|
СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14 |
Внеси реплика | страница <1 178179180181182 229> |
Автор | ||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти Брза по 3 пати одиш во годината на одмор и пак ништо не ти чини?
|
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има ли крај – после трите врби за 250 илјади евра, сега три фонтани и плоштад за 4,22 милиони евра
После тројната премија, која ја доби тетовската фирма „Евро Проект“, а која се однесуваше на поставувањето на три жални врби во реката Вардар за вкупно 250 илјади евра, сега Друштвото за градежништво „Бетон“ доби уште поголема, исто тројна премија, изградба на три фонтани, но која војпат вклучува и бонус - плоштад - и сето тоа за 4,22 милиони евра. Скопски „Бетон“ извести оти има склучено договор со Општина Центар со вкупна вредност од 259,34 милиони денари (4,22 милиони евра), сума во која е вклучен и данокот на додадена вредност. За овие пари компанијата треба да изгради фонтана Света Богородица, фонтана Свети Никола, фонтана Свети Петар и Павле, како и плоштад Пресвета Богородица. (Гарант секој апостол ќе добие споменик со фонтана) упсссс ги потсетив, само да не го прочитаат ова Инаку, ГД „Бетон“ е компанија која убедливо најмногу доби од проектот „Скопје 2014“ со оглед на фактот што само од мај лани, кога Плусинфо.мк Бизнис почна да ги следи зделките на компанијата со државата, до октомври лани склучи договори со централните и локалните власти во вкупен износ од 35,49 милиони евра. Најголем дел од овие пари се однесуваат на објекти од „Скопје 2014“, но и изградба на едно училиште во скопски Аеродром во вредност од 2,1 милиони евра. Исто така, во оваа сума се вклучени само поголемите зделки за кои компанијата има обврска самата да извести во склад со правилата за котација на берза, како и оние зделки кои се објавени во медиумите. Годинава, пак, компанијата доби зделка за изградба на подземна пристапна сообраќајница за потребите на катната гаража што Градот ја гради спроти полициската станица „Беко“, на улицата Даме Груев, како и оваа најновава со трите фонтани и плоштадот во износ од 4,22 милиони евра. Севкупно, значи, од мај лани до мај годинава, цехот на државата кај ГД „Бетон“ изнесува вкупно 40,41 милиони евра, или по 3,37 милиони евра месечно во просек. Ајде аирлија.. дополнителни 4.22 милиончики.... ситниш е тоа... ама на сумата додаден стига пола милијарда (500 милиони) евричи.... И после нерационално се трошеле парите и без отчет... Па еве отчет... кој го рече тоа дека немало отчет... Ма што е битно колку биле, битно е дека дигестивниот систем на човекот (читај Македончето) треба брзо да се навикне на јадење од бронза и гипс, зашто лебот луксуз станува.. Изменето од NRGMKD - 29.Август.2012 во 13:04 |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во нашиов македонски рај за глупости повеќе ништо не може да ме изненади.... Ај јас што не сум ги гласал, па си ги п**карам по 100 пати на ден....ама ме чудат оние што ги подржале глупостите гласајќи за програмата на ДПМНЕ, па ќутат како п.... под кошула, а кукаат од бензинот, струјата, храната и останато покачување на цените....ме чуди како нив не им смета овој башибозук....
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе не дека не им смета.. им смета ама нишај врата зимај плата и туркај некако... е сега има и такви кои го величаат проектот, како една екс членка тука која кажуваше како среќно и задоволно ќе се шета на кејот и ќе се љубака под триумфалната капија, ама некако поскапувањата на товар на задолженоста ги одвраќа од љубакањето у задње време...
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
denes 31 08, se sekavam za spomenikot na vojvodata na kon
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште една глупост над сите глупости ...
Споменикот на Паднатите херои ќе се сефтоса утреУтре во 12.15 часот свечено ќе биде пуштен споменикот на Паднатите херои изграден во чест на сите борци кои го положиле животот за земјава, лоциран во паркот „Жена Борец“. Споменикот има повеќе елементи кои концептуално тешко се поврзуваат со симболиката во чија чест е изграден овој маркантен објект, веднаш зад споменикот посветен на првото заседание на АСНОМ. Автор на споменикот на паднатите херои чија изработка чини 1,7 милиони евра, е Томе Аџиевски. Вечен оган на споменикот на паднатите борци од утреНајавено е дека Општина Центар утре во 12.15 часот ќе запали „вечен“ оган на спомен обележјето на Паднатите херои за Македонија. Зданието во паркот “Жена Борец“ е изградено во чест на сите знајни и незнајни борци и херои кои го положиле животот за Македонија. Свечениот чин ќе се одржи на денот на националниот празник 8 септември, односно денот на независноста на Македонија. Споменикот беше откриен без посебни медиумски најави. Опозицијата вчера изрази сомневање дека тоа е резултат на срам кај Власта и кај Груевски од поставувањата споменици во време на криза, на што граѓаните веќе реагираат. Според нивните информации за споменикот се дадени 2.3 милиони евра народни пари. Изменето од Santijago - 07.Септември.2012 во 20:31 |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Томе Аџиевски го учеше Фотошопот па започна да прави некој квази миксој со спомениците или кога беше автомобил да увезува од Берлин по патот му се роди идејата за кичарајот шо нема збор да се опиши. Селјаците избегани од нивите уште мислат дека ке ни солат памет за естетика,вредности и патриотизам.
Изменето од Alekxandar - 08.Септември.2012 во 14:49 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кроти момче, кроти, сега е барем лесно да си уметник и да згрешиш има оправдување Јустиција не е грешка, туку загатка |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто е покриен Прометеј?Јустиција не е грешка, туку загатка. Целото споменично обележје содржи во себе неколку загатки, вели авторот Аџиевски. Пред споменикот на Паднатите херои на Македонија во паркот Жена борец во Скопје ќе се поклонуваат државници, политичари, странски делегации по разни поводи, па оттука дојде и предлогот за покривање на голиот Прометеј, за што согласност даде и авторот Томе Аџиевски. Сите се согласиле дека не би била баш најсоодветна сликата на чие било поклонување пред голиот Прометеј. Споменикот на паднатите херои на Македонија е посветен на илјадници знајни и незнајни жртви кои ги дале своите животи за татковината. „Поради тоа, споменикот не е стилски врзан за одреден период, Тој и стилски е конципиран да не се врзува за оддреден временски стил. Неговата база е класицистичка и поделена на три сегменти“, изјави авторот Томе Аџиевски. Денеска ќе биде свеченото отворање и палење на вечниот оган на обележјето на паднатите херои. Изменето од емил - 08.Септември.2012 во 10:58 |
||
kristalk0
Нов член Регистриран: 08.Септември.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој или чив е приложениот портал? Во текстовите има многу граматички грешки и неповрзани зборови кои се користени во погрешен контекст. Се чини како да го пишувал некој странец кој не го владее македонскиот јазик или дете на некој наш иселеник. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
споменикот криел загатки и им било срам на политичарите да се поклонуваат пред голиот Прометеј
ако ништо друго, барем знаат да ме изнасмеат како што знаат да ме напиздат... |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Правда-та стана цвеке, зградата која не е доградена е изградена 2009.... е кутри дечиња ако згрешат на задача за напишан број со римски цифри губат поени и так нормално пониска оцена. Ова некој намерно прави утки, за да се има за што да се зборува Нов скандал: Jа утнаа и годината на изградба на зградата на МНР |
||
Внеси реплика | страница <1 178179180181182 229> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |