IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Окупација од Бугарската војска 1941
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Окупација од Бугарската војска 1941

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 98>
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 16:24
Чоли , добро знаеш дека е дозволено само на македонски јазик. Ти прави се луд , јас ќе бришам.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 16:00
Наскоро бе издадена книга со спомени на генерал Боjдев:



Прочит на историјата: Мисијата на генерал Бојдев.

Изменето од mungos80 - 19.Ноември.2012 во 16:23
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 15:45
и аз незнам

ке проверам во архивот
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 15:45
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

 

На патот меѓу Прилеп и Дабница останаа убиени: Добре Јовановски, Сотка Сотироски, Орде Паноски, Андон Слабејкоски, Киро Ќососки, Адем Адемоски, Димко Мрчески, син му Аце Мрчески, Андон Нунески, Ордан Кузманоски, Алекса Шаламаноски, Андон Нунески, Атанас Нунески, Орде Велкоски, Душан Бешироски, Алекса Бешироски и Тоде Кремчески. Седумнаесетмина подло убиени. Велам: седумнаесетмина, зашто Тоде Ристески – Келешот се спасил.

Вели дека кога припукале, некој куршум му ја скинал ортомата и тој во таа општа пукотница успеал да избега преку ритчето. Можеби е така, не знам…

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 15:40
На 19 септември биле издвоени 18 затворениците за стрелање

1. Аце Мрчески,
2. Алекса Бешироски,
3. Андон Нунески,
4. Атанас Нунески,
5. Алексо Мазгалоски,
6. Андон Слабејкоски,
7. Адемоски,
8. Нунески,
9. Димко Мрчески,
10. Душан Бешироски,
11. Добре Јованоски,
12. Киро Ќососки,
13.Ордан Паноски - Кабецот,
14. Ордан Кузманоски,
15. Ордан Јованоски,
16. Сотир Сотироски - Џигиџик и
17. Тоде Кремчески.
18. Петко Велкоски
19.Тоде Ристески - Келешот.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 14:33
 

Масакрот кај Дабница

Сведоштвото на Петко Велкоски, роден во 1914 година во село Прилепец, кој заедно со Тоде Ристески – Келешот од село Дабница се единствените преживеани во колежот кај Дабница, ноќта на 21 септември 1942 година:

„Во петокот вечерта, влегоа во стражарницата Куцаров (Иван Драганов Куцаров, шеф на Разузнавателното одделение на 13-от артилериски полк во Прилеп) и неколку агенти и војници. Ни наредија да легнеме помешечки и ни ги покрија главите со шинели. Не беше тешко да разбереме: во затворот од мавање беше умрел Сотир Дамески од Дабница.
На носила го изнесуваа неговото тело. По некое време пак ни рекоа да легнеме и пак ни ги покрија главите со шинели. Го изнесуваа Рампо Левката – беше пред умирање. Го однесоа некаде во касарната…
Таму и го убиле – и ден-денес не се знае каде е закопан.

Во саботата претпладнето одделија една група од 13 дабничани и 6 прилепчани и не пренесоа во затворот, а сите што беа во затворот пред тоа ги однесоа во стражарницата и коњушарницата. На сите ни беше јасно дека ќе бидеме ликвидирани.

Веќе се беше стемнило кога не изведоа низ една мала врата на касарната. Ноќта беше топла и блага, ама без месечина, речиси, темна. Ја поминавме Дабничката Река, во чие корито, во тоа време, од годината никогаш немаше вода, и излеговме на патот од Прилеп за Дабница. Одевме бавно, зашто ги придружувавме претепаните другари – тие одвај можеа да одат. Се влечкаа потпрени на нас. Не придружуваа триесет војници: пет напред, пет назад и по десет од нашата лева и десна страна. Ги водеше, се знае – Куцаров. Кога излеговме на патот, овој крвник ни рече:

- Знаеме дека има шумкари. Ако не нападнат, сите ќе ја слушате мојата команда!

Тргнавме по патот. Кога изминавме околу два километра од касарната, кај местото Завој, пукна една, па уште една, па уште една пушка. Куцаров нареди да легнеме. Првин легнаа, речиси паднаа, другарите што беа претепани кои не повлекоа и нас. Лежевме на сред пат. Куцаров издаде наредба до обезбедувањето да не остават и да тргнат неколку чекори напред. Сите тргнаа и не оставија сами и легнати по што издаде нова наредба:

- Нишани!

Па веднаш потоа:

- Пукај!

Беа триесет души и секој имаше пушка. Во текот на една или две минути на нас беа испукани сто и педесет куршуми. Грмеше наоколу како да се отвори небото. Некои другари беа смртно погодени и веднаш умреа. Некои беа полесно и потешко повредени. Јас бев сосема лесно ранет: само еден куршум ми ја издраска кожата на вратот.

Јас, лесно ранет, при полна свест, слушав се што можеше да се чуе, гледав се што можеше да се види во темнината. Двајцата другари врзани пред мене беа тешко ранети. Орде Кабацо, со кого бевме врзани за рацете, умираше веднаш до мене, тешко дишејќи и испуштајќи некој пискав глас. Крвта што околу мене клокотеше како мало поточе, беше негова крв.

Слушнав дека некој од оние што пукаа падна во несвест. Го фати крвта, како што велат старите. Тресна на земјата како вреќа. Куцаров побара вода од војниците. Побара матарка. Му одговорија дека никој нема. Поручникот почна да ги пцуе:

- Какви мажи сте кога не можете да издржите ликвидирање на бандити, кои работат против бугарското царство и против царот!

Реков веќе дека имаше другари што даваа знаци на живот. Куцаров оддели една тројка, им нареди да ги стават бајонетите на пушките и да ги доубијат преживеаните.

Почна бодењето…
Првин го избодеа Добрета Јовановски, кој беше пред мене. Додека го бодеа, преку неговото тело, во вратот ме закачи еден удар на бајонет. Ножот ми влезе можеби и цел сантиметар во вратните мускули. Се згрчив и молчев. Знаев: не смеам да давам знак на живот. Почувствував крв. До Добре беше врзан Сотир Џигиџик. Почнаа и него да го бодат. И пак се случи истото: го бодеа, пак преку неговото тело, и пак во вратот, ме закачи еден бајонет. Ми влезе длабоко во вратот. Почувствував како крвта наеднаш плисна и како почна да ми слегува по телото, да ме влажи со својата леплива топлина.

Го избодеа и Сотир. Ја пресекоа ортомата меѓу нив двајца и ги повлекоа неколку метри напред, влечејќи ги за рацете и за нозете.
Се вратија назад. Сега јас бев на ред. Кабацо во меѓувреме умре. Кога дојдоа до мене престанав да дишам. Претпоставувам дека ја видоа крвта што ми течеше од вратот и секако помислија: Готов е! Ја пресекоа ортомата меѓу мене и Кабацо, двајца ме фатија за рацете и почнаа да ме влечат. Главата ми удираше во тврдата правлива земја на патот, но молчев. Ме фрлија над Добре и Џигиџик. Бодењето продолжуваше. Одвреме-навреме ќе довлечкаа нечие мртво тело и ќе го фрлеа на купот, што се повеќе растеше. Тоа значи ќе го фрлеа преку мене. Така сите осумнаесет души. Крв течеше од мене, ама и од раните на телата на моите другари. Почна да ме притиска тежината на мртвите тела што почнаа да студенеат веќе, немав воздух, почнав и здивот да го губам. Толку бев натопен со крв што ми се стори како да сум во казан со врела вода. Тогаш запамтив засекогаш: крвта никако не мириса. Леплива е и тешка, но не мириса.

Кога бодењето заврши, еден од војниците му рапортира на џелатот Куцаров дека ликвидирањето е готово. Јас не гледав ништо, ама се слушав. А и како не ќе слушам кога сето тоа се случуваше на неколку чекори од мене. Свеста ми беше чиста како солза. Куцаров на петмина војници им нареди да останат на стража, крај купот од дваесетина човечки тела, а тој со другите војници тргна назад во касарната – да донесе нова група за стрелање.

Знаев дека не смеам да останам вака: можеби ќе дојдат и ќе ме закопаат жив! Почнав да правам план за бегство. Онаа притаена далечна надеж дека ќе се спасам почна се повеќе да се разгорува во мене. Користејќи ја темнината, со движење на телото, рацете и нозете, почнав да се измолкнувам од купот. Внимателно се ослободив од телата на другарите. Се ослободив – можев да ја кренам главата! Пред мене беа војниците, зад мене касарната, лево од мене ридот, а десно сувото корито на Дабничка Река. Почнав да се влечам кон коритото. Знаев дека не смеам да станам, само се влечкав. Дојдов до работ од патот – долу, на четири-пет метри длабочина беше коритото на реката. Наоколу имаше суво трње. Се фатив за него, тоа под мојата тежина попушти и јас со шум паднав долу. Се открив…

Месечината почна да се најавува со некоја слаба светлина. Војниците почнаа да пукаат по мене, а јас трчав по сувото корито на Дабничка Река и имав само една цел: да влезам во една од браздите што пролетните порои ги избраздиле и бев сигурен дека тогаш ќе се спасам. Тие пукаа по мене, а јас ќе потрчав па ќе легнев, божем сум погоден. Така три-четири пати. На неколку чекори од мене се наоѓаше една голема бразда што водеше на другата страна на брегот. Тоа беа последните неколку чекори што требаше да ги направам. Почнав да ползам – не сакав ништо да ризикувам. Кога влегов во браздата знаев дека сум спасен. Излегов на другата страна на брегот во еден тутун. Трчав, и трчав, и трчав, а устата се повеќе ми се собираше од сувотија. Дојдов до местото Кукул и оттаму, преку Баба Планина, дојдов во Прилеп. Се прибрав во куќата на Павле Павлески и побарав врска со Комитетот. Дојде Борка Ордановски и нему му раскажав се.
На патот меѓу Прилеп и Дабница останаа убиени: Добре Јовановски, Сотка Сотироски, Орде Паноски, Андон Слабејкоски, Киро Ќососки, Адем Адемоски, Димко Мрчески, син му Аце Мрчески, Андон Нунески, Ордан Кузманоски, Алекса Шаламаноски, Андон Нунески, Атанас Нунески, Орде Велкоски, Душан Бешироски, Алекса Бешироски и Тоде Кремчески. Седумнаесетмина подло убиени. Велам: седумнаесетмина, зашто Тоде Ристески – Келешот се спасил.

Вели дека кога припукале, некој куршум му ја скинал ортомата и тој во таа општа пукотница успеал да избега преку ритчето. Можеби е така, не знам…“

Куцаров планирал жртвите од Дабничкиот масакар да ги закопа во песокот покрај Дабничка река но во последен момент се премислил поради можноста телата лесно да бидат откриени и откопани од диви животни…
Изутрината Куцаров заминал со мотор да бара нова локација каде што ќе бидат закопани жртвите…
Локацијата ја нашол во близина на воените магацини кај Црвени Брегови а за да нема сведоци помеѓу стражарите, истите биле заменети со негови доверливи луѓе.
Телата на убиените откако цел ден лежеле на патот, вечерта биле натоварени во камион и закопани во близина на оградата од магацините.

Убиени Прилепчани и Дабничани:

Андон Нунески, роден е во 1904 гaдинa во село Дабницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца; член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Ордан Ѓорев Кузманоски роден е 1905 година во село Дaбница.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца, член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Гога Нунески, роден е во 1898 година, во село Дaбница, а живеел во Прилеп.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца. Народноослободителната борба ја помага материјално и морално, а особено се истакнува со пpeнecyвање на прехранбени и други артикли од градот во селото Дабница за потребите на Партизанскиот одред „Димитар Влахов. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Душан Перев Бешироски е рoден во 1909 година во село Дaбница.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на две деца. За време на окупaциjaтa активно ja помага Народноослободителната борба и е еден од наjактивнитe во помошта на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Аце Димов Мрчески е роден 1925 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; ученик, неженет, член на СKOЈ во Прилепската гимнaзиja. Бил секретар на Воениот комитет во селото и курир на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Димко Тошев Мечески е роден 1894 година во во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на пет деца. Како кметски намесник ги извршува одлуките на партиската ќелија и на воениот комитет, а наредбите на окупаторот ги саботира или не ги извршува. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Атанас Нунески е роден е во 1912 година во во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца. Активно ja помага Народноослободителната борба. Бил кандидат за член на КПЈ. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Алексо Стеванов Шаламанов е роден 1913 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на едно дете. Бил член на КП] и претседател на Воениот комитет во селото. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Добре Цанев Јованоски е роден 1915 година во Пpилeп.
По занимање бил дипломиран правник. Во антифашистичкото движење работел од 1938 година. Пред војнатa станал член на КПЈ. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Алекса Миланов Бешироски – Ставре е роден во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на едно дете. Бил секретар на партиската ќелија во селото, член на Воениот комитет и комесар за снабдување на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Ордан Иванов Велкоски роден е во 1912 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца; член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Киро Ѓорев Ќососки е рoден во 1919 гoдинa во Пpилeп.
По занимање бил шивач. Како активист во Народноослободителната борба бил ловеќепати затворан и интерниран. Последен лат е затворен од страна на бугарската окупаторска фашистичка пoлициja. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Тоде Орданов Кремчески е роден 1919 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца. Бил заменик на секретарот на Воениoт комитет во селoтo. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Ордан Димков Паноски – Кабецот е роден 1922 година во Прилеп.
По занимање бил кондураџија. Бил член во работничкото движење уште пред вojнaта. Бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Андон Миланов Слабејкоски е роден во 1917 година во Прилеп.
По занимање бил бербер. Активно работел за Народноослободителната борба од 1941 година, во септември 1942 година бил откриен и затвoрен од страна на бугарската окупаторска фашистичка пoлициja во прилепските касарни. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Сотка Ѓорев Сотироски – Џигиџик е роден 1919 година во Прилеп.
По занимање бил работник. Како активист во Народноослободителната борба, во септември 1942 година, бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Адем Мамут Адемоски е роден 1923 година во Прилеп.
По занимање бил опинчар. Рано се приклучил кон Народноослободителната борба. Во неговата куќа била сместена партиската техника за пeчaтење на летоци. Бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Сотир Дамески е роден 1894 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на седум деца. Бил член на Воениот комитет и помошник комесар по снaбдyвaње (на маало). Уапсен е на 14 септември 1942 година.
По неколкудневно садистичко мaчeње во прилепските касарни маченички починал во попладневните часови на 17 септември 1942 година

Рампо Левков – Левката е роден 1909 година во Прилеп.
По зaнимањe бил адвокат. Пoтекнува од сиpoмашно, занаетчиско ceмejcтвo. Во антифашистичкото движeњe работел уште за време на стара Jyгocлaвијa. Поради неговата активност во борбата против фашизмот, бил откриен и затворен во Прилепските касарни од бугарската фашистичка пoлициja на 15 септември 1942 година,. По неколкудневно садистичко мaчeње e убиен на 19 септември 1942 година. Прогласен е за народен xepoj на 5 jyли 1951 година.

Петко Велкоски, кој ја имаше среќата во ноќта на 19 септември 1942 година, при стрелањето да го погоди само еден куршум, а при бодењето да биде двапати несмртоносно боден, лежејќи ранет под мртвите тела на своите другари. Со натчовечки напори успева да се извлече, и се спасува за да биде жив сведок на овој морничав настан.

Бугарскиот полицаец Иван Стефанов Неделчев учесник во дабничкиот масакар згрозен од овој чин ја пишува песната со наслов „На хероите во Дабница“

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 12:51

За масакрот во Дабница имате ли дискутирано на темава?





Изменето од Анастеа - 19.Ноември.2012 во 13:59
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2012 во 22:53
Па и Србите беа дочекани како ослободители , не си ги читал весниците од 1918 ? Отвори кој сакаш српски весник и ќе видиш слики и текстови од ослободителите намигнување
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2012 во 21:59
Каква окупација?Бугарите биле дочекани како ослободители тука во Битола, а и во поголем дел од градојте.

Изменето од ZoraNaSlobodata - 18.Ноември.2012 во 21:59
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Ташко Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2012
Локација: МАКЕДОНИЈА
Статус: Офлајн
Поени: 217
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ташко Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2012 во 10:28
Панчино, гледај си го сопствениот двор и остај го дедо Панче нека си кажува како си одел на игранки кога имал 13 години.
Македонија вечна
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2012 во 09:25
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=23DAFA05FACFC348B54582467D68B6F4

Писмо

Окупација по окупацијата

Веќе цели 70 години ме мачат, а верувам има и многу мои истомисленици, а тоа се – како да ги именувам, освен лажни – демагошки временски периоди : „за време на окупацијата“ или „за време (или) по ослободувањето“.

Па, се прашувам, и ја прашувам целата македонска јавност: Дали сме биле под некаква слобода од 1918 година до 1941 година, па дошла окупацијата? Јас како жив свидетел, верувам има и многу други живи, а помладите имаат слушано или читано, за таа „слобода“.

Со секаква одговорност кажувам дека ние во Вардарска бановина, бевме под таква невидена тортура и асимилација, за која можат Србите и ден-денешен да се срамат! Таква беда и сиромаштија со големи давачки спрема државата - „порез – прирез“ и друго, најубаво ни го опишува нашиот мил, а убиен од нив - Kоста Рацин. Вечна му слава!

Да ги спомнам и другите асимилаторски методи: менување имиња и презимиња (иќ) менување на имиња на села и градови, како остаток и по 70 години (Глишиќ, Николиќ, Петровец и др. ). А затворите преплакаа од „Лепоглава“, па до најмалите! Има уште многу, многу да се кажува, а историјата го има сигурно запишано!

Е, сега дојде окупацијата! По изгубената, драга и мила слобода! И за овој тригодишен период, сум жив сведок. Ќе зборувам за моето родно место Свети Николе. Иако беше во Kраљевина Југославија, т.е. во Вардарска бановина, најголем срез во Овчеполието, имавме училиште само до четврто одделение и тоа со по една паралелка. Со доаѓањето на окупаторот отворија про – гимназија, во која и јас како 13-годишно момче продолжив да се школувам. Во гратчето имаше 20 – 30 германски и толку бугарски војници. Со населението, особено со нас младите, се дружевме, спортувавме, игранки и тие на никого ни со малиот прст не удрија, а камоли да убијат. Открија една група „илегалци“, на чело со Г. Гаврилски. По неколку дена притвор ги ослободија. А после и тие и уште други, ни чуени ни видени, станаа „позадинци “, а за време на „ослободувањето“, па и до денешен ден, примаат боречки пензии и со многу други привилегии.

Сега, како жив свидетел, во куси црти да се искажам за „најмилата“, „најзлобната“, „ѕверската“ убиствена епоха – „по ослободувањето“.

Таа „слобода“ што и ден-денешен се користи кај нашиот многу наивен народ не ја донесоа „шумкарите“, како што ни се прикажуваат, туку големите светски сили. Да не беа силите (УСА, Англија, СССР ), уште 100 години да шетале по селата, немале да создадат држава! И со лажни, само за нив својствени лажни пароли: „Да ги уништиме кулаците и воените богаташи и ќе живееме сите еднакво“. Па и до ден-денешен се служат со само ним својствени лаги: „Ќе сечам краци на октоподот“, „ќе сечам лента за една година на пругата за Софија“, „ќе сечам лента на автопатот Велес – Прилеп “ и како бисер ќе рече: „ќе сечам раце на крадците“ - прво на себе, па на други.

На крајот да го кажам и тоа што го прочитав во печатот, а тоа е дека: „нашиот драг и мил Тито, кој не знаел за Голи Оток“, по испитување на германска агенција, го добил „само“ 10. место по убиства на својот народ (1.000.000 )!

И по Тито - Тито! „Друже Тито, ми ти се кунемо“.

Апелирам до сите Македонци, ако сакаат да ја видат сета оваа моја „измислица и лага“ да го посетат Музејот на македонската борба, во кој е прикажано сето минато и трите епохи, кои се потрудив да ги изнесам, за да ми олесне на мојата старечка душа.



ПанЧе Арсов, уЧител во пензиЈа


евала дедо Панче


Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2012 во 20:00
ima i ushte edna:

nikogash nepravi nesakano dobro

нека ти е срам


Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2012 во 19:08
Е не си морал два пати АМА,и едното доволно говори...
Го имам ставено тој период таму некаде во спомените на предците,
Касанкоски попаметно можеби би му било да забележи од која до која
минута жената скоро и да не заплака,и поради што...
Или можеби оној дел еден е Господ,втор е комшијата...
Тешко овој Балкан кога Господ вакви комшии сместил,
што милуваат очи да си вадат.
На толку замешани бракови,и толку минати години
не е на арно некој да ги повторува истите грешки од минатото.
Како одеше онаа мудрата...Мудриот учи на туѓите,
паметниот на своите,а само глупиот ги повторува истите грешки.
А околу резултатот среќа Ваша што Џаро тој период не го опфатилплазење
Него ај и ја да си се баталам од овој подфорум...Напнат е
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2012 во 16:47
Originally posted by Орка Орка напиша:

Сте се треселе,а гледам и уште се тресете на се Македонско...
Има еден еким низ прикаскиве наши шеташе...Ај да ви помогнам
 рицинус му е мајката за вашиот страв од Македонијаплазење
Човек што бил сведок,на српската и бугарската окупација...


1. svedok ama igral vo klub Makedonia i igral na finale - 2pati

2. svedok ama ja rasturile Makedonija
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.