|
Слики од убави места во МК |
Внеси реплика | страница <1 91011 |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите градби во Македонија (Прв дел)Исто познат како |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите градби во Македонија (Втор дел)Најпознатото обележје на нашиот главен град. Симболот на Скопје, кој е неизбежителен дел при посета на градот. Преку
Шарената Џамија во Тетово е можеби најживописната градба, изградена во Македонија. Меѓу народот е позната како
Овој архиелошки локалитет, се наоѓа во |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите градби во Македонија (Трет дел)Сигурно една од најубавите образовни градби во Македонија. Изградбата започнала во 1908 година, а градена е по фотографија на една француска зграда во неокласичен стил. Инвестицијата за изградба на оваа зграда е од охриѓанецот Ејуп Сабри. Самата зграда има многу намени, била турска управа, војничка касарна, општина, училиште со интернат и многу други, се до 20-тите години од минатиот век, кога започнала зградата да ја врши функцијата која има и во денешно време, средно училиште. Во 1936 биле изгорени најгорните два ката, кои по реновирањето повторно се изградени, и е вратен стариот изглед на оваа прекрасна градба. Палатата на плоштадот Македонија, во нашиот главен град, е изградена во 1926 година, по проект на архитектот Драгутин Маслаќ. Изградена е по нарачка од српскиот фармацевт Владислав Ристиќ, кој палата ја користел како деловен простор, во долните катови, додека во горните катови, живеела фамилијата Ристиќ. Зградата е една од ретките градби во центарот на градот, која го преживеа земјотресот во 1963 година. Денес, палатата е деловен комплекс. Една од најголемите средновековни градби на овие простори. Изградена е по мисијата на светите браќа Св. Кирил и Методиј, додека во некои извори, се вели дека е изградена во времето на архиепископот Лав, од 1035 до 1056 година. Првобитно имала само една голема купола, додека во 14-от век било доградено и предворјето, со што се добива прекрасна целина. Во 15-от век, од страна на Отоманците, црквата била претворена во џамија, каде што иконостасот бил покриен со вар, биле издигнати минариња и одстранет олтарот. Во 20-от век, започнало реставрирање на самата црква и враќање на стариот сјај, и со тоа е вратен изгледот кој може и денес да го сретнеме, во оваа прекрасна катедрала.
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија низ очите на Myrthe, опишано на блогот fiddleflower.wordpress.com
„Некаде помеѓу сонот и случајноста, решивме да ја откриеме Македонија. Сакавме да биде авантура, па затоа земавме само два билети за автобус, два куфери, се фативме за рака... и една малечка книга за како да зборуваме македонски. Патувањето помина одлично и ни се допадна погледот низ прозорецот кој постојано се менуваше. По 30 часа спиење, читање и разговори со различни луѓе од различни земји, пристигнавме во Белград. Сакавме да стигнеме до Македонија колку што можемепобргу, па започнавме да се распрашуваме како да го изведеме тоа. Само 1 час подоцна се качивме во автобус кој одеше до Скопје и имавме уште 6 и пол часа пат. Беше октомври и ноќта брзо дојде. Бевме гладни и изморени... Што ќе јадеме вечер? Каде ќе преноќиме? Ништо не можев да видам низ прозорецот од темнината и постојано се прашував како изгледа Македонија преку ден... Тогаш автобусот застана. Конечна дестинација. 10 часот навечер и добредојде на скопската автобуска станица. Одевме... Една мала пекара беше отворена. Нарачавме нешто вкусно и прашавме за мала помош. Побаравме место каде би можеле да преноќиме. Нема проблем! Неколку минути подоцна пристигна нашето такси. За само неколку евра нè однесе до пристојно и не прескапо место. Ни се чинеше како прекрасна авантура! Такси возачот беше пресреќен со неговите патници од Франција што започна да пее и да вози побрзо од вообичаено. Ни изгледаше (во најмала рака) поднапиено. Конечно бевме пресреќни што пристигнавме во хотелот. Ја прифативме собата од едноставна причина што очајно сакавме да преспиеме на мек кревет. Беше недела и имаше гласна забава до нас. Заспавме со звукот од Donna Summer. Сонцето изгрева рано над Скопје. Додека лежевме во кревет не можевме да се одлучиме дали сонуваме или навистина сме тука. Одлично беше чувството да го откриваш главниот град на Македонија. Градот ни посака енергично добредојде. Се заљубив во чаршијата каде што можете да купите сè, започнувајќи од антиквитети, па сè до локални овошја и зеленчуци. Јадевме македонска шопска салата на тераса. Јас пиев чаша македонско вино, тој шише македонско пиво. Животот е прекрасен! Наредното утро сакавме да го напуштиме градот и сите ни кажаа дека имало автобус на секој час. Се спакувавме и нетрпеливо чекавме на автобуската станица. Тргнавме на пат кон Охрид за да го видиме едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа. Прекрасен поглед низ прозорецот! Планини, овчари, овци и кучиња... Туристичката агенција во Охрид беше затворена. Нема проблем! Една девојка нè праша дали ни треба соба... Ја следевме и преноќивме во нејзината куќа 4 вечери. Нè пречека топло и пријатно. Охрид е одличен. Езерото е прекрасно, луѓето се пријатни и храната е вкусна! По посетата на главниот град и познатото езеро, дојде време за посета на селата низ Македонија. Луѓето кои ги прашавме, рекоа дека нема автобус за таму каде што сакаме да одиме.. Интересно... И навистина се заглавивме - во Ресен! Малечко гратче во близина на Преспанското Езеро, каде што всушност сакавме да одиме. Побаравме такси возач кој ќе нè однесе до блискиот хотел. Воедно, единствениот кој работи во овој дел од годината. Такси возачот беше симпатичен и пријатен, но изгледа нè сметаше за богати туристи. Ни даде број од хотелот, па од таа страна една млада девојка ни понуди соба. Но, не ни одговараше. Такси возачот сега нè однесе до најблиското село и ги распраша локалните станари за слободна соба за преноќевање. Еден човек кој работеше на покривот на неговата куќа го зема телефонот и ни пронајде сместување кај негов пријател. Се сместивме во апартман со поглед кон езерото. Имавме исполнето време покрај Преспанското Езеро. Беше тивко и прекрасно. Ни го покажаа и најблискиот локален супермаркет. Луѓето беа повеќе од гостопримливи. Но, тогаш дојде време да си одиме. Го фативме првиот автобус, рано изутрина и назад кон Ресен. Од село во град. Од Ресен во Битола! Тоа беше љубов на прв поглед! Прекрасно место, уште попрекрасни луѓе! Пронајдовме одличен апартман во самиот центар и ужувавме во убавините на градот и чаршијата. Од град, кон друго езеро. Дојран, нашата крајна дестинација пред да се вратиме дома. Автобусот нè донесе до најблискиот хотел, но ние упорно одевме за да пронајдеме приватно сместување... Одлично искуство! Беше ноември и сè уште имаше 26 степени. Сонцето грее секој ден и на македонското знаме не му треба никакво објаснување! Македонците се како сонцето! Јас сум заљубена во нив!“ |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
poubavo....zdravje!
|
|
Внеси реплика | страница <1 91011 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |