IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонскиот јазик и македонската азбука
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонскиот јазик и македонската азбука

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 144145146
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2011 во 00:15

Ако е чисто и поетско небото над Охрид, ќе биде и над Македонија


Минатата година дојдов на семинарот и донесов неколку примероци од Чешко-македонскиот и Македонско-чешкиот речник. И немав намера тука да ги промовирам, но организаторите мислеа дека тоа треба да се изврши, за да и се претстават на македонската јавност, вели Доровски во интервјуто

„СТРАНСКИТЕ СЛАВИСТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“ - ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ

Охрид, 16 август, 1995 година

 

Колега Иван Доровски, еве нé пак во Охрид и на овој семинар водиме бескрајни разговори, иако којзнае по кој пат се среќаваме. А Вие доаѓате секогаш со нови изненадувања. Секогаш сте актуелен, меѓу сите нас, меѓу семинаристите. Овој е нашиот 28 семинар. Како се чувствувате Вие на овие среќавања?

- Секој престој ми е важен овде кај Вас, а особено и овој. Иако многу години се занимавам со македонистиката, како составен дел од мојата професионална ориентација, би сакал да подвлечам една работа. Овие во Охрид, во еден убав амбиент, во еден круг од колеги, пријатели, познати, од луѓе со исти или слични мислења за литературата, културата, политиката и други прашања, тоа е еден ценет момент, или еден временски период, што ми помага да го усовршам македонскиот јазик, бидејќи живеам надвор од македонската средина. Овде добивам нови импулси, во разговорите со своите колеги, со своите пријатели. Доаѓам на семинарот со сознанието дека и јас како славист, балканолог, сакам да придонесам за неговиот развиток, да партиципирам во неговата содржина, во програмската содржина. Учествувам честопати во научните дискусии со свои реферати и усни искажувања. Преку нив македонските учесници можат да се запознаат и со моите погледи, со моите мислења, бидејќи моите студии се пишувани на чешки или на некои други странски јазици. Некои од нив се преведувани и на македонски јазик.

 

Утре, на 10 август, во рамките на семинарот, ќе бидат промовирани неколку Ваши книги. Би сакале нешто лично да ни кажете за новите изданија?

- Минатата година дојдов на семинарот и донесов неколку примероци од Чешко-македонскиот и Македонско-чешкиот речник. И немав намера тука да ги промовирам, но организаторите мислеа дека треба да се изврши тоа, за да и се претстават на македонската јавност. Годинава понесов со мене четири нови книги. Ја донесов Антологијата на современата словенечка поезија, што значи славистичко-балканистичко дело. Втората книга носи наслов „Македонија“. Третата е „Драмската уметност на Јужните Словени“ и опфаќа еден период од 1915-1944 година, значи времето меѓу двете војни. Оваа книга има и втор дел, кој веќе е подготвен и би требало да излезе во наредните години. Четвртата книга е пообемна од другите. Таа е прва антологија на македонската современа поезија на чешки јазик. Јас и дадов наслов „Синото небо над Охрид“, бидејќи тоа е една метафора - штом ќе биде сино и чисто небото над Охрид, ќе биде и над целата Македонија. А знаете дека во Централна Европа, а можеби и на други места, Охрид е Македонија, Македонија е Охрид. Тие се толку тесно поврзани, мислам овие две имиња, така што, ако е чисто и поетско небото над Охрид, ќе биде ведро и чисто и над сета Македонија.

 

Какви се сегашните Ваши научни преокупации, колега Доровски?

- Имам многу планови на научното поле, но дали сите ќе ги реализирам не можам да знам. Пред сé, многу би сакал да го финализирам вториот том од „Драмската уметност на Јужните Словени“, особено нејзината рецепција во чешката и словачката средина. Пишувам еден пообемен труд за т.н. „Балканска и медитеранска меѓулитературна заедница“. Потоа основаме во рамките на Здружението на пријателите на Јужните Словени, во Чешката Република, една едиција од поезија и проза. Досега излегоа книгите за словенечката и за македонската поезија, а во наредните години би требало да излезат и изданијата на современата српска, бугарска, хрватска, црногорска поезија. Исто така, би требало да излезат посебни зборници со прозни текстови, раскази, од сите национални словенски литератури на Балканот. Но тоа зависи од фактот дали ќе најдеме финансиско покритие.

 

Кога тргнувате за Македонија на што мислите?

- Кога тргнувам за Македонија мислам на целата Македонија, на нејзините убавини, особено на средбите со моите, пријатели, колеги, познати од семинарот. Особено мислам, иако е тоа деформација, да соберам нови материјали, нови сознанија за мојата научна и преведувачка дејност.

 

(продолжува)


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
damemk1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Октомври.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај damemk1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 09:31
здраво пред се,ова ми е прв пат да прашам тука,се надевам ке добијам помош
ми треба есеј по македонски на тема Развој на Македонскиот јазик од 16 до 20 век..
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 144145146
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.