено – најдено не е битно, секако е мое!

 

Бакнежи со панделки,

Разделени по вкусови во убави пакувања,

Познати и незадржани со пројден рок,

Уште колку нови неоткриени ли има?

 

Разделени светови,

Како црно бели дирки на клавијатурата,

Со лепливи прсти поминати да остават трага,

На влезот мојот клавир, на излезот неговата гитара.

 

Со црвени завеси,

Оклопени прозорци, сомот тежок како планина,

Соодвететни корици за енциклопедија на живот,

Се прашувам кога ли ќе ме допреш?



Изменето од Blue Scarlet - 10.Ноември.2012 во 12:37
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 12:58
sledejki ja svojata osamena zvezda imas pogolemi sansi da postanes osamen nego zvezda
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2012 во 19:23
Ostavi je,ostavi 
da skakuće ispred tebe
Ostavi je nek bude svoja
tek tada ćeš znati da je predana
...nikada tvoja 
среќаголемо гушкање
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.