|
Што е /љубов/? |
Внеси реплика | страница <1 34567 11> |
Автор | ||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колку тупаџиска сте ја направиле темава......само последнава реченица на пица вреди
|
||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не станува збор само за страдањето, иако не го исклучувам истото. Страдањето е една од причината за превземањето на одредени чекори во животот. Сепак, чувствата се некакви насочувачи (лични). Делата кои ги правиме некогаш знаат да бидат осудени, засрамувачки итн... и истите многу пати ги криеме од другите (ок, не мора секој да знае се за нас), но истите ги криеме и од себеси...Убаво е доколку луѓето го разбираат тоа што го пишуваат, но не гледам дека голем дел од оние кои што истото го промовираат и го разбираат и го применуваат, туку гледаат како да избегаат од сопствените некакви дела. Се срамиме и со една шкатрлива насмевка ќе продадеме муда за бубрези и ќе се осетиме подобро зашто сме насмеале некого, но дали љубовта како таква е функционална и квалитетна? Лично за нас правам муабет. Јас не велам дека знам да се сакам себеси, појма немам да се сакам себеси и појма немам дали некогаш ќе успеам да го научам тоа.. но гледам како многумина лажно се сакаат себеси... а тоа е доволна причина сама по себе за срамот, лутината, тагата кон себе да растат. Еден ден тоа ќе пукне. Јас не велам дека ти Пика се поклопуваш во ова што јас овде го опишувам, не велам ни Меси дека е во таа клапа на луѓе... но моето видување е дека многумина на погрешен начин ја промовираат љубовта. Ова е само моја гледна точка, ништо повеќе.
Изменето од ekszi88 - 17.Септември.2012 во 10:39 |
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу вистинито... многу вистинито. Одлично согледување.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу далеку си отишла со мислите и тоа е добро. Во предходните постови спомнав дека со зголемување на страдањата ќе се роди нешто што е поразлично од светотвните луѓе. А све што е поразлично ќе биде осудено,отфрлено и во некој случаи убиено. Бидејќи, самото постоење на све што е поразлично од нивните рзбирања може да предизвика хаос,страв и една друга слика за животот која не сакаат да ја видат,па затоа најдобро тие да се деградираат и отфрлат. Слободно можеш, оние кои произлегле од страдањата да ги наречеш деца на хаосот. Нив не им преостанува ништо друго, освен да живеат во сенка,со една единствена желба..да бидат прифатени од светот такви какви што се. А како да им се исполни тоа кога нивното постоење ќе предизвика болка,гнев,омраза све што е продукт или спротивно на љубовта. Како едните ја согледуваат љубовта,а како другите,тоа е она прашање за кое пишуваш. Твоето согледување на работите е токму тоа. Едните се со јасна престава на тоа што сакаат,а што не сакаат,когу љубат,а кого мразат,со кого да зборат,а со кого да не зборат. Бидејќи самите тие живеат и ги мерат нештата со двое аршин.Добри и лоши. Додека од друга страна,постои само целиот свет и ти. Кој е добар,а кој лош? Ти го сакаш светот,ама тој тебе не. Ти сакаш да живееш во светот,но тој те смета за изрод. Кој да живее,а кој да умре? Кого да осудиш,а кого да оправдаш? Ти останува само во сенката да живееш, сокриен,закопан. Бидејќи, премногу го сакаш животот, за да можеш светот да го осудиш, за да ти живееш,па затоа најдобро себеси да се осудиш. Затоа,нема погрешен начин на изразување на љубовта,има само спротивна страна на разбирање. |
||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу далеку си отишла со мислите и тоа е добро. Во предходните постови спомнав дека со зголемување на страдањата ќе се роди нешто што е поразлично од светотвните луѓе. А све што е поразлично ќе биде осудено,отфрлено и во некој случаи убиено. Бидејќи, самото постоење на све што е поразлично од нивните рзбирања може да предизвика хаос,страв и една друга слика за животот која не сакаат да ја видат,па затоа најдобро тие да се деградираат и отфрлат. Слободно можеш, оние кои произлегле од страдањата да ги наречеш деца на хаосот. Нив не им преостанува ништо друго, освен да живеат во сенка,со една единствена желба..да бидат прифатени од светот такви какви што се. А како да им се исполни тоа кога нивното постоење ќе предизвика болка,гнев,омраза све што е продукт или спротивно на љубовта. Како едните ја согледуваат љубовта,а како другите,тоа е она прашање за кое пишуваш. Твоето согледување на работите е токму тоа. Едните се со јасна престава на тоа што сакаат,а што не сакаат,когу љубат,а кого мразат,со кого да зборат,а со кого да не зборат. Бидејќи самите тие живеат и ги мерат нештата со двое аршин.Добри и лоши. Додека од друга страна,постои само целиот свет и ти. Кој е добар,а кој лош? Ти го сакаш светот,ама тој тебе не. Ти сакаш да живееш во светот,но тој те смета за изрод. Кој да живее,а кој да умре? Кого да осудиш,а кого да оправдаш? Ти останува само во сенката да живееш, сокриен,закопан. Бидејќи, премногу го сакаш животот, за да можеш светот да го осудиш, за да ти живееш,па затоа најдобро себеси да се осудиш. Затоа,нема погрешен начин на изразување на љубовта,има само спротивна страна на разбирање. [/QUOTE] tokmu taka...."se' moze da stane ljubov... ljubovta ne e optovarena so misticno-romanticno nit so frojdovski plastovi... ljubovta e dlaboka covecka osobina. |
||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ljubovta e edna i edistvena i da, Taa se izrazuva niz raznite oblici i formi.....
Kako togash znaeme koja e vistinskata a koja ne e! Kako togash si zemame za pravo da im klazhuvame na drugite deka se na pogreshen pat... shto da isfrlat... ta neli i nivnite zborovi se tugji za drugiot...Ili mozhebi si umisluvame deka imame nekakva misija pa ete si zemame sekakvi prava...Im se pikame vo zborovite gi farbame, go menuvame nivnoto znachenje - nebare znaeme shto drugiot saka da kazhe....ili ete si zemame za pravo da kazheme deka toa ne e ispravno....a od druga strana velime deka ljubovta razlichno se izazuva..... Kako togash mozheme da gi sudime drugite... deka ete lazhno,neispravn o i losho ja promoviraat jlubovta, deka ne se na vistinskiot pat....Zarem patot ne e individualen. Ako e! - togash da ne im sudime na drugite kako shto ne sakame nam da ni sudat....I da, jas kje prodolzham da se smeam....toa nikoj ne kje mi go odzeme.....toa sum jas....toa e mojata sushtina a na povrshinata ...vo svetot kje ima i raj i pekol......dodeka toj postoi....takva e negovata priroda i nema nishto tuka "losho" . Inaku, ushte ednash kje j spomnam baba mi.... Taa mi veleshe - i koga kje ti se plache i koga kje sakash da se raduvash, zakluchi se i zaperdi se - nikoj nit da te chue nit da te vidi.....sigurno chula za "gredata i reskata vo ochite....." A jas, nema da se zakluchuvam... osobeno koga kje se raduvam.... a i mojot tovar si e moj....idealno bi bilo koga sekoj bi se grizhel za svojot, neli? |
||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Порано давав се од себе да се сменам, порано пробав да бидам нормална.. но сега сфаќам една работа. Најголемиот проблем на љубовта е нормалноста. Зошто? Затоа што сите тежнееме да биде нормални, но кого било да прашаш што е нормално... никој не го знае одговорот.. а зошто? Затоа што тоа не е ништо друго освен една наметната фикција. Мене просто ми се превртува утробата кога ќе видам испишани рецетпи каква треба да биде една нормална врска, како да се води здрав психички живот, како да си конструктивен а како да не си деструктивен.. ова е болно, она е здраво итн. Порано ја ги читав многу овие инстант рецептички и да ти кажам у последно време ми се превртува нешто у стомак. Зошто? Јас сум особа која што иде и своите два поларитети и тоа многу екстремно. Многумина ми суделе дека сум некогаш преблиска, после тоа предалечна, некогаш сум фина, некогаш сум лошотилак, некогаш сум мрак невиден, некогаш сум озубена од осмица до осмица... ми мрчеле зашто се лигавам и не мрдам од моето минато и така натаму... но океј, имам неколку драги особи што ме сакаат и ме разбираат. Благодарение на нив научив и јас да се разберам а со тоа и подобро го разбрав светот. Затоа јас немам проблем со дрските, пакосните, бунтовниците. Ќе реплицираме до утре, ама јас сум си пак океј со сите. Јас немам рецепт за како некој човек треба да се однесува. Е сега има од оние луѓе кои знаат се и ќе ме учат за граници со луѓето. Епа ете, јас не сакам да ги имам очигледно. Јас сум од оние луѓе на кои не му е толку страшно да биде тажен, претепан од емоции, некогаш уживам и во својата самотија па дури и осаменост, некогаш сум со премногу луѓе.. ама има луѓе кои сакаат да анализираат, да градат 'психолошки' профили.. да си ги њушкаат носовите буквално. Но што ни е на сите нас потребно? Мене искрено кога ми е тешко не ми треба цепидлачење што да правам со себеси, мене ми треба само слушател на пример... ама тоа е и скоро невозможно да се пронајде затоа што луѓето одма го вклучуваат мозокот а не срцето. Срцето слуша и го љуби тој што зборува, а мозокот си гради претстави, нема појма што се дешава и битно му е да се направи паметен и да избрбља нешто па понекогаш ќе истреска и нешто крајно глупо (ми се дешавало ). Воодушевувачки е кога срцето и умот ќе се конектираат, кога ќе почнат да соработуваат. Со срце да се слуша, слушнатото да се обработи во мозокот и да се каже нешто асално.. а не колку само да се каже нешто. Но ние луѓето многу слабо го практикуваме ова затоа што не знаеме. Ова го зборувам затоа што ми тлее некаков револт со денови во градиве... затоа што пробуваа да ме стават во сите нормални кутии,но мене очито во ниедна не ме собираше па затоа решија душата да ми ја извадат заради тоа.. и сето тоа во име на искривената замисла за љубовта, за мое добро. Зарем не треба прво некој да не праша: а што е добро за тебе? па така да не доближи до срцето наше? Јбг, живееме во свет каде другиот мисли дека знае повеќе за нас отколку ние самите... а со тоа ги исклучуваат сите можни варијации а зошто? Ко што рече ти Пика, затоа што луѓето се плашат од различности, ќе оќорават ако се соочат со сите бои... немаат толкав капацитет да се носат со толку силна светлина и бои, мора да се билда светов уште малку за да успее да направи уште еден потег - да го отвори малку повеќе очите.
Изменето од ekszi88 - 18.Септември.2012 во 10:55 |
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Prikaznite na coveckite sudbini kako poedinki se tolku silni,sto,sakale ili ne,vo procesot na druzenje so edinkite se stanuva ucesnik ili "zrtva" na raskazuvacot...
Ljubovta ne znae za granici..i ljubovta kon sebe zaslepuva...i nekoi mislejki deka se poznavaat tie vsusnost se se uste izgubeni,,,nekade tamu daleku,,,iako mislat deka se tuka vo momentot...
No,ok,sekoj so svoite stavovi i prikazni,,,se dodeka ne shteti nekomu ok e...
|
||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A sto e tolku pogresno da se bide i izguben? Zosto ljubovta kon sebe bi zaslepila? Ljubovta kon sebe ne e da se zaljubi covek vo edna konstantna slika izgradena za sebe, tuku na promenite vo okolinata pa i vo sebe da naiduva so razbiranje na ona sto go dozivuva i prezivuva. Nie nikogas nema vistinski i celosno da se spoznaeme sebesi zatoa sto nie ne sme konstanta, no mozeme da se otvorime i da vidime vo sto naredno ke se oblikuvame i kako se nosime so sebe i rabotite okolu nas. Za nastetuvanjeto nekomu.. nazalost ne ziveeme vo stakleni dzvona, site nekako nekomu so nesto mu nastetuvame, no ako smetame deka e nasa krivica vo red e da se izvinime, nekogas nekoi cekori sto gi prevzemame sakale ili ne sakale mora da povredat nekoj drug. nemame kontrola vrz site nesta i ne mozeme da postapuvame sovrseno pravilno i se da bide pod konec... no vo sekoj slucaj, odgovornosta e mnogu klucna rabota za mnogu nesta.
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ako mu e ubavo na izgubeniot koj e svesen za odgovornosta koja ja ima za okolinata,togas neka uziva vo svojata izgubenost,,,,,,no i neka ne mrci za tugjite stavovi.
|
||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не можеш да го спречиш човекот да мрчи, но секогаш имаме опција дали ќе продолжиме да се замараме со нечие мрчење или не
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
se slozuvam.
|
||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Одлични сознанија што не излагаат од прочитано, туку од проживеано! Ама ние луѓето сме такви, секогаш сакаме да си го пикаме носот каде што не треба, често од искрена желба да помогнеме, не разбирајќи дека нашата прва должност е да си помогнеме себе си, да се трансформираме првин ние, да ја запалиме нашата свеќа... А ако другиот ја види таа светлина и самиот се приближи тоа ќе биде според неговото согледување и неговиот избор... според неговата слободна воља. Тоа останува само до неговото лично реализирање. Не е наша работа да го спасуваме светов. Тоа е работа на Оној што го создал. Оној што нема појма како е креиран овој свет, оној што нема појма зошто е тој создаден, оној што нема појма како тој функционира нема појма ниту како да го менува... ако воопшто има потреба за било какво менување. Ние имаме само една можност и должност, а тоа е да го уживаме и да се осознаваме себе си... Себеосознавањето е нашето трансформирање, а преку него се случува магијата на постојаното трансформирање на светов. Голема иронија е што сите оние психолози, психијатри, филозофи, свештеници и советници, кои сакаат да ни помогнат не си имат помогнато првин себе си... Кој им дал авторитет да не "спасуваат" кога самите не се спасени ??? Сатара вистина е дека не можеш да дадеш оноа што немаш. Вистинската релација е онаа која никому не му го пресекува патот, никому не му диктира според која догма треба да живее и никоми не му се суди "твоето е погрешно и јас ќе те стокмам на правото". Ние сме само еден дел од ова Себство и имаме авторитет и можнocт само него да го менуваме. За останатото... можеме само да му помогнеме со слушање... и да му дозволиме неговата слобода самата да одбере дали ќе се приближи од светлината на нашата свеќа, доколку воопшто ја имаме запалено. Изменето од Messenger - 18.Септември.2012 во 14:02 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Затоа Меси јас одбрав да бидам слушател а не исправач на криви дрини. Има убавина и во искривените патишта, изместените апстрактни слики, мрачните поеми на Едгар Алан По итн. Во се си има убавина. Со отворени уши и очи примаме и го вариме тоа што го примаме, нешто ќе ни се свиѓа, нешто не... но пред да исплукаме некој збор прво е многу пожелно да провериме дали нашите раце се чисти... иако не гледам нешто којзнае колку страшно и во валканиците... зарем никој нема некогаш желба да откачи и да почне да се ваља во бои или кал? (или јас забегувам ). Не сакам јас да цепидлачам сега што е правилно а што не, ниту пак сакам да го наметнам моето гледиште, но навистина многу луѓето се замараат со тоа што е правилно а што не, што е здраво а што не е здраво, што е нормално а што не, вака треба, онака не смее. Моја порака е (кој сака нека ја прифати, кој не не мора): ДИШЕТЕ МАЛЦЕ! и остајте ги другите да дишат во своето дувло или што и да е.
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |