IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 49>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2012 во 13:16

СЕКСОТ ПРЕД РАБОТА ВЕ ПРАВИ ПОСРЕЌНИ!


Времето пред работа е идеално за секс набрзина.

Најдобро врме за тоа е 7:30! Висината на стрес хормоните во крвта се намалува по 7:22, а во 7:30 телото лачи големи количини на сексуални хормони и адреналин. Луѓето кои тоа време ќе го искористат “активно” многу повеќе се опуштени и енергични во текот на денот, тврдат британските научници.

“За да го разбудите партнерот, ставете ги далнките на неговите бутови, со палците насочени нагоре. Со бавни, но цврсти движења кружете со палците по кожата на партнерот. Така побрзо ќе го подготвите теренот за акција”, советува експертот за акупунктура Алексис Ервидсон.

Поспаната жена, мажите најбрзо ќе ја загреат со нежни допири и шепоти, а тоа најдобро ќе го направат ако се доближат до нејзиниот грб.

“Рацете ќе им бидат слободни, а бидејќи таа ќе се разбуди, ќе можат нежно да се ‘лизнат’ во неа”, истакнала секс терапевтот д-р Џејн Грин.

Природниот утрински мирис на телото ќе го разбуди либидото, тврдат научниците од Универзитетот Пенсилванија. Затоа наместо прво да се истуширате, прлепете се до вашиот партнер и наместо кафе фрлете се во акција.

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2012 во 12:02
Откачени секс рекорди

Дали знаете колку е најдолгиот измерен клиторис? Кој има најдолг оргазам и колку изнесува?  Или кој во животинскиот свет има најдолг пенис?

Ова се некои од најоткачените секс рекорди!

1. Најбрзиот женски оргазам. Во просек на жените им е потребно од 8 до 30 минути за да постигнат оргазам. Апсолутна рекордерка е оргазам за 3 секунди по пенетрацијата.

2. Најдолг женски оргазам. Траел 43 секунди.

3. Најсилен пенис. Рекордер во кревање тегови со пенис е Мо Ка Ванф – обесил тег од 120 килограми!

4. Најголем пенис во животинскиот свет. Китот со должина од 3.30 метри е рекордер. На второ место со 1 метар се коњот и слонот.

5. Најмногу мажи во кревет. Саманта од Сексот и градот е вредна женска. Но, таа е права аматерка во споредба со Јулија, ќерката на римскиот цар Август, која спиела верувале или не со 80.000 мажи!? изненадување

6. Најдолг секс. Траел 15 часа. Филмската ѕвезда од триесетите години на минатиот век, Мае Вест, извела маратонски секс со љубовникот Тед.

7. Ејакулација од далечина. Мажите не ги интересира само должината на пенисот, туку и колку моќно можат да ејакулираат. Хорст Шулс поставил светски рекорд – домет од 6 метри!

8. Ејакулација од далечина кај жените! Рекордот е 3 метри!

9. Најголем клиторис. Швајцарскиот биолог во своите истражувања наишол на клиторис со должина од 30,5 см.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 08:40
Алкохолот и сексот

Без разлика дали ние ќе го признаеме тоа или не, има нераскинлива врска помеѓу алкохолот и сексот. Многумина мислат дека пред сексот мораат да...

 

...се напијат неколку чашки алкохол за да се опуштат и да остават добар впечаток пред новиот партнер.

- Алкохолот како афродизијак
Во западната култура постои погрешно верување дека алкохолот е афродизијак. Многу малку се говори за штетните alkoholot-i-seksot1последици од алкохолот врз здравјето на луѓето, како и големото пореметување кое може да насатане и во љубовниот живот.

Истражувањата покажале дека алкохолот различно дејствува кај жените и мажите. Долгото конзумирање алкохол кај жените предизвикуванеспособност за врска, депресија и асоцијалност.

Што се случува кога ќе се напиеме некоја чашка алкохол повеќе ?
Алкохолот има ефект на опуштање поради кој за кратко време се чувствуваме слободно, релаксирано и доволно смели за да иницираме секс, а тоа исто така води кон несигурни сексуални односи.

Иако алкохолот во помали количини ја зголемува нашата сексуална желба, а големите количини на алкохол не прават неспособни за секс. Мажите кои премногу ќе се напијат имаат проблеми со ерекцијата, додека пак жените не можат да доживеат оргазам.

- Што очекуваме од алкохолот?
Интересно е да се спомене однесувањето на неколку луѓе на кои им било извршено испитување односно, им биле дадени коктели за кои им било кажано дека се со алкохол во нив.

Испитаниците по оваа информација се однесувале пијано и сексуално слободно, иако воопшто не се напиле алкохол.

Тоа докажува дека се однесуваме слободно под влијанието на алкохол. Ако потсвесно веруваме и очекуваме дека од алкохолот треба да се оденсуваме послободно, тогаш самосугестивно така функционираме.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2012 во 15:18


Изменето од емил - 11.Јуни.2012 во 15:19
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2012 во 00:35

Пози за жежок секс викенд

Конечно викенд! Што значи време е да се опуштите и да им се посветите на слатките задоволства. Кога сме веќе кај нив, викендот секогаш е одлично време за секс. Затоа во прилог ви нудиме три секс пози кои што сигурно ќе ви се допаднат.



1.Мажот легнува на работ од креветот така што неговата глава и неговите раце се позиционирани на подот. Жената пак седнува врз него, местејќи ги своите раце на неговите колена. Позата е одлична како за мажите така и за жените бидејќи на понежниот пол му овозможува простор за манипулација, додека мажите доживуваат неверојатен оргазам поради напливот на крв во главата. 


2. Оваа поза нуди двојна стимулација за жената и одличен поглед за мажот. Таа е свртена странично при што неговата нога се позиционира помеѓу нејзините, како што е прикажано на сликата. Неговото колено ја дава соодветната потпора доколку сексот стане пострасен, а дополнителното триење доведува до состојба на врвен оргазам.



3. Третата поза е совршена за стимулирање на Г –точката. Освен тоа глетката е феноменална. Мажот седнува на работ од креветот додека жената се мести врз него во поза која многу наликува како подготовка за пливање со таа разлика што тука нејзините раце се потпираат на подот.

Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2012 во 16:48

Која поза е најдобра за правење бебе?


Иако постојат само неколку денови во месецот кои се идеални за забременување, тој факт не треба да ве обесхрабрува. Важно е додека водите љубов да не чувствувате константен притисок, поради преголемата желба за бебе. Исто така, денес постојат и тестови кои можат прецизно да ги утврдат вашите плодни денови. На тој начин сексот нема да ви стане обврска и пресметување на деновите во месечниот календар.
Сексуалниот нагон нагло се зголемува во текот на овулацијата, затоа ако вашиот партнер е расположен, навалете. Кога се наоѓате на врвот на сексуалноста за време на овулацијата, оргазмичната енергија ги прави поинтензивни контракциите на мускулите, па спермата оди на вистинската локација.
Освен тоа, и позата во текот на сексот е важен фактор за правење бебе, а како најдобра се смета мисионерската. Позата во која партнерот се наоѓа над жената е најдобра за зачнување, бидејќи токму оваа положба овозможува најдлабока пенетрација и ја испорачува спермата најблиску до матката.
Сексолозите тврдат дека оваа поза воедно им е најомилена на многу мажи, бидејќи им дава чувство на моќ поради доминирањето, при што ниту жената не е лишена од силна стимулација. Ако партнерката ги држи нозете под колената и ги влече кон горе, спермата може да се слее потполно до влезот на матката, со што се зголемуваат шансите да дојде до бременост. Меѓутоа, не треба да заборавите дека и женскиот оргазам е важен за зачнување со оглед на тоа дека контракциите кои притоа се случуваат, овозможуваат подобро пропуштање на спермата до матката. 

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2012 во 01:08

15 факти за сексот кои сигурно не сте ги знаеле


1. Додека на мажите им се потребни околу 5 минути (ако не и помалку), на жените во просек им требаат 20 минути за да се возбудат.

15-raboti-za-seksot2. Дури 45% од мажите сакаат да имаат поголем пенис.

3. Контрацептивните апчиња значително ја намалуваат желбата за секс.

4. И мажите и жените во текот на сонување можат да доживеат доста силен оргазам.

5. 1% од жените можат да доживеат оргазам исклучиво со стимулација на градите.

6. Во светот секој ден се случуваат околу 100 милиони сексуални односи.

7. Во текот на сексуалниот однос се трошат 150 калории.

8. Клиторисот има најмногу нервни завршетоци на телото (дури 4 илјади).

9. Една лажичка сперма содржи околу 5 калории.

10. После четири години врска или брак либидото на жената започнува да опаѓа.

11. Сексот ја лечи депресијата бидејќи за време на сексуалниот однос телото започнува да лачи ендрофин (хормон за среќа).

12. Мажите можат да доживеат повеќестручен оргазам, но оној првиот треба да биде без ејакулација, а ерекцијата мора да остане.

13. Просечната должина на опуштен пенис изнесува од 7 до 10 сантиметри.

14. Просечната должина на пенис во ерекција изнесува 12 до 15 сантиметри.

15. 5% од жените се алергични на спермата.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 08:47

КАКО ДА ПРИСТАПИТЕ НА СЕКС СО ДЕВИЦА?

Иако девственоста може да се чини малку старомодна, многу жени во своите 20-ти и 30ти се токму тоа – девици. Ако се забавувате со “идно секси маче” и таа одличи дека вие сте правиот, треба на ум да имате неколку работи. За разлика од жените искусни во кревет, ако таа е девица, не знае што да очекува освен она што и го кажале пријателките. Значи зависно од тоа со кого разговарала, таа ќе очекува или многу болка или екстаза.

Во секој случај, сигурно ќе биде нервозна и тогаш треба да настапите вие. Следните совети треба да ви помогнат како првиот пат да и биде убаво и незаборавно искуство.

НЕ ПОСТАВУВАЈТЕ РОКОВИ

Никој не сака да биде под притисок. Сосем е во ред да и дадете до знаење дека сте подготвени врската да ја однесете на следното ниво, но таа не треба да добие впечаток дека единствена цел ви е да ја однесете во кревет. Жените кои сеуште се девици на 25 или 30 години не би требало да се уплашат од притисокот, но сепак – тие имаат искуство со кажување не! Ако е девица и сеуште не се предала на некој маж, тоа значи дека чека некој посебен. Притисокот ќе ја натера да се чувствува приклештена и заробена – а тоа нема вас да ве направи Принц на бел коњ во нејзините очи.

ПРЕВЗЕМТЕ ЈА КОНТРОЛАТА

Тука вие сте искусниот и нејзе ќе и биде потребно вашето цврсто, но нежно, водство. Всушност, таа тоа и го очекува, па не плашете се самоуверено да ја водитеч жените сакаат кога мажите ја превземаат контролата во спалната соба. Таа нека ја одредува брзината со која се одвиваат работите, но во ниеден момент не дозволувајте да не се знае кој кого го подучува. Таа може да вреска од задоволство, да ве моли да влезете во неа – но тоа не мора да значи дека е подготвена.

Вие сте експертот и ваша рабта е да оцените колку е возбудена. Треба да е неверојатно запалена (и највлажна што може да постигнете) пред да одите до крај. Таа овој момент ќе го памети до крајот на животот. Сигурно сакате сеќавањето да и буди палави воздишки, а не да ја тера да ги прекрсти нозете помислувајќи на болката што ја доживеала.

ОПУШТЕТЕ ЈА

Природно е таа да се чувствува малку нервозно, но со неколку едноставни трикови можете да ја смирите вознемиреноста. Многу веројатно е да и биде нелагодно, па треба да и ја поттикнете самодовербата. Кажете и колку е секси и колку прекрасно изгледа во вашиот кревет. Дури и ако го знае ова, тоа што ве чула како го кажувате може да направи чуда.

Бакнувајте ја подолго, дајте и до знаење дека сте фокусирани на неа, а не само на нејзиното тело. Зборувајте и додека го допирате нејзиното тело, откријте што и се допаѓа, а што не. Можеби звучи еднострано, но ова треба биде нејзин момент и фокусиран на тоа што таа го нуди, не на тоа што вие го земате. Дајте и го ова до знаење и таа целосно ќе се опушти.

ВОЗБУДЕТЕ ЈА

Знаеме дека ова изгледа како многу очигледен совет, но на него се обраќа помалку внимание отколку што мислите. Таа треба да гори од страст и да ве моли да ја земете и треба да ја задржите во таква состојба до моментот на вистината. За жал, многу мажи ја расипуваат магијата на моментот токму пред пенетрација. Тоа не е намерно, туку стануваат напнати бидејќи знаат дека ќе предизвикаат малку болка кај својата партнерка. Опуштете се, таа знае што следува и нема вас да ве обвини за тоа. Влегувајте полека, но не заборавајте да ја бакнувате и галите во меѓувреме. Така ќе и дадете нешто што ќе и го одвелува вниманието од болката и ќе ја одржи возбудена, што ќе ја намалинејзината осетливост на болка.

УСПОРЕТЕ ИЛИ ЗАСТАНЕТЕ АКО Е ПОТРЕБНО

Можно е на почетокот на вечерта таа да биде подготвена и расположена, но бидете спремни и за промена на расположенито пред да се случи самиот чин. Не грижете се, тоа не значи дека не ве поскува, туку само дека не е подготвена. Некои жени се сексуално послободни од други – можеби не може да се справи со фактот дека ќе ја изгуби својата девственост. Од друга страна, можеби и е потребно мало успокојување. Можеби и треба доказ дека навистина ја сакате и дека сте спремни да почекате. Подготвеноста да застанете и да одите чекор назад, многупати е единствениот доказ што и треба на жената. Тоа може да ја натера да одлучи да продолжи. Во секој случај, малку сочувство со нејзините стравови и чувства ќе ве издигне во нејзините очи.

ОСЛОБОДЕНА НЕВИНОСТ

Само затоа што е девица не значи и дека е ладна во кревет. Таа најверојатно чекала да се појави вистинскиот човек и да и покаже како се прави тоа. Ако успеете да ја разберете може да добите жена која едвај чека да ве задоволи. Нека не ве исплаши сликата на “добра девојка” – тука настапувате вие и треба да и покажете што досега пропуштала.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 23:59

ОРГАЗАМ НА ДЕН, ЗДРАВИ КАКО ДРЕН


Жените кои редовно доживуваат оргазам, се поенергични и поретко страдаат од болести, отколку оние кои остануваат незадоволени по сексуалниот однос, покажало едно ново истражување.

Судејќи според австралискиот тим од Програмата за заштита на здравјето на жените, оние жени кои високо го рангирале својот сексуален живот, се покажале како повитални и имаат подобар психолошки профил од оние кои имаат сексуални односи помалку од два пати месечно.

Во студијата биле вклучени 300 жени, на возраст од 20 до 65 години.

“Ова откритие ја нагласува важноста на оваа тема за здравјето на жените, со оглед на тоа дека жените се чуствуваат непријатно да разговараат со својот лекар токму за ова“, истакнала д-р. Соња Дејвисон, лидерот во ова истражување.

Преку 90% од жените кои биле опфатени со ова истражување, изјавиле дека нивната сексуална активност вклучува партнер, кој е инцијатор во половина од случаите. Факт е дека жените кои се изјасниле како незадоволени, се согласуваат дека одржуваат ниско ниво на сексуална активност, само поради прилагодувањето на очекувањата на партнерот. Истражувањето го покажало значењето на сексуалното задоволство кај жените, како исклучително важно за нивното здравје.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2012 во 00:35
ту...ту...ту...трепкање

Сензуален секс: 5 чекори за врвен оргазам

Љубовната советничка Џоана Лиман смета дека во вакви ситуации пристапот кон сексот треба да е побавен. Со помош на следните совети ќе добиете прилика подобро да се запознаете со партнерот, како и да дознаете како вашето тело реагира на сензуалните стимуланси.

Контакт со очи 

Започнете со 5 минутен контакт со очи. Седнете удобно и свртете се еден кон друг. Набљудувајте се еден со друг. Можеби ќе ви изгледа смешно, но обидете се да издржите до крај без да започнете да се допирате. 


Заедничко дишење

Кога се чувствувате пријатно гледајќи го партнерот во очи, преминете на следниот чекор односно на дишењето. Обидете се да дишете природно низ нос. Ставете ја раката на градите на партнерот и усогласете го дишењето. 

Време за гушкање

Поминете барем половина час во галење, гушкање и бакнување, но додека сè уште сте облечени. Не преминувајте на другата фаза премногу брзо за не го загубите интензитетот на емоции.

Масажа

Наизменично масирајте си го грбот еден на друг со етерични масла. Користете долги и бавни движења со умерен притисок на целата рака и прстите. Потоа можете да ги протриете своите голи гради од неговиот грб. 

Оргазмична медитација

Последно, но не и помалку важно. Оргазмичната медитација треба да ви стане пракса која ќе ви помогне да ги оттргнете мислите од неважните нешта. Додека водите љубов препуштете им се на допирите и чувствата, оставајќи сè друго зад себе.



Изменето од Ninja 35 - 19.Септември.2012 во 00:36
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2012 во 08:24





Изменето од емил - 03.Октомври.2012 во 08:31
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2012 во 08:29
za 4 vreme eтрепкањеголема насмевка
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2012 во 08:31
e vreme , vreme e ...i oficijalno esenta pocna трепкање
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2012 во 08:34
oficijalnoo голема насмевка
vivi
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,105 секунди.